Оваа програма е реализирана
од Универзитетот Стенфорд.
Можете да ја посетите
нашата веб страна stanford.edu
(Аплауз)
Благодарам!
Чест ми е да бидам со вас денес кога почнуватеда студирате на еден
од најдобрите универзитети во светот.
Да бидам искрен,јас никогаш
не дипломирав. Ова е најмногу
што имам од факултетска диплома.
Денес ќе ви раскажам
три стории од мојот живот.
Ништо посебно, само три стории.
Првата е за поврзувањето на точките.
Го напуштив факултетот во првите
шест месеци. Но,останав уште 18 месеци
како вонреден студент
пред да напуштам целосно. Зошто напуштив?
Тоа почна пред да се родам. Мојата
биолошка мајка-млада, немажена студентка
решила да ме даде на посвојување.
Верувала дека ќе ме посвојат
факултетски образовани луѓе.
Така сè беше среденоштом се родам да ме
посвојат адвокат и неговата сопруга.
Но, во последен миг, кога се родив
одлучиле дека сакаат девојче.
Моите родители кои биле на листа
на чекање, добиле повик среде ноќ:
„ Неочекувано добивме
машко дете. Дали го сакате?“
Тие одговориле:„Се разбира.“
Мојата биолошка мајка подоцна открила дека
мајка ми нема дипломирано на факултет
и дека а татко ми никогаш
не завршил средно.
Одбивала да потпише документи
за посвојување. Дури после неколку месеци
потпишала откако родителите
ветиле дека ќе одам на факултет.
Тоа беше почетокот на мојот живот.
После 17 години се запишав на факултет,
но наивно одбрав еден кој беше
скап колку и Стенфорд и сета заштеда
на моите родители-работници
отиде на мојата школарина.
По 6 месеци, не видов придобивка од тоа.
Не знаев што сакав од животот
и не знаев како факултетот
ќе ми помогне во тоа.
А на него ги трошев сите пари
кои родителите ги штеделе цел живот.
Решив да напуштам и верував
дека сè ќе биде добро.
Беше страшно ама од оваа перспектива сега,
тоа беше мојата најдобра одлука
(Смеа)
Кога напуштив,не морав веќе да одам
на часови кои не ме интересираа.
Одев само на тие кои ме интересира.
Не беше романтично, немав сместување,
спиев на подот кај другарите.
Враќав Кока Кола шишиња
за да си купам храна
и пешачев 11км секоја недела
за пристоен неделен оброк
во храмот на Хари Кришна. Го обожавав.
Сè што поминав, од љубпитство
и интуиција испадна
скапоцено искуство подоцна.
Да ви дадам пример,Ред Колиџ во тоа
време нудеше најдобри
инструкции по калиграфија. На секој
постер, низ целиот универзитет
и секој шкаф беше украсен со калиграфија.
Бидејќи се отпишав и не
одев на редовна настава, решив
да земам часови по калиграфија. Научив за
сериф и санс-сериф знаците,
за варијациите на проредите
кај различни комбинации и што значи
добра типографија.
Беше прекрасна, историска,
уметнички рафинирана како ниедна наука
и јас бев обземен.
Ништо од тоа немаше практична
примена во мојот живот.
Но, по 10 год.кога го дизајниравме
првиот Мекинтош, се сетив на тоа.
Го дизајниравме во Мекинтош. Тоа беше
првиот компјутер со прекрасна типографија.
Ако не одев на тој курс
по калиграфија, Мек никогаш
немаше да ги добие разновидните
фонтови и пропорционалните прореди.
Бидејќи Windows го копираше Мек,
веројатно ни еден компјутер ќе ги немаше.
(Смеа и аплауз)
Ако не се откажев, немаше да одам
курсот по калиграфија и компјутерите
можеби никогаш ќе ја немаа прекрасната
типографија што ја имаат.
Се разбира,невозможно беше да се
поврзат точките кога бев на факултет,
но беше многу очигено 10 год. подоцна.
Не можеш да ги порзеш точките
гледајќи напред туку гледајќи наназад.
Треба да веруваат дека точките
некако ќе се поврзат во иднина.
Треба да верувате во нешто, Бог
судбина,живот,карма,што и да е,
зашто ако верувате дека точките ќе се поврзат ќе верувате
следејќи го срцето дури и кога
ве води вон познатата патека
и тоа ќе ја направи разликата.
Мојата втора приказна
е за љубовта и загубата.
Имав среќа,открив што сакав да правам
во животот.Воз и јас го започнав, Apple
во гаражата на моите кога имав 20 год.
Работевме напорно и за 10 год.
Apple прерасна во компанија
од 2 милијарди долари
со над 4000 вработени. Само што го
промовиравме најубавиот изум,Мекинтош
една година пред тоа а јас само
што наполнив 30 год. Тогаш добив отказ.
Како може да добиете отказ од компанија
која ја создадовте? Apple растеше
и најмивме човек кој сметав е талентиран
да ја води компанијата со мене.
Во почетокот одеше добро,но се разијдовме
околу погледите за иднината
и на крај се разделивме а нашиот
борд на директори му даде нему поддршка.
Така,на 30 год. бев отфрлен,јавно отфрлен.
Сè она што беше центар
на мојот интерес го снема и јас бев очаен.
Не знаев што да правам ,како да ја
изневерив претходната генерација
претприемачи,како да ибегав
од одговорноста што ми ја дадоа.
Се сретнав со Д. Пакард и Б.Нојс и се
обидов да им се извинам за својот неуспех.
Доживеав јавен неуспех дури
мислев и да заминам од долината.
Но нешто ме спречуваше, сè уште
го сакав тоа што го работев.
Настаните со Apple не го
променија тоа.Ме отфрлија,но
сè уште го сакав тоа. Решив
да почнам пак.Тогаш не сфаќав
но,отпуштањето од Apple беше најдоброто
нешто што ми се случи.
Тешкотијата да се биде успешен се претвори
во леснотија да се биде почетник пак,
помалку сигурен за сè. Тоа беше еден
од моите најкреативни периоди.
Следните 5 год.ја формирав компанијата Next, и друга компанија Pixar,
и се заљубив во една прекрасна
жена која ќе стане моја сопруга.
Pixar го создаде првиот компјутерски
анимиран фим „Приказна за играчките“,
и сега најуспештното студио
за анимации во светот.
(Аплауз)
За чудо, Apple ја купи Next и јас
се вратив во Apple и технологијата
што ја развивме во Next е во јадрото
на обновата на Apple во моментов. Лерин и јас