Return to Video

Силната моќ на искреното извинување

  • 0:02 - 0:06
    Во последните неколку години,
    ги критикуваме мажите.
  • 0:07 - 0:08
    Моравме да го сториме тоа.
  • 0:08 - 0:10
    (Аплауз)
  • 0:10 - 0:16
    Од неодамна, си размислувам дека
    мора да преземеме нешто уште построго.
  • 0:17 - 0:20
    Мора, што би рекол мојот добар пријател,
    Тони Портер,
  • 0:20 - 0:24
    да најдеме начин
    да ги вклучиме во разговорот.
  • 0:25 - 0:30
    Татко ми почна сексуално да ме
    злоупотребува кога имав 5 години.
  • 0:31 - 0:34
    Доаѓаше среде ноќ во мојата соба.
  • 0:34 - 0:36
    Изгледаше како да е во транс.
  • 0:36 - 0:40
    Злоупотребувањето траеше
    додека наполнив 10 години.
  • 0:40 - 0:42
    Кога пробав да му се спротивставам,
  • 0:42 - 0:45
    кога конечно можев да кажам „не“,
  • 0:45 - 0:47
    почна да ме тепа.
  • 0:47 - 0:49
    Ме нарекуваше глупава.
  • 0:49 - 0:51
    Ме нарекуваше лажга.
  • 0:51 - 0:54
    Сексуалното насилство заврши
    кога имав 10 години
  • 0:54 - 0:57
    но всушност, никогаш не заврши целосно.
  • 0:58 - 0:59
    Ме промени како личност.
  • 1:00 - 1:04
    Постојано бев исполнета
    со страв, вина и срам,
  • 1:04 - 1:06
    и не знаев зошто.
  • 1:06 - 1:09
    Си го мразев телото,
    се мразев самата себеси,
  • 1:09 - 1:11
    честопати се разболував,
  • 1:11 - 1:12
    не можев да размислувам,
  • 1:12 - 1:14
    не можев да паметам информации.
  • 1:14 - 1:18
    Ме привлекуваа опасни мажи и жени
  • 1:18 - 1:22
    на кои им дозволував, поточно,
    ги повикував да ме третираат лошо,
  • 1:22 - 1:26
    бидејќи татко ми ме научи
    дека тоа е љубов.
  • 1:27 - 1:32
    Целиот живот чекав извинување
    од татко ми.
  • 1:32 - 1:33
    Не ми се извини.
  • 1:33 - 1:35
    Не сакаше.
  • 1:35 - 1:38
    И потоа, по неодамнешните скандали
    на познатите мажи,
  • 1:38 - 1:41
    додека ги откриваа еден по друг,
  • 1:41 - 1:42
    сфатив нешто:
  • 1:43 - 1:47
    никогаш не сум слушнала како маж,
  • 1:47 - 1:51
    кој силувал или физички малтретирал некого
  • 1:51 - 1:55
    јавно ѝ се извинил на жртвата.
  • 1:56 - 1:58
    Почнав да се прашувам,
  • 1:58 - 2:04
    како би изгледало едно искрено
    и длабоко извинување.
  • 2:08 - 2:12
    Така, почна да се случува нешто чудно.
  • 2:12 - 2:14
    Почнав да пишувам
  • 2:14 - 2:18
    и гласот на татко ми почна
    да излегува од мене.
  • 2:18 - 2:21
    Почна да ми кажува што ми направил
  • 2:21 - 2:22
    и зошто.
  • 2:22 - 2:25
    Почна да се извинува.
  • 2:25 - 2:28
    Татко ми е мртов речиси 31 година,
  • 2:28 - 2:29
    но сепак, во извинувањето,
  • 2:29 - 2:32
    што морав да го напишам во негово име,
  • 2:32 - 2:36
    ја открив моќта на извинувањето
  • 2:37 - 2:39
    и како тоа е можеби начинот
    да продолжиме понатаму,
  • 2:39 - 2:41
    од кризата во која моментално се наоѓаме
  • 2:41 - 2:45
    со мажите и сите жени
    злоупотребени од нивна страна.
  • 2:45 - 2:49
    Извинувањето е света задача.
  • 2:50 - 2:52
    Бара целосна искреност.
  • 2:53 - 2:56
    Бара време и длабоко испитување на себеси.
  • 2:56 - 2:58
    Не може да го брзаме.
  • 2:58 - 3:01
    Открив дека извинувањето има 4 чекори,
  • 3:01 - 3:04
    кои би сакала да ви ги претставам.
  • 3:04 - 3:09
    Првиот чекор - мора детално да кажете
    што сте сториле.
  • 3:09 - 3:11
    Вашето извинување не смее да биде бледо.
  • 3:11 - 3:13
    „Извини ако те повредив"
  • 3:13 - 3:15
    „Извини ако сексуално те злоупотребив,"
  • 3:15 - 3:16
    не е доволно.
  • 3:16 - 3:19
    Мора да кажете што всушност се случило.
  • 3:20 - 3:23
    „Дојдов во собата среде ноќ,
  • 3:23 - 3:25
    и ти ги соблеков гаќите."
  • 3:26 - 3:28
    „Те омаловажував
    бидејќи ти љубоморев
  • 3:28 - 3:30
    и сакав да чувствуваш
    помалку вредна."
  • 3:30 - 3:33
    Ослободувањето е во деталите.
  • 3:34 - 3:37
    Извинувањето е навраќање.
  • 3:37 - 3:39
    Ги поврзува минатото и сегашноста.
  • 3:39 - 3:43
    Потврдува дека тоа навистина се случило.
  • 3:44 - 3:49
    Вториот чекор е
    да се прашате зошто сте го сториле тоа.
  • 3:49 - 3:52
    Жртвите ги прогонува тоа „зошто“.
  • 3:52 - 3:57
    Зошто? Зошто татко ми сакал сексуално
    да си ја злоупотреби најстарата ќерка?
  • 3:57 - 4:01
    Зошто би ми ја земал главата и
    би ми ја удрил во ѕид?
  • 4:04 - 4:06
    Во случајот на татко ми,
  • 4:06 - 4:10
    тој бил роден долго време
    по другите деца.
  • 4:11 - 4:14
    Не бил планиран и станал „чудо".
  • 4:14 - 4:18
    Го обожавале и третирале посебно -
    тој бил омиленото дете.
  • 4:19 - 4:22
    Но обожавањето, излегува дека не е љубов.
  • 4:22 - 4:24
    Обожавањето е проекција
  • 4:24 - 4:26
    на нечија туѓа потреба ти да си совршен
  • 4:26 - 4:27
    врз тебе.
  • 4:28 - 4:31
    Татко ми морал да го достигне
    тој невозможен идеал
  • 4:31 - 4:33
    и никогаш не смеел
    да се однесува како што сака.
  • 4:33 - 4:36
    Никогаш не смеел да изрази нежност
  • 4:36 - 4:39
    или ранливост, љубопитност, сомнеж.
  • 4:39 - 4:41
    Не му било дозволено да плаче.
  • 4:41 - 4:44
    И бил присилен да ги потисне
    сите чувства
  • 4:44 - 4:47
    и на крајот, тие метастазирале.
  • 4:47 - 4:51
    Тие потиснати чувства подоцна станале
    негова сенка,
  • 4:51 - 4:53
    сенката ја изгубила контролата
  • 4:53 - 4:57
    и на крај, откако се ослободила,
    се истури врз мене.
  • 4:58 - 5:02
    Третиот чекор е
    да си го отворите срцето
  • 5:02 - 5:07
    и да почувствувате што чувствувала
    жртвата додека сте ја злоупотребувале.
  • 5:07 - 5:09
    Мора да му дозволите на срцето
    да се скрши.
  • 5:09 - 5:11
    Мора да ги почувствувате
    теророт, предавството
  • 5:11 - 5:15
    и долготрајното влијание на
    вашето насилство врз жртвата
  • 5:16 - 5:20
    Мора да го прифатите страдањето
    што сте го предизвикале.
  • 5:20 - 5:21
    И се разбира, четвртиот чекор
  • 5:21 - 5:25
    е да преземете одговорност
    за она што сте го сториле
  • 5:25 - 5:27
    и да направите промени.
  • 5:27 - 5:33
    Па, зошто некој би сакал да помине
    низ толку мачен и понижувачки процес?
  • 5:33 - 5:36
    Зошто некој би сакал да се отвори?
  • 5:37 - 5:41
    Бидејќи тоа е единственото нешто
    што може да ве ослободи.
  • 5:41 - 5:45
    Тоа е и единственото нешто
    што ќе ја ослободи жртвата.
  • 5:45 - 5:47
    Ја немате уништено само жртвата.
  • 5:47 - 5:49
    Сте се уништиле и себеси.
  • 5:49 - 5:54
    Нема личност што некому нанесува зло,
  • 5:54 - 5:57
    а и самата не ги сноси последиците.
  • 5:57 - 6:04
    Создава неверојатно мрачна и
    заразна енергија
  • 6:04 - 6:07
    што се шири низ целиот ваш живот.
  • 6:08 - 6:11
    Извинувањето што го напишав -
    научив нешто
  • 6:11 - 6:13
    за туѓата перспектива,
    од која треба да погледнеме,
  • 6:13 - 6:16
    за да можеме да го разбереме
    проблемот со насилството од мажите
  • 6:16 - 6:20
    кое јас и милијарда други жени
    сме го преживеале.
  • 6:20 - 6:23
    Честопати се осврнуваме кон казнувањето,
    како прва мерка.
  • 6:24 - 6:26
    Тоа ни е првиот инстинкт, но всушност,
  • 6:26 - 6:30
    иако казнувањето е некогаш ефективно,
  • 6:30 - 6:33
    само по себе, не е доволно.
  • 6:33 - 6:34
    Мојот татко ме казни мене.
  • 6:35 - 6:36
    Бев отфрлена
  • 6:36 - 6:38
    и скршена.
  • 6:39 - 6:42
    Мислам дека казнувањето нè зацврстува,
    но не нè учи ништо.
  • 6:42 - 6:45
    Понижувањето не е откровение.
  • 6:45 - 6:50
    Ние всушност мора да создадеме процес,
    кој може да опфати и казнување,
  • 6:50 - 6:53
    но, отвора и можност
  • 6:53 - 6:58
    мажите да можат да станат
    нешто друго или некој друг.
  • 6:58 - 7:00
    Многу години, си го мразев татко ми.
  • 7:00 - 7:03
    Сакав да умре.
    Сакав да оди во затвор.
  • 7:03 - 7:08
    Но всушност, тој бес ме поврзуваше
    со приказната на татко ми.
  • 7:08 - 7:13
    Она што навистина го сакав
    не беше само некој да го запре.
  • 7:13 - 7:14
    Сакав да се смени.
  • 7:14 - 7:16
    Сакав да се извини.
  • 7:16 - 7:18
    Тоа е тоа што го сакаме.
  • 7:18 - 7:20
    Не сакаме мажите да бидат уништени,
  • 7:20 - 7:23
    не сакаме само да бидат казнети.
  • 7:23 - 7:28
    Сакаме да нè видат нас,
    жртвите што ги повредиле
  • 7:28 - 7:30
    и сакаме да се покајат
  • 7:30 - 7:31
    и да се сменат.
  • 7:31 - 7:34
    И јас всушност верувам
    дека ова е возможно.
  • 7:34 - 7:38
    И верувам дека е тоа е начинот
    за да продолжиме понатаму.
  • 7:38 - 7:41
    Но, мажите треба да ни се придружат.
  • 7:41 - 7:47
    Мажите треба да се храбри и
    да се дел од оваа трансформација.
  • 7:48 - 7:52
    Го поминав најголемиот дел
    од животот критикувајќи ги мажите,
  • 7:52 - 7:54
    и сега сум овде,
  • 7:55 - 7:57
    токму во овој момент,
  • 7:57 - 8:00
    да ве повикам
    да се приклучите во процесот.
  • 8:01 - 8:02
    Ви благодарам.
  • 8:02 - 8:05
    (Аплауз)
  • 8:05 - 8:06
    Ви благодарам.
  • 8:06 - 8:07
    (Аплауз)
  • 8:07 - 8:09
    Ви благодарам, ви благодарам.
  • 8:09 - 8:10
    (Аплауз)
Title:
Силната моќ на искреното извинување
Speaker:
Ив Енслер
Description:

Вистинското извинување е повеќе од каење, вели Ив Енслер, легендарна драмска писателка. Во овој искрен, трогателен говор, таа споделува како личното искуство со злоупотребување го претворила во поука за злосторниците - што тие можат да сторат и кажат за да вистински се покајат - и нуди план составен од 4 чекори, со кои може да се започне процесот. (Во говорот има содржини предвидени само за возрасна публика.)

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:23

Macedonian subtitles

Revisions