1 00:00:01,619 --> 00:00:06,451 Во последните неколку години, ги критикуваме мажите. 2 00:00:06,873 --> 00:00:08,302 Моравме да го сториме тоа. 3 00:00:08,326 --> 00:00:10,278 (Аплауз) 4 00:00:10,302 --> 00:00:16,266 Од неодамна, си размислувам дека мора да преземеме нешто уште построго. 5 00:00:16,567 --> 00:00:20,149 Мора, што би рекол мојот добар пријател, Тони Портер, 6 00:00:20,173 --> 00:00:24,422 да најдеме начин да ги вклучиме во разговорот. 7 00:00:25,412 --> 00:00:30,290 Татко ми почна сексуално да ме злоупотребува кога имав 5 години. 8 00:00:30,586 --> 00:00:33,681 Доаѓаше среде ноќ во мојата соба. 9 00:00:33,705 --> 00:00:35,875 Изгледаше како да е во транс. 10 00:00:36,476 --> 00:00:39,620 Злоупотребувањето траеше додека наполнив 10 години. 11 00:00:39,846 --> 00:00:42,149 Кога пробав да му се спротивставам, 12 00:00:42,173 --> 00:00:44,960 кога конечно можев да кажам „не“, 13 00:00:44,984 --> 00:00:46,792 почна да ме тепа. 14 00:00:46,816 --> 00:00:48,590 Ме нарекуваше глупава. 15 00:00:48,614 --> 00:00:50,684 Ме нарекуваше лажга. 16 00:00:50,974 --> 00:00:53,705 Сексуалното насилство заврши кога имав 10 години 17 00:00:53,729 --> 00:00:56,992 но всушност, никогаш не заврши целосно. 18 00:00:57,531 --> 00:00:59,237 Ме промени како личност. 19 00:00:59,823 --> 00:01:04,298 Постојано бев исполнета со страв, вина и срам, 20 00:01:04,322 --> 00:01:06,121 и не знаев зошто. 21 00:01:06,145 --> 00:01:09,200 Си го мразев телото, се мразев самата себеси, 22 00:01:09,224 --> 00:01:10,970 честопати се разболував, 23 00:01:10,994 --> 00:01:12,300 не можев да размислувам, 24 00:01:12,324 --> 00:01:14,246 не можев да паметам информации. 25 00:01:14,343 --> 00:01:17,545 Ме привлекуваа опасни мажи и жени 26 00:01:17,569 --> 00:01:22,438 на кои им дозволував, поточно, ги повикував да ме третираат лошо, 27 00:01:22,462 --> 00:01:25,845 бидејќи татко ми ме научи дека тоа е љубов. 28 00:01:26,708 --> 00:01:31,847 Целиот живот чекав извинување од татко ми. 29 00:01:32,118 --> 00:01:33,470 Не ми се извини. 30 00:01:33,494 --> 00:01:35,009 Не сакаше. 31 00:01:35,033 --> 00:01:37,794 И потоа, по неодамнешните скандали на познатите мажи, 32 00:01:37,818 --> 00:01:41,207 додека ги откриваа еден по друг, 33 00:01:41,231 --> 00:01:42,381 сфатив нешто: 34 00:01:43,481 --> 00:01:46,536 никогаш не сум слушнала како маж, 35 00:01:46,560 --> 00:01:50,758 кој силувал или физички малтретирал некого 36 00:01:50,782 --> 00:01:54,838 јавно ѝ се извинил на жртвата. 37 00:01:56,294 --> 00:01:58,116 Почнав да се прашувам, 38 00:01:58,140 --> 00:02:04,160 како би изгледало едно искрено и длабоко извинување. 39 00:02:08,179 --> 00:02:12,202 Така, почна да се случува нешто чудно. 40 00:02:12,404 --> 00:02:14,282 Почнав да пишувам 41 00:02:14,306 --> 00:02:17,819 и гласот на татко ми почна да излегува од мене. 42 00:02:18,235 --> 00:02:20,782 Почна да ми кажува што ми направил 43 00:02:20,806 --> 00:02:22,245 и зошто. 44 00:02:22,269 --> 00:02:25,104 Почна да се извинува. 45 00:02:25,128 --> 00:02:27,589 Татко ми е мртов речиси 31 година, 46 00:02:27,613 --> 00:02:29,361 но сепак, во извинувањето, 47 00:02:29,385 --> 00:02:31,977 што морав да го напишам во негово име, 48 00:02:32,001 --> 00:02:36,486 ја открив моќта на извинувањето 49 00:02:36,510 --> 00:02:39,241 и како тоа е можеби начинот да продолжиме понатаму, 50 00:02:39,265 --> 00:02:41,364 од кризата во која моментално се наоѓаме 51 00:02:41,388 --> 00:02:45,196 со мажите и сите жени злоупотребени од нивна страна. 52 00:02:45,196 --> 00:02:48,966 Извинувањето е света задача. 53 00:02:49,798 --> 00:02:52,061 Бара целосна искреност. 54 00:02:52,719 --> 00:02:55,948 Бара време и длабоко испитување на себеси. 55 00:02:55,972 --> 00:02:57,671 Не може да го брзаме. 56 00:02:58,052 --> 00:03:01,140 Открив дека извинувањето има 4 чекори, 57 00:03:01,164 --> 00:03:04,133 кои би сакала да ви ги претставам. 58 00:03:04,157 --> 00:03:08,738 Првиот чекор - мора детално да кажете што сте сториле. 59 00:03:08,951 --> 00:03:11,019 Вашето извинување не смее да биде бледо. 60 00:03:11,236 --> 00:03:12,682 „Извини ако те повредив" 61 00:03:12,706 --> 00:03:14,707 „Извини ако сексуално те злоупотребив," 62 00:03:14,731 --> 00:03:16,049 не е доволно. 63 00:03:16,350 --> 00:03:19,474 Мора да кажете што всушност се случило. 64 00:03:20,351 --> 00:03:22,676 „Дојдов во собата среде ноќ, 65 00:03:22,700 --> 00:03:25,384 и ти ги соблеков гаќите." 66 00:03:25,810 --> 00:03:27,921 „Те омаловажував бидејќи ти љубоморев 67 00:03:27,945 --> 00:03:30,349 и сакав да чувствуваш помалку вредна." 68 00:03:30,373 --> 00:03:33,358 Ослободувањето е во деталите. 69 00:03:34,088 --> 00:03:36,930 Извинувањето е навраќање. 70 00:03:36,954 --> 00:03:39,426 Ги поврзува минатото и сегашноста. 71 00:03:39,450 --> 00:03:42,712 Потврдува дека тоа навистина се случило. 72 00:03:43,838 --> 00:03:48,663 Вториот чекор е да се прашате зошто сте го сториле тоа. 73 00:03:48,997 --> 00:03:52,019 Жртвите ги прогонува тоа „зошто“. 74 00:03:52,043 --> 00:03:57,139 Зошто? Зошто татко ми сакал сексуално да си ја злоупотреби најстарата ќерка? 75 00:03:57,163 --> 00:04:00,535 Зошто би ми ја земал главата и би ми ја удрил во ѕид? 76 00:04:03,565 --> 00:04:05,668 Во случајот на татко ми, 77 00:04:05,692 --> 00:04:10,206 тој бил роден долго време по другите деца. 78 00:04:10,671 --> 00:04:14,020 Не бил планиран и станал „чудо". 79 00:04:14,375 --> 00:04:18,450 Го обожавале и третирале посебно - тој бил омиленото дете. 80 00:04:18,714 --> 00:04:22,230 Но обожавањето, излегува дека не е љубов. 81 00:04:22,410 --> 00:04:23,863 Обожавањето е проекција 82 00:04:23,887 --> 00:04:26,157 на нечија туѓа потреба ти да си совршен 83 00:04:26,181 --> 00:04:27,331 врз тебе. 84 00:04:27,788 --> 00:04:30,731 Татко ми морал да го достигне тој невозможен идеал 85 00:04:30,755 --> 00:04:33,309 и никогаш не смеел да се однесува како што сака. 86 00:04:33,441 --> 00:04:35,502 Никогаш не смеел да изрази нежност 87 00:04:35,526 --> 00:04:38,759 или ранливост, љубопитност, сомнеж. 88 00:04:38,783 --> 00:04:40,999 Не му било дозволено да плаче. 89 00:04:41,023 --> 00:04:44,187 И бил присилен да ги потисне сите чувства 90 00:04:44,211 --> 00:04:47,100 и на крајот, тие метастазирале. 91 00:04:47,124 --> 00:04:51,295 Тие потиснати чувства подоцна станале негова сенка, 92 00:04:51,319 --> 00:04:52,963 сенката ја изгубила контролата 93 00:04:52,987 --> 00:04:56,549 и на крај, откако се ослободила, се истури врз мене. 94 00:04:58,215 --> 00:05:02,215 Третиот чекор е да си го отворите срцето 95 00:05:02,239 --> 00:05:06,593 и да почувствувате што чувствувала жртвата додека сте ја злоупотребувале. 96 00:05:06,952 --> 00:05:09,032 Мора да му дозволите на срцето да се скрши. 97 00:05:09,056 --> 00:05:11,338 Мора да ги почувствувате теророт, предавството 98 00:05:11,338 --> 00:05:15,270 и долготрајното влијание на вашето насилство врз жртвата 99 00:05:15,883 --> 00:05:19,505 Мора да го прифатите страдањето што сте го предизвикале. 100 00:05:19,729 --> 00:05:21,373 И се разбира, четвртиот чекор 101 00:05:21,397 --> 00:05:24,594 е да преземете одговорност за она што сте го сториле 102 00:05:24,618 --> 00:05:26,529 и да направите промени. 103 00:05:26,977 --> 00:05:32,714 Па, зошто некој би сакал да помине низ толку мачен и понижувачки процес? 104 00:05:32,982 --> 00:05:36,091 Зошто некој би сакал да се отвори? 105 00:05:36,636 --> 00:05:40,829 Бидејќи тоа е единственото нешто што може да ве ослободи. 106 00:05:40,853 --> 00:05:44,540 Тоа е и единственото нешто што ќе ја ослободи жртвата. 107 00:05:44,564 --> 00:05:47,384 Ја немате уништено само жртвата. 108 00:05:47,408 --> 00:05:49,455 Сте се уништиле и себеси. 109 00:05:49,479 --> 00:05:53,606 Нема личност што некому нанесува зло, 110 00:05:53,630 --> 00:05:56,905 а и самата не ги сноси последиците. 111 00:05:57,348 --> 00:06:03,988 Создава неверојатно мрачна и заразна енергија 112 00:06:04,012 --> 00:06:06,691 што се шири низ целиот ваш живот. 113 00:06:07,962 --> 00:06:10,732 Извинувањето што го напишав - научив нешто 114 00:06:10,756 --> 00:06:13,156 за туѓата перспектива, од која треба да погледнеме, 115 00:06:13,180 --> 00:06:16,203 за да можеме да го разбереме проблемот со насилството од мажите 116 00:06:16,227 --> 00:06:20,121 кое јас и милијарда други жени сме го преживеале. 117 00:06:20,438 --> 00:06:23,425 Честопати се осврнуваме кон казнувањето, како прва мерка. 118 00:06:23,576 --> 00:06:26,000 Тоа ни е првиот инстинкт, но всушност, 119 00:06:26,024 --> 00:06:30,440 иако казнувањето е некогаш ефективно, 120 00:06:30,464 --> 00:06:32,714 само по себе, не е доволно. 121 00:06:32,738 --> 00:06:34,285 Мојот татко ме казни мене. 122 00:06:34,849 --> 00:06:36,076 Бев отфрлена 123 00:06:36,100 --> 00:06:38,051 и скршена. 124 00:06:38,587 --> 00:06:42,142 Мислам дека казнувањето нè зацврстува, но не нè учи ништо. 125 00:06:42,166 --> 00:06:44,888 Понижувањето не е откровение. 126 00:06:45,334 --> 00:06:50,190 Ние всушност мора да создадеме процес, кој може да опфати и казнување, 127 00:06:50,214 --> 00:06:52,529 но, отвора и можност 128 00:06:52,553 --> 00:06:57,743 мажите да можат да станат нешто друго или некој друг. 129 00:06:57,847 --> 00:07:00,232 Многу години, си го мразев татко ми. 130 00:07:00,256 --> 00:07:03,234 Сакав да умре. Сакав да оди во затвор. 131 00:07:03,258 --> 00:07:07,605 Но всушност, тој бес ме поврзуваше со приказната на татко ми. 132 00:07:08,086 --> 00:07:12,657 Она што навистина го сакав не беше само некој да го запре. 133 00:07:12,681 --> 00:07:14,253 Сакав да се смени. 134 00:07:14,277 --> 00:07:16,157 Сакав да се извини. 135 00:07:16,181 --> 00:07:17,515 Тоа е тоа што го сакаме. 136 00:07:17,871 --> 00:07:20,172 Не сакаме мажите да бидат уништени, 137 00:07:20,196 --> 00:07:22,950 не сакаме само да бидат казнети. 138 00:07:22,974 --> 00:07:27,632 Сакаме да нè видат нас, жртвите што ги повредиле 139 00:07:27,656 --> 00:07:29,651 и сакаме да се покајат 140 00:07:29,675 --> 00:07:31,120 и да се сменат. 141 00:07:31,425 --> 00:07:34,169 И јас всушност верувам дека ова е возможно. 142 00:07:34,474 --> 00:07:37,833 И верувам дека е тоа е начинот за да продолжиме понатаму. 143 00:07:37,928 --> 00:07:40,777 Но, мажите треба да ни се придружат. 144 00:07:41,354 --> 00:07:46,629 Мажите треба да се храбри и да се дел од оваа трансформација. 145 00:07:47,677 --> 00:07:51,796 Го поминав најголемиот дел од животот критикувајќи ги мажите, 146 00:07:52,344 --> 00:07:54,070 и сега сум овде, 147 00:07:55,336 --> 00:07:56,527 токму во овој момент, 148 00:07:57,307 --> 00:08:00,155 да ве повикам да се приклучите во процесот. 149 00:08:01,104 --> 00:08:02,256 Ви благодарам. 150 00:08:02,280 --> 00:08:04,690 (Аплауз) 151 00:08:04,714 --> 00:08:05,865 Ви благодарам. 152 00:08:05,889 --> 00:08:06,905 (Аплауз) 153 00:08:06,929 --> 00:08:08,582 Ви благодарам, ви благодарам. 154 00:08:08,582 --> 00:08:10,317 (Аплауз)