0:00:01.440,0:00:04.040 Јас сум подводен истражувач, 0:00:05.480,0:00:08.280 поточно пештерски нуркач. 0:00:09.200,0:00:11.816 Сакав да бидам астронаут кога бев мала, но 0:00:11.840,0:00:16.440 немав можност да се посветам на[br]тоа во Канада. 0:00:17.680,0:00:21.456 Знаеме многу повеќе за вселената 0:00:21.480,0:00:25.816 отколку за подводните патиштa на [br]нашата планета, 0:00:25.840,0:00:28.800 изворот на животот на Земјата. 0:00:29.720,0:00:33.096 Решив да направам нешто извонредно. 0:00:33.120,0:00:35.576 Наместо да ја истражувам вселената, сакав 0:00:35.600,0:00:38.760 да ги истражувам чудата на внатрешната [br]вселена. 0:00:39.920,0:00:41.576 Многумина мислат 0:00:41.600,0:00:45.720 пештерското нуркање е едно од најопасните[br]потфати. 0:00:46.560,0:00:49.456 Замислете се себеси во оваа просторија, 0:00:49.480,0:00:52.376 ако одеднаш нурнете во темнина со 0:00:52.400,0:00:54.816 единствена задача да го најдете излезот, 0:00:54.840,0:00:57.176 некогаш пливате низ овие големи простори, 0:00:57.200,0:01:00.536 а некогаш лазите под седиштата, 0:01:00.560,0:01:03.096 со минимални упатства, 0:01:03.120,0:01:07.856 чекате животната поддршка да ви[br]го даде следниот здив. 0:01:07.880,0:01:09.600 Тоа е моето работно место. 0:01:10.760,0:01:12.736 Но денес сакам да ви кажам дека 0:01:12.760,0:01:17.136 нашиот свет не е еден голем цврст камен, 0:01:17.160,0:01:19.120 повеќе е како сунѓер. 0:01:19.440,0:01:23.220 Можам да пливам низ порите на [br]земјиниот сунѓер, 0:01:23.220,0:01:25.256 но каде што јас не можам, можат другите 0:01:25.280,0:01:30.296 животни форми и материјали продолжуваат [br]без мене. 0:01:30.320,0:01:33.336 Мојот глас е тој што ќе ве научи за 0:01:33.360,0:01:36.280 внатрешноста на Мајката Земјата. 0:01:38.640,0:01:41.616 Немаше упатство за мене 0:01:41.640,0:01:47.696 кога решив да бидам прва што ќе нурне во[br]пештерите на Антарктичките блокови мраз. 0:01:47.720,0:01:52.136 Во 2000, ова беше најголемиот подвижен[br]објект на планетата. 0:01:52.160,0:01:54.176 Се отцепи од Ross Ice Shelf, 0:01:54.200,0:01:57.136 и ние отидовме да ја истражиме [br]екологијата на мразот 0:01:57.160,0:01:59.800 и да бараме животни форми под него. 0:01:59.820,0:02:03.616 За дишење користиме апарат [br]кој го преработува јаглеродниот диоксид. 0:02:03.640,0:02:07.856 Тоа е слично на технологијата која се[br]користи за вселенски прошетки. 0:02:07.880,0:02:10.336 Оваа технологија ни овозможува да [br]нуркаме подлабоко 0:02:10.360,0:02:13.096 отколку што претпоставувавме[br]пред 10 години. 0:02:13.120,0:02:15.176 Користиме егзотични гасови и можеме да 0:02:15.200,0:02:20.400 да останеме дури и до 20 часа[br]под вода. 0:02:21.160,0:02:23.336 Работам со биолози. 0:02:23.360,0:02:27.896 Излегува дека пештерите се складишта на [br]неверојатни животни форми, 0:02:27.920,0:02:30.720 видови кои не сме знаеле дека постојат. 0:02:31.760,0:02:35.056 Многу од нив живеат на необични начини. 0:02:35.080,0:02:39.016 Во многу случаи немаат очи ни пигменти, 0:02:39.040,0:02:43.536 и овие животни имаат екстремно долг[br]животен век. 0:02:43.560,0:02:47.016 Всушност, животните кои пливаат во[br]овие пештери денес 0:02:47.040,0:02:49.536 се идентични на оние 0:02:49.560,0:02:52.896 кои постоеле пред изумирањето[br]на диносаурусите. 0:02:52.920,0:02:56.656 Замислете дека: овие се како мали[br]пливачки диносауруси. 0:02:56.680,0:03:00.120 Што може тие да не научат за еволуцијата и[br]опстанокот? 0:03:01.120,0:03:05.136 Кога набљудуваме животно како ова додека[br]плива во теглата, 0:03:05.160,0:03:08.016 свативме дека има огромни песјаци со[br]отров. 0:03:08.040,0:03:12.296 Всушност, може да нападне нешто 40 пати[br]поголемо од него и да го убие. 0:03:12.320,0:03:14.096 Да би бил колку мачка, 0:03:14.120,0:03:16.720 би бил едно од најопасните нешта[br]на нашата планета. 0:03:17.920,0:03:21.176 Овие животни живеат во неверојатно[br]прекрасни места, 0:03:21.200,0:03:25.816 понекогаш во вакви пештери[br]што се многу млади, 0:03:25.840,0:03:27.576 а животните древни. 0:03:27.600,0:03:28.880 Како дошле тие тука? 0:03:29.880,0:03:32.056 Работам и со физичари, 0:03:32.080,0:03:35.696 тие се често заинтересирани за глобалните[br]климатски промени. 0:03:35.720,0:03:38.016 Тие земат камења од пештерите, 0:03:38.040,0:03:41.096 ги сечат и ги гледаат слоевите, 0:03:41.120,0:03:43.056 слично како прстените од дрво, 0:03:43.080,0:03:45.096 можат да не вратат во историјата 0:03:45.120,0:03:48.816 и да научиме за климата на нашата [br]планета низ различни времиња. 0:03:48.840,0:03:51.336 Црвеното што го гледате на оваа [br]фотографија 0:03:51.360,0:03:54.696 е всушност прашина од пустината Сахара. 0:03:54.720,0:03:58.816 Таа била завеана од ветрот однесена преку[br]Атлантикот. 0:03:58.840,0:04:03.216 И спуштена, во овој случај, на [br]островот Абако на Бахамите. 0:04:03.240,0:04:04.856 Се потопува низ земјата 0:04:04.880,0:04:08.856 и се депонира во карпите на овие пештери. 0:04:08.880,0:04:12.696 Кога гледаме низ слоевите на овие карпи[br]можеме да најдеме времиња 0:04:12.720,0:04:15.496 кога климата била, многу, многу сува 0:04:15.520,0:04:19.279 и можеме да одиме назад многу стотици[br]илјади години. 0:04:20.560,0:04:22.816 Палеоклиматолозите се заинтересирани 0:04:22.840,0:04:26.136 за тоа каде било морското ниво [br]во претходните периоди. 0:04:26.160,0:04:28.376 Овде на Бермуда, мојот тим и јас тргнавме 0:04:28.400,0:04:31.456 на најдлабоките нуркања некогаш направени[br]во овој регион, 0:04:31.480,0:04:33.096 баравме места 0:04:33.120,0:04:36.656 каде морското ниво било во линија со [br]брегот, 0:04:36.680,0:04:39.520 стотици метри подлабоко од сегашните[br]нивоа. 0:04:40.880,0:04:44.376 Исто така работам со палеонтолози и[br]археолози. 0:04:44.400,0:04:48.776 На места како Мексико, на Бахамите, па[br]дури и во Куба, 0:04:48.800,0:04:53.496 баравме културни но и човечки останки во[br]пештерите. 0:04:53.520,0:04:54.776 и тие ни кажуваат многу 0:04:54.800,0:04:57.880 за најраните населеници на овие региони. 0:04:58.760,0:05:02.256 Но мојот најомилен проект од сите беше[br]пред 15 години, 0:05:02.280,0:05:04.804 кога бев дел од тимот што ја направи[br]првата 0:05:04.828,0:05:08.136 прецизна,тридимензионална мапа на[br]подземната површина. 0:05:08.160,0:05:10.536 Оваа направа што ја возам низ пештерата 0:05:10.560,0:05:15.016 всушност креираше тридимензионален модел[br]додека возевме. 0:05:15.040,0:05:17.096 Користевме ултра ниска радио[br]фреквенција 0:05:17.120,0:05:21.800 за да ја емитуваме нашата точна позиција[br]на површината. 0:05:22.320,0:05:27.136 Пливав под куќи, куглани, терени за голф 0:05:27.160,0:05:30.320 дури и под еден ресторант. 0:05:31.080,0:05:33.176 Прилично извонредно, тоа ме научи 0:05:33.200,0:05:36.096 дека се што правиме на површината на [br]нашата планета 0:05:36.120,0:05:38.536 на крај ќе го испиеме. 0:05:38.560,0:05:43.336 Водата не е само реките,[br]езерата и океаните, 0:05:43.360,0:05:48.136 туку и огромната мрежа на подземни [br]води што не врзува сите заедно. 0:05:48.160,0:05:52.016 Тоа се заеднички ресурси [br]од кои сите пиеме. 0:05:52.040,0:05:56.336 Кога ќе можеме да ја разбереме човечката[br]поврзаност со подземната вода 0:05:56.360,0:05:59.016 и со сите наши ресурси на оваа планета, 0:05:59.040,0:06:00.776 тогаш ќе работиме на проблемот. 0:06:00.800,0:06:04.160 кој е веројатно најважниот проблем[br]на овој век. 0:06:04.270,0:06:07.950 Никогаш не станав астронаут како што[br]секогаш сакав да бидам, 0:06:07.950,0:06:12.096 но оваа направа дизајнирана од др.Бил [br]Стоун, ќе биде употребена во вселената. 0:06:12.120,0:06:13.536 Адаптирана е. 0:06:13.560,0:06:16.856 Сега е автономен робот кој може да плива, 0:06:16.880,0:06:18.536 вештачки интелигентен, 0:06:18.560,0:06:22.136 со крајна дестинација: месечината на [br]Јупитер, Европа, 0:06:22.160,0:06:26.760 да ги истражува океаните под смрзнатата[br]површина на тоа тело. 0:06:27.480,0:06:29.400 И тоа е неверојатно. 0:06:30.160,0:06:35.880 (Аплауз)