Return to Video

Што е потребно да се лансира телескоп

  • 0:01 - 0:04
    Јас сум астроном кој гради телескопи.
  • 0:05 - 0:09
    Градам телескопи затоа што,
    под број еден - тие се неверојатни.
  • 0:09 - 0:11
    Но, под број два
  • 0:11 - 0:15
    - верувам дека ако сакате да откриете
    нешто ново за универзумот,
  • 0:15 - 0:17
    мора да го гледате универзумот
  • 0:17 - 0:18
    од друг агол.
  • 0:18 - 0:20
    Новите технологии во астрономијата -
  • 0:20 - 0:24
    леќи, фотографски плочи,
  • 0:24 - 0:26
    па сѐ до вселенски телескопи -
  • 0:26 - 0:29
    ни овозможија нови начини
    за набљудување на универзумот
  • 0:29 - 0:32
    и директно доведоа до ново поимање
  • 0:32 - 0:33
    на нашето место во него.
  • 0:35 - 0:37
    Но тие пронајдоци имаат своја цена.
  • 0:37 - 0:41
    Потребни беа илјадници луѓе и 44 години
  • 0:41 - 0:45
    за идејата за вселенскиот телескоп Хабл
    да стане реалност.
  • 0:45 - 0:47
    Потребно е време,
  • 0:47 - 0:49
    потребно е толерирање на неуспех,
  • 0:49 - 0:51
    потребни се поединци
  • 0:51 - 0:54
    кои секој ден одлучуваат
    да не се откажат.
  • 0:54 - 0:57
    Знам колку е тешка таа одлука,
    затоа што јас ја живеам.
  • 0:57 - 1:03
    На работа речиси постојано доживувам
    неуспеси, но сепак продолжувам,
  • 1:03 - 1:06
    затоа што така се градат телескопи.
  • 1:07 - 1:09
    Помогнав да се создаде телескоп со име
  • 1:09 - 1:14
    слаб меѓугалактички медиум
    црвено насочен емитувачки балон,
  • 1:14 - 1:16
    што е тешко да се изговори,
  • 1:16 - 1:17
    па ние го викаме „Фајербол."
  • 1:17 - 1:21
    И не грижете се, нема да експлодира
    на крајот од приказнава.
  • 1:22 - 1:25
    Работам на Фајербол повеќе од 10 години
  • 1:25 - 1:28
    и сега го водам тимот
    на неверојатни луѓе што го изгради.
  • 1:28 - 1:33
    Фајербол е создаден за набљудување
    на најматните структури што ни се познати:
  • 1:33 - 1:36
    огромни облаци водороден гас.
  • 1:36 - 1:38
    Овие облаци се огромни.
  • 1:38 - 1:40
    Поголеми се од што и да мислите.
  • 1:40 - 1:42
    Тие се огромни.
  • 1:42 - 1:45
    Огромни облаци од водород
    се движат кон и од галаксиите.
  • 1:46 - 1:47
    Работам на Фајербол
  • 1:47 - 1:51
    затоа што сакам
    да го сменам погледот за универзумот
  • 1:51 - 1:54
    од универзум само со светлина од ѕвезди
  • 1:54 - 1:59
    до онаков каде може да се види
    и измери секој атом што постои.
  • 2:00 - 2:01
    Само тоа сакам да го направам.
  • 2:01 - 2:03
    (смеа)
  • 2:03 - 2:05
    Но набљудувањето на некои од тие атоми
  • 2:05 - 2:09
    е клучно за разбирање зошто
    галаксиите изгледаат како што изгледаат.
  • 2:09 - 2:11
    Сакам да знам
  • 2:11 - 2:15
    како водородниот гас
    влегува во галаксија и создава ѕвезда.
  • 2:16 - 2:19
    Мојата работа на Фајербол
    започна во 2008 г.,
  • 2:19 - 2:21
    работејќи не на телескопот,
    туку на сензорот за светлина,
  • 2:21 - 2:24
    а тоа е срцето на секој телескоп.
  • 2:24 - 2:28
    Новиот сензор го развиваше тим при
    лабораторијата за млазен погон на НАСА,
  • 2:28 - 2:30
    на кој јас му се приклучив.
  • 2:30 - 2:34
    И нашата цел беше да докажеме дека
    овој сензор многу добро би функционирал
  • 2:34 - 2:36
    при пронаоѓање на водороден гас.
  • 2:37 - 2:38
    Додека работев на ова,
  • 2:38 - 2:45
    уништив неколку многу,
    многу скапи сензори
  • 2:45 - 2:47
    пред да сфатам дека
    машината што ја користев
  • 2:47 - 2:51
    создава плазма која го прегорува секој
    електричен уред што ќе го ставиме внатре.
  • 2:51 - 2:54
    Употребивме друга машина,
    имаше други предизвици,
  • 2:54 - 2:56
    па потребни беа години да се усоврши.
  • 2:56 - 2:59
    Но кога тој прв сензор проработе,
  • 2:59 - 3:01
    беше зачудувачко.
  • 3:01 - 3:05
    Нашите сензори сега се 10 пати подобри
    од претходните верзии
  • 3:05 - 3:08
    и се ставаат на
    сите видови нови телескопи.
  • 3:08 - 3:13
    Сензорите ќе овозможат нов начин
    за набљудување на универзумот.
  • 3:14 - 3:16
    Па, со готови сензори,
  • 3:16 - 3:17
    време е за телескоп.
  • 3:17 - 3:21
    Фајербол е чуден,
    што се однесува до телескопите,
  • 3:21 - 3:24
    затоа што не е во вселена,
    а не е ни на земја.
  • 3:24 - 3:28
    Наместо тоа, истиот виси на кабел
    од џиновски балон
  • 3:28 - 3:31
    и набљудува, во само една вечер,
  • 3:31 - 3:33
    од 210.000 км во стратосферата,
  • 3:33 - 3:36
    од самиот раб на вселената.
  • 3:36 - 3:41
    Делумно затоа што работ на вселената
    е поевтин од самата вселена.
  • 3:41 - 3:42
    (смеа)
  • 3:42 - 3:46
    Додека го конструиравме,
    се јавија уште дефекти:
  • 3:46 - 3:48
    оштетени огледала,
  • 3:48 - 3:51
    т.е. изгребани огледала
    кои требаше одново да се направат.
  • 3:51 - 3:52
    Откажа системот за ладење,
  • 3:52 - 3:54
    па целиот систем мораше
    одново да се направи.
  • 3:55 - 4:01
    Грешки во калибрација, правевме тестови
    одново и одново и одново.
  • 4:01 - 4:03
    Дефекти тогаш кога
    најмалку ги очекувавме.
  • 4:03 - 4:07
    Еднаш ни слета едно слатко,
    но налутено бебе сокол
  • 4:07 - 4:09
    директно на садот за спектографија.
  • 4:09 - 4:10
    (смеа)
  • 4:10 - 4:12
    Но, сепак, тоа беше
    еден од најдобрите денови
  • 4:12 - 4:14
    во историјата на проектот.
  • 4:14 - 4:15
    (смеа)
  • 4:15 - 4:18
    Навистина го сакав тој сокол.
  • 4:18 - 4:21
    Штетата од соколот се поправи,
    и го подготвивме
  • 4:21 - 4:24
    за лансирање во август, 2017 г.,
  • 4:24 - 4:26
    но не успеавме да го лансираме,
  • 4:26 - 4:31
    поради шестнеделен дожд
    во пустината Ново Мексико.
  • 4:31 - 4:33
    (смеа)
  • 4:33 - 4:35
    Бевме потиштени,
    но пак дојдовме
  • 4:35 - 4:38
    во август, 2018 г.,
    10 година по ред.
  • 4:38 - 4:41
    И на 22 септември
  • 4:45 - 4:47
    конечно го лансиравме телескопот.
  • 4:48 - 4:52
    (аплауз)
  • 4:52 - 4:57
    Целиот мој живот го вложив
    во овој проект,
  • 4:57 - 5:00
    и сѐ уште не можам
    да поверувам дека се оствари.
  • 5:01 - 5:04
    Имам фотографија која е направена
    околу зајдисонце истиот ден.
  • 5:04 - 5:07
    Се гледа нашиот балон,
  • 5:07 - 5:09
    како виси Фајербол од него
  • 5:09 - 5:10
    и речиси полната месечина.
  • 5:10 - 5:11
    Ја обожавам сликава.
  • 5:11 - 5:14
    Боже, колку ја сакам.
  • 5:15 - 5:16
    Но кога ќе ја погледнам,
  • 5:16 - 5:18
    ми доаѓа да заплачам,
  • 5:19 - 5:23
    затоа што кога ќе се надуваат,
    овие балони се сферични,
  • 5:23 - 5:25
    а овој не е.
  • 5:25 - 5:27
    Има форма на солза.
  • 5:27 - 5:30
    Затоа што има дупка во него.
  • 5:31 - 5:33
    Понекогаш и балоните се расипуваат.
  • 5:34 - 5:36
    Фајербол падна
    во пустината Ново Мексико,
  • 5:36 - 5:39
    и не ги добивме бараните податоци.
  • 5:39 - 5:42
    На крајот од денот,
    си помислив:
  • 5:43 - 5:44
    „Зошто го правам ова?“
  • 5:46 - 5:49
    И многу размислував
    за тоа од тој ден.
  • 5:49 - 5:54
    И сфатив дека мојата дејност
    се состои од работи
  • 5:54 - 5:55
    кои се кршат и расипуваат.
  • 5:55 - 5:58
    Работи кои не ги разбираме,
    па се расипуваат.
  • 5:58 - 6:00
    Работи кои ги грешиме првиот пат,
  • 6:00 - 6:01
    па се расипуваат.
  • 6:02 - 6:04
    Размислувам за илјадниците луѓе
    што го изградија Хабл
  • 6:04 - 6:06
    и колку неуспеси претрпеле.
  • 6:06 - 6:09
    Имаше безброј неуспеси,
    разочарувачки неуспеси,
  • 6:09 - 6:11
    дури и кога беше во вселената.
  • 6:11 - 6:15
    Но ниеден од тие неуспеси
    не беа причина за откажување.
  • 6:16 - 6:17
    Размислувам зошто си ја
    сакам работата.
  • 6:17 - 6:20
    Сакам да знам
    што се случува во универзумот.
  • 6:20 - 6:22
    И вие сакате да го знаете тоа.
  • 6:22 - 6:25
    Сакам да знам
    што се случува со водородот.
  • 6:26 - 6:29
    Па, сфатив дека откривањето
    главно е процес
  • 6:29 - 6:32
    на пронаоѓање работи
    што не функционираат,
  • 6:32 - 6:35
    а неуспехот е неизбежен кога
    се поместуваат границите на знаењето.
  • 6:35 - 6:37
    И тоа сакам да го правам.
  • 6:37 - 6:39
    Затоа одлучувам да продолжам.
  • 6:40 - 6:42
    Нашиот тим ќе постапи онака
  • 6:42 - 6:46
    како што постапиле сите други пред нас.
  • 6:46 - 6:47
    Ќе се обидеме повторно,
  • 6:47 - 6:48
    во 2020.
  • 6:49 - 6:54
    И можеби звучи како неуспех денес -
    и навистина е -
  • 6:54 - 6:56
    но ќе остане неуспех
  • 6:56 - 6:58
    само ако се откажам.
  • 6:58 - 6:59
    Ви благодарам многу.
  • 6:59 - 7:05
    (аплауз)
Title:
Што е потребно да се лансира телескоп
Speaker:
Ерика Хамден
Description:

Пријателот на TED и астроном, Ерика Хамден, го води тимот кој го гради „Фајербол“, телескоп кој виси од огромен балон на самиот раб од вселената и бара индиции за тоа како се создадени ѕвездите. Таа не’ води низ бурното, 10-годишно патување за тоа како идејата за телескопот да се претвори во реалност и покажува како неуспехот е неизбежен кога се поместуваат границите на знаењето.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
07:18

Macedonian subtitles

Revisions