Зошто се шират гласини за вакцините -- и како повторно да израдиме доверба
-
0:02 - 0:04Јас проучувам гласини.
-
0:04 - 0:05Не озборувања во таблоиди
-
0:05 - 0:09или типот на гласини
кои уриваат берзи -- -
0:09 - 0:10или зголемуваат --
-
0:10 - 0:13туку типот на гласини
кои влијаат на вашето здравје... -
0:13 - 0:15и здравјето на светот.
-
0:15 - 0:18Како јадењето многу лук
-
0:18 - 0:19или пиењето многу вода
-
0:19 - 0:22ќе помогне во заштитата
против коронавирусот -- -
0:22 - 0:23само ако беше така.
-
0:24 - 0:27Гласините имаат лоша репутација.
-
0:27 - 0:29Ги гледаат не како не-факт,
-
0:29 - 0:30нешто погрешно
-
0:30 - 0:32или „само гласина“.
-
0:33 - 0:36Но јас проучувам гласини со години,
-
0:36 - 0:39и нешто што имам научено
е дека сите тие имаат приказна, -
0:39 - 0:42и често, важна приказна.
-
0:42 - 0:48Една од најпотресните и алармантни
епизоди на гласини што сум ја истражила -
0:48 - 0:51беше во северна Нигерија.
-
0:51 - 0:54Работев со програмата за светска
имунизација на УНИЦЕФ. -
0:55 - 0:59И не беа гласините што
ми беа толку алармантни; -
0:59 - 1:02туку нивното глобално влијание.
-
1:03 - 1:05Овие гласини велеа
-
1:05 - 1:09дека вакцината против полио
е всушност контрацептивно средство. -
1:09 - 1:12Контролира популации --
-
1:12 - 1:15или можеби предизвикува сида.
-
1:16 - 1:20Не, не, можеби ЦИА ги шпионира
или ги брои. -
1:20 - 1:26Мислам, зошто луѓе би тропале
од една врата на друга -
1:26 - 1:29со истата вакцина против полио?
-
1:29 - 1:32Кога децата умираа од сипаници
-
1:32 - 1:35никој не доаѓаше со вакцина против тоа.
-
1:38 - 1:41Ова не беше за разбирање на фактите.
-
1:41 - 1:43Ова беше за доверба.
-
1:43 - 1:45Беше за нарушена доверба.
-
1:45 - 1:48Зошто толку многу недоверба?
-
1:48 - 1:52Всушност, не беа мајките тие
со многу недоверба. -
1:52 - 1:54Беа локалните лидери,
-
1:54 - 1:55религиозните лидери,
-
1:55 - 1:57локалните политички лидери.
-
1:57 - 2:00Беше гувернерот на државата Кано
-
2:00 - 2:02кој реши да го бојкотира
-
2:02 - 2:07целиот труд за искоренување
на полио во таа држава... -
2:07 - 2:10околу 11 месеци.
-
2:10 - 2:12Зошто толку многу недоверба?
-
2:12 - 2:15Па, беше 2003.
-
2:15 - 2:18Две години по 9/11.
-
2:18 - 2:22И тие беа убедени дека западот,
-
2:22 - 2:24впрочем, САД,
-
2:24 - 2:26се во војна со муслиманите.
-
2:26 - 2:28И знаеја дека западот,
-
2:28 - 2:31впрочем, САД,
-
2:31 - 2:32беше голем поддржувач --
-
2:32 - 2:34и финансиер --
-
2:34 - 2:37на иницијативата за светско
искоренување на полио. -
2:37 - 2:38Си ги имаа своите причини.
-
2:40 - 2:43Недостатокот на доверба,
-
2:43 - 2:46тие „гласина или две“,
-
2:46 - 2:52ја чинеше таа програма за искоренување
на полио 500 милиони долари -
2:52 - 2:54за да го ресетира часовникот,
-
2:54 - 2:58за да го врати напредокот
изгубен за тие 11 месеци -
2:58 - 2:59и понатаму.
-
2:59 - 3:06Нигериската нишка на овој вирус
патуваше во преку 20 држави, -
3:06 - 3:07сѐ до Индонезија.
-
3:09 - 3:11Цената на гласината.
-
3:12 - 3:16Нигериската епизода беше
една од многуте што ги истражував -
3:16 - 3:17кога бев со УНИЦЕФ
-
3:17 - 3:22ја добив титулата „директорка на
одделот за пожари во УНИЦЕФ“. -
3:23 - 3:24(Се смее)
-
3:24 - 3:28Ние -- тогаш сфативме
дека немавме доволно време. -
3:28 - 3:32Бев премногу зафатени со гаснење на
пожари и немав многу време да сфатам -
3:32 - 3:36што ги движи
поединечните епизоди, -
3:36 - 3:41и зошто постои и епидемија
низ светот. -
3:41 - 3:45Го напуштив УНИЦЕФ и се вратив на
истражување -- -
3:45 - 3:47применето истражување --
-
3:47 - 3:54и во 2010 го создадов т.н
„Проект на доверба во вакцини“ -
3:54 - 3:58при Лондонското училиште за
хигиена и тропска медицина. -
3:58 - 4:01Свикав антрополози,
епидемиолози, -
4:01 - 4:03психолози,
-
4:03 - 4:06специјалисти за дигитална медија,
-
4:06 - 4:08и математички моделари.
-
4:08 - 4:11Си направивме задача
-
4:11 - 4:15да истражиме историски епизоди на гласини
-
4:15 - 4:17и нивното влијание,
-
4:17 - 4:21откривајќи кои биле
нивните први сигнали, -
4:21 - 4:23кои биле поттикнувачките фактори
-
4:23 - 4:25и влијанијата,
-
4:25 - 4:26како добиле замав,
-
4:26 - 4:30за да можеме да разбереме
што треба да бараме, -
4:30 - 4:32како да им помогнеме на властите
-
4:32 - 4:37и на имунизациските програми
да бидат поефикасни -
4:37 - 4:40при првите знаци на проблемите.
-
4:40 - 4:43Тоа беше систем на рано предупредување.
-
4:43 - 4:47Во 2015, направивме индекс
на доверба во вакцини. -
4:47 - 4:54Тоа беше анкета која проба да истражи до
кој степен луѓето се согласуваат -
4:54 - 4:57или не се согласуваат за значењето
на вакцините. -
4:57 - 4:59дали се безбедни, ефективни --
-
4:59 - 5:00ефикасни --
-
5:00 - 5:04и усогласени со религиските убедувања.
-
5:04 - 5:08Го пробавме ова со повеќе
стотици илјади луѓе низ светот, -
5:08 - 5:14обидувајќи се да ја разбереме
сигурноста и довербата, -
5:14 - 5:20но исто така, поважно, да видиме
какао таа доверба се движи -
5:20 - 5:23затоа што сакаме да видиме
кога почнува да се намалува, -
5:23 - 5:26за да можеме да реагираме,
-
5:26 - 5:30да стигнеме пред да има
криза како таа во Нигерија. -
5:32 - 5:37Поставивме и 24/7 онлајн и медиумски
мониторинг низ светот -- -
5:37 - 5:38на повеќе јазици --
-
5:38 - 5:43слушајќи што се случува
во разговорите за вакцини, -
5:43 - 5:47се обидовме да ја откриеме грижата
пред време или да го промениме мислењето -
5:47 - 5:49на кои треба да обрнеме внимание.
-
5:49 - 5:54Создадовме еко-систем
на различен тип информации -
5:54 - 5:56за да пробаме да сфатиме:
-
5:56 - 6:00што мисли јавноста
и како можеме да се ангажираме? -
6:00 - 6:02Баравме рани сигнали.
-
6:02 - 6:03Кога наидуваме на некој,
-
6:03 - 6:07имаме глобална мрежа на соработници
во голем број држави -
6:07 - 6:10со локални известувачи
во средините -
6:10 - 6:11кои се обидуваат да разберат --
-
6:12 - 6:14дали е ова сигнална дезинформација,
-
6:14 - 6:17или нешто што тлее
за кое треба да знаеме? -
6:17 - 6:19Во Лондон, имаме поголема слика.
-
6:19 - 6:24Гледаме рој на гласини,
кои не патуваат само локално, -
6:24 - 6:25туку преминуваат низ држави.
-
6:25 - 6:29Сме гледале како скокаат
од Јапонија до Колумбија, -
6:29 - 6:31низ Европа и пошироко.
-
6:31 - 6:32Се движат.
-
6:32 - 6:36Живееме во хиперповрзана средина.
-
6:36 - 6:39Една од работите
која ни беше фасцинантна, -
6:39 - 6:41а научивме многу
во последните 10 години -- -
6:41 - 6:44ова е нашата 10 годишнина,
-
6:44 - 6:47ова не започна вчера,
овој проблем со гласини -- -
6:47 - 6:48и една од работите што ги научивме
-
6:48 - 6:51е во нашиот глобален мониторинг,
-
6:51 - 6:55дека Европа е најскептичниот
регион во светот. -
6:55 - 6:57Всушност, Франција ја освои наградата.
-
6:58 - 6:59(Смеа)
-
6:59 - 7:00До сега.
-
7:00 - 7:04И всушност некои од тие гласини
патувале до други делови од светот. -
7:05 - 7:07Но пробуваме да ја сфатиме Европа.
-
7:07 - 7:09Хмм. Зошто Европа?
-
7:09 - 7:11Мислев дека САД беше навистина --
-
7:11 - 7:13имаше најмногу скептицизам,
-
7:13 - 7:15но човече, колку не бев во право.
-
7:15 - 7:18Како политички научник,
колега со кој работиме, -
7:18 - 7:20Џон Кенеди,
-
7:20 - 7:24тој ни ги зеде податоците
од 28 европски држави -
7:24 - 7:26и ги разгледа
-
7:26 - 7:28и ги поврза со
анкети за политички мислења. -
7:29 - 7:31И што најде?
-
7:31 - 7:37Најде дека луѓето кои би гласале
за популистичка партија, -
7:37 - 7:41се истите тие кои цврсто
не би се согласиле -
7:41 - 7:44дека вакцините се важни,
безбедни или ефективни. -
7:44 - 7:46Што научивме?
-
7:46 - 7:51Вакцините не можат да ги избегнат
политичките и социјалните превирања -
7:51 - 7:53кои ги опкружуваат.
-
7:53 - 7:58Научниците не беа подготвени
за овој бран на сомнежи, -
7:58 - 8:01прашања и недоверба.
-
8:01 - 8:06Што -- зошто вакцините
се толку зрели за отпор? -
8:06 - 8:08Па, откривме мноштво работи,
-
8:08 - 8:09но една:
-
8:09 - 8:12тие се посредувани од власта
-
8:12 - 8:18која бара, регулира
и понекогаш препорачува вакцини -- -
8:18 - 8:21или често препорачува
а понекогаш бара. -
8:22 - 8:24Со вакцините се прават големи бизниси,
-
8:24 - 8:28и ниедна институција,
власт или голем бизнис -
8:28 - 8:31не е високо на скалата
на доверба деновиве. -
8:31 - 8:35Има научници кои
откриваат и развиваат вакцини, -
8:35 - 8:37и тие се доста елитни
-
8:37 - 8:39и недостапни за пошироката јавност,
-
8:39 - 8:42барем за јазикот кој го говорат.
-
8:43 - 8:48Трето, ние сме во хиперповрзана
средина со социјални мрежи деновиве, -
8:48 - 8:51и луѓето можат да ги споделат
нивните непрецизни гледишта, -
8:51 - 8:55грижи, анксиозности и ставови
-
8:55 - 8:59и да најдат многу луѓе
кои размислуваат на ист начин, -
8:59 - 9:05и мислат дека нивните грижи
се вредни за да им се посвети внимание. -
9:05 - 9:06И конечно,
-
9:06 - 9:11вакцините го допираат секој
живот на планетава. -
9:11 - 9:13Која друга здравствена интервенција,
-
9:13 - 9:16освен водата,
-
9:16 - 9:19го допира секој живот?
-
9:19 - 9:22Па, ако барате нешто
да нарушите, -
9:22 - 9:24тоа е совршената сцена.
-
9:25 - 9:29Можеби една од причините
поради која треба повеќе внимание -
9:29 - 9:33и реизградба на доверба во проблемите.
-
9:33 - 9:36Луѓето поставуваат секакви прашања.
-
9:36 - 9:38Прашуваат,
-
9:38 - 9:40зошто се вакцините --
-
9:40 - 9:44и овие тработи за кои слушаме
на социјалните мрежи -- -
9:44 - 9:50зошто не може моето дете
да има персонализиран календар на вакцини? -
9:50 - 9:53Која е мудроста на толку многу вакцини?
-
9:54 - 9:58Што се случува со сите тие
состојки и презервативи? -
9:58 - 10:00Ова не се луди луѓе,
-
10:00 - 10:02ова не се неедуцирани;
-
10:02 - 10:04ова се загрижени мајки.
-
10:05 - 10:10Но некои ми пријдоа и рекоа:
„Се чувстуваме игнорирано, -
10:10 - 10:14се чувствуваме осудено ако
поставиме прашање, -
10:14 - 10:15и дури се чувствуваме отуѓено
-
10:15 - 10:19дека можеби сме дел од некоја
група која е против вакцини. -
10:20 - 10:23Па, мораме да слушаме.
-
10:23 - 10:25И можеби затоа минатата година,
-
10:25 - 10:27едно истражување откри
-
10:27 - 10:31дека во 6 месеци во 2019,
-
10:33 - 10:35онлајн --
-
10:35 - 10:36ова беше со илјадници --
-
10:36 - 10:40100 милиони различни корисници
на социјалните мрежи -- -
10:40 - 10:46иако бројките на индивидуите
кои се изразиле во онлајн групите, -
10:46 - 10:47дека се позитивни,
-
10:47 - 10:49како група,
-
10:49 - 10:51и оние кои беа најнегативни
-
10:51 - 10:55ги регрутираа
разговорите во средината -
10:55 - 11:00кои беа неодлучни дали
сакаат или не саат да се вакцинираат. -
11:00 - 11:01Високо негативните --
-
11:01 - 11:04оние што ги викаме
антиваксерски групи -- -
11:04 - 11:06ги регрутираа неодлучните
-
11:06 - 11:11со брзина од 500 проценти побрза
-
11:11 - 11:14од групите на проваксери.
-
11:14 - 11:17500 проценти побрзо.
-
11:17 - 11:19Тие беа повеќе пргави,
повеќе активни -
11:19 - 11:21и тие слушаа.
-
11:21 - 11:24Многу луѓе веруваат дека
вакцините се добри -
11:24 - 11:26и веруваат во нивната важност.
-
11:26 - 11:29Но тоа верување е под напад.
-
11:29 - 11:34Ние треба да градиме повеќе
можности за разговор. -
11:34 - 11:36И има начини да се направи тоа.
-
11:36 - 11:38Не е лесно за некои
медицински стручњаци -
11:38 - 11:42да имаат разговори кога
нивниот авторитет е под знак прашалник. -
11:42 - 11:44Не е пријатно.
-
11:44 - 11:48И тие се многу зафатени
да ги слушаат сите овие прашања. -
11:48 - 11:50Но треба да направиме нешто
во врска со тоа, -
11:50 - 11:54затоа што губиме многу
загрижени родители -
11:54 - 11:57кои само сакаат разговор.
-
11:57 - 12:02Треба да тренираме волонтери
да седат во чекални, -
12:02 - 12:04да бидат на телефонски линии,
-
12:04 - 12:06да имаат онлајн форуми за разговор,
-
12:06 - 12:08да имаат копчиња за разговор.
-
12:08 - 12:11Кај младите деца,
младите деца во училиште, -
12:11 - 12:14да ги учат за имунилошкиот систем
-
12:14 - 12:15и да ги учат дека всушност,
-
12:16 - 12:18знаеш за таа вакцина
што ја доби твојот помал брат? -
12:18 - 12:23Па, го поттикна твојот
природен имунолошки систем. -
12:23 - 12:26Тоа е одлична работа и еве зошто.
-
12:27 - 12:29Треба да ја изградиме таа сигурност;
-
12:29 - 12:31треба да слушаме.
-
12:32 - 12:35И покрај сите прашања --
-
12:35 - 12:37а има многу од нив --
-
12:37 - 12:40Слушам повеќе од голем
број на луѓе -- -
12:41 - 12:42јас сум оптимист.
-
12:42 - 12:47И мојот оптимизам е со
помладата генерација. -
12:47 - 12:53Помладата генерација
стануваат сѐ повеќе свесни -
12:53 - 12:55за ризиците на социјалните мрежи,
-
12:55 - 12:57лажните вести,
-
12:57 - 12:58лажните идентитети,
-
13:00 - 13:03и ја прифаќаат науката.
-
13:03 - 13:08Некои од нив се групи на деца
чии мајки не дозволуваат вакцинирање. -
13:10 - 13:13Минатата пролет, во 2019,
-
13:13 - 13:1718 -годишниот Итан Линденбергер
-
13:17 - 13:20беше на Редит да објави нешто.
-
13:22 - 13:25„Мајка ми не верува во вакцини.
-
13:25 - 13:27Се сомнева дека создаваат аутизам.
-
13:27 - 13:30Всушност, длабоко верува во тоа.
-
13:30 - 13:32Но, јас имам 18 години.
-
13:32 - 13:34Учам во четврта година средно.
-
13:34 - 13:36Можам да возам автомобил, да гласам,
-
13:36 - 13:39и можам сам да одам да се вакцинирам.
-
13:39 - 13:41Може некој да ми каже каде да одам?“
-
13:41 - 13:44Објавата стана вирална.
-
13:44 - 13:48Започна да создава
цело младинско движење. -
13:49 - 13:52Го гледав Итан како зборува
на конференција, -
13:52 - 13:56Глобалниот вакцинален собир
во ЕУ минатата есен. -
13:56 - 13:58Зборуваше елоквентно,
-
13:58 - 14:00и јас бев импресионирана,
-
14:00 - 14:02пред целиот форум.
-
14:03 - 14:05Ја раскажа својата приказна,
-
14:05 - 14:06и потоа кажа рече:
-
14:06 - 14:10„Знаете, сите зборуваат за
дезинформации, -
14:10 - 14:14но сакам да ви кажам за различен
тип дезинформација, -
14:14 - 14:19и тоа е дезинформација која вели
дека луѓе како мајка ми, -
14:19 - 14:21која е мајка која ме сака,
-
14:21 - 14:26е лоша личност
затоа што не ми дава да се вакцинирам. -
14:26 - 14:31Па, сакам да ви кажам дека
таа не ми даде да се вакцинирам, -
14:31 - 14:33затоа што ме сака
-
14:33 - 14:38и затоа што веруваше
дека тоа беше најдоброто за мене. -
14:38 - 14:39Јас размислувам поинаку
-
14:39 - 14:42и никогаш нема да го
сменам нејзинот мислење, -
14:42 - 14:44но таа не е лош човек.“
-
14:45 - 14:48Ова беше пораката од тинејџерот.
-
14:48 - 14:52Емпатија, љубезност и разбирање.
-
14:53 - 14:57Имаме изобилство од
научни информации -
14:57 - 14:59кои демантираат лажни гласини.
-
15:00 - 15:02Тоа не е нашиот проблем.
-
15:02 - 15:04Имаме проблем со врските,
-
15:04 - 15:06не со дезинформациите.
-
15:06 - 15:09Дезинформација е симптом,
-
15:09 - 15:11не е причина.
-
15:11 - 15:13Ако луѓето веруваат,
-
15:13 - 15:17ќе се справат со мал ризик,
а ќе спречат уште поголем. -
15:17 - 15:21Единственото нешто кое
го сакам и за кое се надевам -
15:21 - 15:25е дека ние како медицинска
и здравствена заедница -
15:25 - 15:29ја имаме моралната храброст и скромност
-
15:29 - 15:31продуктивно да се ангажираме,
-
15:31 - 15:33како Итан,
-
15:33 - 15:36со тие кои не се согласуваат со нас.
-
15:36 - 15:37Се надевам.
-
15:37 - 15:38Ви благодарам.
-
15:38 - 15:40(Аплауз и поздрави)
- Title:
- Зошто се шират гласини за вакцините -- и како повторно да израдиме доверба
- Speaker:
- Хајди Ларсон
- Description:
-
Зошто луѓето не веруваат на вакцините? Антропологот Хајди Ларсон истражува како медицинските гласини создаваат, шират и потпалуваат отпор кон вакцините ширум светот. Иако вакцините не можат да ги избегнат „политичките и социјалните турбуленции“ што ги опкружуваат, вели таа, првиот чекор за запирање на ширењето на болеста е да разговарате со луѓето, да слушате и да градите доверба.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 15:54
Julia Kalaputi approved Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi accepted Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for Why rumors about vaccines spread -- and how to rebuild trust |