WEBVTT 00:00:01.619 --> 00:00:06.451 Во последните неколку години, ги критикуваме мажите. 00:00:06.873 --> 00:00:08.302 Моравме да го сториме тоа. NOTE Paragraph 00:00:08.326 --> 00:00:10.278 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:00:10.302 --> 00:00:16.266 Од неодамна, си размислувам дека мора да преземеме нешто уште построго. 00:00:16.567 --> 00:00:20.149 Мора, што би рекол мојот добар пријател, Тони Портер, 00:00:20.173 --> 00:00:24.422 да најдеме начин да ги вклучиме во разговорот. NOTE Paragraph 00:00:25.412 --> 00:00:30.290 Татко ми почна сексуално да ме злоупотребува кога имав 5 години. 00:00:30.586 --> 00:00:33.681 Доаѓаше среде ноќ во мојата соба. 00:00:33.705 --> 00:00:35.875 Изгледаше како да е во транс. 00:00:36.476 --> 00:00:39.620 Злоупотребувањето траеше додека наполнив 10 години. 00:00:39.846 --> 00:00:42.149 Кога пробав да му се спротивставам, 00:00:42.173 --> 00:00:44.960 кога конечно можев да кажам „не“, 00:00:44.984 --> 00:00:46.792 почна да ме тепа. 00:00:46.816 --> 00:00:48.590 Ме нарекуваше глупава. 00:00:48.614 --> 00:00:50.684 Ме нарекуваше лажга. NOTE Paragraph 00:00:50.974 --> 00:00:53.705 Сексуалното насилство заврши кога имав 10 години 00:00:53.729 --> 00:00:56.992 но всушност, никогаш не заврши целосно. 00:00:57.531 --> 00:00:59.237 Ме промени како личност. 00:00:59.823 --> 00:01:04.298 Постојано бев исполнета со страв, вина и срам, 00:01:04.322 --> 00:01:06.121 и не знаев зошто. 00:01:06.145 --> 00:01:09.200 Си го мразев телото, се мразев самата себеси, 00:01:09.224 --> 00:01:10.970 честопати се разболував, 00:01:10.994 --> 00:01:12.300 не можев да размислувам, 00:01:12.324 --> 00:01:14.246 не можев да паметам информации. 00:01:14.343 --> 00:01:17.545 Ме привлекуваа опасни мажи и жени 00:01:17.569 --> 00:01:22.438 на кои им дозволував, поточно, ги повикував да ме третираат лошо, 00:01:22.462 --> 00:01:25.845 бидејќи татко ми ме научи дека тоа е љубов. NOTE Paragraph 00:01:26.708 --> 00:01:31.847 Целиот живот чекав извинување од татко ми. 00:01:32.118 --> 00:01:33.470 Не ми се извини. 00:01:33.494 --> 00:01:35.009 Не сакаше. 00:01:35.033 --> 00:01:37.794 И потоа, по неодамнешните скандали на познатите мажи, 00:01:37.818 --> 00:01:41.207 додека ги откриваа еден по друг, 00:01:41.231 --> 00:01:42.381 сфатив нешто: 00:01:43.481 --> 00:01:46.536 никогаш не сум слушнала како маж, 00:01:46.560 --> 00:01:50.758 кој силувал или физички малтретирал некого 00:01:50.782 --> 00:01:54.838 јавно ѝ се извинил на жртвата. 00:01:56.294 --> 00:01:58.116 Почнав да се прашувам, 00:01:58.140 --> 00:02:04.160 како би изгледало едно искрено и длабоко извинување. NOTE Paragraph 00:02:08.179 --> 00:02:12.202 Така, почна да се случува нешто чудно. 00:02:12.404 --> 00:02:14.282 Почнав да пишувам 00:02:14.306 --> 00:02:17.819 и гласот на татко ми почна да излегува од мене. 00:02:18.235 --> 00:02:20.782 Почна да ми кажува што ми направил 00:02:20.806 --> 00:02:22.245 и зошто. 00:02:22.269 --> 00:02:25.104 Почна да се извинува. 00:02:25.128 --> 00:02:27.589 Татко ми е мртов речиси 31 година, 00:02:27.613 --> 00:02:29.361 но сепак, во извинувањето, 00:02:29.385 --> 00:02:31.977 што морав да го напишам во негово име, 00:02:32.001 --> 00:02:36.486 ја открив моќта на извинувањето 00:02:36.510 --> 00:02:39.241 и како тоа е можеби начинот да продолжиме понатаму, 00:02:39.265 --> 00:02:41.364 од кризата во која моментално се наоѓаме 00:02:41.388 --> 00:02:45.196 со мажите и сите жени злоупотребени од нивна страна. NOTE Paragraph 00:02:45.196 --> 00:02:48.966 Извинувањето е света задача. 00:02:49.798 --> 00:02:52.061 Бара целосна искреност. 00:02:52.719 --> 00:02:55.948 Бара време и длабоко испитување на себеси. 00:02:55.972 --> 00:02:57.671 Не може да го брзаме. 00:02:58.052 --> 00:03:01.140 Открив дека извинувањето има 4 чекори, 00:03:01.164 --> 00:03:04.133 кои би сакала да ви ги претставам. NOTE Paragraph 00:03:04.157 --> 00:03:08.738 Првиот чекор - мора детално да кажете што сте сториле. 00:03:08.951 --> 00:03:11.019 Вашето извинување не смее да биде бледо. 00:03:11.236 --> 00:03:12.682 „Извини ако те повредив" 00:03:12.706 --> 00:03:14.707 „Извини ако сексуално те злоупотребив," 00:03:14.731 --> 00:03:16.049 не е доволно. 00:03:16.350 --> 00:03:19.474 Мора да кажете што всушност се случило. 00:03:20.351 --> 00:03:22.676 „Дојдов во собата среде ноќ, 00:03:22.700 --> 00:03:25.384 и ти ги соблеков гаќите." 00:03:25.810 --> 00:03:27.921 „Те омаловажував бидејќи ти љубоморев 00:03:27.945 --> 00:03:30.349 и сакав да чувствуваш помалку вредна." 00:03:30.373 --> 00:03:33.358 Ослободувањето е во деталите. 00:03:34.088 --> 00:03:36.930 Извинувањето е навраќање. 00:03:36.954 --> 00:03:39.426 Ги поврзува минатото и сегашноста. 00:03:39.450 --> 00:03:42.712 Потврдува дека тоа навистина се случило. NOTE Paragraph 00:03:43.838 --> 00:03:48.663 Вториот чекор е да се прашате зошто сте го сториле тоа. 00:03:48.997 --> 00:03:52.019 Жртвите ги прогонува тоа „зошто“. 00:03:52.043 --> 00:03:57.139 Зошто? Зошто татко ми сакал сексуално да си ја злоупотреби најстарата ќерка? 00:03:57.163 --> 00:04:00.535 Зошто би ми ја земал главата и би ми ја удрил во ѕид? 00:04:03.565 --> 00:04:05.668 Во случајот на татко ми, 00:04:05.692 --> 00:04:10.206 тој бил роден долго време по другите деца. 00:04:10.671 --> 00:04:14.020 Не бил планиран и станал „чудо". 00:04:14.375 --> 00:04:18.450 Го обожавале и третирале посебно - тој бил омиленото дете. 00:04:18.714 --> 00:04:22.230 Но обожавањето, излегува дека не е љубов. 00:04:22.410 --> 00:04:23.863 Обожавањето е проекција 00:04:23.887 --> 00:04:26.157 на нечија туѓа потреба ти да си совршен 00:04:26.181 --> 00:04:27.331 врз тебе. 00:04:27.788 --> 00:04:30.731 Татко ми морал да го достигне тој невозможен идеал 00:04:30.755 --> 00:04:33.309 и никогаш не смеел да се однесува како што сака. 00:04:33.441 --> 00:04:35.502 Никогаш не смеел да изрази нежност 00:04:35.526 --> 00:04:38.759 или ранливост, љубопитност, сомнеж. 00:04:38.783 --> 00:04:40.999 Не му било дозволено да плаче. 00:04:41.023 --> 00:04:44.187 И бил присилен да ги потисне сите чувства 00:04:44.211 --> 00:04:47.100 и на крајот, тие метастазирале. 00:04:47.124 --> 00:04:51.295 Тие потиснати чувства подоцна станале негова сенка, 00:04:51.319 --> 00:04:52.963 сенката ја изгубила контролата 00:04:52.987 --> 00:04:56.549 и на крај, откако се ослободила, се истури врз мене. NOTE Paragraph 00:04:58.215 --> 00:05:02.215 Третиот чекор е да си го отворите срцето 00:05:02.239 --> 00:05:06.593 и да почувствувате што чувствувала жртвата додека сте ја злоупотребувале. 00:05:06.952 --> 00:05:09.032 Мора да му дозволите на срцето да се скрши. 00:05:09.056 --> 00:05:11.338 Мора да ги почувствувате теророт, предавството 00:05:11.338 --> 00:05:15.270 и долготрајното влијание на вашето насилство врз жртвата 00:05:15.883 --> 00:05:19.505 Мора да го прифатите страдањето што сте го предизвикале. NOTE Paragraph 00:05:19.729 --> 00:05:21.373 И се разбира, четвртиот чекор 00:05:21.397 --> 00:05:24.594 е да преземете одговорност за она што сте го сториле 00:05:24.618 --> 00:05:26.529 и да направите промени. NOTE Paragraph 00:05:26.977 --> 00:05:32.714 Па, зошто некој би сакал да помине низ толку мачен и понижувачки процес? 00:05:32.982 --> 00:05:36.091 Зошто некој би сакал да се отвори? 00:05:36.636 --> 00:05:40.829 Бидејќи тоа е единственото нешто што може да ве ослободи. 00:05:40.853 --> 00:05:44.540 Тоа е и единственото нешто што ќе ја ослободи жртвата. 00:05:44.564 --> 00:05:47.384 Ја немате уништено само жртвата. 00:05:47.408 --> 00:05:49.455 Сте се уништиле и себеси. 00:05:49.479 --> 00:05:53.606 Нема личност што некому нанесува зло, 00:05:53.630 --> 00:05:56.905 а и самата не ги сноси последиците. 00:05:57.348 --> 00:06:03.988 Создава неверојатно мрачна и заразна енергија 00:06:04.012 --> 00:06:06.691 што се шири низ целиот ваш живот. NOTE Paragraph 00:06:07.962 --> 00:06:10.732 Извинувањето што го напишав - научив нешто 00:06:10.756 --> 00:06:13.156 за туѓата перспектива, од која треба да погледнеме, 00:06:13.180 --> 00:06:16.203 за да можеме да го разбереме проблемот со насилството од мажите 00:06:16.227 --> 00:06:20.121 кое јас и милијарда други жени сме го преживеале. 00:06:20.438 --> 00:06:23.425 Честопати се осврнуваме кон казнувањето, како прва мерка. 00:06:23.576 --> 00:06:26.000 Тоа ни е првиот инстинкт, но всушност, 00:06:26.024 --> 00:06:30.440 иако казнувањето е некогаш ефективно, 00:06:30.464 --> 00:06:32.714 само по себе, не е доволно. 00:06:32.738 --> 00:06:34.285 Мојот татко ме казни мене. 00:06:34.849 --> 00:06:36.076 Бев отфрлена 00:06:36.100 --> 00:06:38.051 и скршена. 00:06:38.587 --> 00:06:42.142 Мислам дека казнувањето нè зацврстува, но не нè учи ништо. 00:06:42.166 --> 00:06:44.888 Понижувањето не е откровение. 00:06:45.334 --> 00:06:50.190 Ние всушност мора да создадеме процес, кој може да опфати и казнување, 00:06:50.214 --> 00:06:52.529 но, отвора и можност 00:06:52.553 --> 00:06:57.743 мажите да можат да станат нешто друго или некој друг. NOTE Paragraph 00:06:57.847 --> 00:07:00.232 Многу години, си го мразев татко ми. 00:07:00.256 --> 00:07:03.234 Сакав да умре. Сакав да оди во затвор. 00:07:03.258 --> 00:07:07.605 Но всушност, тој бес ме поврзуваше со приказната на татко ми. 00:07:08.086 --> 00:07:12.657 Она што навистина го сакав не беше само некој да го запре. 00:07:12.681 --> 00:07:14.253 Сакав да се смени. 00:07:14.277 --> 00:07:16.157 Сакав да се извини. 00:07:16.181 --> 00:07:17.515 Тоа е тоа што го сакаме. 00:07:17.871 --> 00:07:20.172 Не сакаме мажите да бидат уништени, 00:07:20.196 --> 00:07:22.950 не сакаме само да бидат казнети. 00:07:22.974 --> 00:07:27.632 Сакаме да нè видат нас, жртвите што ги повредиле 00:07:27.656 --> 00:07:29.651 и сакаме да се покајат 00:07:29.675 --> 00:07:31.120 и да се сменат. 00:07:31.425 --> 00:07:34.169 И јас всушност верувам дека ова е возможно. 00:07:34.474 --> 00:07:37.833 И верувам дека е тоа е начинот за да продолжиме понатаму. 00:07:37.928 --> 00:07:40.777 Но, мажите треба да ни се придружат. 00:07:41.354 --> 00:07:46.629 Мажите треба да се храбри и да се дел од оваа трансформација. 00:07:47.677 --> 00:07:51.796 Го поминав најголемиот дел од животот критикувајќи ги мажите, 00:07:52.344 --> 00:07:54.070 и сега сум овде, 00:07:55.336 --> 00:07:56.527 токму во овој момент, 00:07:57.307 --> 00:08:00.155 да ве повикам да се приклучите во процесот. NOTE Paragraph 00:08:01.104 --> 00:08:02.256 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:08:02.280 --> 00:08:04.690 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:08:04.714 --> 00:08:05.865 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:08:05.889 --> 00:08:06.905 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:08:06.929 --> 00:08:08.582 Ви благодарам, ви благодарам. NOTE Paragraph 00:08:08.582 --> 00:08:10.317 (Аплауз)