1 00:00:00,000 --> 00:00:03,000 Кај мене редовно се случуваат, овие кризи во кариерата, 2 00:00:03,000 --> 00:00:05,000 најчесто, всушност, во недела навечер, 3 00:00:05,000 --> 00:00:07,000 на зајдисонце, 4 00:00:07,000 --> 00:00:10,000 и тогаш, разликата помеѓу моите желби за мене самиот 5 00:00:10,000 --> 00:00:14,000 и реалноста за мене самиот, станува толку болно голема 6 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 што обично завршувам со главата во перница, плачејќи. 7 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 Го кажувам сето ова, 8 00:00:19,000 --> 00:00:22,000 го кажувам ова затоа што мислам дека не е само мој проблем. 9 00:00:22,000 --> 00:00:24,000 Можеби мислите дека грешам. 10 00:00:24,000 --> 00:00:26,000 Но мислам дека живееме во доба кога во нашите животи 11 00:00:26,000 --> 00:00:28,000 редовно ни се случуваат кризи во кариерата, 12 00:00:28,000 --> 00:00:30,000 во моментите кога она што мислиме дека го знаеме 13 00:00:30,000 --> 00:00:32,000 за нашите животи, за нашите кариери, 14 00:00:32,000 --> 00:00:36,000 доаѓа во контакт со реалност која не изгледа толку идилично. 15 00:00:36,000 --> 00:00:39,000 Овие денови е веројатно полесно да се заработи за живот отколку било кога. 16 00:00:39,000 --> 00:00:42,000 Но, веројатно е и во исто време најтешко да се остане мирен, 17 00:00:42,000 --> 00:00:45,000 и незасегнат од таа криза на кариерата. 18 00:00:45,000 --> 00:00:47,000 Ако ми дозволите, би сакал да разгледам 19 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 некои од причините зошто ова се случува, 20 00:00:49,000 --> 00:00:52,000 да бидеме нервозни околу нашите кариери. 21 00:00:52,000 --> 00:00:54,000 Зошто можеби сме жртви на овие кризи во кариерата, 22 00:00:54,000 --> 00:00:58,000 како што плачеме нежно во нашите перници. 23 00:00:58,000 --> 00:01:01,000 Една од причините зошто можеби страдаме 24 00:01:01,000 --> 00:01:03,000 е таа дека сме опкружени со снобови. 25 00:01:03,000 --> 00:01:06,000 Но, имам и лоши вести, 26 00:01:06,000 --> 00:01:09,000 особено за странците што доаѓаат во Оксфорд. 27 00:01:09,000 --> 00:01:11,000 Постои реален проблем со снобизмот. 28 00:01:11,000 --> 00:01:13,000 Бидејќи понекогаш луѓето надвор од Британија замислуваат 29 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 дека снобизмот е исклучиво британски феномен 30 00:01:15,000 --> 00:01:18,000 насочен кон куќите на село и титулите. 31 00:01:18,000 --> 00:01:20,000 Лошите вести се дека ова не е вистина. 32 00:01:20,000 --> 00:01:22,000 Снобизмот е глобален феномен. 33 00:01:22,000 --> 00:01:24,000 Ние сме глобална организација. Ова е глобален феномен. 34 00:01:24,000 --> 00:01:26,000 Тој постои. Што е сноб? 35 00:01:26,000 --> 00:01:29,000 Сноб е секој кој зема мал дел од тебе 36 00:01:29,000 --> 00:01:32,000 и го користи за да дојде до комплетна слика за тебе. 37 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 Тоа е снобизам. 38 00:01:34,000 --> 00:01:36,000 И доминантниот вид на снобизам 39 00:01:36,000 --> 00:01:38,000 кој постои денес е снобизмот на работното место. 40 00:01:38,000 --> 00:01:40,000 Кога сте на некоја забава го сретнувате само за неколку минути, 41 00:01:40,000 --> 00:01:43,000 кога ќе ви го постават фамозното прашање 42 00:01:43,000 --> 00:01:46,000 на раниот 21 век, „Што работите?“ 43 00:01:46,000 --> 00:01:48,000 И во зависност од тоа како ќе одговорите на ова прашање, 44 00:01:48,000 --> 00:01:50,000 луѓето се или одушевени што ве гледаат, 45 00:01:50,000 --> 00:01:52,000 или пак погледнуваат во нивните часовници и се извинуваат што мора да одат. 46 00:01:52,000 --> 00:01:53,000 (смеа) 47 00:01:53,000 --> 00:01:56,000 Сега, спротивност на сноб е вашата мајка. 48 00:01:56,000 --> 00:01:58,000 (смеа) 49 00:01:58,000 --> 00:02:01,000 Всушност вашата мајка можеби и не, ама мојата секако да. 50 00:02:01,000 --> 00:02:03,000 Идеална мајка. 51 00:02:03,000 --> 00:02:05,000 Некој што воопшто не се грижи за вашите постигнувања. 52 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 Но, за жал, повеќето луѓе не се наши мајки. 53 00:02:07,000 --> 00:02:10,000 Повеќето луѓе прават строга врска помеѓу тоа колку време, 54 00:02:10,000 --> 00:02:12,000 или ако сакате љубов, не онаа романтичната, 55 00:02:12,000 --> 00:02:14,000 иако тоа е веќе нешто, 56 00:02:14,000 --> 00:02:16,000 но не таа, генерално колку љубов и почит 57 00:02:16,000 --> 00:02:19,000 тие би ни дале е строго дефинирано 58 00:02:19,000 --> 00:02:21,000 од нашето место во општествената хиерархија. 59 00:02:21,000 --> 00:02:24,000 И ова е многу од причината зошто ние толку многу се грижиме за нашата кариера. 60 00:02:24,000 --> 00:02:28,000 И сме почнале да се грижиме за материјалните добра. 61 00:02:28,000 --> 00:02:31,000 Знаете, чести ни кажуваат дека живееме во многу материјален свет, 62 00:02:31,000 --> 00:02:33,000 дека сме алчни луѓе. 63 00:02:33,000 --> 00:02:35,000 Јас не мислам дека сме посебно материјалисти. 64 00:02:35,000 --> 00:02:37,000 Јас мислам дека живееме во општество кое едноставно 65 00:02:37,000 --> 00:02:39,000 ги поистоветило одредени емоционални награди 66 00:02:39,000 --> 00:02:42,000 со добивањето на материјални добра. 67 00:02:42,000 --> 00:02:45,000 Ние всушност не ги сакаме материјалните добра. Ги сакаме (емоционалните) награди. 68 00:02:45,000 --> 00:02:47,000 И ова е еден нов начин на кој што може да гледаме на луксузните добра. 69 00:02:47,000 --> 00:02:49,000 Следниот пат кога ќе видите како некој вози Ферари 70 00:02:49,000 --> 00:02:51,000 не помислувајте - „Ова е некој што е алчен.“ 71 00:02:51,000 --> 00:02:54,000 Помислете - „Ова е некој што е особено ранлив и му треба љубов.“ 72 00:02:54,000 --> 00:02:59,000 Со други зборови -- (смеа) 73 00:02:59,000 --> 00:03:01,000 чувствувајте сочувство, наместо презир. 74 00:03:01,000 --> 00:03:03,000 Има и други причини 75 00:03:03,000 --> 00:03:04,000 (смеа) 76 00:03:04,000 --> 00:03:06,000 Зошто денес е потешко да се чувствуваме мирни 77 00:03:06,000 --> 00:03:08,000 отколку било кога во историјата. 78 00:03:08,000 --> 00:03:11,000 Една од овие, е поврзана со нешто што е убаво и затоа е парадоксално, 79 00:03:11,000 --> 00:03:14,000 е надежта што сите ја имаме во врска со нашите кариери. 80 00:03:14,000 --> 00:03:16,000 Никогаш порано очекувањата не биле толку големи 81 00:03:16,000 --> 00:03:19,000 за тоа што се може да се постигне во еден човечки живот. 82 00:03:19,000 --> 00:03:22,000 Ни кажуваат, од многу извори, дека секој може да постигне што е да посака. 83 00:03:22,000 --> 00:03:24,000 Се ослободивме од кастинскиот систем. 84 00:03:24,000 --> 00:03:26,000 Сега сме во систем во кој било кој може да се издигне 85 00:03:26,000 --> 00:03:28,000 до која и да посака позиција. 86 00:03:28,000 --> 00:03:30,000 И тоа е прекрасна идеја. 87 00:03:30,000 --> 00:03:34,000 Заедно со неа доаѓа и еден дух на еднаквост. Дека ние сме во основа еднакви. 88 00:03:34,000 --> 00:03:36,000 Нема строго дефинирани 89 00:03:36,000 --> 00:03:38,000 хиерархии. 90 00:03:38,000 --> 00:03:40,000 Има еден голем проблем со ова. 91 00:03:40,000 --> 00:03:42,000 А тој проблем е зависта. 92 00:03:42,000 --> 00:03:45,000 Зависта, табу е дури и да се спомне завист, 93 00:03:45,000 --> 00:03:48,000 но ако во денешното општество постои доминантна емоција, тоа е зависта. 94 00:03:48,000 --> 00:03:52,000 И таа е поврзана со духот на еднаквоста. Дозволете да објаснам. 95 00:03:52,000 --> 00:03:55,000 Мислам дека би било доста необично за било кој тука, или некој што гледа, 96 00:03:55,000 --> 00:03:57,000 да и завидува на кралицата на Англија. 97 00:03:57,000 --> 00:04:00,000 Иако таа е многу побогата отколку било кој тука. 98 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 Има огромна куќа. 99 00:04:03,000 --> 00:04:07,000 Причината зошто не и завидуваме е затоа што таа е многу чудна. 100 00:04:07,000 --> 00:04:09,000 Таа едноставно ни е премногу страна нам. 101 00:04:09,000 --> 00:04:11,000 Не можеме да створиме однос со неа. Таа зборува на смешен начин. 102 00:04:11,000 --> 00:04:13,000 Доаѓа од чудно место. 103 00:04:13,000 --> 00:04:17,000 Значи не можеме да створиме однос со неа. А кога не можете да створите однос со некој, не можете ни да му завидувате. 104 00:04:17,000 --> 00:04:20,000 Колку се поблизу две личности, по возраст, по позадина, 105 00:04:20,000 --> 00:04:23,000 во процесот на идентификација, толку повеќе постои опасност од завист. 106 00:04:23,000 --> 00:04:26,000 А тоа е и една од причините зошто не би требало да одите на годишнини од матура. 107 00:04:26,000 --> 00:04:29,000 Бидејќи не постои посилна референтна точка 108 00:04:29,000 --> 00:04:31,000 отколку луѓето со кои заедно сте учеле. 109 00:04:31,000 --> 00:04:34,000 Но, проблемот со денешното општество е дека го претвора целиот свет во 110 00:04:34,000 --> 00:04:36,000 огромно училиште. Сите носат фармерки, сите се исти. 111 00:04:36,000 --> 00:04:38,000 А сепак, не се. 112 00:04:38,000 --> 00:04:41,000 Значи, постои дух на еднаквост, во исто време со длабоки нееднаквости. 113 00:04:41,000 --> 00:04:44,000 И ова создава многу стресна ситуација. 114 00:04:44,000 --> 00:04:46,000 Најверојатно е невозможно во денешно време 115 00:04:46,000 --> 00:04:48,000 да станете толку богат или познат како Бил Гејтс, 116 00:04:48,000 --> 00:04:50,000 како што било невозможно во 17тиот век 117 00:04:50,000 --> 00:04:53,000 да се издигнете до ранкот на француката аристократија. 118 00:04:53,000 --> 00:04:55,000 Но поентата е дека денес не се чувствуваме на таков начин. 119 00:04:55,000 --> 00:04:58,000 Се прави да се чувствуваме, од весниците и другите медиуми, 120 00:04:58,000 --> 00:05:01,000 дека ако имате енергија, неколку бистри технолошки идеи, 121 00:05:01,000 --> 00:05:05,000 гаража, можете да направите нешто навистина големо. 122 00:05:05,000 --> 00:05:06,000 (смеа) 123 00:05:06,000 --> 00:05:09,000 И последиците од ова можат да се видат во книжарниците. 124 00:05:09,000 --> 00:05:12,000 Кога ќе отидете во поголема книжарница и го погледнете одделот за самопомош, 125 00:05:12,000 --> 00:05:14,000 како што и јас понекогаш правам, 126 00:05:14,000 --> 00:05:16,000 и ако ги анализирате тие книги, 127 00:05:16,000 --> 00:05:18,000 има два вида. 128 00:05:18,000 --> 00:05:21,000 Првиот ви вели - „Вие можете! Можете да го направите тоа! Се е возможно!“ 129 00:05:21,000 --> 00:05:24,000 А другиот вид ви кажува како да се справите 130 00:05:24,000 --> 00:05:27,000 со она што културно се нарекува „ниско ниво на самодоверба,“ 131 00:05:27,000 --> 00:05:29,000 или некултурно се нарекува „да се чувствуваш навистина лошо во врска со себе“. 132 00:05:29,000 --> 00:05:31,000 Има вистинска врска, вистинска врска 133 00:05:31,000 --> 00:05:35,000 помеѓу општество кое им вели на луѓето дека можат да на прават се што сакаат 134 00:05:35,000 --> 00:05:37,000 и постоењето на ниско ниво на самодоверба. 135 00:05:37,000 --> 00:05:39,000 Па, ова е уште еден начин на кој нешто што е прилично позитивно 136 00:05:39,000 --> 00:05:41,000 може да има незгодна последица. 137 00:05:41,000 --> 00:05:44,000 Има и друга причина зошто можеби се чувствуваме понервозни, 138 00:05:44,000 --> 00:05:48,000 во врска со нашите кариери, во врска со нашиот статус во светот, отколку кога и да било порано. 139 00:05:48,000 --> 00:05:50,000 И повторно, е поврзано со нешто позитивно. 140 00:05:50,000 --> 00:05:53,000 И таа позитивна работа се нарекува меритократија. 141 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 Сите, сите политичари леви и десни, 142 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 се сложуваат дека меритократијата е прекрасна работа, 143 00:05:57,000 --> 00:06:01,000 и дека секогаш треба да се трудиме да ги направиме нашите општества навистина меритократски. 144 00:06:01,000 --> 00:06:05,000 Со други зборови, што е меритократско општество? (општество со заслуги) 145 00:06:05,000 --> 00:06:07,000 Меритократско општество е некое во кое 146 00:06:07,000 --> 00:06:09,000 ако имаш талент, енергија и вештина, 147 00:06:09,000 --> 00:06:11,000 ќе стигнеш до врвот. Не би постоело ништо да те спречи. 148 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 Тоа е прекрасна идеја. Но, проблемот е 149 00:06:14,000 --> 00:06:16,000 што ако навистина веруваш во општество каде што 150 00:06:16,000 --> 00:06:19,000 тие што заслужуваат да стигнат до врвот, стигнуваат до врвот, 151 00:06:19,000 --> 00:06:22,000 ти автоматски ќе веруваш и, на многу лош начин, 152 00:06:22,000 --> 00:06:25,000 во општество каде тие што заслужуваат да дојдат до дното 153 00:06:25,000 --> 00:06:28,000 исто така доаѓаат до дното и остануваат таму. 154 00:06:28,000 --> 00:06:31,000 Со други зборови, испаѓа дека вашата позиција во општеството не е случајна, 155 00:06:31,000 --> 00:06:33,000 туку е заслужена. 156 00:06:33,000 --> 00:06:36,000 И тоа прави поразот да биде многу пострашен. 157 00:06:36,000 --> 00:06:38,000 Знаете, во средниот век, во Англија, 158 00:06:38,000 --> 00:06:40,000 кога ќе сретневте некој многу сиромав човек, 159 00:06:40,000 --> 00:06:43,000 тој ќе беше опишан како „нек’сметлија“. 160 00:06:43,000 --> 00:06:47,000 Буквално, некој кој не бил благословен со среќа, т.е. несреќен. 161 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 Во сегашно време, особено во Америка, 162 00:06:49,000 --> 00:06:51,000 ако сретнете некој од дното на општеството, 163 00:06:51,000 --> 00:06:54,000 тие се опишани како „губитници“. 164 00:06:54,000 --> 00:06:57,000 Има реална разлика меѓу нек’сметлија и губитник. 165 00:06:57,000 --> 00:07:00,000 И тоа покажува како 400 години еволуција на општеството, 166 00:07:00,000 --> 00:07:03,000 влијаеле на нашето верување за тоа кој е одговорен за нашите животи. 167 00:07:03,000 --> 00:07:06,000 Веќе не се одговорни боговите, туку сме ние самите. Ние сме на возачкото седиште. 168 00:07:06,000 --> 00:07:08,000 Тоа е прекрасно ако ви оди добро, 169 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 но е страшно ако не ви оди добро. 170 00:07:10,000 --> 00:07:13,000 Тоа води, во најлошите случаи, според анализа на некои социолози 171 00:07:13,000 --> 00:07:17,000 како Емил Дуркхајм, води кон повеќе самоубиства. 172 00:07:17,000 --> 00:07:20,000 Во денешните индустријализирани земји има повеќе 173 00:07:20,000 --> 00:07:22,000 самоубиства отколку во било кој друг на земјината топка. 174 00:07:22,000 --> 00:07:24,000 И една од причините зошто е ова вака е бидејќи луѓето 175 00:07:24,000 --> 00:07:26,000 го земаат она што им се случува во животот премногу лично и нивна одговорност. 176 00:07:26,000 --> 00:07:30,000 Тие го поседуваат својот успех. Но тие исто така го поседуваат и својот неуспех. 177 00:07:30,000 --> 00:07:32,000 Дали постои некое ослободување од овие притисоци 178 00:07:32,000 --> 00:07:34,000 за кои што досега зборував? 179 00:07:34,000 --> 00:07:36,000 Мислам дека постои. Ќе изложам некои од нив. 180 00:07:36,000 --> 00:07:38,000 Да ја земеме за пример меритократијата. 181 00:07:38,000 --> 00:07:41,000 Тоа е идејата дека сите го заслужуваат тоа што им се случува. 182 00:07:41,000 --> 00:07:44,000 Јас мислам дека тоа е луда идеја. Потполно луда. 183 00:07:44,000 --> 00:07:46,000 Би поддржал било кој политичар, лев или десен, 184 00:07:46,000 --> 00:07:48,000 со било каква дури и половично пристојна метирократска идеја. 185 00:07:48,000 --> 00:07:50,000 Јас сум меритократ и тоа е тоа. 186 00:07:50,000 --> 00:07:52,000 Но мислам дека е лудо да се верува дека некогаш би можеле да направиме 187 00:07:52,000 --> 00:07:56,000 општество што е вистински меритократско. Тоа е невозможен сон. 188 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 Идејата дека ќе направиме општество 189 00:07:58,000 --> 00:08:00,000 каде што буквално секој е оценуван, 190 00:08:00,000 --> 00:08:02,000 и добрите одат на врвот, а лошите на дното, 191 00:08:02,000 --> 00:08:04,000 и тоа е направено безгрешно, е невозможна. 192 00:08:04,000 --> 00:08:06,000 Затоа што едноставно постојат премногу случајни фактори. 193 00:08:06,000 --> 00:08:08,000 Случaјности, случајно раѓање, 194 00:08:08,000 --> 00:08:11,000 случајно повредување, случајни болести, и.т.н. 195 00:08:11,000 --> 00:08:13,000 Никогаш не може да ги оцениме нив. 196 00:08:13,000 --> 00:08:15,000 Не може да ги процениме луѓето како што би требало. 197 00:08:15,000 --> 00:08:18,000 Ме привлекува една прекрасна мисла од свети Августин во „Божествениот град“ 198 00:08:18,000 --> 00:08:22,000 каде што вели „Грев е да се суди било кој човек според неговото место“. 199 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 Во модерен англиски тоа би значело, 200 00:08:24,000 --> 00:08:26,000 грев е да се доаѓа до било каков заклучок за некого 201 00:08:26,000 --> 00:08:28,000 според неговата визит карта. 202 00:08:28,000 --> 00:08:30,000 Не е местото она кое вреди. 203 00:08:30,000 --> 00:08:32,000 И според свети Августин, 204 00:08:32,000 --> 00:08:34,000 само Господ може да го стави секој на своето место. 205 00:08:34,000 --> 00:08:36,000 И тој ќе го направи тоа на судниот ден 206 00:08:36,000 --> 00:08:38,000 со ангели и труби, и небото ќе се отвори. 207 00:08:38,000 --> 00:08:41,000 Луда идеја, ако сте нецрковна личност, како мене. 208 00:08:41,000 --> 00:08:43,000 Но, сепак има нешто вредно во таа идеја. 209 00:08:43,000 --> 00:08:47,000 Со други зборови, воздржете се кога имате порив да ги судите луѓето. 210 00:08:47,000 --> 00:08:50,000 Не можете вистински да знаете колку еден човек вистински вреди. 211 00:08:50,000 --> 00:08:52,000 Тоа е непознатиот дел од нив. 212 00:08:52,000 --> 00:08:55,000 И не треба да се однесуваме така како да го знаеме. 213 00:08:55,000 --> 00:08:58,000 И има уште еден извор на утеха за сето ова. 214 00:08:58,000 --> 00:09:01,000 Кога размислуваме за неуспесите во животот, за поразите, 215 00:09:01,000 --> 00:09:03,000 една од причините зошто се плашиме од нив не е само 216 00:09:03,000 --> 00:09:05,000 губењето на приходите и статусот. 217 00:09:05,000 --> 00:09:09,000 Се плашиме и од судот и исмевањето од другите. А тоа постои. 218 00:09:09,000 --> 00:09:11,000 Знаете, органот број еден за исмевање 219 00:09:11,000 --> 00:09:13,000 денес се весниците. 220 00:09:13,000 --> 00:09:15,000 Ако отворите некој весник, било кој ден од неделата, 221 00:09:15,000 --> 00:09:17,000 полн е со луѓе кои ги расипале своите животи. 222 00:09:17,000 --> 00:09:20,000 Тие спиеле со погрешна личност. Земале погрешна супстанца. 223 00:09:20,000 --> 00:09:22,000 Донеле погрешен закон. Што и да е. 224 00:09:22,000 --> 00:09:25,000 И тогаш се печени за исмевање. 225 00:09:25,000 --> 00:09:28,000 Со други зборови, тоа е нивен личен неуспех. И тие се опишани како „губитници“. 226 00:09:28,000 --> 00:09:30,000 И дали постои некаква алтернатива за ова? 227 00:09:30,000 --> 00:09:32,000 Мислам дека западната традиција ни покажува една одлична алтернатива. 228 00:09:32,000 --> 00:09:35,000 А тоа е трагедијата. 229 00:09:35,000 --> 00:09:38,000 Трагичната уметност, како што е развиена во театрите на стара Грција, 230 00:09:38,000 --> 00:09:40,000 во петтиот век пред наша ера, во основа била форма на уметност 231 00:09:40,000 --> 00:09:43,000 која била посветена на следење како тоа луѓето дожувиваат неуспех. 232 00:09:43,000 --> 00:09:47,000 И исто така, според нив, нудат одредено ниво на сочуство. 233 00:09:47,000 --> 00:09:51,000 Кое што обичниот живот не им го пружа. 234 00:09:51,000 --> 00:09:52,000 Се сеќавам, пред неколку години размислував за ова. 235 00:09:52,000 --> 00:09:54,000 И отидов да го погледнам весникот „Неделен спорт“ 236 00:09:54,000 --> 00:09:57,000 кој што не ви го препорачувам, 237 00:09:57,000 --> 00:09:59,000 ако веќе не сте запознаени со него. 238 00:09:59,000 --> 00:10:01,000 И отидов да поразговарам со нив за некои од големите 239 00:10:01,000 --> 00:10:04,000 трагедии на западната уметност. 240 00:10:04,000 --> 00:10:06,000 И сакав да видам како тие би ги опишале 241 00:10:06,000 --> 00:10:09,000 ако тие приказни требаше да ги опишат како 242 00:10:09,000 --> 00:10:12,000 артикл од весникот. 243 00:10:12,000 --> 00:10:14,000 Им раскажав за Отело. Не слушнале за него, но беа фасцинирани. 244 00:10:14,000 --> 00:10:15,000 (смеа) 245 00:10:15,000 --> 00:10:18,000 И ги замолив да напишат наслов во дух на весникот за Отело. 246 00:10:18,000 --> 00:10:21,000 Тие напишаа - „Полуден од љубов, еден имигрант ја убива ќерката на сенаторот“ 247 00:10:21,000 --> 00:10:23,000 насред весникот. 248 00:10:23,000 --> 00:10:25,000 Потоа ги замолив истото за Мадам Бовари. 249 00:10:25,000 --> 00:10:27,000 Исто така, книга која што беа фасцинирани кога ја дознаа. 250 00:10:27,000 --> 00:10:32,000 И напишаа - „Прељубница луда за шопинг се отрула со арсеник после измама со кредитни картички“ 251 00:10:32,000 --> 00:10:33,000 (смеа) 252 00:10:33,000 --> 00:10:35,000 И потоа моето омилено. 253 00:10:35,000 --> 00:10:37,000 Овие момци имаат некој свој гениј.. 254 00:10:37,000 --> 00:10:39,000 Мојот омилен е Софоклевиот - „Кралот Едип“. 255 00:10:39,000 --> 00:10:42,000 „Заслепувачки секс со мајката“ 256 00:10:42,000 --> 00:10:45,000 (смеа) 257 00:10:45,000 --> 00:10:47,000 (аплауз) 258 00:10:47,000 --> 00:10:50,000 На некој начин, ако сакате, на едниот крај на сочувството 259 00:10:50,000 --> 00:10:52,000 ги имате ваквите весници. 260 00:10:52,000 --> 00:10:55,000 На другиот крај ја имате трагедијата и трагичната уметност. 261 00:10:55,000 --> 00:10:57,000 И предлагам дека би требало да научиме малку 262 00:10:57,000 --> 00:10:59,000 за тоа што се случува во трагичната уметност. 263 00:10:59,000 --> 00:11:02,000 Би било лудо да се нарече Хамлет губитник. 264 00:11:02,000 --> 00:11:05,000 Тој не е губитник, иако изгубил. 265 00:11:05,000 --> 00:11:07,000 И мислам дека тоа е пораката на трагедијата до нас 266 00:11:07,000 --> 00:11:10,000 која мислам дека е многу важна. 267 00:11:10,000 --> 00:11:12,000 Другата работа за модерното општество, 268 00:11:12,000 --> 00:11:14,000 и зошто ни предизвикува нервоза, 269 00:11:14,000 --> 00:11:17,000 е дека не постои ништо во неговиот центар што не е човек. 270 00:11:17,000 --> 00:11:19,000 Ние сме првото општество што живее во свет 271 00:11:19,000 --> 00:11:22,000 каде што не се обожува ништо друго освен самите ние. 272 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 И за нас мислиме се најдобро. Така и треба. 273 00:11:24,000 --> 00:11:27,000 Ги пративме луѓето на месечината. Направивме многу вчудоневидувачки нешта. 274 00:11:27,000 --> 00:11:29,000 И затоа, имаме тенденција да се обожуваме самите себеси. 275 00:11:29,000 --> 00:11:31,000 Нашите херои се херои-луѓе. 276 00:11:31,000 --> 00:11:33,000 Ова е многу нова ситуација. 277 00:11:33,000 --> 00:11:35,000 Повеќето други општества, во нивниот центар, 278 00:11:35,000 --> 00:11:37,000 имаат нешто трансцендентално што го обожуваат. 279 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 Бог, некој дух, природна сила, универзум. 280 00:11:39,000 --> 00:11:42,000 Што и да е, нешто друго било обожувано. 281 00:11:42,000 --> 00:11:44,000 Но, сме ја изгубиле навиката да го правиме тоа. 282 00:11:44,000 --> 00:11:46,000 И затоа, сме особено привлечени од природата. 283 00:11:46,000 --> 00:11:49,000 Не толку заради нашето здравје, иако често е презентирано на таков начин. 284 00:11:49,000 --> 00:11:53,000 Туку затоа што тоа е бегство од нашиот човечки мравјалник. 285 00:11:53,000 --> 00:11:55,000 Тоа е бегство од нашиот сопствен меѓучовечки натпревар, 286 00:11:55,000 --> 00:11:57,000 и нашите лични драми. 287 00:11:57,000 --> 00:11:59,000 И затоа уживаме кога гледаме глечери и океани, 288 00:11:59,000 --> 00:12:03,000 и кога размислуваме за земјата надвор од нејзиниот периметар, итн. 289 00:12:03,000 --> 00:12:07,000 Бараме да бидеме во контакт со нешто што не е човек. 290 00:12:07,000 --> 00:12:11,000 И тоа е ни е длабоко битно. 291 00:12:11,000 --> 00:12:14,000 Она за што досега зборував мислам дека се успехот и неуспехот. 292 00:12:14,000 --> 00:12:17,000 И една од интерсните работи за успехот 293 00:12:17,000 --> 00:12:19,000 е дека знаеме што тој значи. 294 00:12:19,000 --> 00:12:21,000 Ако ви кажам дека некој позади екранот е многу успешен, 295 00:12:21,000 --> 00:12:24,000 неколку идеи ќе ви дојдат на ум. 296 00:12:24,000 --> 00:12:26,000 Ќе помислите дека таа личност сигурно направила многу пари, 297 00:12:26,000 --> 00:12:29,000 и станала позната во својата област. 298 00:12:29,000 --> 00:12:31,000 Мојата теорија за успехот, а јас сум некој 299 00:12:31,000 --> 00:12:34,000 што е многу заинтересиран за успехот. Навистина сакам да бидам успешен. 300 00:12:34,000 --> 00:12:36,000 Секогаш мислам „Како би можел да бидам поуспешен?“ 301 00:12:36,000 --> 00:12:38,000 Но, како што стареам, исто така и се преиспитувам 302 00:12:38,000 --> 00:12:40,000 што зборот „успех“ всушност значи. 303 00:12:40,000 --> 00:12:42,000 Еве еден увид што го имав во врска со успехот. 304 00:12:42,000 --> 00:12:45,000 Не можеш да бидеш успешен во се. 305 00:12:45,000 --> 00:12:47,000 Слушаме многу за балансот помеѓу работата и семејството. 306 00:12:47,000 --> 00:12:50,000 Глупости. Не можеш да имаш се. Не можеш. 307 00:12:50,000 --> 00:12:52,000 Затоа, секој поглед на успехот, 308 00:12:52,000 --> 00:12:54,000 мора да признае што се губи со него, 309 00:12:54,000 --> 00:12:56,000 кој е елементот од кој треба да се откажеме. 310 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 И мислам дека сите умни луѓе би признале, додека зборам, 311 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 дека ваков елемент на откажување и неуспех во другите полиња мора да има. 312 00:13:02,000 --> 00:13:04,000 И уште една работа за успешниот живот, 313 00:13:04,000 --> 00:13:06,000 е дека повеќето од времето, нашите идеи 314 00:13:06,000 --> 00:13:09,000 за тоа што е успешно и што не е, не се наши идеи. 315 00:13:09,000 --> 00:13:11,000 Тие се преземени од други луѓе. 316 00:13:11,000 --> 00:13:13,000 Обично, ако сте машко, се преземени од таткото. 317 00:13:13,000 --> 00:13:15,000 А ако сте женско, од мајката. 318 00:13:15,000 --> 00:13:18,000 Психоанализата ја труби оваа порака во последните 80 години. 319 00:13:18,000 --> 00:13:21,000 Но, никој не слуша доволно. Но, јас верувам дека тоа е многу точно. 320 00:13:21,000 --> 00:13:23,000 И, исто така преземаме пораки од секаде 321 00:13:23,000 --> 00:13:25,000 од телевизија, преку реклами, 322 00:13:25,000 --> 00:13:27,000 до маркетинг итн. 323 00:13:27,000 --> 00:13:29,000 Овие се огрмони сили кои влијаат на нас. 324 00:13:29,000 --> 00:13:33,000 Тие дефинираат што ние сакаме во животот, и како се гледаме самите себе. 325 00:13:33,000 --> 00:13:36,000 Кога ќе ни кажат дека банкарството е многу почитувана професија 326 00:13:36,000 --> 00:13:38,000 многу од нас сакаат да станат банкари. 327 00:13:38,000 --> 00:13:41,000 Кога ќе престанат тоа да ни го кажуваат, губиме интерес за банкарството. 328 00:13:41,000 --> 00:13:44,000 Многу сме отворени за сугестии. 329 00:13:44,000 --> 00:13:47,000 И, она за што сакам да расправам, не е тоа дека 330 00:13:47,000 --> 00:13:49,000 треба да се откажаме од нашата идеја за успехот. 331 00:13:49,000 --> 00:13:51,000 Но, треба да се осигураме дека тоа се наши идеи. 332 00:13:51,000 --> 00:13:53,000 Треба да се фокусираме на нашите идеи. 333 00:13:53,000 --> 00:13:56,000 И да бидеме сигурни дека се наши, 334 00:13:56,000 --> 00:13:58,000 дека навистина ние сме авторите на нашите амбиции. 335 00:13:58,000 --> 00:14:00,000 Бидејќи, и така е лошо да не го добиеме она што го сакаме. 336 00:14:00,000 --> 00:14:03,000 Но, уште е полошо да имаме идеја за тоа што сакаме, 337 00:14:03,000 --> 00:14:06,000 и на крај да дознаеме дека 338 00:14:06,000 --> 00:14:09,000 тоа што сме го добиле, всушност и не сме го сакале. 339 00:14:09,000 --> 00:14:11,000 Затоа, ќе завршам овде. 340 00:14:11,000 --> 00:14:14,000 Она што навистина сакам да го истакнам е 341 00:14:14,000 --> 00:14:16,000 да не ме разберете погрешно, успевајте, да. 342 00:14:16,000 --> 00:14:18,000 Но, да ја прифатиме и чудноста на некои наши идеи. 343 00:14:18,000 --> 00:14:21,000 Да ги преиспитаме нашите идеи за успехот. 344 00:14:21,000 --> 00:14:25,000 Да се осигураме дека тие идеи се вистински наши. 345 00:14:25,000 --> 00:14:27,000 Ви благодарам многу. 346 00:14:27,000 --> 00:14:43,000 (аплауз) 347 00:14:43,000 --> 00:14:45,000 Крис Андресон: Ова беше фасцинантно. Како се помирувате 348 00:14:45,000 --> 00:14:50,000 со тоа дека е лошо да се мисли 349 00:14:50,000 --> 00:14:53,000 за некого дека е губитник, 350 00:14:53,000 --> 00:14:57,000 со идејата дека многу луѓе сакаат да ја превземат контролата врз нашиот живот. 351 00:14:57,000 --> 00:15:00,000 И дека општеството што охрабрува 352 00:15:00,000 --> 00:15:03,000 сака да има победници и губитници. 353 00:15:03,000 --> 00:15:06,000 Ален де Ботон: Да. Јас всушност се осврнував на 354 00:15:06,000 --> 00:15:08,000 недефинираноста на процесот на успевање и неуспевање. 355 00:15:08,000 --> 00:15:10,000 Бидејќи денес акцентот е 356 00:15:10,000 --> 00:15:12,000 на праведноста на се и сешто. 357 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 И политичарите постојано зборуваат за правда. 358 00:15:14,000 --> 00:15:17,000 Знаете, јас цврсто верувам во правдата. Но, сепак мислам дека е невозможна. 359 00:15:17,000 --> 00:15:19,000 И, треба да правиме се што е во наша можност, 360 00:15:19,000 --> 00:15:21,000 се што можеме за да ја постигнеме. 361 00:15:21,000 --> 00:15:23,000 Но, на крајот, секогаш треба да сме свесни 362 00:15:23,000 --> 00:15:26,000 дека со кој и да се сретнеме, што и да се случувало во нивниот живот, 363 00:15:26,000 --> 00:15:29,000 секогаш ќе постои силен елемент на непредвидливост. 364 00:15:29,000 --> 00:15:31,000 И, токму за тоа сакам да оставам простор. 365 00:15:31,000 --> 00:15:33,000 Бидејќи, без тоа станува премногу клаустрофобично. 366 00:15:33,000 --> 00:15:35,000 Крис Андерсон: Мислам, дали веруваш дека би можел да ја комбинираш 367 00:15:35,000 --> 00:15:37,000 твојата подобра и понежна филозофија на успехот во работата 368 00:15:37,000 --> 00:15:41,000 со успешна економија? 369 00:15:41,000 --> 00:15:43,000 Или мислиш дека не можеш? 370 00:15:43,000 --> 00:15:45,000 Или тоа и не е толку битно колку што ние му придаваме значение? 371 00:15:45,000 --> 00:15:48,000 Ален де Ботон: Ужасното е во тоа што се мисли дека 372 00:15:48,000 --> 00:15:52,000 луѓето треба да се уплашат за да се извлече најмногу работа од нив. 373 00:15:52,000 --> 00:15:55,000 И дека, колку е посурова околината 374 00:15:55,000 --> 00:15:57,000 толку повеќе, луѓето ќе се борат да успеат. 375 00:15:57,000 --> 00:16:01,000 Кого би сакале како свој идеален татко? 376 00:16:01,000 --> 00:16:04,000 И вашиот идеален татко би бил некој што е цврст но, и нежен во исто време. 377 00:16:04,000 --> 00:16:06,000 И тоа е многу тешко да се разграничи. 378 00:16:06,000 --> 00:16:10,000 Нам ни требаат таковци, за пример во општеството 379 00:16:10,000 --> 00:16:12,000 кои би ги избегнале двата екстрема. 380 00:16:12,000 --> 00:16:16,000 Што би значело на едната страна е авторитативниот, дисциплинаторски. 381 00:16:16,000 --> 00:16:20,000 А на другата е опуштениот, татко кој не замара со правила. 382 00:16:20,000 --> 00:16:22,000 Крис Андерсон: Ален де Ботон. 383 00:16:22,000 --> 00:16:24,000 Ален де Ботон: Ви благодарам многу. 384 00:16:24,000 --> 00:16:34,000 (аплауз)