Return to Video

Како навистина изгледа да се има аутизам

  • 0:02 - 0:07
    Многумина знаат за аутизам.
  • 0:08 - 0:10
    На пример, некои мислат дека
  • 0:10 - 0:14
    аутистичните луѓе се мажи со светол тен
  • 0:14 - 0:17
    кои зборуваат со монотон глас
  • 0:17 - 0:20
    и постојано продолжуваат со истата тема.
  • 0:21 - 0:26
    Некои мислат дека аутистичните луѓе
    не разликуваат добро и лошо,
  • 0:26 - 0:28
    губат внимание
  • 0:28 - 0:32
    и обично кажуваат погрешни
    нешта во погрешно време.
  • 0:32 - 0:36
    Некои мислат дека аутистичните
    луѓе се асоцијални
  • 0:36 - 0:38
    и немаат смисла за хумор и емпатија.
  • 0:40 - 0:43
    Ако се сложувате со ова што го реков,
  • 0:43 - 0:44
    жал ми е што ќе ви речам,
  • 0:45 - 0:48
    но ја немате вистинската
    слика за аутизмот.
  • 0:49 - 0:50
    Како знам?
  • 0:51 - 0:54
    Бидејќи јас имам аутизам.
  • 0:54 - 0:59
    Имам свои опсесии
    со нешта како електроника
  • 0:59 - 1:02
    и јавен превоз,
  • 1:02 - 1:04
    но тоа не ме дефинира.
  • 1:05 - 1:08
    Секој од нас е различен
    и единствен на свој начин.
  • 1:09 - 1:13
    Сепак, нема многу информации
  • 1:13 - 1:16
    за тоа како изгледа аутизмот,
  • 1:16 - 1:19
    па луѓето често користат
    стереотипи.
  • 1:20 - 1:22
    Ова најчесто го гледаме во медиумите.
  • 1:23 - 1:27
    Најчестите стереотипи
    прикажани на медиумите
  • 1:27 - 1:29
    се асоцијално однесување
  • 1:29 - 1:31
    и недостиг на емпатија,
  • 1:31 - 1:33
    па дури и бидувањето супер генијален.
  • 1:36 - 1:41
    Непознавањето на аутизмот
    не застанува тука.
  • 1:41 - 1:44
    Знаете дека некои луѓе се обидуваат
    да најдат лек за аутизам?
  • 1:44 - 1:47
    Бидејќи на тоа гледаат
    како нешто негативно,
  • 1:47 - 1:48
    како болест.
  • 1:49 - 1:51
    Многумина се спротивставуваат на таа идеја
  • 1:51 - 1:56
    и што се однесува на нас,
    ние сметаме дека аутизмот не е болест.
  • 1:56 - 2:00
    Тоа е само еден поинаков начин
    на размислување и поглед кон светот.
  • 2:01 - 2:04
    Нашиот ум функционира поинаку
    од умот на другите луѓе.
  • 2:05 - 2:08
    Како да споредувате ИксБокс и Плејстејшн.
  • 2:08 - 2:11
    И двете се моќни конзоли оспособени
    за различни програмирања.
  • 2:12 - 2:16
    Но, ако ја ставите вашата ИксБокс
    игра на Плејстејшн,
  • 2:16 - 2:21
    нема да функционира бидејќи Плејстејшн
    работи на друг принцип.
  • 2:25 - 2:27
    Кога погледнувам во огледало,
  • 2:27 - 2:29
    гледам некој кој размислува поинаку.
  • 2:29 - 2:31
    Ах, истотака гледам и убава коса.
  • 2:31 - 2:33
    (смеа)
  • 2:33 - 2:39
    (аплауз)
  • 2:39 - 2:41
    Но, прашањето е:
  • 2:41 - 2:45
    дали навистина имам болест
    ако само размислувам поинаку?
  • 2:48 - 2:53
    Најголемиот проблем да се биде
    аутистичен во денешниот свет
  • 2:53 - 2:56
    е тоа што светот не е изграден за нас.
  • 2:56 - 3:00
    Постојат многу нешта
    што можат да не` вознемират.
  • 3:00 - 3:02
    На пример,
  • 3:02 - 3:07
    нешто што ме вознемирува
    цело време е гласната бучава,
  • 3:07 - 3:10
    што значи никогаш не слушам
    многу гласна музика
  • 3:11 - 3:15
    и не сум љубител на големи забави.
  • 3:15 - 3:19
    Но, некои други луѓе со аутизам
    можат да се вознемират
  • 3:19 - 3:22
    од други нешта, како силна
    светлина или остар мирис
  • 3:22 - 3:24
    или лепливи смеси
  • 3:25 - 3:28
    сите тие имаат потенцијал
    да создадат вознемиреност.
  • 3:29 - 3:34
    Помислете на сите друштвени собири
    на кои сте биле во минатото.
  • 3:34 - 3:36
    Имаше гласна музика?
  • 3:37 - 3:39
    Имаше силно осветлување?
  • 3:40 - 3:44
    Се чувствуваа различните мириси
    на храна истовремено?
  • 3:44 - 3:48
    Разговараа многумина истовремено?
  • 3:49 - 3:52
    Овие состојби може не ве
    вознемируваат вас,
  • 3:52 - 3:55
    но за некој со аутизам
  • 3:55 - 3:57
    тие се навистина вознемирувачки.
  • 3:58 - 4:03
    Во такви ситуации ние правиме
    така наречена автостимулација,
  • 4:03 - 4:06
    нешто налик на повторливи
    движења или звуци
  • 4:06 - 4:12
    или друг вид на гестикулација која
    не секогаш изгледа нормално.
  • 4:13 - 4:15
    Некои луѓе мавтаат со рацете
  • 4:15 - 4:19
    или испуштаат звуци или се вртат.
  • 4:20 - 4:23
    Да, во основа, тоа е нашиот
    начин да се исклучиме.
  • 4:25 - 4:27
    Честопати ни е потребно
    да се самостимулираме.
  • 4:28 - 4:31
    Но, честопати го исмеваат тоа
  • 4:31 - 4:33
    и мораме да го криеме.
  • 4:34 - 4:38
    Кога сме приморани да ги криеме
    аутистичните карактеристики,
  • 4:38 - 4:39
    тоа се нарекува маскирање.
  • 4:41 - 4:44
    Некои луѓе се маскираат подобро од други.
  • 4:45 - 4:51
    Некогаш толку добро се маскирам
    што не се забележува дека имам аутизам
  • 4:51 - 4:55
    додека не се разоткријам.
  • 4:56 - 5:00
    Но, на крајот од денот
    навистина е стресно.
  • 5:00 - 5:03
    Дури и пишувањето
    на домашната работа навечер
  • 5:03 - 5:05
    станува многу заморно.
  • 5:06 - 5:08
    Некои луѓе мислат,
  • 5:09 - 5:11
    поради нашата способност да се маскираме,
  • 5:11 - 5:14
    дека тоа е лекот за аутизам.
  • 5:14 - 5:17
    Меѓутоа, тоа само нè прави да се срамиме
  • 5:17 - 5:19
    да ја покажеме нашата вистинска личност.
  • 5:24 - 5:29
    Друг стереотип кој се поистоветува
    со аутизам
  • 5:29 - 5:31
    е дека аутистичните луѓе немаат емпатија.
  • 5:32 - 5:34
    Повторно, ова не е точно.
  • 5:35 - 5:37
    Јас всушност имам многу емпатија.
  • 5:38 - 5:40
    Само не умеам тоа да го покажам.
  • 5:41 - 5:43
    Кога некој пријател се обидува да ми каже
  • 5:43 - 5:46
    за тешкотиите низ кои минува,
  • 5:46 - 5:49
    честопати не знам како да
    го изразам мојот одговор.
  • 5:49 - 5:52
    Затоа не покажувам толку емпатија
  • 5:52 - 5:54
    како моите не-аутистични пријатели.
  • 5:57 - 6:01
    Емоционалното изразување,
    без разлика во кој обем,
  • 6:01 - 6:03
    претставува тешкотија за мене.
  • 6:04 - 6:06
    Тоа е затоа што горам од внатре
  • 6:06 - 6:10
    од секоја емоција која другите
    ја чувствуваат цело време.
  • 6:11 - 6:14
    Иако, се разбира, не умеам
    да ја изразам како другите.
  • 6:15 - 6:19
    Да речеме, на пример среќата,
  • 6:19 - 6:22
    излегува како голем
    наплив на радосно збивтање,
  • 6:22 - 6:26
    мавтање со рацете
    и гласно извикување „ухуууу“.
  • 6:26 - 6:27
    (смеа)
  • 6:28 - 6:30
    Додека вие само се смеете.
  • 6:30 - 6:32
    (смеа)
  • 6:34 - 6:38
    Без разлика дали добивам
    прекрасен роденски подарок
  • 6:38 - 6:43
    или слушам трагична приказна на вестите,
  • 6:43 - 6:48
    јас навистина не умеам
    да одговорам без наплив,
  • 6:48 - 6:53
    и затоа се маскирам за да
    изгледам нормално.
  • 6:54 - 6:57
    Моите внатрешни чувства се неограничени,
  • 6:57 - 7:01
    но мојот ум ми дозволува да се изразувам
    во крајности или никако.
  • 7:04 - 7:06
    Моите...
  • 7:06 - 7:10
    не сум умешен со моите емоции
  • 7:10 - 7:13
    и комуницирам на различен начин,
  • 7:13 - 7:18
    и поради тоа ја имам дијагнозата
    Аутистичен спектар на нарушувања.
  • 7:19 - 7:23
    Дијагнозата ми помогна мене
    и на моите блиски
  • 7:23 - 7:26
    да разбереме како функционира мојот ум.
  • 7:28 - 7:29
    Во светот,
  • 7:29 - 7:32
    приближно еден процент од населението
  • 7:32 - 7:35
    има дијагноза на
    Аутистичен спектар на нарушувања.
  • 7:35 - 7:37
    Овој број е во пораст.
  • 7:38 - 7:41
    Но, сѐ уште сме во многу мал број.
  • 7:41 - 7:45
    Има многу луѓе кои не нè гледаат
    како еднакви
  • 7:45 - 7:46
    со другите луѓе.
  • 7:48 - 7:50
    Ова е моето семејство.
  • 7:51 - 7:54
    Во моето семејство,
  • 7:54 - 7:58
    има уште една аутистична личност.
  • 7:58 - 8:00
    Мојата мајка.
  • 8:00 - 8:03
    Да, и возрасни жени
    можат да бидат аутистични.
  • 8:05 - 8:08
    Тако ми и брат ми немаат аутизам.
  • 8:09 - 8:13
    Понекогаш ни е тешко да комуницираме
  • 8:13 - 8:14
    меѓусебе.
  • 8:15 - 8:18
    Понекогаш ќе речам, на пример,
  • 8:18 - 8:21
    „ Железничката во Торонто, нели?“
  • 8:21 - 8:25
    и мислам дека им помагам
  • 8:25 - 8:28
    да запаметат одредени аспекти.
  • 8:28 - 8:33
    Кога ќе се збунат, морам да им
    објаснам што мислам.
  • 8:34 - 8:38
    Секогаш мораме да кажуваме нешта
  • 8:38 - 8:41
    на различни начини за да разберат сите.
  • 8:42 - 8:44
    Но, и покрај сево ова,
  • 8:44 - 8:48
    се сакаме еден со друг и
    се почитуваме како еднакви.
  • 8:48 - 8:51
    Во книгата „НевроПлемиња“,
  • 8:51 - 8:57
    авторот С.Силберман вели дека
    аутизмот и другите ментални состојби
  • 8:57 - 9:00
    треба да се сфатат како природни
    и човечки,
  • 9:00 - 9:03
    како природен дел од човечкиот спектар,
  • 9:03 - 9:05
    а не како дефект.
  • 9:05 - 9:08
    Со ова целосно се согласувам.
  • 9:09 - 9:13
    Ако аутизмот се сфати како
    дел од човечкиот спектар, тогаш светот
  • 9:13 - 9:20
    ќе може да се дизајнира за да биде
    подобар за аутистичните луѓе.
  • 9:21 - 9:23
    Јас не се срамам од мојот аутизам.
  • 9:24 - 9:27
    Можеби не размислувам како вас,
  • 9:27 - 9:29
    може не се однесувам како вас,
  • 9:29 - 9:32
    но јас сум човек и не сум болен.
  • 9:34 - 9:35
    Ви благодарам!
  • 9:35 - 9:39
    (аплауз)
Title:
Како навистина изгледа да се има аутизам
Speaker:
Етан Лизи
Description:

„Аутизмот не е болест туку еден поинаков начин на размислување“-вели Етан Лизи. Низ неговиот поглед за начинот на кој го доживува светот, тој ги изнесува погрешните стереотипи во врска со аутизмот и споделува мислење за вообичаените однесувања како што се стимулирањата и маскирањата притоа промовирајќи поинклузивно разбирање на овој спектар.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
09:52

Macedonian subtitles

Revisions