Return to Video

Зошто сме толку засегнати од КОВИД-19 и како да се подготвиме за следната епидемија

  • 0:00 - 0:05
    Ќе започнам говорејќи
    за моето искуство
  • 0:05 - 0:06
    за да го доближам ова до вас,
  • 0:06 - 0:08
    зашто, најискрено,
  • 0:08 - 0:13
    мислам дека не треба да го слушате
    ставот на старите лица
  • 0:13 - 0:15
    за КОВИД-19.
  • 0:15 - 0:16
    (Смеа)
  • 0:16 - 0:20
    Работам во областа на
    глобалното здравје околу 20 г.
  • 0:20 - 0:25
    а мојата техничка специјалност
    се здравствените системи
  • 0:25 - 0:29
    и што се случува со нив
    кога ќе претрпат сериозен шок.
  • 0:29 - 0:31
    Сум била и новинар што
    го следи глобалното здравје.
  • 0:31 - 0:35
    Сум пишувала за глобалното здравје и
    биолошката безбедност
  • 0:35 - 0:38
    за весници и интернет портали,
  • 0:38 - 0:40
    и пред неколку години објавив книга
  • 0:40 - 0:44
    за главните закани по глобалното здравје
    со кои се соочува планетата.
  • 0:44 - 0:48
    Сум поддржувала и предводела
    епидемиолошки обиди
  • 0:48 - 0:52
    за проценка на центрите
    каде се лекува ебола,
  • 0:52 - 0:56
    следење на трансмисијата на туберкулоза
    во здравствените установи,
  • 0:56 - 0:59
    и подготовка за птичјиот грип.
  • 0:59 - 1:03
    Завршив магистерски студии
    по меѓународно здравје.
  • 1:03 - 1:05
    Не сум доктор.
    Не сум медицинска сестра.
  • 1:05 - 1:09
    Специјалност не ми се ниту пациенти,
    ниту нега на поединци.
  • 1:09 - 1:13
    Специјалност ми е набљудување на
    населението и здравствените системи,
  • 1:13 - 1:17
    што се случува кога болеста
    ќе премине на повисоко ниво.
  • 1:17 - 1:21
    Ако ги рангираме изворите
    според експертизата за глобално здравје
  • 1:21 - 1:24
    на скала од 1 до 10,
  • 1:24 - 1:27
    1 е личност по случаен избор
    што коментира на Фејсбук
  • 1:27 - 1:31
    а 10 е СЗО,
  • 1:31 - 1:35
    веројатно би рекла дека сум
    на место бр. 7 или бр. 8.
  • 1:35 - 1:37
    Имајте го ова предвид додека зборувам.
  • 1:39 - 1:42
    Ќе започнам со основните нешта,
    бидејќи сметам дека тоа се изгуби
  • 1:42 - 1:46
    во медиумската бучава што се крена
    околу КОВИД-19.
  • 1:46 - 1:50
    КОВИД-19 е коронавирус.
  • 1:50 - 1:54
    Коронавирусите се посебна
    подгрупа на вируси,
  • 1:54 - 1:58
    и имаат некои ретки карактеристики,
    на вируси.
  • 1:58 - 2:01
    Генетскиот материјал им е
    во форма на РНК наместо ДНК
  • 2:01 - 2:05
    и прекриени се со боцки
    на површината на вирусот.
  • 2:05 - 2:07
    Ги користат тие боцки
    за да ги напаѓаат клетките.
  • 2:08 - 2:11
    Таквите боцки се круната
    на вирусот корона.
  • 2:12 - 2:16
    КОВИД-19 е познат како
    новиот коронавирус,
  • 2:16 - 2:20
    зашто до декември имавме слушнато
    за 6 коронавируси.
  • 2:20 - 2:22
    КОВИД-19 е седмиот.
  • 2:22 - 2:23
    Нов е за нас.
  • 2:23 - 2:25
    Тукушто го откривме геномот.
  • 2:25 - 2:26
    Тукушто го именувавме.
  • 2:26 - 2:27
    Затоа е нов.
  • 2:28 - 2:32
    Ако се сеќавате на САРС,
    сериозен акутен респираторен синдром,
  • 2:32 - 2:34
    или на МЕРС,
  • 2:34 - 2:36
    средноисточен респрираторен синдром,
  • 2:36 - 2:38
    и тие беа коронавируси.
  • 2:38 - 2:41
    Обата се наречени респираторни синдроми
  • 2:41 - 2:44
    затоа што тоа го прават коронавирусите -
  • 2:44 - 2:46
    ви ги напаѓаат белите дробови.
  • 2:46 - 2:49
    Од нив не повраќате,
    не крварите од очите,
  • 2:49 - 2:50
    не ви прават хеморагија.
  • 2:50 - 2:52
    Се закачуваат на белите дробови.
  • 2:53 - 2:55
    КОВИД-19 не е ништо поинаков.
  • 2:55 - 2:59
    Предизвикува низа респираторни симптоми,
  • 2:59 - 3:02
    од сува кашлица и грозница,
  • 3:02 - 3:05
    до смртоносни вирусни воспаленија
    на белите дробови.
  • 3:05 - 3:09
    Низата на симптомите се
    една од причините
  • 3:09 - 3:12
    зошто е толку тешко
    да се влезе во трага на оваа епидемија.
  • 3:12 - 3:17
    Многу луѓе добиваат благ облик
    на КОВИД-19,
  • 3:17 - 3:21
    симптомите им се толку благи,
    што не одат на доктор.
  • 3:21 - 3:23
    Не се регистрирани во системот.
  • 3:23 - 3:27
    Децата, особено,
    лесно го прележуваат КОВИД-19,
  • 3:27 - 3:30
    а за тоа треба да сме благодарни.
  • 3:32 - 3:34
    Коронавирусите се зооносни,
  • 3:34 - 3:37
    се пренесуваат од
    животни на луѓе.
  • 3:37 - 3:42
    Некои коронавируси, како КОВИД-19,
    се пренесуваат и од човек на човек.
  • 3:43 - 3:46
    Оние кои се пренесуваат меѓу луѓето,
    патуваат побрзо и подалеку,
  • 3:46 - 3:48
    токму како КОВИД-19.
  • 3:48 - 3:51
    Навистина е тешко
    да ги отстраниме зооносите,
  • 3:51 - 3:54
    зашто имаат
    свој животински резервоар.
  • 3:54 - 3:57
    Таков пример е птичјиот грип,
  • 3:57 - 4:02
    што може да се уништи кај
    живината, мисирките, патките,
  • 4:02 - 4:07
    но се повторува секоја година
    зашто ни го носат диви птици.
  • 4:07 - 4:08
    Не слушате често за него,
  • 4:08 - 4:11
    зашто птичјиот грип не се
    пренесува од човек на човек,
  • 4:11 - 4:16
    но секоја година имаме епидемии
    во живинарските фарми низ светот.
  • 4:17 - 4:21
    КОВИД-19 најверојатно преминал
    од животно на човек
  • 4:21 - 4:23
    на пазар со диви животни
    во Вухан, Кина.
  • 4:25 - 4:27
    А сега, малку посложените податоци.
  • 4:28 - 4:32
    Ова не е последното избивање на вирус
    со кое ќе се соочиме.
  • 4:32 - 4:36
    Ќе има уште избивања,
    ќе има уште епидемии.
  • 4:36 - 4:39
    Не е претпоставка, туку факт.
  • 4:40 - 4:43
    Тоа е резултат на начинот на кој ние,
    како човечки суштества,
  • 4:43 - 4:45
    се однесуваме кон Земјата.
  • 4:45 - 4:48
    Нашите одлуки нè доведуваат
    во таква положба
  • 4:48 - 4:51
    што допрва ќе следуваат уште епидемии.
  • 4:52 - 4:53
    Делумно поради климатските промени
  • 4:53 - 4:56
    и начинот на кој сè потоплата клима
    ја прави Земјата погодна
  • 4:56 - 4:58
    за вируси и бактерии.
  • 4:58 - 5:04
    Но, исто така бидејќи ги запоседнуваме
    и последните диви места на планетата.
  • 5:05 - 5:08
    Кога ја гориме и обработуваме Амазонија
  • 5:08 - 5:10
    за да имаме евтина земја за фарми;
  • 5:10 - 5:14
    кога последната африканските грмушка
    ќе се претвори во фарма;
  • 5:14 - 5:19
    кога дивите животни во Кина
    се ловат сè додека не изумре целиот вид,
  • 5:19 - 5:22
    луѓето доаѓаат во контакт
    со животински видови
  • 5:22 - 5:25
    со кои никогаш претходно
    не се сретнале,
  • 5:25 - 5:28
    и таквите видови имаат
    нови видови болести:
  • 5:28 - 5:32
    бактерии, вируси,
    нешта за кои не сме подготвени.
  • 5:33 - 5:34
    Лилјаците, особено,
  • 5:34 - 5:37
    можат да бидат носители на болести
    што се заразни за луѓето,
  • 5:37 - 5:40
    но тие не се единствените.
  • 5:41 - 5:45
    Значи, сè додека го доближуваме
    она што ни е далечно,
  • 5:45 - 5:47
    ваквите епидемии ќе продолжат.
  • 5:49 - 5:54
    Нема да ги запреме епидемиите
    со карантин или ограничени патувања.
  • 5:54 - 5:56
    Тоа е првичната реакција:
  • 5:56 - 6:00
    „Да им забраниме на луѓето да се движат.
    Да ја запреме епидемијата.“
  • 6:00 - 6:05
    Всушност, многу е тешко
    да се одржи добар карантин.
  • 6:05 - 6:08
    Многу е тешко да ги
    ограничите патувањата.
  • 6:08 - 6:12
    Дури и државите што многу вложиле
    во јавното здравство,
  • 6:12 - 6:14
    како САД и Јужна Кореја,
  • 6:14 - 6:16
    не можат да воведат ограничување
    толку брзо,
  • 6:16 - 6:19
    за да ја запрат епидемијата веднаш.
  • 6:19 - 6:23
    Постојат логистички и здравствени причини.
  • 6:23 - 6:26
    Земете го КОВИД-19 како пример,
  • 6:26 - 6:30
    има период каде сте заразни,
    а не покажувате симптоми
  • 6:30 - 6:32
    и тој период може да трае 24 дена.
  • 6:32 - 6:36
    Луѓе со вирусот се движат наоколу,
    и не покажуваат симптоми.
  • 6:36 - 6:41
    Тие нема да бидат во карантин.
    Никој не знае дека треба да бидат.
  • 6:43 - 6:48
    Постојат и реални трошоци на
    карантинот и ограничувањето на патувањата.
  • 6:48 - 6:50
    Луѓето се социјални суштества,
  • 6:50 - 6:53
    се противат кога се обидувате
    да ги држите на едно место
  • 6:53 - 6:54
    и кога сакате да ги разделите.
  • 6:55 - 7:01
    Видовме при епидемијата на ебола
    дека штом се обидете да ставите карантин,
  • 7:01 - 7:03
    луѓето се обидуваат да го избегнат.
  • 7:03 - 7:07
    Одредени пациенти, доколку знаат
    дека постои строг протокол со карантин,
  • 7:07 - 7:09
    нема да побараат медицинска помош,
  • 7:09 - 7:13
    зашто се плашат од болничкиот систем,
    не можат да си дозволат нега
  • 7:13 - 7:16
    и не сакаат да бидат одвоени од
    семејството и пријателите.
  • 7:16 - 7:18
    Политичари, претставници на владите,
  • 7:18 - 7:21
    кога знаат дека ќе бидат изолирани
  • 7:21 - 7:23
    ако зборуваат за епидемии и
    заразни случаи,
  • 7:23 - 7:27
    може да прикриваат податоци,
    за да не иницираат протокол за карантин.
  • 7:28 - 7:31
    Ваквите заобиколувања и несовесност
  • 7:31 - 7:36
    се причината зошто е тешко
    да ја следиме појавата на болести.
  • 7:37 - 7:41
    Треба да се подобриме во однос
    на карантинот и патувањата.
  • 7:41 - 7:44
    Но, тие не се единствената,
    ниту најдобрата можност
  • 7:44 - 7:46
    за справување со вакви ситуации.
  • 7:47 - 7:52
    Долгорочниот начин за
    справување со сериозноста на епидемиите
  • 7:52 - 7:55
    е градење на глобален здравствен систем
  • 7:55 - 8:00
    што ќе ги поддржува основните функции на
    здравствената нега во сите држави
  • 8:00 - 8:02
    така што, сите држави,
    дури и најсиромашните,
  • 8:02 - 8:07
    ќе бидат подготвени брзо да ги препознаат
    и лечат новите заразни болести.
  • 8:08 - 8:13
    Кина доби мноштво критики
    поради справувањето со КОВИД-19.
  • 8:13 - 8:17
    Но, замислете ако КОВИД-19
    најпрво се појавеше во Чад,
  • 8:18 - 8:21
    која има 3.5 доктори
    на 100 000 жители?
  • 8:22 - 8:25
    Замислете ако се појавеше во
    Демократска Република Конго,
  • 8:25 - 8:29
    која неодамна го отпушти
    последниот пациент излечен од ебола?
  • 8:29 - 8:32
    Вистината е дека ваквите земји
    немаат ресурси
  • 8:32 - 8:34
    за да одговорат на заразни болести
  • 8:34 - 8:37
    да ги лечат луѓето,
    доволно брзо да известуваат
  • 8:37 - 8:39
    и да му помогнат на светот.
  • 8:41 - 8:46
    Предводев центар за проценка на лечење
    од ебола, во Сиера Леоне.
  • 8:46 - 8:49
    Факт е дека докторите во Сиера Леоне
  • 8:49 - 8:52
    брзо ја препознаа кризата со ебола.
  • 8:52 - 8:55
    Најпрво како опасен, заразен вирус
    што предизвикува хеморагија,
  • 8:55 - 8:57
    а потоа под името Ебола.
  • 8:57 - 9:02
    Но иако го препознаа,
    немаа ресурси да се борат со него.
  • 9:02 - 9:05
    Немаа доволно доктори,
    болнички легла
  • 9:05 - 9:08
    и немаа доволно податоци
    како да ја лечат еболата
  • 9:08 - 9:10
    или да ја контролираат инфекцијата.
  • 9:11 - 9:16
    11 доктори починаа од ебола
    во Сиера Леоне.
  • 9:16 - 9:19
    Во државата имаше само 120
    кога почна кризата.
  • 9:20 - 9:21
    За споредба,
  • 9:21 - 9:25
    медицинскиот центар Бејлор во Далас
    има над 1000 вработени доктори.
  • 9:27 - 9:29
    Тоа се нееднаквостите
    што ги убиваат луѓето.
  • 9:29 - 9:32
    Најпрво, кога почнува заразата,
    умираат сиромашните,
  • 9:32 - 9:35
    а потоа, кога ќе се прошири
  • 9:35 - 9:36
    умираат луѓе ширум светот.
  • 9:37 - 9:39
    Ако сакаме да го успориме
    избивањето на болести
  • 9:39 - 9:41
    и да го намалиме
    нивното влијание,
  • 9:41 - 9:44
    мора да сме сигурни дека
    секоја држава во светот
  • 9:44 - 9:47
    ќе има способност да ги препознае
    новите болести,
  • 9:47 - 9:48
    да ги лечи
  • 9:48 - 9:51
    и споделува податоци
    поврзани со нив.
  • 9:52 - 9:56
    КОВИД-19 ќе биде голем товар
    за здравствените системи.
  • 9:57 - 10:00
    КОВИД-19 ги откри вистинските слабости
  • 10:00 - 10:02
    во ланците за набавка
    во глобалното здравство.
  • 10:02 - 10:07
    Системите што работат во зададено време
    се одлични, кога сѐ е нормално,
  • 10:07 - 10:11
    но во време на криза,
    немаме доволна подготвеност.
  • 10:11 - 10:14
    Ако болниците или државите останат
  • 10:14 - 10:17
    без маски за лице
    или опрема за лична заштита,
  • 10:18 - 10:21
    нема да постои магацин
    од кој ќе нарачуваме.
  • 10:21 - 10:23
    Морате да нарачате од произведувачот,
  • 10:23 - 10:27
    да чекате да го произведе,
    да чекате да ви се достави,
  • 10:27 - 10:28
    најчесто од Кина.
  • 10:28 - 10:33
    Тоа е временскиот период
    кога треба да реагираме брзо.
  • 10:33 - 10:37
    Ако бевме совршено подготвени
    за КОВИД-19,
  • 10:37 - 10:41
    Кина требаше порано
    да ја препознае заразата.
  • 10:41 - 10:45
    Тие ќе беа подготвени да пружат нега
    на заразените луѓе
  • 10:45 - 10:47
    и без градење на нови објекти.
  • 10:47 - 10:50
    Ќе споделуваа искрени податоци
    со граѓаните
  • 10:50 - 10:53
    и немаше да ги слушаме
    лудите гласини што се ширеа
  • 10:53 - 10:55
    на социјалните мрежи во Кина.
  • 10:55 - 10:58
    И тие ќе споделуваа податоци
    со светските здравствени власти,
  • 10:58 - 11:01
    па тие ќе ги известуваа
    здравствените состави на државите
  • 11:01 - 11:04
    и ќе ги подготвеа за ширењето на вирусот.
  • 11:04 - 11:07
    Националните здравствените состави
    потоа ќе можеа
  • 11:07 - 11:09
    да направат залихи од заштитна опрема
  • 11:09 - 11:13
    и да ги обучат здравствените работници
    за начините на лечење и контрола.
  • 11:13 - 11:17
    Ќе имавме научно базирани протоколи
    за да знаеме како да постапиме кога треба,
  • 11:17 - 11:20
    како што имаат прекуокеанските
    бродови за инфицирани.
  • 11:20 - 11:24
    Ќе дававме вистински податоци секаде,
  • 11:24 - 11:28
    па ќе немавме срамни инциденти
    на ксенофобија,
  • 11:28 - 11:33
    и напади врз луѓе со азиско потекло
    на улиците на Филаделфија.
  • 11:33 - 11:35
    Но, и кога сево ова
    ќе биде во ред,
  • 11:35 - 11:38
    сè уште ќе имаме епидемии.
  • 11:39 - 11:42
    Изборите што ги правиме за
    да ја окупираме планетата
  • 11:42 - 11:43
    прави да биде неизбежно.
  • 11:44 - 11:49
    Имаме експертски консензус за КОВИД-19,
    и тоа е следниов:
  • 11:49 - 11:51
    тука во САД, и на глобално ниво,
  • 11:51 - 11:54
    ќе биде полошо,
    пред да стане подобро.
  • 11:54 - 11:59
    Забележан е пренос од човек на човек,
    без историја на претходни патувања,
  • 11:59 - 12:01
    што се случува само во заедницата,
  • 12:01 - 12:03
    и имаме случаи на заразени лица
    со КОВИД-19
  • 12:03 - 12:07
    каде воопшто не знаеме
    како ја добиле заразата.
  • 12:07 - 12:09
    Ова се знаци на епидемија
    што се влошува,
  • 12:09 - 12:12
    не на епидемија што е под контрола.
  • 12:14 - 12:17
    Тажно е,
    но не сме изненадени.
  • 12:18 - 12:19
    Експертите за глобално здравје
  • 12:19 - 12:22
    кога говорат за различни сценарија
    со нови вируси,
  • 12:22 - 12:25
    го разгледуваат и ваквото сценарио.
  • 12:25 - 12:28
    Се надевавме
    дека ќе се извлечеме полесно.
  • 12:28 - 12:31
    Но, кога експертите зборуваат
    за развојот на вирусот,
  • 12:31 - 12:36
    очекуваат дека вирусот
    може да се развие и во овој правец.
  • 12:37 - 12:40
    Сакам да завршам со неколку лични совети.
  • 12:41 - 12:42
    Мијте ги рацете.
  • 12:42 - 12:45
    Мијте ги рацете често.
  • 12:45 - 12:48
    Знам дека веќе ги миете често,
    бидејќи внимавате на хигиената.
  • 12:48 - 12:50
    Но мијте ги почесто.
  • 12:50 - 12:54
    Направете навика и бидете дисциплинирани.
  • 12:54 - 12:57
    Мијте ги кога влегувате
    и излегувате од објект.
  • 12:57 - 13:01
    Мијте ги кога одите и се враќате
    од состанок.
  • 13:01 - 13:03
    Создадете ритуал на миење раце.
  • 13:04 - 13:06
    Дезинфицирајте го телефонот.
  • 13:06 - 13:10
    Постојано го допирате со нечисти,
    неизмиени раце.
  • 13:10 - 13:12
    Знам дека го носите во тоалет.
  • 13:12 - 13:14
    (Смеа)
  • 13:15 - 13:20
    Дезинфицирајте го телефонот и обидете се
    да не го користите често во јавност.
  • 13:20 - 13:24
    Можеби ТикТок и Инстаграм
    може да се вклучени само кога сте дома.
  • 13:25 - 13:26
    Не допирајте го лицето.
  • 13:27 - 13:29
    Не чешајте ги очите.
  • 13:29 - 13:30
    Не гризете ги ноктите.
  • 13:30 - 13:32
    Не бришете го носот со дланката.
  • 13:32 - 13:34
    Воопшто не правете го ова,
    одвратно е.
  • 13:34 - 13:36
    (Смеа)
  • 13:36 - 13:38
    Не носете маски за лице.
  • 13:38 - 13:41
    Маските за лице се за болните
    и за медицинскиот персонал.
  • 13:41 - 13:45
    Ако сте болни, маската спречува ширење
    додека кашлате и кивате
  • 13:45 - 13:48
    и ги штити луѓето околу вас.
  • 13:48 - 13:49
    Ако сте здравствен работник,
  • 13:49 - 13:52
    маската за лице
    е само една од алатките
  • 13:52 - 13:54
    во комплетот
    на лична заштитна опрема
  • 13:54 - 13:57
    која треба да ја користите
    додека ги негувате пациентите
  • 13:57 - 13:58
    за да не се разболите и вие.
  • 13:58 - 14:01
    Ако сте обична, здрава личност,
    носењето маска за лице
  • 14:01 - 14:04
    само ќе ви го испоти лицето.
  • 14:04 - 14:05
    (Смеа)
  • 14:05 - 14:07
    Оставете ги маските во продавниците
  • 14:07 - 14:10
    за докторите, сестрите и болните.
  • 14:11 - 14:14
    Ако мислите дека имате симптоми
    на вирусот КОВИД-19,
  • 14:14 - 14:16
    останете дома,
    консултирајте се со вашиот доктор.
  • 14:17 - 14:23
    Ако ви дијагностицираат КОВИД-19
    запаметете дека главно е многу благ вирус.
  • 14:23 - 14:24
    Ако сте пушач,
  • 14:24 - 14:27
    сега е моментот
    да престанете со пушење.
  • 14:28 - 14:29
    Мислам, ако сте пушач,
  • 14:29 - 14:32
    секогаш е добро време
    за да престанете со пушење.
  • 14:32 - 14:35
    Но ако сте пушач и сте загрижени
    за КОВИД-19,
  • 14:35 - 14:39
    ви гарантирам дека откажувањето
    е најдоброто нешто што ќе го сторите
  • 14:39 - 14:43
    за да се заштитите себеси
    од најлошото сценарио на КОВИД-19.
  • 14:45 - 14:47
    КОВИД-19 е страшен,
  • 14:47 - 14:52
    во време кога сè што слушаме на вести
    е застрашувачко.
  • 14:52 - 14:57
    Постојат многу лоши, но привлечни начини
    за справување:
  • 14:57 - 15:02
    паника, ксенофобија,
    страв од отворен простор, авторитаризам,
  • 15:02 - 15:06
    поедноставување на лагите
    што нè тераат да мислиме
  • 15:06 - 15:09
    дека со омраза, лутина и осаменост
    ќе ја спречиме заразата.
  • 15:09 - 15:11
    Но, не се.
  • 15:11 - 15:13
    Само нè прават
    послабо подтовени.
  • 15:13 - 15:18
    Постојат и досадни, но корисни можности
  • 15:18 - 15:20
    што можеме да ги користиме
    за да се справиме со заразата.
  • 15:20 - 15:24
    работи како подобрување на здравствената
    нега, овде и секаде,
  • 15:24 - 15:27
    инвестирање во здравствена инфраструктура
    и надзор на болестите,
  • 15:27 - 15:29
    за да знаеме кога стигнала новата болест;
  • 15:29 - 15:32
    формирање здравствени состави
    насекаде во светот;
  • 15:32 - 15:37
    зацврстување на ланците за набавка,
    со цел подготвеност за вонредни состојби;
  • 15:37 - 15:39
    и подобра едукација,
  • 15:39 - 15:44
    за да можеме
    да говориме за епидемии и ризици
  • 15:44 - 15:46
    без притоа да шириме паника.
  • 15:47 - 15:49
    Треба да нè води еднаквоста
  • 15:49 - 15:51
    бидејќи и овде,
    како во многу други ситуации,
  • 15:51 - 15:55
    еднаквоста ни е во интерес.
  • 15:56 - 15:58
    Благодарам што ме слушавте денес
  • 15:58 - 16:01
    и дозволете ми прва
    да ви речам:
  • 16:01 - 16:03
    измијте ги рацете
    откако ќе го напуштите објектот.
  • 16:03 - 16:06
    (Аплауз)
Title:
Зошто сме толку засегнати од КОВИД-19 и како да се подготвиме за следната епидемија
Speaker:
Алана Шаик
Description:

Каде настанал новиот коронавирус, како се проширил толку брзо - и што следува? Споделувајќи ги своите согледувања за епидемијата, Алана Шаик, експерт за глобално здравје и член на ТЕД, го следи ширењето на КОВИД-19, зборува зошто забраните за патување не се доволни и ги нагласува здравствените промени што мора да се превземат низ светот за да се подготвиме за следната пандемија. „Мора да се осигураме дека секоја држава во светот има капацитет да ги идентификува новите болести и да ги третира,“ вели таа.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:19

Macedonian subtitles

Revisions