1 00:00:01,713 --> 00:00:03,419 Може ли да кренат рака 2 00:00:03,419 --> 00:00:05,655 тие што патувале со авион 3 00:00:05,655 --> 00:00:07,348 минатата година ? 4 00:00:08,755 --> 00:00:11,075 Всушност, го делите ова 5 00:00:11,075 --> 00:00:14,234 искуство со повеќе од три милијарди луѓе годишно. 6 00:00:14,234 --> 00:00:17,244 Кога толку луѓе се во овие 7 00:00:17,254 --> 00:00:19,683 метални цевки, кои летаат низ целиот свет, 8 00:00:19,683 --> 00:00:22,160 некогаш вакви работи се случуваат. 9 00:00:22,327 --> 00:00:24,517 И добиваме епидемија. 10 00:00:24,806 --> 00:00:27,597 Првпат навлегов во темава кога слушнав 11 00:00:27,597 --> 00:00:29,949 за појавата на Ебола, минатата година. 12 00:00:29,949 --> 00:00:32,037 Ширењето на Еболата 13 00:00:32,037 --> 00:00:34,221 е ограничено на оние дестинации 14 00:00:34,221 --> 00:00:36,629 каде има големи врнежи, но сепак 15 00:00:36,629 --> 00:00:38,751 постојат и други болести со кои 16 00:00:38,751 --> 00:00:40,881 можеме да се заразиме во авион. 17 00:00:40,881 --> 00:00:42,609 Некои од броевите 18 00:00:42,609 --> 00:00:44,232 изгледаат доста страшно. 19 00:00:44,242 --> 00:00:45,874 Еден пример со H1N1. 20 00:00:45,898 --> 00:00:48,287 Еден човек решил да патува со авион 21 00:00:48,287 --> 00:00:50,058 и за време на летот 22 00:00:50,082 --> 00:00:52,336 заразил 17 други луѓе. 23 00:00:52,360 --> 00:00:54,488 Еден друг човек заболен од SARS 24 00:00:54,512 --> 00:00:56,614 се качил на 3 часовен лет 25 00:00:56,638 --> 00:00:59,480 и ја пренел болеста на 22 други луѓе. 26 00:00:59,504 --> 00:01:02,892 Ова дефинитивно е огромен проблем. 27 00:01:03,658 --> 00:01:06,222 Кога ќе го разгледаме проблемов 28 00:01:06,246 --> 00:01:08,862 ќе видиме дека многу тешко се забележуваат 29 00:01:08,862 --> 00:01:11,313 овие болести. Кога некој ќе влезе во авион 30 00:01:11,314 --> 00:01:12,940 тој може да е болен 31 00:01:12,964 --> 00:01:15,359 но да е во латентна фаза. 32 00:01:15,383 --> 00:01:17,992 Болеста е присутна, но симптомите не се 33 00:01:17,992 --> 00:01:20,048 забележуваат, па така може 34 00:01:20,048 --> 00:01:22,513 да ги зарази и другите во авионот. 35 00:01:23,074 --> 00:01:25,246 Еве како функционира тоа. 36 00:01:25,246 --> 00:01:27,760 Воздухот влегува од горниот дел 37 00:01:27,760 --> 00:01:29,996 и од страната, а потоа 38 00:01:30,028 --> 00:01:33,476 поминува низ филтри, 39 00:01:33,476 --> 00:01:38,443 кои елиминираат 99,97% од патогените. 40 00:01:38,913 --> 00:01:41,640 Во тој момент имаме 41 00:01:41,640 --> 00:01:43,662 измешано струење на воздухот. 42 00:01:43,662 --> 00:01:45,366 Па така, ако некој кивне 43 00:01:45,366 --> 00:01:47,921 тој воздух прво ќе се сврти неколку пати 44 00:01:47,921 --> 00:01:50,364 пред да помине низ филтерот. 45 00:01:50,943 --> 00:01:55,063 Си помислив дека ова е доста сериозен проблем. 46 00:01:55,063 --> 00:01:58,452 Немав пари да купам авион. 47 00:01:58,452 --> 00:02:00,865 Наместо тоа направив компјутер. 48 00:02:00,865 --> 00:02:04,227 Се покажа дека со компјутерска флуидна динамика 49 00:02:04,277 --> 00:02:06,713 можеме да правиме симулации 50 00:02:06,713 --> 00:02:09,164 кои ќе ни дадат толку прецизни информации 51 00:02:09,184 --> 00:02:12,268 што веќе и нема потреба да влегуваме во авион. 52 00:02:12,268 --> 00:02:15,728 Ова функционира така што прво почнувате 53 00:02:15,728 --> 00:02:17,402 со овие 2D скици. 54 00:02:17,402 --> 00:02:20,196 Нив ги има на интернет. 55 00:02:20,196 --> 00:02:21,846 Ги зедов и ги ставив 56 00:02:21,846 --> 00:02:25,375 во софтвер за 3D моделирање. Направив 3D модел. 57 00:02:25,375 --> 00:02:30,302 Моделот потоа го разделив на мали делчиња 58 00:02:30,322 --> 00:02:33,293 за да може компјутерот подобро да го разбере. 59 00:02:33,293 --> 00:02:35,557 Потоа му кажувам на компјутерот 60 00:02:35,557 --> 00:02:37,854 од каде влегува и излегува воздухот. 61 00:02:37,854 --> 00:02:40,391 Вметнав малку физика и 62 00:02:40,391 --> 00:02:43,698 чекав компјутерот да ја направи симулацијата. 63 00:02:43,698 --> 00:02:46,890 Еве што се случува во авионите: 64 00:02:46,890 --> 00:02:52,447 човекот во средина кива и тоа оди 65 00:02:52,447 --> 00:02:55,593 право во лицата на луѓето. 66 00:02:55,663 --> 00:02:57,165 Одвратно. 67 00:02:57,165 --> 00:02:58,919 Однапред ќе забележите 68 00:02:58,919 --> 00:03:02,117 двајца патници кои седат до човекот во средина. 69 00:03:02,117 --> 00:03:03,967 Не им е баш пријатно. 70 00:03:03,967 --> 00:03:06,635 Ако погледнеме од страна ќе видиме дека 71 00:03:06,635 --> 00:03:09,098 патогените се шират и долж авионот. 72 00:03:09,468 --> 00:03:11,374 Првото нешто што помислив 73 00:03:11,374 --> 00:03:14,050 беше: "Ова не е добро." Затоа спроведов 74 00:03:14,050 --> 00:03:16,518 повеќе од 32 различни симулации и на 75 00:03:16,518 --> 00:03:19,181 крајот, дојдов до ова решение токму овде. 76 00:03:19,321 --> 00:03:21,125 Јас ова го нареков 77 00:03:21,125 --> 00:03:23,204 "Global Inlet Director." 78 00:03:23,204 --> 00:03:25,542 Со ова ќе можеме да го намалиме преносот на 79 00:03:25,542 --> 00:03:28,563 патогени за околу 55 пати и ќе го зголемиме 80 00:03:28,563 --> 00:03:30,561 свежиот возду за околу 190%. 81 00:03:30,561 --> 00:03:32,909 Ова функционира така што 82 00:03:32,909 --> 00:03:35,452 вградуваме парче композитен материјал 83 00:03:35,452 --> 00:03:38,158 на места кои веќе ги има во авионот. 84 00:03:38,158 --> 00:03:40,290 Тоа е многу економично за 85 00:03:40,290 --> 00:03:43,070 вградување и може да се направи преку ноќ. 86 00:03:43,070 --> 00:03:45,640 Ставаме само неколку шрафови и готово. 87 00:03:45,640 --> 00:03:48,297 Резултатите што ги добиваме се неверојатни. 88 00:03:48,487 --> 00:03:51,887 Наместо да имаме измешано струење на воздухот 89 00:03:51,987 --> 00:03:54,468 можеме да направиме воздушни ѕидови 90 00:03:54,468 --> 00:03:56,475 кои се спуштаат меѓу патниците 91 00:03:56,475 --> 00:03:59,221 и на тој начин да направиме лични зони за дишење. 92 00:03:59,221 --> 00:04:01,131 Патникот во средината повторно кива, 93 00:04:01,131 --> 00:04:03,757 но овојпат кивавицата успешно ја потиснуваме 94 00:04:03,757 --> 00:04:06,417 надолу кон филтрите. 95 00:04:06,417 --> 00:04:08,471 Истото и кога гледаме од страна, 96 00:04:08,471 --> 00:04:10,830 патогените ги потиснуваме надолу. 97 00:04:10,830 --> 00:04:14,586 Ако го погледнеме истото сценарио, 98 00:04:14,586 --> 00:04:17,219 но овојпат со иновацијата инсталирана 99 00:04:17,219 --> 00:04:20,160 ќе забележиме дека патникот во средина кива 100 00:04:20,160 --> 00:04:23,054 но овојпати кивавицата оди надолу во филтерот 101 00:04:23,064 --> 00:04:25,867 пред да дојде во контакт со луѓе. 102 00:04:25,867 --> 00:04:28,397 Внимавајте, двајцата патници, кои 103 00:04:28,397 --> 00:04:31,367 седат до патникот во средината, воопшто не вдишуваат патогени 104 00:04:31,367 --> 00:04:33,692 Да погледнеме и од страна 105 00:04:33,692 --> 00:04:35,994 Ова е многу ефикасен систем 106 00:04:35,994 --> 00:04:38,713 Накратко со овој систем победуваме. 107 00:04:38,713 --> 00:04:43,155 Ова функционира не само за патниците во средина 108 00:04:43,155 --> 00:04:47,109 туку и за оние кои седат до прозорецот, 109 00:04:47,129 --> 00:04:50,374 па и оние кои седат во коридорот. 110 00:04:51,125 --> 00:04:55,004 Какво значење има за светот ова решение? 111 00:04:55,164 --> 00:04:58,656 Користејќи испринтан 3D модел, симулацијава 112 00:04:58,656 --> 00:05:01,284 ја спроведов и во реалниот живот. 113 00:05:01,284 --> 00:05:03,684 И овојпат се забележа 114 00:05:03,684 --> 00:05:06,337 истото струење на воздухот 115 00:05:06,337 --> 00:05:09,707 кое влијае врз патниците. 116 00:05:10,627 --> 00:05:13,396 Во минатото SARS епидемијата го 117 00:05:13,396 --> 00:05:15,205 чинела светот околу 40 118 00:05:15,205 --> 00:05:17,935 милијарди долари. Во иднина, појавата 119 00:05:17,935 --> 00:05:20,875 на некоја голема болест може да го чини светот 120 00:05:20,875 --> 00:05:22,901 повеќе од 3 трилиони долари. 121 00:05:22,901 --> 00:05:25,538 Порано авионот мораше да биде тргнат 122 00:05:25,538 --> 00:05:27,820 од служба во рок од два до три месеци, 123 00:05:27,820 --> 00:05:30,114 да се потрошат десетици илјади работни часови 124 00:05:30,114 --> 00:05:32,891 и неколку милиони долари за да се смени нешто. 125 00:05:32,891 --> 00:05:35,707 А сега, можеме да вградиме нешто набрзина 126 00:05:35,707 --> 00:05:38,027 и веднаш добиваме резултати. 127 00:05:38,027 --> 00:05:41,061 Сега е најбитно ова да се сертифицира, да ги помине 128 00:05:41,061 --> 00:05:42,739 пробните летови 129 00:05:42,739 --> 00:05:44,989 и сите други регулаторни процеси. 130 00:05:44,989 --> 00:05:48,748 Ова покажува дека понекогаш најдобрите решенија 131 00:05:48,748 --> 00:05:51,014 се оние наједноставните. 132 00:05:51,014 --> 00:05:52,943 Да беше пред две години, 133 00:05:52,943 --> 00:05:55,482 прокетов воопшто и немаше да се случи. 134 00:05:55,482 --> 00:05:57,808 Тогаш немаше соодветна технологија. 135 00:05:57,808 --> 00:06:00,178 Сега имаме напредни компјутери 136 00:06:00,178 --> 00:06:02,628 и многу развиен интернет, па затоа ова 137 00:06:02,628 --> 00:06:05,418 навистина е златната доба на иноваторството. 138 00:06:05,418 --> 00:06:09,028 Прашањето што сакам да ви го поставам на сите денеска е : "Зошто да чекаме?" 139 00:06:09,028 --> 00:06:12,188 Заедно, можеме да ја изградиме иднината уште денес. 140 00:06:12,188 --> 00:06:13,308 Ви благодарам 141 00:06:13,308 --> 00:06:14,758 (Аплауз)