1 00:00:01,375 --> 00:00:03,558 Јас сум дизајнер на протеини. 2 00:00:04,917 --> 00:00:07,851 И ќе ви зборувам за нов вид лек. 3 00:00:07,875 --> 00:00:11,976 Направен е од молекула по име ограничен пептид. 4 00:00:12,000 --> 00:00:14,976 Достапни се само неколку лекови од ограничени пептиди, 5 00:00:15,000 --> 00:00:18,143 но бројот ќе се зголеми во следната деценија. 6 00:00:18,167 --> 00:00:20,601 Да видиме каков е составот на овие лекови, 7 00:00:20,625 --> 00:00:23,768 како се разликуваат и што го предизвикува овој бран 8 00:00:23,792 --> 00:00:25,655 на нови и интересни лекови. 9 00:00:26,167 --> 00:00:30,184 Ограничените пептиди се многу мали протеини. 10 00:00:30,208 --> 00:00:33,685 Имаат додатни хемиски врски што ја ограничуваат формата на молекулата, 11 00:00:33,709 --> 00:00:35,684 и ова ги прави неверојатно стабилни 12 00:00:35,708 --> 00:00:37,375 и извонредно моќни. 13 00:00:38,125 --> 00:00:41,518 Ги има во природата, нашите тела произведуваат неколку 14 00:00:41,542 --> 00:00:44,447 што се борат против бактериски, габични и вирусни инфекции. 15 00:00:44,471 --> 00:00:46,351 Змиите и скорпиите, 16 00:00:46,375 --> 00:00:48,601 имаат ограничени пептиди во својот отров. 17 00:00:48,625 --> 00:00:51,809 Лековите од протеини се викаат биолошки лекови. 18 00:00:51,833 --> 00:00:53,726 Ова ги опфаќа ограничените пептиди, 19 00:00:53,750 --> 00:00:56,184 инсулинот, 20 00:00:56,208 --> 00:00:59,809 или лековите од антитела како Хумира или Енбрел. 21 00:00:59,833 --> 00:01:02,934 Општо земено, биолошките лекови се одлични, 22 00:01:02,958 --> 00:01:07,143 зашто со нив се избегнуваат некои вообичаени несакани ефекти. 23 00:01:07,167 --> 00:01:08,601 Прво, тоа е протеин. 24 00:01:08,625 --> 00:01:11,726 Целосно природна и нетоксична супстанца во телото. 25 00:01:11,750 --> 00:01:14,518 Клетките ни создаваат 10 000 различни протеини, 26 00:01:14,542 --> 00:01:17,226 и во основа, сета храна има протеини. 27 00:01:17,250 --> 00:01:21,143 Второ, понекогаш лековите влијаат на молекулите во телото 28 00:01:21,167 --> 00:01:22,601 на непосакуван начин. 29 00:01:22,625 --> 00:01:24,518 Споредено со лековите од мали молекули, 30 00:01:24,542 --> 00:01:27,309 мислам на обичните лекови, како аспирин, 31 00:01:27,333 --> 00:01:29,268 биолошките лекови се прилично големи. 32 00:01:29,292 --> 00:01:33,184 Молекулите реагираат кога постои целосно совпаѓање на формите. 33 00:01:33,208 --> 00:01:34,726 Како клуч и брава. 34 00:01:34,750 --> 00:01:36,768 Поголемиот клуч има повеќе жлебови, 35 00:01:36,792 --> 00:01:40,143 па ќе одговара на само една брава. 36 00:01:40,167 --> 00:01:42,893 Но биолошките лекови имаат и фалинка. 37 00:01:42,917 --> 00:01:44,184 Тие се кревки. 38 00:01:44,208 --> 00:01:46,351 Најчесто се инјектираат, 39 00:01:46,375 --> 00:01:48,809 бидејќи стомачната киселина би го уништила лекот 40 00:01:48,833 --> 00:01:50,101 ако го голтнеме. 41 00:01:50,125 --> 00:01:52,018 Ограничените пептиди се спротивност. 42 00:01:52,042 --> 00:01:54,184 Тие се многу издржливи, како обичните лекови. 43 00:01:54,208 --> 00:01:59,670 Па, можно е да се даваат во форма на апчиња, инхалации, масти. 44 00:01:59,792 --> 00:02:04,059 Затоа побарувачката за лекови од ограничени пептиди е толку голема. 45 00:02:04,083 --> 00:02:05,893 Тие се спој на најдобрите особини 46 00:02:05,917 --> 00:02:09,684 од биолошките лекови и лековите од мали молекули. 47 00:02:09,708 --> 00:02:12,268 Но, за жал навистина е тешко 48 00:02:12,292 --> 00:02:15,184 да се пресоздадат пептидите што постојат во природата 49 00:02:15,208 --> 00:02:16,893 за да произведеме нови лекови. 50 00:02:16,917 --> 00:02:18,226 Овде настапувам јас. 51 00:02:18,250 --> 00:02:21,601 Создавањето нов лек е како изработување клуч 52 00:02:21,625 --> 00:02:24,101 што ќе одговара на некоја брава. 53 00:02:24,125 --> 00:02:25,851 Само треба да ја погодиме формата. 54 00:02:25,875 --> 00:02:28,893 Но ако премногу ја промениме формата на ограничениот пептид, 55 00:02:28,917 --> 00:02:31,059 не можат да се создадат додатни хемиски врски 56 00:02:31,083 --> 00:02:33,059 и целата молекула се распаѓа. 57 00:02:33,083 --> 00:02:36,518 Требаше да откриеме како да стекнеме контрола врз формата. 58 00:02:36,542 --> 00:02:38,768 Бев дел од научен обид 59 00:02:38,792 --> 00:02:41,976 на дузина организации ширум три континенти 60 00:02:42,000 --> 00:02:45,393 што заедно успеаја да го решат проблемот. 61 00:02:45,417 --> 00:02:48,518 Пристапот ни беше радикално поразличен од претходните обиди. 62 00:02:48,542 --> 00:02:51,059 Наместо да ги менуваме ограничените пептиди 63 00:02:51,083 --> 00:02:52,351 што постојат во природата 64 00:02:52,375 --> 00:02:55,643 откривме како да изградиме нови - од нула. 65 00:02:55,667 --> 00:02:56,934 За да успееме во ова, 66 00:02:56,958 --> 00:03:00,006 развивме целосно достапен, слободен софтвер за дизајн на пептиди 67 00:03:00,030 --> 00:03:01,809 што секој може да го користи. 68 00:03:01,833 --> 00:03:03,268 За да го тестираме системот, 69 00:03:03,292 --> 00:03:06,226 создадовме серија ограничени пептиди 70 00:03:06,250 --> 00:03:08,476 со широк спектар на различни форми. 71 00:03:08,500 --> 00:03:10,934 Многу од нив, не беа претходно видени. 72 00:03:10,958 --> 00:03:13,851 Потоа, ги произведовме истите во лабораторија. 73 00:03:13,875 --> 00:03:16,393 Следно, ги одредивме нивните молекуларни структури, 74 00:03:16,417 --> 00:03:17,809 преку експериментирање. 75 00:03:17,833 --> 00:03:19,726 Кога ги споредивме дизајнираните модели 76 00:03:19,750 --> 00:03:21,476 со реалните молекуларни структури, 77 00:03:21,500 --> 00:03:24,601 откривме дека софтверот може да поставува поединечни атоми 78 00:03:24,625 --> 00:03:27,851 со толкава прецизност колку што реално може да се измери. 79 00:03:27,875 --> 00:03:30,059 Пред 3 години, ова не беше можно. 80 00:03:30,083 --> 00:03:33,101 Денес, имаме можност да дизајнираме пептиди 81 00:03:33,125 --> 00:03:36,518 со форми по мера за развивање лекови. 82 00:03:36,542 --> 00:03:38,500 Каде нѐ води ваквата технологија? 83 00:03:39,292 --> 00:03:40,559 Неодамна, 84 00:03:40,583 --> 00:03:42,869 со колегите дизајниравме ограничени пептиди 85 00:03:42,893 --> 00:03:46,309 што го неутрализираат вирусот инфлуенца, 86 00:03:46,333 --> 00:03:49,268 штитат од ботулизам 87 00:03:49,292 --> 00:03:51,393 и спречуваат раст на малигни клетки. 88 00:03:51,417 --> 00:03:52,726 Некои од овие нови лекови 89 00:03:52,750 --> 00:03:55,726 се тестирани претклинички со лабораториски животни. 90 00:03:55,750 --> 00:03:59,976 Досега, сите се безбедни и мошне делотворни. 91 00:04:00,000 --> 00:04:03,143 Дизајнирање ограничени пептиди е врвна технологија, 92 00:04:03,167 --> 00:04:05,768 а развивањето лекови се одвива споро и претпазливо. 93 00:04:05,792 --> 00:04:08,476 Тестовите врз луѓе нема да се случат за 3 до 5 години. 94 00:04:08,500 --> 00:04:09,768 Дотогаш, 95 00:04:09,792 --> 00:04:11,630 уште лекови со ограничени пептиди 96 00:04:11,630 --> 00:04:13,851 ќе продолжат да се развиваат. 97 00:04:13,875 --> 00:04:18,018 За крај, верувам дека лековите со дизајнирани пептиди 98 00:04:18,042 --> 00:04:20,059 ќе нѐ ослободат 99 00:04:20,083 --> 00:04:22,601 од прангите на нашите заболувања. 100 00:04:22,625 --> 00:04:23,893 Благодарам. 101 00:04:23,917 --> 00:04:28,042 (аплауз)