1 00:00:01,043 --> 00:00:04,304 Колку интересна група на индивидуи сте вие -- 2 00:00:05,505 --> 00:00:06,953 за еден психолог. 3 00:00:06,977 --> 00:00:08,416 (Смеа) 4 00:00:08,440 --> 00:00:11,546 Изминативе неколку дена имав прилика 5 00:00:11,570 --> 00:00:14,156 да слушнам дел од вашите разговори 6 00:00:14,984 --> 00:00:17,150 и да ја набљудувам вашата интеракција. 7 00:00:17,174 --> 00:00:19,699 Оправдано е ако кажам дека, веќе, 8 00:00:19,723 --> 00:00:24,911 47 луѓе во публикава, 9 00:00:25,494 --> 00:00:26,712 во овој момент, 10 00:00:27,414 --> 00:00:31,547 демонстрираат психолошки симптоми за кои би сакал да зборувам денес. 11 00:00:31,571 --> 00:00:32,918 (Смеа) 12 00:00:32,942 --> 00:00:35,944 И си мислев можеби ќе сакате да знаете кои сте тие. 13 00:00:35,968 --> 00:00:37,391 (Смеа) 14 00:00:37,415 --> 00:00:39,102 Но, наместо да ве посочам, 15 00:00:39,126 --> 00:00:42,324 што би било неоправдано и нападно, 16 00:00:42,865 --> 00:00:45,866 си реков дај да ви кажам неколку факти и приказни, 17 00:00:45,890 --> 00:00:48,927 во кои можеби ќе се препознаете. 18 00:00:50,089 --> 00:00:54,325 Јас доаѓам од истражувачкото поле познато како психологија на личноста, 19 00:00:54,349 --> 00:00:57,789 кое е пак дел од науката која ја изучува личноста 20 00:00:57,813 --> 00:01:02,922 во која се зборува за многу нешта, од неврони па до наративи. 21 00:01:03,337 --> 00:01:04,790 Она што се обидуваме, 22 00:01:05,601 --> 00:01:07,164 е на наш начин, 23 00:01:07,188 --> 00:01:09,932 да се обидеме да сфатиме како секој од нас -- 24 00:01:10,793 --> 00:01:12,019 секој од вас -- 25 00:01:12,467 --> 00:01:14,545 е, во одредени аспекти, 26 00:01:14,569 --> 00:01:15,932 како сите луѓе, 27 00:01:16,993 --> 00:01:18,377 како некои луѓе 28 00:01:19,243 --> 00:01:21,261 и како ниту еден човек. 29 00:01:22,579 --> 00:01:25,746 Можеби велите за себе, 30 00:01:25,770 --> 00:01:27,515 "Не сум интересен. 31 00:01:29,597 --> 00:01:35,046 Јас сум 46тата најдосадна личност на Западната Хемисфера." 32 00:01:35,895 --> 00:01:38,184 Или можеби си велите, 33 00:01:38,208 --> 00:01:40,115 "Јас сум интересен, 34 00:01:41,252 --> 00:01:45,203 иако повеќето луѓе сметаат дека сум голем, ненадминлив кретен." 35 00:01:45,227 --> 00:01:46,417 (Смеа) 36 00:01:46,441 --> 00:01:52,301 Но токму вашиот "кретенизам" и тоа што се доживувате како досадни 37 00:01:52,325 --> 00:01:56,752 е она што мене, како психолог, ме фасцинира кај вас. 38 00:01:57,172 --> 00:01:59,523 Дозволете ми да ви објаснам зошто. 39 00:02:00,284 --> 00:02:04,445 Еден од највлијателните пристапи во науката за личноста 40 00:02:04,469 --> 00:02:06,179 е познат како психологија на црти. 41 00:02:06,179 --> 00:02:11,452 Тој ве опишува преку пет димензии кои се нормално дистрибуирани. 42 00:02:11,476 --> 00:02:18,466 Преку нив се претставени универзални разлики меѓу луѓето. 43 00:02:19,379 --> 00:02:21,708 Можеме да ги претставиме преку акронимот OCEAN. 44 00:02:22,105 --> 00:02:25,156 "O" означува "отвореност кон нови доживувања," 45 00:02:25,180 --> 00:02:27,531 наспроти оние кои се позатворени. 46 00:02:27,555 --> 00:02:30,730 "C" означува "совесност," 47 00:02:30,754 --> 00:02:34,398 наспроти оние кои имаат полабав пристап кон животот. 48 00:02:34,422 --> 00:02:39,065 "Е" -- "екстроверзија," наспроти луѓето кои се поинтровертни. 49 00:02:39,089 --> 00:02:41,781 "A" -- "пријатни индивидуи," 50 00:02:41,805 --> 00:02:45,227 наспроти оние кои не се пријатни. 51 00:02:45,599 --> 00:02:48,243 И "N" -- "невротични индивидуи," 52 00:02:48,267 --> 00:02:50,940 наспроти оние кои се постабилни. 53 00:02:52,268 --> 00:02:55,658 Сите овие димензии се поврзани со нашата благосостојба, 54 00:02:55,682 --> 00:02:58,188 со тоа како ни оди во животот. 55 00:02:58,762 --> 00:03:01,111 Знаеме дека, на пример, 56 00:03:01,135 --> 00:03:06,110 отвореноста и совесноста предвидуваат успех во животот, 57 00:03:06,829 --> 00:03:11,206 но отворените луѓе го постигнуваат тој успех бидејќи се смели 58 00:03:11,230 --> 00:03:13,408 и, понекогаш, чудни. 59 00:03:14,077 --> 00:03:18,442 Совесните луѓе постигнуваат успех придржувајќи се до роковите, 60 00:03:18,466 --> 00:03:22,388 бидејќи се упорни, и бидејќи имаат одредена страст. 61 00:03:23,662 --> 00:03:27,548 Екстроверзијата и пријатноста ви помагаат 62 00:03:27,572 --> 00:03:30,150 добро да работите со луѓе. 63 00:03:30,866 --> 00:03:33,854 Екстровертите, на пример, ми се многу интересни. 64 00:03:33,878 --> 00:03:36,861 На студентите понекогаш им кажувам еден основен податок 65 00:03:36,885 --> 00:03:39,852 кој зборува многу за нивната личност: 66 00:03:40,356 --> 00:03:45,402 Им велам дека е буквално невозможно 67 00:03:45,426 --> 00:03:49,263 да си го излижеш надворешниот дел од лактот. 68 00:03:49,287 --> 00:03:50,541 (Смеа) 69 00:03:50,565 --> 00:03:51,949 Сте го знаеле ли тоа? 70 00:03:53,505 --> 00:03:57,694 И веќе, некои од вас пробаа да си го излижат лактот. 71 00:03:57,718 --> 00:03:59,494 Но, екстровертите меѓу вас 72 00:03:59,518 --> 00:04:02,129 се оние кои не само што пробаа, 73 00:04:02,153 --> 00:04:04,643 туку и успеаја да го излижат лактот 74 00:04:04,667 --> 00:04:06,358 на човекот што седи до нив. 75 00:04:06,382 --> 00:04:07,384 (Смеа) 76 00:04:07,408 --> 00:04:09,093 Тие се екстровертите. 77 00:04:09,117 --> 00:04:12,536 Дај да ви кажам нешто повеќе за екстроверзијата, 78 00:04:12,560 --> 00:04:15,519 зашто е важна и интересна, 79 00:04:15,543 --> 00:04:19,024 и ни помага да ги разбереме она што го нарекувам нашите три природи. 80 00:04:19,048 --> 00:04:22,719 Прво, нашата биогена природа -- нашата неврофизиологија. 81 00:04:22,743 --> 00:04:25,726 Второ, нашата социогена или секундарна природа, 82 00:04:26,279 --> 00:04:30,137 која е поврзана со културниот и социјалниот аспект на нашите животи. 83 00:04:30,744 --> 00:04:37,647 И трето, она што ве прави индивидуа -- уникатни -- 84 00:04:38,190 --> 00:04:41,236 она што го нарекувам ваша "идиогена" природа. 85 00:04:41,260 --> 00:04:43,026 Дозволете да објаснам. 86 00:04:44,901 --> 00:04:48,386 Екстровертите ги карактеризира тоа што тие имаат потреба од стимулација. 87 00:04:48,971 --> 00:04:53,695 Таа стимулација може да се постигне преку барање работи кои се возбудливи: 88 00:04:53,719 --> 00:04:57,756 гласна бучава, забави и социјални настани како овде на TED -- 89 00:04:57,780 --> 00:05:01,007 гледате како екстровертите формираат магнетно јадро. 90 00:05:01,031 --> 00:05:02,690 Сите се собираат заедно. 91 00:05:02,714 --> 00:05:04,129 Ве видов. 92 00:05:04,153 --> 00:05:07,476 Интровертите почесто поминуваат време на тивките места 93 00:05:07,500 --> 00:05:09,323 на вториот спрат, 94 00:05:09,347 --> 00:05:13,139 каде можат да ја намалат стимулацијата -- 95 00:05:13,163 --> 00:05:17,098 поради што погрешно може да бидат етикетирани како антисоцијални, 96 00:05:17,122 --> 00:05:20,120 но тие не се антисоцијални. 97 00:05:21,310 --> 00:05:24,208 Едноставно сте сфатиле дека подобро функционирате 98 00:05:25,436 --> 00:05:29,847 откако ќе го намалите нивото на стимулација. 99 00:05:30,998 --> 00:05:35,146 Понекогаш е внатрешен стимулант, од вашето тело. 100 00:05:35,170 --> 00:05:40,085 Кафеинот, на пример, повеќе им помага на екстровертите отколку на интровертите. 101 00:05:40,109 --> 00:05:43,288 Кога екстровертите ќе дојдат во канцеларија во 9 часот наутро 102 00:05:43,312 --> 00:05:46,197 и ќе речат, "Навистина ми треба кафе," 103 00:05:46,221 --> 00:05:47,372 тие не се зезаат -- 104 00:05:47,396 --> 00:05:48,569 навистина им треба. 105 00:05:49,531 --> 00:05:51,337 На интровертите не им помага, 106 00:05:51,361 --> 00:05:53,878 особено ако задачата 107 00:05:54,913 --> 00:05:56,458 на која работат 108 00:05:56,482 --> 00:05:58,620 бара брзина 109 00:05:58,644 --> 00:06:00,523 и вршење на пресметки, 110 00:06:00,547 --> 00:06:04,941 тогаш интровертите може да изгледаат дезориентирано. 111 00:06:05,580 --> 00:06:07,220 Но, тоа е погрешно. 112 00:06:07,244 --> 00:06:10,288 Еве ги последиците кои се навистина интригантни: 113 00:06:10,312 --> 00:06:12,525 ние не сме секогаш она што се чини дека сме, 114 00:06:12,525 --> 00:06:15,703 а ова ме води до следната поента. 115 00:06:16,196 --> 00:06:18,752 Но, пред да дојдам до неа, треба да 116 00:06:18,776 --> 00:06:21,456 кажам нешто за сексуалниот однос, 117 00:06:21,480 --> 00:06:23,581 иако можеби нема да имам време. 118 00:06:23,605 --> 00:06:26,477 Па така, ако вие сакате -- 119 00:06:26,501 --> 00:06:27,652 да, сакате? 120 00:06:27,676 --> 00:06:28,827 Добро. 121 00:06:28,851 --> 00:06:29,936 (Смеа) 122 00:06:29,960 --> 00:06:31,120 Има студии кои 123 00:06:31,144 --> 00:06:36,469 испитуваат колку често луѓето имаат секс, 124 00:06:37,406 --> 00:06:40,645 во зависност од тоа дали се мажи, жени; интроверти, екстроверти. 125 00:06:41,100 --> 00:06:42,251 Значи ве прашувам: 126 00:06:42,275 --> 00:06:44,347 Колку пати во минута -- 127 00:06:45,162 --> 00:06:47,046 ох, извинете, тоа беше за стаорците -- 128 00:06:47,070 --> 00:06:49,077 (Смеа) 129 00:06:50,151 --> 00:06:51,953 Колку пати во месецот 130 00:06:54,715 --> 00:06:57,974 интровертните мажи имаат секс? 131 00:06:58,486 --> 00:06:59,876 3.0. 132 00:06:59,900 --> 00:07:01,532 Екстровертните мажи? 133 00:07:01,556 --> 00:07:03,166 Повеќе или помалку? 134 00:07:03,616 --> 00:07:05,244 Да, повеќе. 135 00:07:05,607 --> 00:07:07,974 5.5 -- речиси двојно повеќе. 136 00:07:09,264 --> 00:07:11,832 Интровертните жени: 3.1. 137 00:07:11,856 --> 00:07:13,452 Екстровертните жени? 138 00:07:13,476 --> 00:07:16,822 Искрено, за мене како интровертен маж, 139 00:07:16,846 --> 00:07:18,583 за што ќе зборувам подоцна -- 140 00:07:18,607 --> 00:07:20,188 тие се хероини. 141 00:07:20,973 --> 00:07:22,748 7.5. 142 00:07:23,332 --> 00:07:26,134 Тие не само што ги средиле сите екстровертни мажи, 143 00:07:26,158 --> 00:07:28,251 туку потфатиле и по некој интроверт. 144 00:07:28,275 --> 00:07:30,171 (Смеа) 145 00:07:30,195 --> 00:07:32,515 (Аплауз) 146 00:07:36,796 --> 00:07:41,097 Екстровертите и интровертите, ние комуницираме различно. 147 00:07:42,096 --> 00:07:44,082 Екстровертите, кога се во интеракција, 148 00:07:44,106 --> 00:07:48,571 тие бараат близина во социјалните средби. 149 00:07:48,595 --> 00:07:51,586 Тие сакаат да стојат близу до соговорникот. 150 00:07:52,547 --> 00:07:54,746 Имаат голема потреба од очен контакт, 151 00:07:54,770 --> 00:07:56,634 да се гледаат со соговорникот во очи. 152 00:07:56,831 --> 00:07:58,448 Во одредени истражувања откривме 153 00:07:58,472 --> 00:08:01,470 дека тие почесто користат деминутиви кога ќе запознаат некого. 154 00:08:01,873 --> 00:08:04,586 Кога екстроверт ќе го сретне Чарлс, 155 00:08:04,610 --> 00:08:07,495 тој брзо станува "Чарли," па "Чак," 156 00:08:07,519 --> 00:08:09,198 и на крај "Чаклс Бејби." 157 00:08:09,222 --> 00:08:10,714 (Смеа) 158 00:08:11,032 --> 00:08:12,437 Додека пак за интровертите, 159 00:08:12,461 --> 00:08:17,366 тој останува "Чарлс," се додека интровертот не добие знак од личноста 160 00:08:17,390 --> 00:08:19,610 дека може да се приближи. 161 00:08:20,044 --> 00:08:22,829 Ние зборуваме различно. 162 00:08:24,934 --> 00:08:30,171 Екстровертите повеќе сакаат црно-бел, конкретен, едноставен јазик. 163 00:08:31,854 --> 00:08:35,648 Интровертите повеќе сакаат -- и повторно морам да ви кажам 164 00:08:35,672 --> 00:08:40,029 дека јас сум најголемиот интроверт кој можете да го замислите -- 165 00:08:40,853 --> 00:08:42,570 ние зборуваме различно. 166 00:08:42,594 --> 00:08:46,589 Ние повеќе сакаме контекстуални, сложени, 167 00:08:46,613 --> 00:08:48,545 причинско-последични реченици 168 00:08:48,569 --> 00:08:50,585 сакаме многу да филозофираме -- 169 00:08:50,609 --> 00:08:51,632 (Смеа) 170 00:08:51,656 --> 00:08:53,018 Повеќе или помалку. 171 00:08:53,385 --> 00:08:54,821 (Смеа) 172 00:08:54,845 --> 00:08:56,045 На некој начин. 173 00:08:56,069 --> 00:08:57,084 (Смеа) 174 00:08:57,108 --> 00:08:59,108 Да бидам целосно искрен -- 175 00:08:59,848 --> 00:09:01,021 ете така. 176 00:09:01,955 --> 00:09:03,357 Кога зборуваме, 177 00:09:03,381 --> 00:09:05,123 понекогаш не се разбираме. 178 00:09:05,724 --> 00:09:08,352 Еднаш работев на проект со еден колега 179 00:09:08,376 --> 00:09:11,380 кој е целосно различен од мене. 180 00:09:11,739 --> 00:09:13,518 Прво, неговото име е Том. 181 00:09:14,499 --> 00:09:15,713 Моето не е. 182 00:09:15,737 --> 00:09:17,008 (Смеа) 183 00:09:17,032 --> 00:09:18,963 Второ, тој е двометраш. 184 00:09:18,987 --> 00:09:20,939 Јас имам тенденција да не сум. 185 00:09:20,963 --> 00:09:22,006 (Смеа) 186 00:09:22,030 --> 00:09:25,753 И трето, тој е најекстровертната особа што можете да ја најдете. 187 00:09:25,777 --> 00:09:28,157 Јас сум сериозен интроверт. 188 00:09:28,670 --> 00:09:30,365 Многу брзо се оптеретувам. 189 00:09:30,389 --> 00:09:35,203 Ако се напијам кафе после три попладне 190 00:09:35,227 --> 00:09:37,515 потоа нема да можам да спијам ноќе. 191 00:09:38,178 --> 00:09:42,130 Работевме на еден проект, а таму беше вклучен еден колега по име Мајкл. 192 00:09:43,320 --> 00:09:47,492 Мајкл речиси го уништи проектот. 193 00:09:48,528 --> 00:09:52,324 Човекот кој стоеше позади него ме праша мене и Том, 194 00:09:53,244 --> 00:09:54,703 "Што мислите за Мајкл?" 195 00:09:54,727 --> 00:09:56,997 Ќе ви кажам што рече Том. 196 00:09:57,021 --> 00:09:59,337 Тој зборуваше како класичен екстроверт. 197 00:09:59,955 --> 00:10:03,530 А еве како екстровертните уши го слушнаа она што јас го реков, 198 00:10:03,554 --> 00:10:05,507 што е прилично точно. 199 00:10:05,531 --> 00:10:09,791 Реков, "Па, Мајкл понекогаш е склон 200 00:10:10,385 --> 00:10:13,671 да се однесува на начин што на некои од нас 201 00:10:14,489 --> 00:10:18,624 ни изгледа како понаметлив одошто е потребно." 202 00:10:18,941 --> 00:10:21,251 (Смеа) 203 00:10:21,611 --> 00:10:23,388 Том ги преврте очите и рече, 204 00:10:23,412 --> 00:10:25,941 "Брајан, тоа го реков и јас: 205 00:10:26,629 --> 00:10:28,029 тој е серко!" 206 00:10:28,053 --> 00:10:30,230 (Смеа) 207 00:10:30,254 --> 00:10:32,075 (Аплауз) 208 00:10:33,509 --> 00:10:34,776 Како интроверт, 209 00:10:34,800 --> 00:10:39,805 можеби нежно ќе алудирам на одредени "сераторски" особини 210 00:10:39,805 --> 00:10:41,300 во однесувањето на овој човек, 211 00:10:41,324 --> 00:10:44,128 но нема да посегнам по с-зборот. 212 00:10:44,152 --> 00:10:45,928 (Смеа) 213 00:10:46,608 --> 00:10:48,328 Но екстровертот вели, 214 00:10:48,328 --> 00:10:51,392 "Ако така оди, ако така зборува, тогаш така и ќе го нарекувам." 215 00:10:51,416 --> 00:10:52,828 Едноставно не се разбираме. 216 00:10:53,498 --> 00:10:57,464 Дали е ова нешто на што треба да обрнеме внимание? 217 00:10:57,488 --> 00:10:58,654 Се разбира. 218 00:10:58,678 --> 00:11:00,262 Важно е да го знаеме ова. 219 00:11:00,286 --> 00:11:01,825 Дали е тоа се? 220 00:11:02,670 --> 00:11:04,711 Дали сме само овие црти? 221 00:11:05,563 --> 00:11:06,825 Не, не сме. 222 00:11:08,116 --> 00:11:10,372 Запамтете, вие сте како некои други луѓе 223 00:11:11,266 --> 00:11:12,975 и како ниту еден човек. 224 00:11:13,487 --> 00:11:15,922 Што е со уникатното во вас? 225 00:11:16,485 --> 00:11:19,736 Како Елизабет или како Џорџ, 226 00:11:19,760 --> 00:11:23,370 можеби сте екстровертни или невротични како некои други. 227 00:11:24,251 --> 00:11:28,258 Но, во вашето однесување, има ли нешто што е уникатно, 228 00:11:28,282 --> 00:11:30,479 што го има само кај вас, 229 00:11:31,732 --> 00:11:35,582 што ни помага подобро да ве разбереме одошто самите црти? 230 00:11:36,240 --> 00:11:38,643 Што ќе не натера да ве сакаме? 231 00:11:39,461 --> 00:11:42,455 Не само затоа што сте одреден тип на личност. 232 00:11:43,188 --> 00:11:45,812 Непријатно ми е да ги ставам луѓето во фиоки. 233 00:11:47,081 --> 00:11:49,672 Тие не припаѓаат таму. 234 00:11:51,235 --> 00:11:53,304 Што е тоа што не прави различни? 235 00:11:54,004 --> 00:11:58,901 Она што го правиме во нашиот живот -- личните проекти. 236 00:11:59,403 --> 00:12:01,224 Токму сега вие имате личен проект, 237 00:12:01,248 --> 00:12:04,334 за кој можеби никој овде не знае. 238 00:12:05,504 --> 00:12:07,312 Поврзан е со вашето дете -- 239 00:12:07,336 --> 00:12:09,536 се враќавте три пати во болницата, 240 00:12:09,560 --> 00:12:11,456 а тие сеуште не знаат што е проблемот. 241 00:12:13,373 --> 00:12:14,697 Или можеби со вашата мајка. 242 00:12:16,092 --> 00:12:18,194 И тогаш сте излегле од вашиот карактер. 243 00:12:18,218 --> 00:12:19,780 Тоа се слободни црти. 244 00:12:21,521 --> 00:12:24,601 Многу сте пријатни, но се однесувате непријатно 245 00:12:24,625 --> 00:12:28,498 за да се пробиете преку административните бариери 246 00:12:28,522 --> 00:12:29,673 во болницата 247 00:12:29,697 --> 00:12:32,323 за да добиете нешто за вашата мајка или вашето дете. 248 00:12:33,814 --> 00:12:35,321 Какви се овие слободни црти? 249 00:12:35,345 --> 00:12:37,915 Тие настануваат кога нашето 250 00:12:37,939 --> 00:12:40,592 однесување е водено од нашиот главен животен проект. 251 00:12:41,744 --> 00:12:43,802 И токму они се најважни. 252 00:12:43,826 --> 00:12:46,098 Не ги прашувајте луѓето кој е нивниот тип; 253 00:12:46,172 --> 00:12:49,360 прашајте ги, "Кои се клучните проекти во твојот живот?" 254 00:12:49,360 --> 00:12:51,304 Тогаш ги демонстрираме слободните црти. 255 00:12:51,328 --> 00:12:52,643 Јас сум интроверт, 256 00:12:52,667 --> 00:12:57,253 но мојот клучен проект, е да предавам. 257 00:12:57,640 --> 00:12:58,848 Јас сум професор. 258 00:12:59,798 --> 00:13:01,655 И ги овожавам моите студенти, 259 00:13:03,080 --> 00:13:04,667 го обожавам моето поле. 260 00:13:04,691 --> 00:13:10,469 Едвај чекам да им кажам што е ново, 261 00:13:11,366 --> 00:13:13,462 нешто што е интересно. 262 00:13:13,462 --> 00:13:15,462 Тогаш се однесувам на екстровертен начин, 263 00:13:15,486 --> 00:13:17,014 бидејќи во 8 изутрина 264 00:13:17,038 --> 00:13:19,382 на студентите им треба малку хумор, 265 00:13:19,406 --> 00:13:22,128 нешто што ќе им го направи интересен 266 00:13:22,152 --> 00:13:23,603 напорниот ден. 267 00:13:24,277 --> 00:13:26,084 Но треба да бидеме многу внимателни 268 00:13:26,456 --> 00:13:29,412 доколку долго време сме надвор од нашиот карактер. 269 00:13:30,679 --> 00:13:35,411 Понекогаш не се грижиме доволно за самите себе. 270 00:13:37,309 --> 00:13:41,923 Јас на пример, после период на псевдо-екстровертно однесување, 271 00:13:41,947 --> 00:13:45,277 имам потреба да бидам сам за да ги наполнам батериите. 272 00:13:45,916 --> 00:13:49,035 Исто како што рече Сузан Кејн во нејзината книга "Quiet," 273 00:13:49,059 --> 00:13:52,031 во поглавјето кое зборува за чудниот канадски професор 274 00:13:52,055 --> 00:13:54,050 кој во тоа време предавал на Харвард, 275 00:13:55,145 --> 00:13:56,805 и јас понекогаш одам во машкото WC 276 00:13:56,829 --> 00:14:00,525 за да избегам од лудилото кое го создаваат разузданите екстроверти. 277 00:14:01,069 --> 00:14:02,153 (Смеа) 278 00:14:02,177 --> 00:14:08,549 Се сеќавам еден ден се повлеков во тоалет кабината, 279 00:14:08,573 --> 00:14:10,858 обидувајќи се да ја намалам стимулацијата. 280 00:14:11,117 --> 00:14:16,364 Прав екстроверт дојде до мене -- не во мојата кабина, 281 00:14:16,388 --> 00:14:18,343 туку во кабината веднаш до мене -- 282 00:14:18,367 --> 00:14:20,690 можев да слушнам неколку олеснувачки звуци, 283 00:14:20,714 --> 00:14:22,983 кои ние ги мразиме -- дури и нашите, 284 00:14:23,007 --> 00:14:26,057 па затоа пуштаме вода за време на нужда и откако ќе завршиме. 285 00:14:26,057 --> 00:14:27,753 (Смеа) 286 00:14:28,360 --> 00:14:32,950 И тогаш слушнав еден рапав глас кој вели, 287 00:14:32,974 --> 00:14:35,409 "Еј, дали е тоа Д-р Литл?" 288 00:14:35,433 --> 00:14:37,362 (Смеа) 289 00:14:38,194 --> 00:14:44,835 Ако сакате да му предизвикате запек на интроверт кој ќе трае 6 месеци 290 00:14:44,835 --> 00:14:46,816 тогаш зборувајте му додека се олеснува. 291 00:14:46,840 --> 00:14:48,070 (Смеа) 292 00:14:48,094 --> 00:14:50,194 Таму одам сега. 293 00:14:50,696 --> 00:14:52,302 Немој да ме следите. 294 00:14:52,564 --> 00:14:53,743 Ви благодарам. 295 00:14:53,767 --> 00:15:02,885 (Аплауз)