Мнозина луѓе дојдоа и му кажаа на Јосафат дека огромна војска се приближува за да војува со него. Вознемирен од оваа вест, Јосафат прогласи пост за цела Јудеја. Луѓето доаѓаа од сите градови во Јудеја да постат и да се молат заедно. Бевме дел од голема група, а Јосафат искрено го молеше Бога за помош. Тогаш еден човек по име Езекиел стана и рече дека Јосафат не треба да биде загрижен— дека тоа не е негова битка, туку Господова. Беше рано наутро кога тргнавме накај пустината Текоа. Бевме навистина загрижени дека ќе се соочиме со оваа огромна војска, но ни беше кажано да имаме верба. Исто така и се молевме. Кога нашиот извиднички вод се појави на ридот, видовме само мртви тела насекаде. Непријателите очигледно се имаа свртено едни против други. Молитвите на Јосафат ја освоија битката наместо него дури и без потреба од борба.