замисли се себеси,
на својата смртна постела
околу тебе стојат,
соновите кои ти се дадени од животот
идеите кои никогаш не си ги остварил
талентот, надареноста и способностите кои никогаш не си ги искористил
и тие се сега околу твојот кревет
гледајќи те со големи налутени очи, ти велат:
ние дојдовме кај тебе!
и само ти можеше да не оживееш!
а сега ние мораме да умреме заедно со тебе засекогаш
а прашањето е:
ако ти умреш
во овој момент
што ќе умре заедно со тебе?
кои сонови? кои идеји? кои таленти?
која велеченственост си ја покажал?
немој да дозволиш
стравот од неуспех
и лагодноста на сигурниот живот
да те натераат да се повлечеш и откажеш
неможеш да излезеш жив од животов
мораш да умреш за да заминеш од тука
ти поседуваш нешто посебно
имаш големина во себе
ти беше роден како феномен
слушни ме
ти буквално си роден како феномен
целиот тој процес е како,
постојат пет милиони опции во матката
не зборуваме за една сперма клетка и една јајце клетка.
таму постојат пет милиони опции и од тие пет милиони опции ти си успеал.
тие мора да го најдат нивниот пат низ
комплексни низи од опкружувања
низ еден вид на воено поле.
тоа е воено поле.
вродено е, вродено ти е се во врска со тебе да биде големо, се во врска со тебе е феномен
но проблемот е што ти свесно си одбрал да бидеш просечен
ти си просечен во школо, просечен си на твоето работно место,
се што правиш е просечно, не затоа што си просечна лчност туку затоа што си направил таква одлука.
си избрал да бидеш просечен - зашто?
затоа што луѓето околу тебе се просечни
или можеби си израсна во просечно опкружување, или си одел во просечно училиште,
или работиш за просечна компанија
тука ти избираш
ти избираш да одиш контра на тоа што навистина си
ти избираш да одиш спротивно на тоа што си!
па затоа одиш на кошаркарски натпревари,
затоа трошиш толку часови гледајќи ги својте омилени атлет како мајкл џордан
и ги наблудуваш, ги гледаш.... тука постои нешто поради таа привлечност кои ја имаат
поради нивната величенственост, затоа што постои нешто во тебе што е величенствено,
затоа ги ставаш слушалките и го исклучуваш целиот свет околу тебе
и го слушаш твојот омилен артист - го слушаш како пее или рапува
и длабоко во себе си повреден кога го слушаш затоа што тоа требало да бидеш ти на негово место!
те привлекува величенсвеност затоа што величенственоста е во тебе.
но полесно е да се набљудуваат величествените, полесно е да ги гледаш него да вложиш време
да вложиш енергија, да се дисциплинираш себеси, да се жртвуваш за нешто - полесно е вака!
и затоа си просечен, и толку многу исфрустриран
затоа што не живееш како што би требало да живееш.
го немаш тоа што би требало да го имаш,
не си тоа што би требало да бидеш.
јас би мразел да живеам и да умрам,
и никогаш да не дознаам што би се случило
кога јас би се посветил на нешто.
се обложувам дека никогаш не си видел што би можел да постанеш,
кога целосно би се посветил
на својот сон.
време е за тебе да погледнеш во себеси
и да одлушиш дека јас сум одговорен за својата судбина,
јас сум одговорен тука,
и кога ќе одлучиш дека - јас ќе го направам ова,
целиот универзум ќе се настрои кон тебе
и животот никогаш повеќе нема да биде ист.
живеј го твојот сон.
кралството на господ е во самиот човек.
не во еден човек ии во некоја група луѓе,
туку е во секој човек,
во тебе, вие луѓето имате моќ,
моќ да создавате машини, моќ да создавате среќа
вие луѓето имате моќ
да го направите овој живот слободен и убав
да направите од овој живот прекрасна авантура,
и ако одлучам дека мојот живот заслужува напредување, ова е тоа што можам да го правам најдобро,
и ќе постанам најдобар во тоа и ќе владеам над себеси, ќе согледам што поседувам во себе,
ви гарантирам дека никогаш нема да се откажете
ви кажувам величенсвеноста е тука!
величенственоста е при тебе и подобро однесувај се како да е така