Се е меѓуповрзано.
Како Шинекок Индијанец, така ме учеа уште како мала.
Ние сме мало рибарско племе
сместено на југоисточниот дел од ,,Лонг Ајленд''
во близина на гратчето Саутемптон во Њујорк.
Кога бев малечка,
за време на еден топол летен ден, дедо ми ме изнесе надвор да седам на сонцето.
Немаше облаци на небото.
И после некое време почнав да се потам.
Тој посочи кон небото и рече,
,,Гледај, го гледаш тоа?
Тоа е дел од тебе.
Таа вода е дел од тебе, ги создава облаците
од кои пак доаѓа дождот кој ги храни растенијата,
а кои пак ги хранат животните.''
Како дел од моето постојано истражување на
теми од природата кои ја илустрираат поврзаноста на сиот жив свет.
во 2008 започнав да бркам бури
откако ќерка ми ми рече, ,,Мамо, треба да го направиш тоа.''
И така три дена подоцна, возејќи многу брзо,
бев во ситуација во која бркав еден огромен облак наречен ,,супер клетка','
кој може да произведе град со големина на грејпфрут
и спектакуларни торнада,
иако само два проценти успеваат во тоа.
Овие облаци може да станат многу големи, се до 50 милји во ширина
и достигнуваат до 65,000 стапки во атмосферата.
Можат да станат толку големи, што ја блокираат сета светлина
и е многу мрачно и застрашувачко ако се најдете под нив.
Бркањето на бури е многу длабоко доживување.
Има топлина, влажен ветер ви дува в грб,
па тука е мирисот на земјата, на пченицата, тревата и наелектризираните честички.
Па ги имате боите на облаците во кои
се создава град,
Научив да ја почитувам молњата.
Мојата коса претходно беше права.
(Смеа)
Се зезам.
(Смеа)
Она што навистина ме возбудува кај овие бури
е нивното движење, начинот на кој се вртат и брануваат,
и нивните мамутски облаци...
Се претвараат во прекрасни чудовишта.
Кога ги фотографирам,
не можам, а да не се сетам на лекцијата од дедо ми.
Кога стојам под нив,
не гледам само облаци,
туку сфаќам дека имам чест да ги набљудувам
во помал размер, истите сили, истите процеси,
кои ја создале нашата галаксија, нашиот сончев систем, нашето сонце
и дури и оваа наша планета.
Сите мои поврзаници. Ви благодарам
(Аплауз)