Може ли да кренат рака
тие што патувале со авион
минатата година ?
Всушност, го делите ова
искуство со повеќе од три
милијарди луѓе годишно.
Кога толку луѓе се во овие
метални цевки, кои летаат низ целиот свет,
некогаш вакви работи се случуваат.
И добиваме епидемија.
Првпат навлегов во темава кога слушнав
за појавата на Ебола, минатата година.
Ширењето на Еболата
е ограничено на оние дестинации
каде има големи врнежи, но сепак
постојат и други болести со кои
можеме да се заразиме во авион.
Некои од броевите
изгледаат доста страшно.
Еден пример со H1N1.
Еден човек решил да патува со авион
и за време на летот
заразил 17 други луѓе.
Еден друг човек заболен од SARS
се качил на 3 часовен лет
и ја пренел болеста на 22 други луѓе.
Ова дефинитивно е огромен проблем.
Кога ќе го разгледаме проблемов
ќе видиме дека многу тешко се забележуваат
овие болести. Кога некој ќе влезе во авион
тој може да е болен
но да е во латентна фаза.
Болеста е присутна, но симптомите не се
забележуваат, па така може
да ги зарази и другите во авионот.
Еве како функционира тоа.
Воздухот влегува од горниот дел
и од страната, а потоа
поминува низ филтри,
кои елиминираат 99,97% од
патогените.
Во тој момент имаме
измешано струење на воздухот.
Па така, ако некој кивне
тој воздух прво ќе се сврти неколку пати
пред да помине низ филтерот.
Си помислив дека ова е
доста сериозен проблем.
Немав пари да купам авион.
Наместо тоа направив компјутер.
Се покажа дека со
компјутерска флуидна динамика
можеме да правиме симулации
кои ќе ни дадат толку прецизни информации
што веќе и нема потреба
да влегуваме во авион.
Ова функционира така што прво почнувате
со овие 2D скици.
Нив ги има на интернет.
Ги зедов и ги ставив
во софтвер за 3D моделирање.
Направив 3D модел.
Моделот потоа го разделив на мали делчиња
за да може компјутерот
подобро да го разбере.
Потоа му кажувам на компјутерот
од каде влегува и излегува воздухот.
Вметнав малку физика и
чекав компјутерот да
ја направи симулацијата.
Еве што се случува во авионите:
човекот во средина кива и тоа оди
право во лицата на луѓето.
Одвратно.
Однапред ќе забележите
двајца патници кои седат
до човекот во средина.
Не им е баш пријатно.
Ако погледнеме од страна ќе видиме дека
патогените се шират и долж авионот.
Првото нешто што помислив
беше: "Ова не е добро." Затоа спроведов
повеќе од 32 различни симулации и на
крајот, дојдов до ова решение токму овде.
Јас ова го нареков
"Global Inlet Director."
Со ова ќе можеме да го
намалиме преносот на
патогени за околу
55 пати и ќе го зголемиме
свежиот возду за околу 190%.
Ова функционира така што
вградуваме парче композитен материјал
на места кои веќе ги има во авионот.
Тоа е многу економично за
вградување и може да се направи преку ноќ.
Ставаме само неколку шрафови и готово.
Резултатите што ги
добиваме се неверојатни.
Наместо да имаме измешано
струење на воздухот
можеме да направиме воздушни ѕидови
кои се спуштаат меѓу патниците
и на тој начин да направиме
лични зони за дишење.
Патникот во средината
повторно кива,
но овојпат кивавицата
успешно ја потиснуваме
надолу кон филтрите.
Истото и кога гледаме од страна,
патогените ги потиснуваме надолу.
Ако го погледнеме истото сценарио,
но овојпат со иновацијата инсталирана
ќе забележиме дека
патникот во средина кива
но овојпати кивавицата
оди надолу во филтерот
пред да дојде во контакт со луѓе.
Внимавајте, двајцата патници, кои
седат до патникот во средината, воопшто не
вдишуваат патогени
Да погледнеме и од страна
Ова е многу ефикасен систем
Накратко со овој систем победуваме.
Ова функционира не само
за патниците во средина
туку и за оние кои седат до прозорецот,
па и оние кои седат во коридорот.
Какво значење има за светот ова решение?
Користејќи испринтан 3D модел,
симулацијава
ја спроведов и во реалниот живот.
И овојпат се забележа
истото струење на воздухот
кое влијае врз патниците.
Во минатото SARS епидемијата го
чинела светот околу 40
милијарди долари. Во иднина, појавата
на некоја голема болест
може да го чини светот
повеќе од 3 трилиони долари.
Порано авионот мораше да биде тргнат
од служба во рок од два до три месеци,
да се потрошат десетици
илјади работни часови
и неколку милиони долари
за да се смени нешто.
А сега, можеме да вградиме нешто набрзина
и веднаш добиваме резултати.
Сега е најбитно ова да се сертифицира,
да ги помине
пробните летови
и сите други регулаторни процеси.
Ова покажува дека понекогаш
најдобрите решенија
се оние наједноставните.
Да беше пред две години,
прокетов воопшто и немаше да се случи.
Тогаш немаше соодветна технологија.
Сега имаме напредни компјутери
и многу развиен интернет, па затоа ова
навистина е златната
доба на иноваторството.
Прашањето што сакам да ви го поставам на
сите денеска е : "Зошто да чекаме?"
Заедно, можеме да ја
изградиме иднината уште денес.
Ви благодарам
(Аплауз)