WEBVTT 00:00:55.167 --> 00:00:57.957 Оние од нас што растеле во мали градови 00:00:58.117 --> 00:01:01.477 некогаш сигурно си рекле: 00:01:02.847 --> 00:01:04.907 „Овде нема можности. 00:01:05.399 --> 00:01:07.297 Нема ништо за нас. 00:01:07.637 --> 00:01:09.747 Не можам да најдам стабилна работа. 00:01:09.787 --> 00:01:12.941 Не можам да напредувам како што јас сакам.“ 00:01:13.882 --> 00:01:19.156 Внимавајте! Секогаш се наоѓа по некој човек, 00:01:19.221 --> 00:01:26.429 стар, со сива коса, и стомак колку неговото искуство, 00:01:26.456 --> 00:01:28.111 да не се навреди некој, 00:01:28.751 --> 00:01:33.509 што нѐ потсетува дека нештата биле подобри во минатото. 00:01:34.786 --> 00:01:36.949 Дали е навистина така? 00:01:38.950 --> 00:01:44.611 Или не знаеме да го искористиме она што ни се нуди? 00:01:45.726 --> 00:01:47.036 Кога размислувам за ова, 00:01:47.814 --> 00:01:50.930 неизбежно се присеќавам и на моите долгогодишни другари: 00:01:50.930 --> 00:01:53.489 Хуанчо, Франко и Емануел. 00:01:54.156 --> 00:01:56.052 Сликава што ја гледате 00:01:56.558 --> 00:01:59.880 е од 2009 г., кога одевме во средно училиште. 00:02:00.191 --> 00:02:02.895 Што да ви кажам за моите другари? 00:02:03.137 --> 00:02:04.771 Ги сакам многу, 00:02:05.248 --> 00:02:06.827 тие ми се како браќа 00:02:07.159 --> 00:02:11.176 и тоа се тројца препаметни момци кои, 00:02:11.546 --> 00:02:14.362 бидејќи ги немаа потребните средства 00:02:14.365 --> 00:02:17.969 да го учат она што го сакаа, 00:02:18.973 --> 00:02:22.822 останаа овде во градов, и, за чудо, 00:02:23.176 --> 00:02:26.395 сѐ до денес, не успеаја да најдат работа 00:02:26.395 --> 00:02:29.644 со која ќе успеат да ги претворат соништата во реалност. 00:02:30.557 --> 00:02:33.728 И јас, четвртиот на сликава, 00:02:33.728 --> 00:02:37.490 го чувствував недостатокот од можности. 00:02:37.490 --> 00:02:41.621 Моите родители, кои се многу вредни, направија натчовечки напори 00:02:41.710 --> 00:02:44.494 за да го учам она што го сакав, 00:02:45.199 --> 00:02:47.526 зашто знаеја, а знаев и јас, 00:02:47.664 --> 00:02:52.581 дека ако останам во градов, иако ќе можев да студирам нешто, 00:02:52.635 --> 00:02:56.979 сепак би имал иднина со помалку можности. 00:02:57.781 --> 00:03:03.422 Сте се запрашале како е тоа можно? 00:03:05.654 --> 00:03:08.462 Живееме во 21 век. 00:03:09.101 --> 00:03:13.166 Се наоѓаме среде феноменот наречен глобализација, 00:03:13.880 --> 00:03:18.827 каде настаните и напредокот се случуваат со огромна брзина, 00:03:19.322 --> 00:03:23.223 рушејќи ги границите и пречките меѓу луѓето. 00:03:24.618 --> 00:03:30.580 Во оваа смисла, градовите стануваат сѐ поважни. 00:03:31.065 --> 00:03:33.369 Да бидеме искрени: тие се нашиот дом. 00:03:33.369 --> 00:03:37.479 Ги создаваме и пресоздаваме со секој преземен чекор. 00:03:38.353 --> 00:03:44.762 Се проценува дека до 2050 г. 68% од светското население 00:03:44.762 --> 00:03:46.952 ќе живее во град. 00:03:47.461 --> 00:03:52.506 Да ме разберете полесно, тоа значи 7 од 10 луѓе 00:03:52.699 --> 00:03:54.447 ширум светот. 00:03:55.417 --> 00:03:57.283 7 од 10. 00:03:58.835 --> 00:04:02.542 Ако сè повеќе луѓе одбираат да живеат во градовите, 00:04:02.670 --> 00:04:06.595 значи таму имаме најголема можност за напредок. 00:04:08.012 --> 00:04:09.652 Зошто, тогаш, 00:04:09.652 --> 00:04:13.122 додека се чини дека некои градови заглавиле во минатото, 00:04:13.502 --> 00:04:17.663 други напредуваат, се сè поживи, секој сака да ги посети 00:04:17.663 --> 00:04:20.053 и секој сака да живее во нив? 00:04:21.484 --> 00:04:24.612 Ќе ви го дадам клучниот збор 00:04:24.612 --> 00:04:27.916 и ве молам запаметете го и откако ќе си одите одовде 00:04:27.968 --> 00:04:29.376 и ќе се вратите дома. 00:04:29.615 --> 00:04:31.550 Стратегија. 00:04:32.416 --> 00:04:36.029 Ако сакаме глобализацијата да биде корисна за нашите градови, 00:04:36.039 --> 00:04:39.080 да отвори повеќе можности за луѓето, 00:04:39.310 --> 00:04:42.870 мора да излеземе со јасна стратегија. 00:04:43.979 --> 00:04:45.806 Една од работите што ме плаши 00:04:45.806 --> 00:04:50.006 како иден професионалец по меѓународни односи 00:04:50.126 --> 00:04:51.897 е токму ова: 00:04:52.397 --> 00:04:54.295 поврзување на градовите 00:04:54.828 --> 00:04:57.781 со можностите кои ни ги нуди светот. 00:04:58.312 --> 00:04:59.909 Не безглаво, 00:05:00.144 --> 00:05:04.639 туку нагласувајќи ги силните страни, потенцијалот 00:05:04.639 --> 00:05:08.464 и обидувајќи се да го намалиме влијанието што светот може да го има 00:05:08.464 --> 00:05:10.818 врз нашите најранливи карактеристики. 00:05:11.886 --> 00:05:13.083 Можеби ќе речете: 00:05:13.083 --> 00:05:17.373 Како може да е толку добро, кога зборуваме за вистинскиот живот? 00:05:17.784 --> 00:05:23.520 Преку конкретни проекти што го подобруваат квалитетот на живот на населението 00:05:23.520 --> 00:05:29.291 и преку избегнување миграција на други места барајќи подобра иднина. 00:05:30.510 --> 00:05:34.982 Пак ќе ги споменам другарите. 00:05:36.146 --> 00:05:38.838 Ова е фотографија од пред неколку месеци. 00:05:39.393 --> 00:05:42.073 На прв поглед ќе забележите неколку работи. 00:05:42.432 --> 00:05:46.581 За почеток, сега имаме петти верен другар. 00:05:46.890 --> 00:05:48.090 Знаете кој? 00:05:48.386 --> 00:05:50.005 Алкохолот. 00:05:51.100 --> 00:05:53.002 Второ, може да речеме 00:05:53.002 --> 00:05:56.297 дека постои обратно пропорционален однос. 00:05:57.097 --> 00:06:00.416 Како што се подобрува квалитетот на сликите од телефон, 00:06:00.419 --> 00:06:02.955 ние изгледаме сѐ полошо. 00:06:02.955 --> 00:06:03.865 (смеа) 00:06:03.865 --> 00:06:07.985 Некои се здебелија, други имаат помалку коса. 00:06:10.470 --> 00:06:13.437 Знаете што ни е заедничко сѐ до денес, 00:06:13.437 --> 00:06:17.766 освен што сме длабоко приврзани еден за друг? 00:06:18.054 --> 00:06:21.151 Значаен недостаток на можности. 00:06:23.651 --> 00:06:27.657 Франко, на пример, десно од мене, 00:06:28.848 --> 00:06:34.217 беше државен првак на натпреварот по географија во 2012 г. 00:06:34.737 --> 00:06:36.444 Државен првак. 00:06:37.796 --> 00:06:38.666 Но денес, 00:06:38.666 --> 00:06:41.950 без разлика колку посветено учи за да стане учител по географија, 00:06:41.950 --> 00:06:46.568 нема време бидејќи работи деноноќно 00:06:47.058 --> 00:06:49.292 за да може да преживее. 00:06:50.145 --> 00:06:54.029 Тука е и Хуанчо, лево од мене. 00:06:54.197 --> 00:06:56.430 Сликани сме на неговиот роденден. 00:06:56.765 --> 00:07:00.496 Хуанчо сакаше да студира нешто поврзано со одбрана 00:07:00.496 --> 00:07:04.259 за да може да се приклучи на безбедносните сили. 00:07:04.557 --> 00:07:06.845 Но, бидејќи не успеа во намерата, 00:07:07.125 --> 00:07:09.555 постојано менува работни места 00:07:09.555 --> 00:07:12.581 и не може да го најде она што вистински го сака. 00:07:13.086 --> 00:07:14.889 И нему му е тешко да најде работа 00:07:14.889 --> 00:07:17.731 што ќе му пружи економска независност. 00:07:18.560 --> 00:07:22.361 На крај, Емануел, гениј за компјутери. 00:07:22.386 --> 00:07:26.719 Не можете да замислите каков генијалец. Може да поправи сѐ. 00:07:26.792 --> 00:07:31.322 Но, по напорниот ден поминат во продавница, 00:07:31.376 --> 00:07:33.858 продавницата која сам ја изградил од темел, 00:07:34.814 --> 00:07:37.535 студира компјутерско програмирање 00:07:37.535 --> 00:07:40.981 и не може да научи сѐ што би сакал 00:07:41.185 --> 00:07:43.466 зашто му недостигаат потребните алатки 00:07:43.482 --> 00:07:46.285 што Универзитетот не може да ги обезбеди. 00:07:47.225 --> 00:07:48.995 Човекот студира програмирање, 00:07:49.176 --> 00:07:53.756 а ги нема потребните програми за да го научи тоа. 00:07:56.157 --> 00:07:59.074 Најлошо од сѐ е што, 00:08:00.122 --> 00:08:03.460 ние, младите луѓе, 00:08:03.750 --> 00:08:08.442 не сме ништо полоши од остатокот од светот. 00:08:08.562 --> 00:08:10.785 Не сме поразлични. 00:08:11.407 --> 00:08:12.468 Знаете, 00:08:13.715 --> 00:08:18.493 неодамна имав среќа да бидам дел од група 00:08:19.078 --> 00:08:23.625 од 8 млади лидери од целиот свет и да учествувам на семинар 00:08:23.665 --> 00:08:27.185 во Њу Делхи, главниот град на Индија, цела недела. 00:08:27.683 --> 00:08:31.515 Ја претставував Аргентина, бев единствен Аргентинец таму 00:08:32.053 --> 00:08:35.672 и, тоа беше неверојатно искуство. 00:08:35.842 --> 00:08:37.802 Мислам, беше над сите очекувања. 00:08:39.072 --> 00:08:40.343 Научив многу. 00:08:40.643 --> 00:08:44.280 Но ако денес можам да споделам две работи со вас, 00:08:44.554 --> 00:08:45.909 тоа се следниве: 00:08:46.340 --> 00:08:49.540 прво, постојат милион нешта 00:08:49.642 --> 00:08:53.267 и тешко дека ќе можам доволно да ги нагласам 00:08:53.267 --> 00:08:55.478 за да ме разберете, 00:08:55.541 --> 00:08:58.821 но постојат милион прилики таму надвор 00:08:59.229 --> 00:09:01.932 за сечиј вкус. 00:09:02.853 --> 00:09:07.275 Но мора да ги побарате, нема да дојдат сами. 00:09:07.920 --> 00:09:11.039 Второ, не помалку важно, 00:09:11.568 --> 00:09:16.062 ние Аргентинците имаме брилијантни луѓе. 00:09:16.301 --> 00:09:19.583 Нема зошто да им завидуваме на младите Американци 00:09:19.787 --> 00:09:22.054 на Кинезите, или на кого било. 00:09:22.471 --> 00:09:26.412 Знаете што немаме и по што се разликуваме од нив? 00:09:26.666 --> 00:09:31.615 Тоа што тие живеат во држава која е присутна во светот 00:09:31.615 --> 00:09:34.857 и им носи можности за да можат да се развиваат. 00:09:36.083 --> 00:09:42.137 Уште еднаш, сакаме подобри градови? Да излеземе со јасна стратегија во светот. 00:09:43.796 --> 00:09:47.918 Се сеќавам кога првпат отидов во Росарио, 00:09:47.918 --> 00:09:52.845 тргнав на факултет 3 дена пред да наполнам 18 год. 00:09:53.129 --> 00:09:57.701 Бев дете, преплашено дете, со многу стравови. 00:09:58.571 --> 00:10:03.520 Никогаш не можев јавно да кажам бидејќи ми беше многу тешко 00:10:03.520 --> 00:10:08.386 и сите околу мене знаеја што сѐ ќе треба да поминам. 00:10:09.925 --> 00:10:13.925 Тешко е да го напуштите својот град, својот дом, 00:10:14.185 --> 00:10:16.184 тоа е како да оставате дел од срцето. 00:10:16.675 --> 00:10:20.597 И денес се чувствувам така, а поминаа речиси 6 год. 00:10:21.902 --> 00:10:27.301 За да не ви се случи истото вам или на вашите пријатели 00:10:27.755 --> 00:10:29.708 или на кој било што го познавате, 00:10:30.207 --> 00:10:34.410 неопходно е да се создадат услови за младите луѓе 00:10:34.410 --> 00:10:38.084 за да останат во нашите градови и да се развиваат таму. 00:10:38.956 --> 00:10:40.006 Освен тоа, 00:10:40.536 --> 00:10:45.308 што може повеќе да ви даде крилја од градот каде сте родени? 00:10:45.516 --> 00:10:48.716 Ако имаме стратегија, можеме. 00:10:51.455 --> 00:10:55.903 Замислете колку брилијантен би бил Франко 00:10:56.942 --> 00:11:00.343 кога би можел целосно да се посвети на географијата. 00:11:01.592 --> 00:11:05.612 Или Хуанчо, кога би бил член на безбедносните сили 00:11:05.612 --> 00:11:06.832 на нашата земја. 00:11:07.638 --> 00:11:12.039 Или, Емануел, кога би ги имал потребните програми 00:11:12.039 --> 00:11:14.601 и би можел да продолжи со студирање. 00:11:16.425 --> 00:11:17.501 Вака... 00:11:18.671 --> 00:11:19.617 Вака... 00:11:20.581 --> 00:11:24.178 вака го гледаме недостатокот од можности. 00:11:26.235 --> 00:11:30.361 Во случај ова што го зборувам 00:11:31.012 --> 00:11:33.633 да не е доволно уверливо 00:11:34.794 --> 00:11:36.541 и сакате уште еден пример - 00:11:37.732 --> 00:11:38.515 Погледнете. 00:11:39.605 --> 00:11:40.784 Погледнете го ова. 00:11:42.791 --> 00:11:49.561 Ова е тетоважата што ја направив кога конечно ја преболев 00:11:49.561 --> 00:11:54.809 длабоката клиничка депресија по напуштањето на родниот град, 00:11:56.868 --> 00:12:03.449 по два обиди за самоубиство и многу психолошки третмани 00:12:04.084 --> 00:12:07.696 кои беше тешко да се пребродат. 00:12:09.943 --> 00:12:12.465 Ако сакаме да ставиме крај на ова, 00:12:12.786 --> 00:12:15.773 мораме стратешки да настапиме во светот. 00:12:16.736 --> 00:12:20.558 Ве молам, не дозволувајте нашите градови да изумрат. 00:12:21.062 --> 00:12:22.539 Ви благодарам многу.