Кај мене редовно се случуваат, овие кризи во кариерата,
најчесто, всушност, во недела навечер,
на зајдисонце,
и тогаш, разликата помеѓу моите желби за мене самиот
и реалноста за мене самиот, станува толку болно голема
што обично завршувам со главата во перница, плачејќи.
Го кажувам сето ова,
го кажувам ова затоа што мислам дека не е само мој проблем.
Можеби мислите дека грешам.
Но мислам дека живееме во доба кога во нашите животи
редовно ни се случуваат кризи во кариерата,
во моментите кога она што мислиме дека го знаеме
за нашите животи, за нашите кариери,
доаѓа во контакт со реалност која не изгледа толку идилично.
Овие денови е веројатно полесно да се заработи за живот отколку било кога.
Но, веројатно е и во исто време најтешко да се остане мирен,
и незасегнат од таа криза на кариерата.
Ако ми дозволите, би сакал да разгледам
некои од причините зошто ова се случува,
да бидеме нервозни околу нашите кариери.
Зошто можеби сме жртви на овие кризи во кариерата,
како што плачеме нежно во нашите перници.
Една од причините зошто можеби страдаме
е таа дека сме опкружени со снобови.
Но, имам и лоши вести,
особено за странците што доаѓаат во Оксфорд.
Постои реален проблем со снобизмот.
Бидејќи понекогаш луѓето надвор од Британија замислуваат
дека снобизмот е исклучиво британски феномен
насочен кон куќите на село и титулите.
Лошите вести се дека ова не е вистина.
Снобизмот е глобален феномен.
Ние сме глобална организација. Ова е глобален феномен.
Тој постои. Што е сноб?
Сноб е секој кој зема мал дел од тебе
и го користи за да дојде до комплетна слика за тебе.
Тоа е снобизам.
И доминантниот вид на снобизам
кој постои денес е снобизмот на работното место.
Кога сте на некоја забава го сретнувате само за неколку минути,
кога ќе ви го постават фамозното прашање
на раниот 21 век, „Што работите?“
И во зависност од тоа како ќе одговорите на ова прашање,
луѓето се или одушевени што ве гледаат,
или пак погледнуваат во нивните часовници и се извинуваат што мора да одат.
(смеа)
Сега, спротивност на сноб е вашата мајка.
(смеа)
Всушност вашата мајка можеби и не, ама мојата секако да.
Идеална мајка.
Некој што воопшто не се грижи за вашите постигнувања.
Но, за жал, повеќето луѓе не се наши мајки.
Повеќето луѓе прават строга врска помеѓу тоа колку време,
или ако сакате љубов, не онаа романтичната,
иако тоа е веќе нешто,
но не таа, генерално колку љубов и почит
тие би ни дале е строго дефинирано
од нашето место во општествената хиерархија.
И ова е многу од причината зошто ние толку многу се грижиме за нашата кариера.
И сме почнале да се грижиме за материјалните добра.
Знаете, чести ни кажуваат дека живееме во многу материјален свет,
дека сме алчни луѓе.
Јас не мислам дека сме посебно материјалисти.
Јас мислам дека живееме во општество кое едноставно
ги поистоветило одредени емоционални награди
со добивањето на материјални добра.
Ние всушност не ги сакаме материјалните добра. Ги сакаме (емоционалните) награди.
И ова е еден нов начин на кој што може да гледаме на луксузните добра.
Следниот пат кога ќе видите како некој вози Ферари
не помислувајте - „Ова е некој што е алчен.“
Помислете - „Ова е некој што е особено ранлив и му треба љубов.“
Со други зборови -- (смеа)
чувствувајте сочувство, наместо презир.
Има и други причини
(смеа)
Зошто денес е потешко да се чувствуваме мирни
отколку било кога во историјата.
Една од овие, е поврзана со нешто што е убаво и затоа е парадоксално,
е надежта што сите ја имаме во врска со нашите кариери.
Никогаш порано очекувањата не биле толку големи
за тоа што се може да се постигне во еден човечки живот.
Ни кажуваат, од многу извори, дека секој може да постигне што е да посака.
Се ослободивме од кастинскиот систем.
Сега сме во систем во кој било кој може да се издигне
до која и да посака позиција.
И тоа е прекрасна идеја.
Заедно со неа доаѓа и еден дух на еднаквост. Дека ние сме во основа еднакви.
Нема строго дефинирани
хиерархии.
Има еден голем проблем со ова.
А тој проблем е зависта.
Зависта, табу е дури и да се спомне завист,
но ако во денешното општество постои доминантна емоција, тоа е зависта.
И таа е поврзана со духот на еднаквоста. Дозволете да објаснам.
Мислам дека би било доста необично за било кој тука, или некој што гледа,
да и завидува на кралицата на Англија.
Иако таа е многу побогата отколку било кој тука.
Има огромна куќа.
Причината зошто не и завидуваме е затоа што таа е многу чудна.
Таа едноставно ни е премногу страна нам.
Не можеме да створиме однос со неа. Таа зборува на смешен начин.
Доаѓа од чудно место.
Значи не можеме да створиме однос со неа. А кога не можете да створите однос со некој, не можете ни да му завидувате.
Колку се поблизу две личности, по возраст, по позадина,
во процесот на идентификација, толку повеќе постои опасност од завист.
А тоа е и една од причините зошто не би требало да одите на годишнини од матура.
Бидејќи не постои посилна референтна точка
отколку луѓето со кои заедно сте учеле.
Но, проблемот со денешното општество е дека го претвора целиот свет во
огромно училиште. Сите носат фармерки, сите се исти.
А сепак, не се.
Значи, постои дух на еднаквост, во исто време со длабоки нееднаквости.
И ова создава многу стресна ситуација.
Најверојатно е невозможно во денешно време
да станете толку богат или познат како Бил Гејтс,
како што било невозможно во 17тиот век
да се издигнете до ранкот на француката аристократија.
Но поентата е дека денес не се чувствуваме на таков начин.
Се прави да се чувствуваме, од весниците и другите медиуми,
дека ако имате енергија, неколку бистри технолошки идеи,
гаража, можете да направите нешто навистина големо.
(смеа)
И последиците од ова можат да се видат во книжарниците.
Кога ќе отидете во поголема книжарница и го погледнете одделот за самопомош,
како што и јас понекогаш правам,
и ако ги анализирате тие книги,
има два вида.
Првиот ви вели - „Вие можете! Можете да го направите тоа! Се е возможно!“
А другиот вид ви кажува како да се справите
со она што културно се нарекува „ниско ниво на самодоверба,“
или некултурно се нарекува „да се чувствуваш навистина лошо во врска со себе“.
Има вистинска врска, вистинска врска
помеѓу општество кое им вели на луѓето дека можат да на прават се што сакаат
и постоењето на ниско ниво на самодоверба.
Па, ова е уште еден начин на кој нешто што е прилично позитивно
може да има незгодна последица.
Има и друга причина зошто можеби се чувствуваме понервозни,
во врска со нашите кариери, во врска со нашиот статус во светот, отколку кога и да било порано.
И повторно, е поврзано со нешто позитивно.
И таа позитивна работа се нарекува меритократија.
Сите, сите политичари леви и десни,
се сложуваат дека меритократијата е прекрасна работа,
и дека секогаш треба да се трудиме да ги направиме нашите општества навистина меритократски.
Со други зборови, што е меритократско општество? (општество со заслуги)
Меритократско општество е некое во кое
ако имаш талент, енергија и вештина,
ќе стигнеш до врвот. Не би постоело ништо да те спречи.
Тоа е прекрасна идеја. Но, проблемот е
што ако навистина веруваш во општество каде што
тие што заслужуваат да стигнат до врвот, стигнуваат до врвот,
ти автоматски ќе веруваш и, на многу лош начин,
во општество каде тие што заслужуваат да дојдат до дното
исто така доаѓаат до дното и остануваат таму.
Со други зборови, испаѓа дека вашата позиција во општеството не е случајна,
туку е заслужена.
И тоа прави поразот да биде многу пострашен.
Знаете, во средниот век, во Англија,
кога ќе сретневте некој многу сиромав човек,
тој ќе беше опишан како „нек’сметлија“.
Буквално, некој кој не бил благословен со среќа, т.е. несреќен.
Во сегашно време, особено во Америка,
ако сретнете некој од дното на општеството,
тие се опишани како „губитници“.
Има реална разлика меѓу нек’сметлија и губитник.
И тоа покажува како 400 години еволуција на општеството,
влијаеле на нашето верување за тоа кој е одговорен за нашите животи.
Веќе не се одговорни боговите, туку сме ние самите. Ние сме на возачкото седиште.
Тоа е прекрасно ако ви оди добро,
но е страшно ако не ви оди добро.
Тоа води, во најлошите случаи, според анализа на некои социолози
како Емил Дуркхајм, води кон повеќе самоубиства.
Во денешните индустријализирани земји има повеќе
самоубиства отколку во било кој друг на земјината топка.
И една од причините зошто е ова вака е бидејќи луѓето
го земаат она што им се случува во животот премногу лично и нивна одговорност.
Тие го поседуваат својот успех. Но тие исто така го поседуваат и својот неуспех.
Дали постои некое ослободување од овие притисоци
за кои што досега зборував?
Мислам дека постои. Ќе изложам некои од нив.
Да ја земеме за пример меритократијата.
Тоа е идејата дека сите го заслужуваат тоа што им се случува.
Јас мислам дека тоа е луда идеја. Потполно луда.
Би поддржал било кој политичар, лев или десен,
со било каква дури и половично пристојна метирократска идеја.
Јас сум меритократ и тоа е тоа.
Но мислам дека е лудо да се верува дека некогаш би можеле да направиме
општество што е вистински меритократско. Тоа е невозможен сон.
Идејата дека ќе направиме општество
каде што буквално секој е оценуван,
и добрите одат на врвот, а лошите на дното,
и тоа е направено безгрешно, е невозможна.
Затоа што едноставно постојат премногу случајни фактори.
Случaјности, случајно раѓање,
случајно повредување, случајни болести, и.т.н.
Никогаш не може да ги оцениме нив.
Не може да ги процениме луѓето како што би требало.
Ме привлекува една прекрасна мисла од свети Августин во „Божествениот град“
каде што вели „Грев е да се суди било кој човек според неговото место“.
Во модерен англиски тоа би значело,
грев е да се доаѓа до било каков заклучок за некого
според неговата визит карта.
Не е местото она кое вреди.
И според свети Августин,
само Господ може да го стави секој на своето место.
И тој ќе го направи тоа на судниот ден
со ангели и труби, и небото ќе се отвори.
Луда идеја, ако сте нецрковна личност, како мене.
Но, сепак има нешто вредно во таа идеја.
Со други зборови, воздржете се кога имате порив да ги судите луѓето.
Не можете вистински да знаете колку еден човек вистински вреди.
Тоа е непознатиот дел од нив.
И не треба да се однесуваме така како да го знаеме.
И има уште еден извор на утеха за сето ова.
Кога размислуваме за неуспесите во животот, за поразите,
една од причините зошто се плашиме од нив не е само
губењето на приходите и статусот.
Се плашиме и од судот и исмевањето од другите. А тоа постои.
Знаете, органот број еден за исмевање
денес се весниците.
Ако отворите некој весник, било кој ден од неделата,
полн е со луѓе кои ги расипале своите животи.
Тие спиеле со погрешна личност. Земале погрешна супстанца.
Донеле погрешен закон. Што и да е.
И тогаш се печени за исмевање.
Со други зборови, тоа е нивен личен неуспех. И тие се опишани како „губитници“.
И дали постои некаква алтернатива за ова?
Мислам дека западната традиција ни покажува една одлична алтернатива.
А тоа е трагедијата.
Трагичната уметност, како што е развиена во театрите на стара Грција,
во петтиот век пред наша ера, во основа била форма на уметност
која била посветена на следење како тоа луѓето дожувиваат неуспех.
И исто така, според нив, нудат одредено ниво на сочуство.
Кое што обичниот живот не им го пружа.
Се сеќавам, пред неколку години размислував за ова.
И отидов да го погледнам весникот „Неделен спорт“
кој што не ви го препорачувам,
ако веќе не сте запознаени со него.
И отидов да поразговарам со нив за некои од големите
трагедии на западната уметност.
И сакав да видам како тие би ги опишале
ако тие приказни требаше да ги опишат како
артикл од весникот.
Им раскажав за Отело. Не слушнале за него, но беа фасцинирани.
(смеа)
И ги замолив да напишат наслов во дух на весникот за Отело.
Тие напишаа - „Полуден од љубов, еден имигрант ја убива ќерката на сенаторот“
насред весникот.
Потоа ги замолив истото за Мадам Бовари.
Исто така, книга која што беа фасцинирани кога ја дознаа.
И напишаа - „Прељубница луда за шопинг се отрула со арсеник после измама со кредитни картички“
(смеа)
И потоа моето омилено.
Овие момци имаат некој свој гениј..
Мојот омилен е Софоклевиот - „Кралот Едип“.
„Заслепувачки секс со мајката“
(смеа)
(аплауз)
На некој начин, ако сакате, на едниот крај на сочувството
ги имате ваквите весници.
На другиот крај ја имате трагедијата и трагичната уметност.
И предлагам дека би требало да научиме малку
за тоа што се случува во трагичната уметност.
Би било лудо да се нарече Хамлет губитник.
Тој не е губитник, иако изгубил.
И мислам дека тоа е пораката на трагедијата до нас
која мислам дека е многу важна.
Другата работа за модерното општество,
и зошто ни предизвикува нервоза,
е дека не постои ништо во неговиот центар што не е човек.
Ние сме првото општество што живее во свет
каде што не се обожува ништо друго освен самите ние.
И за нас мислиме се најдобро. Така и треба.
Ги пративме луѓето на месечината. Направивме многу вчудоневидувачки нешта.
И затоа, имаме тенденција да се обожуваме самите себеси.
Нашите херои се херои-луѓе.
Ова е многу нова ситуација.
Повеќето други општества, во нивниот центар,
имаат нешто трансцендентално што го обожуваат.
Бог, некој дух, природна сила, универзум.
Што и да е, нешто друго било обожувано.
Но, сме ја изгубиле навиката да го правиме тоа.
И затоа, сме особено привлечени од природата.
Не толку заради нашето здравје, иако често е презентирано на таков начин.
Туку затоа што тоа е бегство од нашиот човечки мравјалник.
Тоа е бегство од нашиот сопствен меѓучовечки натпревар,
и нашите лични драми.
И затоа уживаме кога гледаме глечери и океани,
и кога размислуваме за земјата надвор од нејзиниот периметар, итн.
Бараме да бидеме во контакт со нешто што не е човек.
И тоа е ни е длабоко битно.
Она за што досега зборував мислам дека се успехот и неуспехот.
И една од интерсните работи за успехот
е дека знаеме што тој значи.
Ако ви кажам дека некој позади екранот е многу успешен,
неколку идеи ќе ви дојдат на ум.
Ќе помислите дека таа личност сигурно направила многу пари,
и станала позната во својата област.
Мојата теорија за успехот, а јас сум некој
што е многу заинтересиран за успехот. Навистина сакам да бидам успешен.
Секогаш мислам „Како би можел да бидам поуспешен?“
Но, како што стареам, исто така и се преиспитувам
што зборот „успех“ всушност значи.
Еве еден увид што го имав во врска со успехот.
Не можеш да бидеш успешен во се.
Слушаме многу за балансот помеѓу работата и семејството.
Глупости. Не можеш да имаш се. Не можеш.
Затоа, секој поглед на успехот,
мора да признае што се губи со него,
кој е елементот од кој треба да се откажеме.
И мислам дека сите умни луѓе би признале, додека зборам,
дека ваков елемент на откажување и неуспех во другите полиња мора да има.
И уште една работа за успешниот живот,
е дека повеќето од времето, нашите идеи
за тоа што е успешно и што не е, не се наши идеи.
Тие се преземени од други луѓе.
Обично, ако сте машко, се преземени од таткото.
А ако сте женско, од мајката.
Психоанализата ја труби оваа порака во последните 80 години.
Но, никој не слуша доволно. Но, јас верувам дека тоа е многу точно.
И, исто така преземаме пораки од секаде
од телевизија, преку реклами,
до маркетинг итн.
Овие се огрмони сили кои влијаат на нас.
Тие дефинираат што ние сакаме во животот, и како се гледаме самите себе.
Кога ќе ни кажат дека банкарството е многу почитувана професија
многу од нас сакаат да станат банкари.
Кога ќе престанат тоа да ни го кажуваат, губиме интерес за банкарството.
Многу сме отворени за сугестии.
И, она за што сакам да расправам, не е тоа дека
треба да се откажаме од нашата идеја за успехот.
Но, треба да се осигураме дека тоа се наши идеи.
Треба да се фокусираме на нашите идеи.
И да бидеме сигурни дека се наши,
дека навистина ние сме авторите на нашите амбиции.
Бидејќи, и така е лошо да не го добиеме она што го сакаме.
Но, уште е полошо да имаме идеја за тоа што сакаме,
и на крај да дознаеме дека
тоа што сме го добиле, всушност и не сме го сакале.
Затоа, ќе завршам овде.
Она што навистина сакам да го истакнам е
да не ме разберете погрешно, успевајте, да.
Но, да ја прифатиме и чудноста на некои наши идеи.
Да ги преиспитаме нашите идеи за успехот.
Да се осигураме дека тие идеи се вистински наши.
Ви благодарам многу.
(аплауз)
Крис Андресон: Ова беше фасцинантно. Како се помирувате
со тоа дека е лошо да се мисли
за некого дека е губитник,
со идејата дека многу луѓе сакаат да ја превземат контролата врз нашиот живот.
И дека општеството што охрабрува
сака да има победници и губитници.
Ален де Ботон: Да. Јас всушност се осврнував на
недефинираноста на процесот на успевање и неуспевање.
Бидејќи денес акцентот е
на праведноста на се и сешто.
И политичарите постојано зборуваат за правда.
Знаете, јас цврсто верувам во правдата. Но, сепак мислам дека е невозможна.
И, треба да правиме се што е во наша можност,
се што можеме за да ја постигнеме.
Но, на крајот, секогаш треба да сме свесни
дека со кој и да се сретнеме, што и да се случувало во нивниот живот,
секогаш ќе постои силен елемент на непредвидливост.
И, токму за тоа сакам да оставам простор.
Бидејќи, без тоа станува премногу клаустрофобично.
Крис Андерсон: Мислам, дали веруваш дека би можел да ја комбинираш
твојата подобра и понежна филозофија на успехот во работата
со успешна економија?
Или мислиш дека не можеш?
Или тоа и не е толку битно колку што ние му придаваме значение?
Ален де Ботон: Ужасното е во тоа што се мисли дека
луѓето треба да се уплашат за да се извлече најмногу работа од нив.
И дека, колку е посурова околината
толку повеќе, луѓето ќе се борат да успеат.
Кого би сакале како свој идеален татко?
И вашиот идеален татко би бил некој што е цврст но, и нежен во исто време.
И тоа е многу тешко да се разграничи.
Нам ни требаат таковци, за пример во општеството
кои би ги избегнале двата екстрема.
Што би значело на едната страна е авторитативниот, дисциплинаторски.
А на другата е опуштениот, татко кој не замара со правила.
Крис Андерсон: Ален де Ботон.
Ален де Ботон: Ви благодарам многу.
(аплауз)