Што направи војната против дрогата со светот? Погледнете ги убиствата и хаосот во Мексико, Средна Америка и многу други места на планетата. Светскиот црн пазар се проценува на 300 милијарди долари годишно. Затворите се пренатрупани во САД и насекаде, полицијата и армијата се вовлечени во непобедива војна која ги крши основните права, а обичните граѓани само се надеваат дека нема да се најдат во престрелката. Истовремено се повеќе луѓе користат се повеќе дрога. Тоа е историјата на мојата земја за време на прохибицијата и Ал Капоне, помножено со 50. Затоа посебно ме тревожи како Американец дека ние сме движечката сила на оваа глобална војна против дрогата. Прашајте се зошто толку држави имат криминал со дроги за кои никогаш не чуле, зошто повелбите на ОН нагласуваат илегализација наместо здравствена заштита, и зошто најголемиот дел од светските пари за справување со дрога се одлеваат кон тие кои казнуваат а не кон тие кои помагаат, и ќе видите дека САД стои зад тоа. Зошто го правиме ова? Некои луѓе, посебно во Јужна Америка, мислат дека не се работи за дрога, туку е мачкање очи за ширење на интересите на реалната политика на САД. Но, воглавно не се работи за тоа. Не сакаме гангстери и герили, финансирани со илегалните пари од наркотици, да тероризираат и освојуваат нации. Не, фактот е, Америка е полудена кога се работи за дрога. Не заборавајте, ние сме тие кои мислевме дека можеме да забраниме алкохол. Помислете на нашата глобална војна не како на некој вид рационална политика, туку како интернационална проекција на домашната психоза. (Аплауз) Но има и добра вест. Сега Русите ја предводат војната против дрогата, не ние. Повеќето политичари во мојата земја сакаат да се вратат назад, да стават во затвор неколкумина, не многу и горд сум да кажам како Американец дека ние го предводиме светот во реформирмите на законот за марихуана. Таа е сега легална за медицински потреби во речиси половина од 50-те држави, милиони луѓе можат да си купат марихуана, својот лек, во овластени аптеки и повеќето мои сограѓани сега велат дека е време легално да се регулира и оданочува марихуаната, слично на алкохолот. Тоа го прават Вашингтон и Колорадо, а Уругвај и други сигурно ќе ги следат во тоа. Па, еве што правам јас: работам за да ја запрам борбата против дрогата. Мислам дека сѐ почна кога растев во религиозно-морално семејство како најстар син на рабин кој кога отиде на факултет испуши некоја марихуана и ми се допадна. (Смеа) И пиењето ми се допаѓаше, но јасно беше дека алкохолот беше поголема опасност од двете, но со другарите можевеме да бидеме уапсени за пушење трева. Тоа лицемерие секогаш ме нервираше и напишав дисертација за меѓународна контрола на наркотици. Си пробив пат до Стејт Департментот. Добив безбедносни дозволи. Интервјуирав стотици агенти на ДЕА и други владини агенти ширум Европа и Америка и ги запрашав: „Што мислите, кој е одговорот?“ Во Јужна Америка ми рекоа: „Не можеш да го запреш снабдувањето. Одговорот е во САД, треба да се прекине побарувачката.“ Така, кога се вратив дома и зборував со луѓето вклучени во активности за сузбивање на наркотици, ми рекоа дека не можам да ја спречам побарувачката, дека треба да го спречам снабдувањето. Потоа одев и зборував со момците на царина, обидувајќи се да ја запрам дрогата на граница, и ми рекоа: „Нема да ја спречиш овде. Одговорот е таму, треба да се прекине снабдувањето и побарувачката.“ Ми светна: Сите инволвирани во ова мислеа дека одговорот лежи на местото за кое тие многу малку знаат. Затоа почнав да читам сѐ што можев за психоактивните дроги, историјата, науката, политиката-сѐ. Колку повеќе читаме, толку појасно станува дека разумниот, просветлениот и интелигентен пристап те носи тука, додека политиката и законите во мојата земја те носи тука. И таа несразмерност ми се чинеше како неверојатна интелектуална и морална загатка. Веројатно никогаш не постоело општество без дрога. Речиси сите општества имаат апсорбирано психоактивни супстанци против болки, зголемување на енергија, за социјализирање, дури и да комуницираат со Бог. Нашата желба да ја измениме потсвеста може да е исто толку значајна како нашите потреби за храна, друштво и секс. Значи, нашиот вистински предизвик е да научиме како да живееме со дрогата за да научиме како да предизвикаме најмала можна штета а во некои случаи и најмногу придобивки. Ќе ви кажам што уште научив- -дека причината зошто некои дроги се легални а некои не, нема врска со науката, здравјето или релативниот ризик од дрога, и речиси целосно има врска со тоа кој ја зема и кого го сметаат за корисник на одредена дрога. Кон крајот на 19 -от век, кога повеќето од дрогите кои сега се нелегални беа дозволени, најголемите потрошувачи на опијати во мојата земја и на други места, беа средовечни бели жени, кои ги користеа за намалување на болки кога немаше доволно аналгетици. И никој не помислуваше на криминал тогаш бидејќи никој не сакаше да си ја стави својата баба во затвор. Но кога почнаа да надоаѓаат стотици илјади Кинези во мојата земја, кои макотрпно работеа на пругите и во рудниците и се опуштаа навечер, како некогаш во својата земја, со по некој испафкан чад од луле со опиум, тогаш се донесоа првите забрани за наркотици во Калифорнија и Невада, поттикнати од расизмот кон Кинезите трансформирајќи ги белите жени во сексуални робинки зависни од опиум. Првите забрани за кокаин, слично иницирани од расистички страв кон црнците кои го шмркаа белиот прашок за да заборават на кое место се во општеството на Југот. А првите забрани за марихуана, се заради стравот од мексиканските мигранти на Запад и на Југо-Запад. Она што беше вистина во мојата земја беше вистина и во други земји, во однос на изворот на забраните и нивната примена. Гледајте на ова вака, а јас само благо ќе претерам: Ако корисниците на кокаин беа богати, постари белци а корисниците на вијагра беа сиромашни, млади црнци, тогаш кокаинот ќе можеше лесно да да се набави со лекарски рецепт а продавањето на вијагра ќе ви донесеше од 5-10 години затвор. (Аплауз) Порано бев професор и го предавав тоа. Сега сум активист, активист за човекови права, и мојот поттик е мојот срам што припаѓам на една прекрасна нација која сочинува 5% од светското население, но со 25% од вкупниот број на затвореници во светот. Среќавам луѓе кои ги изгубиле луѓето кои ги сакале заради насилство, затвор, предозирање или сида, бидејќи нашата политика за наркотици го потенцира криминалот а не здравјето. Добри луѓе останале без работа, без дом, без слобода, дури и без своите деца заради државата, не зашто повредиле некого туку затоашто одбрале да користат една дрога наместо друга. Значи, дали легализацијата е одговорот? Се двоумам околу тоа: три дена во неделата мислам да, три дена во неделата мислам не., а во недела сум агностик. Бидејќи денес е вторник, ќе речам дека, со легални регулативи и даноци, бројните наркотиците кои сега се криминогени значително ќе го намалат криминалот, насилството, корупцијата, црниот пазар, и проблемите со нечиститите и штетни дроги. Со тоа ќе се подобри јавната безбедност и даночните извори ќе бидат наменети кон покорисни цели. Погледнете, пазарот на марихуана, кокаин, хероин и мета-амфетамините е глобален светски пазар исто како глобалниот пазар на алкохол и цигари, кафе, шеќер и многу други производи. Кога има побарувачка, ќе има и снабдување. Срушете еден извор и неминовно ќе се појави друг. Луѓето ја сметат прохибицијата за краен законски облик, а таа всушност е одрекнување од законот и создавање на криминалци. Затоа, поставувањето на законите и полицијата во првите и централните редови, со цел да се контролира динамичниот светски пазар, е формула за катастрофа. Она што треба да го сториме е да да го доведеме подземниот пазар на наркотици што е можно повисоко на површина и да го регулираме на најинтелигентен начин за да ги намалиме штетите од дрогата и штетите од законот за прохибиција. За марихуаната, тоа би значело легално регулирање и оданочување како алкохолот. Придобивките од ова ќе бидат огромни а ризиците минимални. Дали ќе има повеќе корисници на марихуана? Можеби, но тоа нема да се млади луѓе, зашто легализирањето нема да е за нив, и да бидам искрен,тие веќе имаат најлесен пристап до марихуана. Мислам дека тоа ќе бидат постарите лица. Луѓе на свои 40-ти, 60-ти и 80-ти години кои повеќе ќе сакаат малку марихуана отколку пијалок навечер или таблети за заспивање, за олеснување на артритисот и дијабетот, или за освежување на нивниот долгогодишен брак. (Смеа) Тоа може да е значајна придобивка за јавното здравје. Во однос на другите дроги, видете ја Португалија каде никој не оди во затвор за поседување дрога, а власта сериозно се посвети да ја третира зависноста како болест. Видете ги Швајцарија, Германија, Холандија, Данска, Англија, каде луѓето, кои биле долгогодишни зависници од хероин, постојано, безуспешно се обидувале да се одвикнат сега можат да добијат медицински хероин и стручна помош на клиники. И резултатите се тука: нелегалното користење на дроги, болестите предозирањата, криминалот и апсењата се намалени, а здравјето и благостојбата се подобруваат, даночниците имат корист и многу корисници на дроги веќе се откажале од зависноста. Во Нов Зеланд неодамна се донесе закон за дозволено продавање на рекреативни дроги доколку е утврдена нивната безбедност. Во Бразил и други земји, каде исклучително психоактивната супстанца ајахуаска може легално да се купи и конзумира доколку е наменета за религиски цели. Во Боливија и Перу, каде сите производи добиени од лист на кока, изворот на кокаин, се продаваат легално на тезгите без очигледни последици по здравјето на луѓето. Не заборавајте, Кока-Кола содржеше кокаин до 1900-та, и чинам, не создавала повеќе звисност од денешната Кока-Кола. Наспроти ова, помислете на цигарите: ништо не може да ве погоди и убие како цигарите. Кога истражувачите ги прашувале зависниците од хероин која дрога е најтешко да се остави, повеќето рекле-цигарите. Но, во мојата земја и многу други, половина од луѓето кои биле звисници од цигари се откажале без некој да биде уапсен и ставен зад решетки или испратен на лечење од страна на тужител или судија. Тоа беше резултат на високи даноци и временско и просторно ограничување за продажба и користење и ефикасните кампањи против пушењето. Ќе можеме да го намалиме пушењето уште повеќе ако целосно го преобразиме во нелегално? Можеби. Но замислете го кошмарот од војната со дрогата што би се случил. Значи, денес сме соочени со двоен предизвик. Првиот е измена на законот за дефинирање и имплементирање на алтернативи за неефикасните мерки за забрана, да стануваме сѐ подобри во регулирањето и да живееме со дроги кои сега се легални. Но, вториот предизвик е потежок бидејќи е за нас. Пречката за реформи не лежи само таму некаде надвор во моќта на затворските индустриски комплекси или во интересот на тие што имаат корист од сегашните состојби, туку пречката е во секој од нас. Тоа е нашиот страв и нашето незнаење и замислата која ги попречува вистинските реформи. И на крај, мислам дека сѐ сведува на нашите деца, и на желбата на секој родител да го стави своето дете во стаклено звоно и стравот дека дрогата ќе го скрши стаклото и ќе ги изложи децата на ризик. Всушност, понекогаш се чини дека целата борба против дрогата е оправдана со чинот на огромната заштита на децата, за која, секој млад човек ќе потврди дека не е вистина. Еве што ќе им порачам на тинејџерите. Прво, не земајте дрога. Второ, не земајте дрога. Трето, ако земете дрога, има нешто што треба да знаете, зашто и јас, како вашите родители, сакам да се вратите безбедно дома на крајот на ноќта, и да израснете во здрави и добри возрасни луѓе. Тоа е мојата образовна мантра. Безбедноста на прво место. На тоа го посветив мојот живот, да основам организација и движење на луѓе кои веруваат дека треба да им свртиме грб на неуспешната забрана од минатото и да прифатиме нови закони за дрога засновани на наука, посветеност, здравје и човекови права, каде ќе има луѓе со различни политички и други погледи, луѓе кои ја сакаат дрогата, луѓе кои ја мразат дрогата и луѓе на кои не им е грижа за дрогата, туку секој од нас ќе верува дека оваа борба против дрогата, оваа заостаната, бездушна, уништувачка борба против дрогата мора да заврши. Ви благодарам! (Аплауз) Благодарам! Благодарам! К.Андерсен:Итан, Честитки-вистинска реакција. Моќен говор. Иако не со вистински овации, сепак сметам дека некои луѓе овде, и некои од гледачите онлајн, можеби некој познава тинејџер или пријател или некој кој се разболел, можеби и некој кој починал од предозирање. Сигурен сум, луѓето ти пристапуваат. Што им велиш? Крис, најчудесно е тоа што среќавам сѐ поголем број на луѓе кои изгубиле брат/сестра или дете заради предозираност а пред 10 год. тие луѓе велеа дека дилерите треба да се застрелаат и тоа ќе го реши проблемот. Тие сфатија дека борбата против дрогата не направи ништо за нивните деца. Уште повеќе, го зголемува ризикот за децата. Затоа, сега стануваат дел од движењето за реформи на законот. Има и други луѓе кои имаат деца, некој зависен од алкохол, друг од кокаин или хероин, и се прашуваат: Зошто ова дете може малку по малку да заздравее а друго се соочува со затвори, полицијата и криминалот истовремено? Значи, сите сфаќаат дека борбата против дрогата никого не заштитува. Сигурно во САД имаш многу кочници околу многу прашања. Дали постои реална шанса нешто да се промени во однос на ова прашање во наредните 5 години? Исклучително е што добивам повици од новинари кои ми велат: „Итан, изгледа само во однс на 2 прашања се постигнува голем напредок во САД сега, а тоа се марихуаната и геј браковите. Како успеваш? Потоа, гледаме како двопартијноста се нагласува со републиканците во Конгресот и државните законоднвни тела и заедничкото донесување закони со мнозинска поддршка од демократите, па, некако ја прејдовме црната точка на патот, најстрашното прашање на политиката на САД, да се биде еден од најуспешните. К.А.:Итан, ти благодарам за учеството