Крис Андерсон: Елон, кој е тој луд сон што те натера на помислата да се обидеш во автомобилската индустрија и изградиш целосно електричен автомобил? Елон Маск: Па,тоа започна во студентските денови. Размислував,кои проблеми најмногу ќе ја засегнат иднината на светот или иднината на човештвото? Мошне е важно да имаме одржлив транспорт и оддржливо енергетско производство. Овој вид на проблем на одржлива енергија е најголемиот проблем кој треба да го решиме сега, независно од грижата за околината. Вистина дека CO2 е добар за околината, и знаејќи дека јаглеводородите се трошат треба да најдеме одржливи мерки за дејствување. КА: Најголемиот дел од електричната енергија во САД доаѓа од согорување на фосилните горива. Како ќе помогне електричниот автомобил вклучен на струја? ЕМ: Да. Одговорот се состои од две компоненти. Прво: Ако се земе истиот извор на гориво за да се произведе енергија во електрана со цел да се напојат автомобилите, сепак е подобро за нас. Ако земете на пример природен гас, најраспространетиот извор на гориво на јаглеводород, ако го согорите во современа турбина за природен гас на Џенерал Електрик, ќе добиете околу 60% ефикасност. Ако тоа гориво помине низ внатрешно согорување на автомобилски мотор ќе добиете околу 20% ефикасност. Бидејќи во стационарни електрани, може да имате нешто што тежи многу повеќе, што има поголем волумен, и со отпадната топлина да придвижите парна турбина и да создадете секундарен извор на енергија. Дури и да ја земете предвид загубата при преносот, дури и со употреба на истот извор на енергија,пак е подобро да се напои елетричното возило отколку да се согори во електрана. КА: Таквата мерка значи ефикасност. ЕМ: Така е. Истотака, траба да обезбедиме одржливи средства за генерирање сила- генерирање електрична енергија. Значи,ако треба да решиме одржливо производство на електрична енергија тогаш има смисла да имаме електрични автомобили како вид на транспорт. КА: Тука имаме едно видео со монтирани снимки од Тесла, кои,ако може да се пушти првото видео- Тогаш што е иновативното во овој процес на автомобилот? ЕМ:Секако. За да го забрзаме напредокот на електриниот транспорт, и сакам да кажам дека мислам, всушност сите видови на транспорт ќе станат електрични со иронијата на исклучокот на ракетите. Едноставно не може да се избегне третиот закон на Њутон. Прашањето е како да се забрза напредокот на електричниот транспорт? За да се направи тоа со автомобилите,треба да се смисли енергетски делотворен автомобил, значи треба да биде неверојатно лесен, она што гледате тука е целосна алуминиумса каросерија и шасија произведена во Северна Америка. Применивме многу техники на ракетни градби за да го направиме возилото лесно и покрај големата батерија. Затоа има најниска применета енергија од било кое возило со оваа големина. Како резултат на тоа, применетата енергија е многу ниска и ја има најнапредната батерија. и тоа го прави конкурентен во опсегот така што може да има нарачки во опсег од 400 км. КА: Овие батерии се неверојатно тешки, но,сметате дека со спојот кој интелектуално одговара- комбинација на лесно возило и тешка батерија- добивате извонредна ефикасност. ЕМ: Точно. Остатокот од автомобилот мора да е лесен заради рамнотежа и да има низок отпор на струење за да се уравнотежи целиот распон. Всушност,корисницте на Моделот Ѕ се натпреваруваат за да се рангираат највисоко. Мислам дека некој постигнал 675 км со едно напојување. КА: Бруно Боуден, кој е тука, го постигна тоа, го надмина светскиот рекорд. ЕМ:Честитам! КА:Тоа е добрата вест. Лошата вест што морал да вози со 30 км на час константна брзина и бил запрен од полиција. (Смеа) ЕМ: Мислам,можете да возите- ако возите со 100 км на час, во нормални услови, 400 км и е разумна бројка. КА: Да видиме во второто видео како се однесува Тесла на мраз. Ова не е критика за Њујорк Тајмс, патем. Што е највозбудливо околу искуството да се вози автомобилот? ЕМ: Кога се создава електричен автомобил, одговорот од самиот автомобил е неверојатен. Сакавме луѓето да се чувствуваат како да се соединуваат со автомобилот, како да се едно со него, кога свртуваат или убрзуваат, едноставно се случува, како возилото да има ESP. Тоа може да се постигне со електричен автомобил. Не може да се постигне со возило на бензин. Тоа е огромна разлика, а луѓето го доживуваат тоа кога имаат пробно возење. КА:Ова е прекрасен но скап автомобил. Имате план како возилото ќе стане достапно за широките маси? ЕМ: Целта на Тесла отсекогаш била процес во три чекори, каде верзија 1 е скап автомобил со мал обем, верзија 2 е средно скап автомобил со среден обем и верзија 3 каде имате ниска цена и голем обем. Сега сме на чекор 2. Имавме спортски автомобил од 100.000 $, Роадстер. Pотоа го добивме Модел Ѕ кој чини 50.000 $. Трета генерација автомобили која очекуваме да ја имаме за 3-4 години ќе биде 30.000 $. Но, кога имате нова технологија, потребни се 3 верзии генерално за да допрете до широките маси. Мислам дека напредуваме во тој правец и сигурен сум дека ќе стигнеме до целта. КА:Сега, ако не мора долго да патувате, може да возите, да се вратите и да го напоите дома. Не постојат големи државни мрежи за напојување кои се брзи. Го гледаш тоа како иднина или како извесни мали показатели? ЕМ: Има многу повеќе станици за напојување оттколку што мислат луѓето, и во Тесла произведовме нешто што се вика технологија за супер напојување која ја нудиме бесплатно засекогаш, ако купите модел Ѕ. Ова многумина не го согледуваат. Ги имаме покриено Калифорнија и Невада, а истотака и Источниот брег од Бостон до Вашингтон . До крај на годинава,ќе возите од Лос Анџелес до Њујорк со мрежата за супер напојување која напојува пет пати побрзо од било што друго. Најважно е да имате сооднос од возење до запирање, да се запре времето од 6 или седум. Значи,ако возите 3 часа, сакате да застанете 20 или 30 мин. зашто нормално за толку застануваат луѓето. Ако тргнете во 9 наутро, до пладне ќе застанете за да каснете нешто, одите до WC, кафе и продолжувате. КА: Значи, предлагате дека за целосно полнење потребен е еден час. Значи вообичаено е- не очекувајте да излезете за 10 мин. Чекајте еден час,но добрата вест е дека помагате за спас на планетата, и електричната енергија е бесплатна. ЕМ: Всушност ние очекуваме луѓето да запираат за 20-30 мин. а не за еден час. најдобро е да се вози 250-260 km и да се запре за половина час па да се продолжи. Тоа е природниот тек на патувањето. КА: Значи ова е само еден дел од вашиот енергетски план. Работите во соларната компанија Солар Сити. Што е необично околу тоа? ЕМ: Како што спомнав претходно, треба да имаме оддржливо енергетско производство како и потрошувачка, и сигурен сум дека основниот извор за производство на енергија ќе биде соларниот. Се работи за индиректна фузија, тоа е тоа. Го имаме гиганскиот генератор на фузија на небото-тоа е сонцето и треба само малку да извлечеме од таа енергија за потребите на човекот. Повеќето луѓе знаат но не се свесни за тоа дека светот е веќе речиси целосно снабден со соларна енергија. Ако не беше сонцето, ќе бевме смрзната топка мраз на минус 270 степени, и сонцето го движи целиот систем на преципитација. Целиот еко систем се заснова на соларна енергија. КА: Но,во еден галон бензин имате ефективни илјада години сончева енергија компресирана на мало место, така што тешко е да се добијат позитивни бројки за соларната енергија и да се натпреварува на пример со природниот гас, Како ќе создадете работа овде? ЕМ: Сигурен сум дека соларната енергија ќе ги победи сите, дури и природниот гас. (Аплауз) КА: Како? ЕМ: Ќе мора. Ако не, тогашќе имаме проблеми. КА: Но,вие не продавате соларни панели на корисници. Што правите? ЕМ: Всушност продаваме. Можете да купите соларен систем или да го изнајмите. Повеќет одбираат да изнајмат. Во врска со соларната енергија, таа нема залихи или оперативни трошоци, штом се инсталира, таа е тука. Функционира со децении, можеби и цел век. Значи, најважно е трошоците при почетното инсталирање да се ниски, а потоа и самото финансирање да биде мало, зашто овие се двата фактори кои управуваат со цената на соларната енергија. Направивме голем чекор во тој правец, и затоа сум убеден дека ќе го победиме природниот гас. КА: Значи вашиот сегашен предлог до клиентите е да не плаќаат премногу на почетокот. ЕМ: Ништо! Не плаќајте ништо на почеток. Ние ќе инсталираме панели на вашите кровови. Потоа ќе платите-на колкав период е обично наемот? ЕМ: Вообичаено се на 20 години, но,предлогот на главната вредност, како што алудирате, е прилично јасен. Без влогови, а вашите трошоци ќе се намалат. Прилично добра зделка. КА: Тоа е добивка за корисниците. Без ризик, ќе плаќаат помалку отколку сега. За вас, вашиот сон тука е- мислам,кој е сопственик на енеријата од тие панели со подолг рок? Како вашата компанија ќе профитира? ЕМ: Во суштина, Солар Сити има капитал од компании или банки, на пример. Гугл е еден од нашите најголеми партнери и тие имаат повратен капитал од тоа. Со тој капитал, Солар Сити купува и инсталира панели на крововите а потоа им наплатува на сопствениците на куќите или фирмите месечен наем кој е помал од комуналните трошоци. КА: Но вие имате долгорочна, комерцијалеа добивка од енергијата. Вие на некој начин градите нов вид на дистрибуирани комуналии. ЕМ: Точно. Тоа е целта- гигантски дистрибуирани комуналии. Сметам дека тоа е добро зашто комуналните претпријатија имаа монопол и луѓето немаат избор. Ова е првпат на ефикасен начин да имаат конкурентност за тој монопол зашто комуналните претпријатија беа единствените кои дистрибуираа енергија, а таа сега е на вашите кровови. Тоа ги ополномоштува сопствениците на куќите и фирмите. КА: Навистинa гледаш иднина во која најголемиот дел од енергијата во САД, за 1-2 децении, или во текот на еден живот ќе стане соларна? ЕМ: Уверен сум дека соларната енергија ќе се користи често и веројатно од повеќето луѓе, и предвидувам дека ќе има мнозинство за 20-тина години. Се обложив за ова- КА: Што е мнозинство за вас? ЕМ: Најмногу извори на соларна енергија од било кој друг. КА: Со кого се обложи? ЕМ: Со пријател кој нема да го именувам. КА: Само меѓу нас. (Смеа) ЕМ: Облогот беше пред 2-3 години, значи за околу 18 години најмногу корисници ќе има на соларна енергија. КА: Да се вратиме на друг облог кој го направи со сам себе, луд на некој начин. Направи капитал од продажбата на ПејПал. Реши да создадеш вселенска компанија. Зошто некој би го направил тоа? (Смеа) ЕМ: Многумина ми го поставиле тоа прашање, навистина. Луѓето велеа:„Ја чувте шегата за типот кој створи мало богатство од вселенската индустрија?“ Очигледно, „Тој почна со големо“ била поентата. Им велам на луѓего:„Се обидувам да откријам најбрз начин да претворам огромно богатство во мало.“ А тие мене:„Сериозно?“ КА: За чудо така е. И што се случи? ЕМ: Спас во последен миг. За малку сè ќе пропаднеше. Бевме многу блиску до пропаст. Но, успеавме да се извлечеме во 2008. Целта на СпејсХ е да се унапреди ракетната технологија и главно да се реши проблемот кој сметам дека е витален за човештвото да има вселенска цивилизација што значи да се има брза и целосно повеќекратна ракета. КА: Ќе стане човештвото вселенска цивилизација? Тоа беше твојот сон од млади години? Сонуваше за Марс и пошироко? ЕМ. Градев ракети кога бев дете, но не мислев дека ќе продолжам со тоа. Повеќе беше од аспект на тоа кои работи треба да се случат за да иднината биде инспиративна и возбудлива. Мислам дека има значителна разлика кога гледаме во иднината, меѓу вселенската цивилизација, која ги истражува ѕвездите, планетите, и мислам дека тоа е возбудливо, во споредба со состојбата да сме врзани само за Земјата додека не се случи некое истребување. КА: Ги намали трошоците на градење ракета за 75%, зависно како сметаме. Како го направи тоа? НАСА го прави ова со години. Како го направиви ти? ЕМ: Направивме значаен напредок во технологијата на леталата, моторите, електрониката и уредите за стартување. Имаме многу иновации кои ги создадовме кои се прилично сложени да ги разгледаме сега. КА: Не заради тоа што може некој да ве копира, нели? Не ги патентиравте овие работи. Навистина интересно. ЕМ: Не патентираме. КА: Заради тоа што мислите дека е поопасно да патентирате отколку да не патентирате? ЕМ: Нашите главни конкуренти се националните влади па наплатувањето на патентите е дискутабилно.(Смеа/Аплауз) КА: Навистина интересно. Но големото откритие е на повидок и вие работите на него. Кажете ни за тоа. ЕМ: Да. Големото откритие- КА:Да го видиме видеотото и ќе ни објасните што се случува. ЕМ: Секако. Во однос на ракетите, тие се потрошни. Сите ракети кои летаат денес се потрошни. Спејс шатл требаше да е повеќекратна ракета но дури и главните делови се фрлаа а за деловите кои можеа пак да се употребат беа потребни 10.000 луѓе во 9 месеци за да се обноват за повторен лет. Така спејс шатлот чинеше милијарда долари за лет. Очигледно не одеше како што треба---- КА:Што се случи всушност? Видовме нешто слета. ЕМ: Точно.Важно е ракетата да слета така што да може да се врати назад, да се врати на местото на лансирање и да може повторно да полета за неколку саати. КА: Повеќекратни ракети! ЕМ:ДА. (Аплауз) Многумина не сфаќаат дека цената на горивото-пропелант е многу ниска. Слична на млазен авион. Цената на пропелантот е околу 3% од цената на чинење на ракетата. Значи, можеме да постигнеме приближно подобрување од 100 пати од трошоците на летот во вселентаа ако ефикасно се употреби повторно ракетата. Заради тоа е значајно. Секој вид на транспорт кој го користиме, авион, воз, автомобил, велосипед,коњ, може повторно да се употреби, но не и ракетите. Треба да го решиме проблемот за да можеме да патуваме во вселената. КА: Еднаш ме праша колку популарно би било крстарењето ако мора да се изгори бродот потоа. ЕМ:Некои крстарења се проблематични. КА: Дефинитивно и поскапи. Таа е проблематична технологија, и мислам отвара пат за сонот да започне, во одредено време, постепено да ги одведе луѓето на Марс. Би сакале да видиме колонија на Марс. ЕМ: Да,дефинитивно. СпејсХ или некоја комбинација на компании и влади, мора да напредува кон мултипланетарен живот, да се создаде основа на друга планета, на Марс, како единствена реална опција- а потоа да се населува додека не станеме мулти планетарни видови. КА: Напредокот во смисла „да се направи повторно употребливо“, како оди тоа?Видеото беше симулирање. Како напредува? ЕМ: Имаме прилично напреднато во последно време со тоа што го нарекуваме Grasshopper Test Project, каде тестираме вертикални слетувања, дел кој е прилично незгоден. Направивме добри тестирања. КА: Може да се види? ЕМ:Да. Ова е само да се доживее нивото. Облековме каубој како Џони Кеш и ја ставивме куклата на ракетата. КА: Ајде да го видиме видеото, бидејќи е чудесно ако подобро размислиме. Не сме го виделе ова. Лансирање на ракета и потоа- ЕМ: Да,ракетата е голема колку зграда на 12 ката. (Лансирање на ракета) Сега лебди на 40 м. и константно ги прилагодува аглите, косините и аголот на свртување на главниот мотор, и одржувањето на свртувањата со пропелери на камен јаглен. КА: Одлично! (Аплауз) Елон, како го направи ова? Овие проекти се толку.. ПејПал, Солар Сити, Тесла, СпејсХ, толку се спектакуларно различни, толку амбициозни проекти. Како е можно еден човек да го измисли сето ова? Што е тоа кај тебе? EM:Не знам, искрено. Немам добар одговор за тоа. Работам многу, навистина многу. КА: Имам теорија. ЕМ:Добро, во ред. КА:Мојата теорија вели дека можеш да размислуваш на системско ниво на дизајн што ги соединува дизајнот, технологијата и бизнисот. Ако ТЕД е ДТБ: дизајн,технологија и бизнис во еден пакет, синтетизираш така како ретко кој може- и ова е кључниот миг-толку си сигурен во овој собран пакет што превземаш луди ризици. Вложуваш богатство во него и тоа си го сторил повеќе пати. Мислам дека никој не го прави тоа. Може да ни ја кажеш тајната формула? Може да го ставиме тоа во обрзовниот систем?Може некој да научи од вас? Зачудувачки е што имаш постигнато. ЕМ: Па, ви благодарам. Благодарам. Постои рамка во која може да се размислува. Тоа е физиката. Знаете, првиот принцип на размислување. Генерално мислам-сметам дека треба да се дојде до коренот на вистините и да се размислува од таму како спротивставено мислење со аналогија. Низ нашиот живот минуваме со аналогно размислување што значи копираме што другите прават со одредени разлики. И мораме да го правиме тоа. Инаку,ментално не ќе можеме да го поминеме денот. Но,кога сакаме да направиме нешто ново, треда да се примени пристапот на физиката. Физиката ни покажува како да откриеме нови нешта, како квантната механика. Таа е контра-интуитивна. Затоа, сметам дека е важно тоа да се стори и да обратиме внимание на негативната повратна информација и да ја побараме од пријателите. Ова можеби звучи како едноставен совет, но ретко кој го прави, а многу помага. КА: Момци и девојки кои студирате физика. Учете од овој човек. Елон Маск,би сакал да го имаме цел ден пред нас.Благодарам што дојде. ЕМ: Благодарам! Прекрасно беше. Навистина многу убаво. Погледни го ова! (Аплауз) Поклони се. Фантастично беше. Многу ти благодарам!