1 00:00:00,000 --> 00:00:03,000 Денес сакам да зборувам за пари и среќа, 2 00:00:03,000 --> 00:00:04,720 што се две работи 3 00:00:04,720 --> 00:00:07,250 на кои поминуваме голем дел од времето размислувајќи, 4 00:00:07,250 --> 00:00:09,970 или обидувајќи се да ги заработиме, или да ги зголемиме. 5 00:00:09,970 --> 00:00:12,240 И многумина од нас се сложуваат со оваа фраза. 6 00:00:12,240 --> 00:00:14,620 Така, од религиските и книгите за само-помош учиме 7 00:00:14,620 --> 00:00:16,380 дека не можеме да ја купиме среќата. 8 00:00:16,380 --> 00:00:19,420 Но, денес би сакал да предложам дека всушност, тоа е погрешно. 9 00:00:19,420 --> 00:00:21,000 (Смеа) 10 00:00:21,000 --> 00:00:23,870 Предавам на факултет за бизнис, и тоа е тоа што го работиме. 11 00:00:23,870 --> 00:00:26,690 Значи, тоа е погрешно и всушност, ако сметате дека е така, 12 00:00:26,690 --> 00:00:28,380 вие всушност не трошите правилно. 13 00:00:28,380 --> 00:00:31,710 Значи тоа, наместо трошејќи ги онака како што обично би ги потрошиле, 14 00:00:31,710 --> 00:00:33,250 можеби ако ги трошите поинаку, 15 00:00:33,250 --> 00:00:35,330 тоа би можело да функционира малку подобро. 16 00:00:35,330 --> 00:00:38,210 И, пред да ви откријам како да трошите за да бидете посреќни, 17 00:00:38,210 --> 00:00:40,750 ајде да размислиме за начините на кои обично трошиме 18 00:00:40,750 --> 00:00:42,770 кои, всушност, и не нè прават посреќни. 19 00:00:42,770 --> 00:00:44,780 Ние направивме еден природен екперимент. 20 00:00:44,780 --> 00:00:47,630 Така, CNN пред некое време, напиша една интересна статија 21 00:00:47,630 --> 00:00:50,700 за тоа што им се случува на луѓето кога ќе добијат на лотарија. 22 00:00:50,700 --> 00:00:54,530 Луѓето мислат дека ако добијат на лотарија, нивните животи ќе станат прекрасни. 23 00:00:54,530 --> 00:00:57,220 Оваа статија е за тоа како нивните животи се уништуваат. 24 00:00:57,220 --> 00:00:59,860 Па, што се случува кога луѓето ќе добијат на лотарија 25 00:00:59,860 --> 00:01:02,470 е следново: број еден, тие ги трошат сите пари и заглавуваат во долгови, 26 00:01:02,470 --> 00:01:03,200 и број два, сите нивни пријатели и секој кој некогаш го сретнале 27 00:01:03,200 --> 00:01:04,000 ги наоѓаат и им додеваат за пари. 28 00:01:04,000 --> 00:01:06,000 Всушност, со тоа се уништуваат нивните друштвени односи. 29 00:01:06,000 --> 00:01:08,000 Така, тие имаат поголеми долгови и полоши пријателства 30 00:01:08,000 --> 00:01:10,000 отколку пред да добијат на лотарија. 31 00:01:10,000 --> 00:01:12,000 Тоа што беше интересно за статијата, 32 00:01:12,000 --> 00:01:15,000 е тоа што луѓето, читателите започнаа да коментираат. 33 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 И наместо да зборуваат за тоа 34 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 како статијата ги натерала да сфатат дека парите не водат до среќа, 35 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 сите веднаш започнаа да велат: 36 00:01:21,000 --> 00:01:23,000 „Знаете што би направил/а јас ако добијам на лотарија...?“ 37 00:01:23,000 --> 00:01:25,000 и да си фантазираат за тоа што би го направиле. 38 00:01:25,000 --> 00:01:28,000 И тука се само две од тие кои сметаме дека се навистина интересни за размислување. 39 00:01:28,000 --> 00:01:31,000 Една личност напиша: „Кога ќе добијам, ќе си купам сопствена, малечка планина 40 00:01:31,000 --> 00:01:33,000 и ќе имам куќарка на врвот.“ 41 00:01:33,000 --> 00:01:35,000 (Смеа) 42 00:01:35,000 --> 00:01:38,000 А, друга личност напиша: „Ќе исполнам голема када со пари 43 00:01:38,000 --> 00:01:40,000 и ќе влезам во неа пушејќи голема, дебела пура 44 00:01:40,000 --> 00:01:42,000 и ќе си турам чаша шампањ.“ 45 00:01:42,000 --> 00:01:44,000 Ова е дури и полошо: „Потоа, ќе се сликам 46 00:01:44,000 --> 00:01:46,000 и ќе ги развијам сликите. 47 00:01:46,000 --> 00:01:48,000 Секој кој ќе моли за пари или ќе проба да ми изнуди, 48 00:01:48,000 --> 00:01:51,000 ќе добие само примерок од сликата и ништо друго.“ 49 00:01:51,000 --> 00:01:54,000 (Смеа) 50 00:01:54,000 --> 00:01:56,000 И толку многу коментари беа токму од овој вид, 51 00:01:56,000 --> 00:01:58,000 каде што луѓето добиваат пари, 52 00:01:58,000 --> 00:02:00,000 а, тоа ги прави недружељубиви. 53 00:02:00,000 --> 00:02:03,000 Ви кажав дека тоа ги уништува животите на луѓето и дека нивните пријатели им додеваат. 54 00:02:03,000 --> 00:02:05,000 Исто така, парите прават да се чувствуваме доста себично 55 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 и правиме работи само за себе. 56 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 Па, можеби причината за тоа зошто парите не нѐ прават среќни 57 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 лежи во тоа што ние секогаш ги трошиме на погрешни работи, 58 00:02:11,000 --> 00:02:14,000 а особено - дека ние ги трошиме на себе. 59 00:02:14,000 --> 00:02:16,000 И си помисливме, се прашувам што би се случило 60 00:02:16,000 --> 00:02:18,000 ако ги натераме луѓето да трошат повеќе од своите пари на други луѓе. 61 00:02:18,000 --> 00:02:21,000 Па, наместо да бидете недружељубиви со своите пари, 62 00:02:21,000 --> 00:02:23,000 што ако сте малку повеќе повеќе-дружељубиви со своите пари? 63 00:02:23,000 --> 00:02:25,000 И си помисливме, ајде да ги натераме луѓето да го направат тоа и да видиме што ќе се случи. 64 00:02:25,000 --> 00:02:27,000 Значи, ајде да собереме некои луѓе кои го прават тоа што обично го прават 65 00:02:27,000 --> 00:02:29,000 и ги трошат парите на себе, 66 00:02:29,000 --> 00:02:31,000 и ајде да натераме некои луѓе да дадат пари, 67 00:02:31,000 --> 00:02:34,000 и да ја мериме нивната среќа и да видиме дали тие навистина стануваат посреќни. 68 00:02:34,000 --> 00:02:36,000 Значи, првиот пат кога го направивме ова... 69 00:02:36,000 --> 00:02:38,000 Едно утро во Ванкувер, отидовме на кампусот 70 00:02:38,000 --> 00:02:40,000 на Универзитетот на Британска Колумбија, 71 00:02:40,000 --> 00:02:42,000 им пристапивме на луѓето и ги прашавме: „Дали сакате да бидете дел од експеримент?' 72 00:02:42,000 --> 00:02:44,000 Тие рекоа „Да“. 73 00:02:44,000 --> 00:02:47,000 Ги запрашавме колку се среќни, и потоа им дадовме плик. 74 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 И дел од пликоата имаа белешка во нив на која пишуваше: 75 00:02:49,000 --> 00:02:52,000 „Потроши ги париве на себе до 17:00 денес.“ 76 00:02:52,000 --> 00:02:55,000 И, така им дадовме некои примери на што би можеле да ги потрошат. 77 00:02:55,000 --> 00:02:57,000 Тоа утро, други луѓе добија парче хартија на која пишуваше: 78 00:02:57,000 --> 00:03:00,000 „Потроши ги париве на некој друг до 17:00 денес.“ 79 00:03:00,000 --> 00:03:02,000 Исто така, во пликоата имаше и пари. 80 00:03:02,000 --> 00:03:04,000 И изманипулиравме колку пари им дадовме. 81 00:03:04,000 --> 00:03:07,000 Така, некои луѓе добија белешка и пет долари. 82 00:03:07,000 --> 00:03:10,000 Некои луѓе добија белешка и дваесет долари. 83 00:03:10,000 --> 00:03:13,000 Ги оставивме да си го продолжат денот. 84 00:03:13,000 --> 00:03:16,000 Дознавме дека тие навистина ги потрошиле парите онака како што го побаравме тоа од нив. 85 00:03:16,000 --> 00:03:18,000 Им се јавивме вечерта и ги прашавме: 86 00:03:18,000 --> 00:03:20,000 „На што ги потрошивте прите, и колку среќно се чувствувате сега?“ 87 00:03:20,000 --> 00:03:22,000 На што ги потрошиле? 88 00:03:22,000 --> 00:03:24,000 Па, тоа беа студенти, па многу од тоа на што го потрошиле за себе 89 00:03:24,000 --> 00:03:26,000 беше на работи како обетки и шминка. 90 00:03:26,000 --> 00:03:29,000 Една жена рече дека купила плишано животно за нејзината внука. 91 00:03:29,000 --> 00:03:31,000 Луѓето им давале пари на бездомници. 92 00:03:31,000 --> 00:03:34,000 Огромен ефект врз Starbucks. 93 00:03:34,000 --> 00:03:36,000 (Смеа) 94 00:03:36,000 --> 00:03:39,000 Па, ако им дадете пет долари на студенти, тоа им изгледа како кафе, 95 00:03:39,000 --> 00:03:42,000 па претрчуваат до Starbucks и ги трошат колку што е можно побрзо. 96 00:03:42,000 --> 00:03:45,000 Но, некои луѓе купиле кафе за себе си, така како што обично би направиле, 97 00:03:45,000 --> 00:03:47,000 но, некои други луѓе рекоа дека купиле кафе за некој друг. 98 00:03:47,000 --> 00:03:49,000 Значи, истиот производ, 99 00:03:49,000 --> 00:03:51,000 но насочен кон себе си 100 00:03:51,000 --> 00:03:53,000 или насочен кој некој друг. 101 00:03:53,000 --> 00:03:55,000 Што дознавме кога им се јавивме на крајот од денот? 102 00:03:55,000 --> 00:03:57,000 Луѓето кои ги потрошиле парите на други луѓе станале посреќни. 103 00:03:57,000 --> 00:03:59,000 Луѓето кои ги потрошиле парите на себе си, ништо не се случило. 104 00:03:59,000 --> 00:04:02,000 Тоа не ги направило помалку среќни, туку само не ги поттикнало нешто повеќе. 105 00:04:02,000 --> 00:04:05,000 И, уште една работа која ја забележавме беше дека сумата не е толку важна. 106 00:04:05,000 --> 00:04:08,000 Така, луѓето мислеа дека 20 долари би биле далеку подобри од пет долари. 107 00:04:08,000 --> 00:04:11,000 Всушност, не е важно колку многу пари трошите. 108 00:04:11,000 --> 00:04:13,000 Тоа што навистина е важно е дека ги трошите на некој друг, 109 00:04:13,000 --> 00:04:15,000 не на себе си. 110 00:04:15,000 --> 00:04:17,000 Го забележуваме ова повторно и повторно, 111 00:04:17,000 --> 00:04:20,000 кога им даваме пари на луѓето да ги трошат на други луѓе, наместо на себе си. 112 00:04:20,000 --> 00:04:22,000 Секако, ова се студенти од Канада, 113 00:04:22,000 --> 00:04:24,000 не се најпретставителното население на светот. 114 00:04:24,000 --> 00:04:27,000 Тие се исто така и доволно богати, и се многу други работи. 115 00:04:27,000 --> 00:04:30,000 Сакавме да видиме дали е ова вистина насекаде во светот, 116 00:04:30,000 --> 00:04:32,000 или само во богатите земји. 117 00:04:32,000 --> 00:04:34,000 Така, всушност, отидовме во Уганда и направивме доста сличен експеримент. 118 00:04:34,000 --> 00:04:36,000 Па замислете, наместо само луѓето во Канада, 119 00:04:36,000 --> 00:04:39,000 ги запрашавме: „Кога последен пат сте потрошиле пари на себе или други луѓе. 120 00:04:39,000 --> 00:04:41,000 Опишете. Колку Ве направи тоа посреќни?“ 121 00:04:41,000 --> 00:04:43,000 Или во Уганда: „Кога последен пат сте потрошиле пари 122 00:04:43,000 --> 00:04:46,000 на себе или други луѓе и опишете го тоа.“ 123 00:04:46,000 --> 00:04:48,000 И потоа повторно ги запрашавме колку биле среќни. 124 00:04:48,000 --> 00:04:50,000 И, тоа што го забележуваме е прекрасно, 125 00:04:50,000 --> 00:04:52,000 затоа што постои општо човечко однесување за тоа што правите со своите пари 126 00:04:52,000 --> 00:04:55,000 а потоа и вистински културолошки разлики за тоа и што го правите. 127 00:04:55,000 --> 00:04:57,000 Така на пример, 128 00:04:57,000 --> 00:04:59,000 еден тип од Уганда го вели следново: 129 00:04:59,000 --> 00:05:01,000 тој рече: „И' се јавив на девојка која посакував да ја љубам.“ 130 00:05:01,000 --> 00:05:03,000 Тие во основа излегле на состанок, 131 00:05:03,000 --> 00:05:06,000 и на крајот вели дека не ја „постигнал“ сè досега. 132 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 Еве еден тип од Канада. 133 00:05:09,000 --> 00:05:11,000 Многу слично. 134 00:05:11,000 --> 00:05:13,000 „Ја одведов девојка ми на вечера, 135 00:05:13,000 --> 00:05:15,000 Бевме на кино, заминавме порано, 136 00:05:15,000 --> 00:05:19,000 и потоа отидовме назад во нејзината соба на...“ само на торта - само на парче торта. 137 00:05:19,000 --> 00:05:21,000 Човечко однесување - трошите пари на други луѓе, 138 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 фини сте со нив. 139 00:05:23,000 --> 00:05:25,000 Можеби имате нешто на ум, можеби немате. 140 00:05:25,000 --> 00:05:27,000 Но, тогаш гледаме необични разлики. 141 00:05:27,000 --> 00:05:29,000 Па, погледнете ги овие две. 142 00:05:29,000 --> 00:05:31,000 Ова е една жена од Канада. 143 00:05:31,000 --> 00:05:33,000 Велиме: „Кога имате потрошено пари на некој друг?“ 144 00:05:33,000 --> 00:05:35,000 Таа вели: „И' купив подарок на мајка ми. 145 00:05:35,000 --> 00:05:37,000 Се одвезов до трговскиот во мојот автомобил, купив подарок, ѝ го дадов на мајка ми.“ 146 00:05:37,000 --> 00:05:39,000 Совршено фина работа да направите. 147 00:05:39,000 --> 00:05:41,000 Добро е да се купуваат подароци за луѓето кои ги знаете. 148 00:05:41,000 --> 00:05:43,000 Споредете го тоа со оваа жена од Уганда. 149 00:05:43,000 --> 00:05:45,000 „Пешачев и сретнав долгогодишна пријателка 150 00:05:45,000 --> 00:05:47,000 чиј син беше болен од маларија. 151 00:05:47,000 --> 00:05:50,000 Тие немаа пари, отидоа на клиника, а јас ѝ ги дадов овие пари.“ 152 00:05:50,000 --> 00:05:53,000 Тоа не се $10.000, тоа е локална валута. 153 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 Тоа е многу мала сума на пари, всушност. 154 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 Но, мотивациите се премногу различни тука. 155 00:05:57,000 --> 00:05:59,000 Ова е вистинска медицинска потреба, 156 00:05:59,000 --> 00:06:01,000 буквално донација која спасува живот. 157 00:06:01,000 --> 00:06:03,000 Претходното, тоа е некако, купив подарок за мајка ми. 158 00:06:03,000 --> 00:06:05,000 Тоа што повторно го гледаме, 159 00:06:05,000 --> 00:06:07,000 е тоа што специфичниот начин на кој трошите пари на други луѓе 160 00:06:07,000 --> 00:06:09,000 не е ниту одблиску важен 161 00:06:09,000 --> 00:06:11,000 како фактот што трошите на други луѓе 162 00:06:11,000 --> 00:06:13,000 со цел да се направите себе си посреќни, 163 00:06:13,000 --> 00:06:15,000 што е навистина важно. 164 00:06:15,000 --> 00:06:18,000 Значи не морате да правите неверојатни работи со вашите пари за да станете среќни. 165 00:06:18,000 --> 00:06:21,000 Можете да правите малечки, обични работи, а сепак да ги добиете придобивките правејќи го тоа. 166 00:06:21,000 --> 00:06:23,000 Ова се само две земји. 167 00:06:23,000 --> 00:06:26,000 Ние, исто така, сакавме да отидеме и понатаму и да ја анализираме секоја земја во светот да можевме, 168 00:06:26,000 --> 00:06:29,000 за да видиме каков е односот помеѓу парите и среќата. 169 00:06:29,000 --> 00:06:31,000 Добивме податоци од Организацијата „Галуп“, 170 00:06:31,000 --> 00:06:34,000 која ја знаете од сите политички анкети кои во последно време се случуваат. 171 00:06:34,000 --> 00:06:36,000 Тие ги прашуваат луѓето: „Дали во последно време сте донирале пари во доброволни цели?“, 172 00:06:36,000 --> 00:06:39,000 и ги прашуваат „Колку сте среќни со Вашиот живот воопшто?“ 173 00:06:39,000 --> 00:06:41,000 И можеме да видиме каков е односот помеѓу тие две работи. 174 00:06:41,000 --> 00:06:44,000 Дали се позитивно поврзани? Давањето пари ве прави среќни. 175 00:06:44,000 --> 00:06:46,000 Или, дали се негативно поврзани? 176 00:06:46,000 --> 00:06:48,000 На оваа мапа, зелено значи дека се позитивно порзани, 177 00:06:48,000 --> 00:06:51,000 а, црвено значи дека се негативно поврзани. 178 00:06:51,000 --> 00:06:53,000 И, како што можете да видите, светот е лудо - зелен. 179 00:06:53,000 --> 00:06:55,000 Значи, во речиси секоја земја во светот 180 00:06:55,000 --> 00:06:57,000 каде ги имаме овие податоци, 181 00:06:57,000 --> 00:06:59,000 луѓето кои даваат пари во добротворни цели се посреќни 182 00:06:59,000 --> 00:07:01,000 од луѓето кои не даваат пари во добротворни цели. 183 00:07:01,000 --> 00:07:04,000 Знам дека гледате во таа црвена земја во средината. 184 00:07:04,000 --> 00:07:06,000 Би бил идиот да не ви кажам која е, 185 00:07:06,000 --> 00:07:08,000 но, всушност, тоа е Централно Афричка Република. 186 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 Можете да си измислите приказни. Можеби таму е поразлично поради една или друга причина. 187 00:07:10,000 --> 00:07:12,000 Само малку подолу, од десно, тоа е Руанда, 188 00:07:12,000 --> 00:07:14,000 која е неверојатно зелена. 189 00:07:14,000 --> 00:07:16,000 Значи, речиси каде и да погледнеме, 190 00:07:16,000 --> 00:07:18,000 гледаме дека давањето пари нѐ прави посреќни, 191 00:07:18,000 --> 00:07:20,000 отколу да ги чуваме за себе. 192 00:07:20,000 --> 00:07:23,000 Што е со вашата работа, што е местото каде го поминуваме остатокот од нашето време, 193 00:07:23,000 --> 00:07:25,000 кога не сме со луѓето кои ги знаеме. 194 00:07:25,000 --> 00:07:28,000 Одлучивме да вклучиме некои компании, и да направиме нешто слично. 195 00:07:28,000 --> 00:07:30,000 Така, ова се тимови за продажба во Белгија. 196 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 Тие работаат во тимови; одат надвор и им продаваат на доктори 197 00:07:32,000 --> 00:07:34,000 и се обидуваат да ги натраат да им купат од лековите. 198 00:07:34,000 --> 00:07:37,000 Така, можеме да видиме колку добро тие продаваат, 199 00:07:37,000 --> 00:07:39,000 како функција од тоа да се биде член на еден тим. 200 00:07:39,000 --> 00:07:41,000 Некои тимови, им даваме пари за себе на некои од тимовите, 201 00:07:41,000 --> 00:07:43,000 и им велиме: „Потрошете ги како сакате на себе.“, 202 00:07:43,000 --> 00:07:45,000 исто како што направивме со студентите во Канада. 203 00:07:45,000 --> 00:07:47,000 Но, на некои други тимови им велиме: „Еве ви 15 евра. 204 00:07:47,000 --> 00:07:49,000 Потрошете ги на некој од членовите на вашиот тим оваа недела. 205 00:07:49,000 --> 00:07:52,000 Купете им нешто како подарок и дајте им го.“ 206 00:07:52,000 --> 00:07:55,000 И тогаш, ние можеме да видиме, па - сега имаме тимови кои трошат на себе, 207 00:07:55,000 --> 00:07:57,000 и имаме про-друштвени тимови 208 00:07:57,000 --> 00:07:59,000 на кои им даваме пари за да го направат тимот малку подобар. 209 00:07:59,000 --> 00:08:01,000 Причината поради која ја имам оваа смешна пињата тука 210 00:08:01,000 --> 00:08:03,000 е поради тоа што еден од тимовите ги собра своите пари и купи пињата, 211 00:08:03,000 --> 00:08:06,000 и сите се собраа и ја удираа пињатата и сите слатки паднаа од неа. 212 00:08:06,000 --> 00:08:08,000 Многу смешна и проста работа да се направи, 213 00:08:08,000 --> 00:08:11,000 но помислете на тимот кој не го направи тоа воопшто, 214 00:08:11,000 --> 00:08:13,000 тие имаа 15 евра, ги ставија во џебовите, 215 00:08:13,000 --> 00:08:15,000 можеби си купиле кафе за себе, 216 00:08:15,000 --> 00:08:17,000 или пак, на тимовите кои го имаа ова про-друштвено искуство 217 00:08:17,000 --> 00:08:20,000 каде сите се поврзаа за да купат нешто и да се вклучат во групна активност. 218 00:08:20,000 --> 00:08:23,000 Тоа што го забележуваме е, всушност, дека тимовите кои се про-друштвени продаваат повеќе работи, 219 00:08:23,000 --> 00:08:25,000 отколку тимовите кои добија пари само за себе. 220 00:08:25,000 --> 00:08:27,000 И, еден од начините да размислувате за тоа 221 00:08:27,000 --> 00:08:29,000 е дека за секои 15 евра кои им ги давате на луѓето за нив, 222 00:08:29,000 --> 00:08:32,000 тие ги ставаат во својот џеб, не прават ништо поинакво од тоа што го правеле претходно. 223 00:08:32,000 --> 00:08:34,000 Не добивате никакви пари од тоа. 224 00:08:34,000 --> 00:08:37,000 Вие всушност губите пари, затоа што тоа не ги мотивира нивната изведба да се повтори. 225 00:08:37,000 --> 00:08:39,000 Но, кога им давате 15 евра за да ги потрошат на нивните колеги од тимот, 226 00:08:39,000 --> 00:08:41,000 тие стануваат многу подобри како тим, 227 00:08:41,000 --> 00:08:44,000 со што Вие всушност и имате поголема придобивка со инвестирањето на ваков вид пари. 228 00:08:44,000 --> 00:08:46,000 Сфаќам дека најверојатно си мислите 229 00:08:46,000 --> 00:08:48,000 дека сето тоа е во ред, 230 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 но, постои еден контекст кој е неверојатно важен за јавната политика, 231 00:08:50,000 --> 00:08:52,000 а за кој не можам ниту да замислам дека би функционирал тука. 232 00:08:52,000 --> 00:08:54,000 И, во основа, дека ако не ми покаже дека тоа функционира тука, 233 00:08:54,000 --> 00:08:56,000 не верувам во ништо од тоа што го кажа. 234 00:08:56,000 --> 00:08:59,000 И знам дека сѐ на што помислувате се тимови за доџбол. 235 00:08:59,000 --> 00:09:01,000 (Смеа) 236 00:09:01,000 --> 00:09:03,000 Ова беше една од најголемите критики кои ги добивме, 237 00:09:03,000 --> 00:09:06,000 да речеме, ако не можете да го прикажете преку тимови за доџбол, сето ова е глупаво. 238 00:09:06,000 --> 00:09:08,000 Така, излеговме и пронајдовме некои доџбол тимови 239 00:09:08,000 --> 00:09:10,000 и се смешавме со нив. 240 00:09:10,000 --> 00:09:12,000 И го направивме истото како и претходно. 241 00:09:12,000 --> 00:09:15,000 Така, на некои луѓе од тимовите им даваме пари, тие ги трошат на себе си. 242 00:09:15,000 --> 00:09:17,000 Други тимови - им даваме пари 243 00:09:17,000 --> 00:09:19,000 за да ги потрошат на нивните доџбол-соиграчи. 244 00:09:19,000 --> 00:09:21,000 Тимовите кои потрошија пари на себе, 245 00:09:21,000 --> 00:09:23,000 го имаат истиот процент на победи како и претходно. 246 00:09:23,000 --> 00:09:25,000 Тимовите на кои им дадовме пари за да ги потрошат на други, 247 00:09:25,000 --> 00:09:27,000 тие станаа поинакви тимови, 248 00:09:27,000 --> 00:09:29,000 и всушност, тие доминираа во лигата пред да завршат. 249 00:09:29,000 --> 00:09:31,000 Преку сите овие различни контексти, 250 00:09:31,000 --> 00:09:33,000 вашиот личен живот, вашиот професионален живот, 251 00:09:33,000 --> 00:09:35,000 дури и смешни работи како внатрешни спортови - 252 00:09:35,000 --> 00:09:37,000 забележуваме дека трошењето на други луѓе ви носи поголема придобивка, 253 00:09:37,000 --> 00:09:40,000 отколку трошењето на себе си. 254 00:09:40,000 --> 00:09:42,000 Така, јас само ќе кажам, сметам дека ако мислите дека парите не купуваат среќа 255 00:09:42,000 --> 00:09:44,000 тоа значи не ги трошите правилно. 256 00:09:44,000 --> 00:09:47,000 Не се мисли на тоа дека треба да го купите овој производ, наместо тој, 257 00:09:47,000 --> 00:09:49,000 и така ќе станете посреќни. 258 00:09:49,000 --> 00:09:51,000 Туку, дека треба да престанете да размислувате 259 00:09:51,000 --> 00:09:53,000 за тоа кој производ да го купите за себе, 260 00:09:53,000 --> 00:09:56,000 и да се обидете да дадете дел од него на некој друг. 261 00:09:56,000 --> 00:09:59,000 И, за среќа, имаме една можност за вас. 262 00:09:59,000 --> 00:10:01,000 DonorsChoose.org е непрофитна организација, 263 00:10:01,000 --> 00:10:04,000 главно за наставници во државни училишта со ниски приходи. 264 00:10:04,000 --> 00:10:06,000 Тие поставуваат проекти, 265 00:10:06,000 --> 00:10:08,000 и така велат: „Сакам да го предавам Хаклбери Фин на моето одделение, но немаме книги.“ 266 00:10:08,000 --> 00:10:10,000 Или „Сакам микроскоп, за да им предавам наука на моите ученици, 267 00:10:10,000 --> 00:10:12,000 а немаме микроскоп.“ 268 00:10:12,000 --> 00:10:14,000 Вие и јас можеме да ги купиме за нив. 269 00:10:14,000 --> 00:10:17,000 Наставникот Ви дава белешка со изразена благодарност. Децата Ви даваат белешка со изразена благодарност. 270 00:10:17,000 --> 00:10:19,000 Понекогаш Ви испраќаат и фотографија како го употребуваат микроскопот. 271 00:10:19,000 --> 00:10:21,000 Тоа е навистина необично. 272 00:10:21,000 --> 00:10:23,000 Одете на веб-страната и навлезете во процесот 273 00:10:23,000 --> 00:10:26,000 на размислување - помалку од тоа „Како можам да потрошам пари на себе си?“ 274 00:10:26,000 --> 00:10:29,000 и повеќе од тоа „Ако имам пет или 15 долари, 275 00:10:29,000 --> 00:10:31,000 што можам да направам за да им помогнам на другите луѓе?“ 276 00:10:31,000 --> 00:10:34,000 Затоа што на крајот, кога ќе го направите тоа, ќе сфатите дека вашата лична придобивка е уште поголема. 277 00:10:34,000 --> 00:10:36,000 Ви благодарам. 278 00:10:36,000 --> 00:10:38,000 (Аплауз)