Јас проучувам гласини. Не озборувања во таблоиди или типот на гласини кои уриваат берзи -- или зголемуваат -- туку типот на гласини кои влијаат на вашето здравје... и здравјето на светот. Како јадењето многу лук или пиењето многу вода ќе помогне во заштитата против коронавирусот -- само ако беше така. Гласините имаат лоша репутација. Ги гледаат не како не-факт, нешто погрешно или „само гласина“. Но јас проучувам гласини со години, и нешто што имам научено е дека сите тие имаат приказна, и често, важна приказна. Една од најпотресните и алармантни епизоди на гласини што сум ја истражила беше во северна Нигерија. Работев со програмата за светска имунизација на УНИЦЕФ. И не беа гласините што ми беа толку алармантни; туку нивното глобално влијание. Овие гласини велеа дека вакцината против полио е всушност контрацептивно средство. Контролира популации -- или можеби предизвикува сида. Не, не, можеби ЦИА ги шпионира или ги брои. Мислам, зошто луѓе би тропале од една врата на друга со истата вакцина против полио? Кога децата умираа од сипаници никој не доаѓаше со вакцина против тоа. Ова не беше за разбирање на фактите. Ова беше за доверба. Беше за нарушена доверба. Зошто толку многу недоверба? Всушност, не беа мајките тие со многу недоверба. Беа локалните лидери, религиозните лидери, локалните политички лидери. Беше гувернерот на државата Кано кој реши да го бојкотира целиот труд за искоренување на полио во таа држава... околу 11 месеци. Зошто толку многу недоверба? Па, беше 2003. Две години по 9/11. И тие беа убедени дека западот, впрочем, САД, се во војна со муслиманите. И знаеја дека западот, впрочем, САД, беше голем поддржувач -- и финансиер -- на иницијативата за светско искоренување на полио. Си ги имаа своите причини. Недостатокот на доверба, тие „гласина или две“, ја чинеше таа програма за искоренување на полио 500 милиони долари за да го ресетира часовникот, за да го врати напредокот изгубен за тие 11 месеци и понатаму. Нигериската нишка на овој вирус патуваше во преку 20 држави, сѐ до Индонезија. Цената на гласината. Нигериската епизода беше една од многуте што ги истражував кога бев со УНИЦЕФ ја добив титулата „директорка на одделот за пожари во УНИЦЕФ“. (Се смее) Ние -- тогаш сфативме дека немавме доволно време. Бев премногу зафатени со гаснење на пожари и немав многу време да сфатам што ги движи поединечните епизоди, и зошто постои и епидемија низ светот. Го напуштив УНИЦЕФ и се вратив на истражување -- применето истражување -- и во 2010 го создадов т.н „Проект на доверба во вакцини“ при Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина. Свикав антрополози, епидемиолози, психолози, специјалисти за дигитална медија, и математички моделари. Си направивме задача да истражиме историски епизоди на гласини и нивното влијание, откривајќи кои биле нивните први сигнали, кои биле поттикнувачките фактори и влијанијата, како добиле замав, за да можеме да разбереме што треба да бараме, како да им помогнеме на властите и на имунизациските програми да бидат поефикасни при првите знаци на проблемите. Тоа беше систем на рано предупредување. Во 2015, направивме индекс на доверба во вакцини. Тоа беше анкета која проба да истражи до кој степен луѓето се согласуваат или не се согласуваат за значењето на вакцините. дали се безбедни, ефективни -- ефикасни -- и усогласени со религиските убедувања. Го пробавме ова со повеќе стотици илјади луѓе низ светот, обидувајќи се да ја разбереме сигурноста и довербата, но исто така, поважно, да видиме какао таа доверба се движи затоа што сакаме да видиме кога почнува да се намалува, за да можеме да реагираме, да стигнеме пред да има криза како таа во Нигерија. Поставивме и 24/7 онлајн и медиумски мониторинг низ светот -- на повеќе јазици -- слушајќи што се случува во разговорите за вакцини, се обидовме да ја откриеме грижата пред време или да го промениме мислењето на кои треба да обрнеме внимание. Создадовме еко-систем на различен тип информации за да пробаме да сфатиме: што мисли јавноста и како можеме да се ангажираме? Баравме рани сигнали. Кога наидуваме на некој, имаме глобална мрежа на соработници во голем број држави со локални известувачи во средините кои се обидуваат да разберат -- дали е ова сигнална дезинформација, или нешто што тлее за кое треба да знаеме? Во Лондон, имаме поголема слика. Гледаме рој на гласини, кои не патуваат само локално, туку преминуваат низ држави. Сме гледале како скокаат од Јапонија до Колумбија, низ Европа и пошироко. Се движат. Живееме во хиперповрзана средина. Една од работите која ни беше фасцинантна, а научивме многу во последните 10 години -- ова е нашата 10 годишнина, ова не започна вчера, овој проблем со гласини -- и една од работите што ги научивме е во нашиот глобален мониторинг, дека Европа е најскептичниот регион во светот. Всушност, Франција ја освои наградата. (Смеа) До сега. И всушност некои од тие гласини патувале до други делови од светот. Но пробуваме да ја сфатиме Европа. Хмм. Зошто Европа? Мислев дека САД беше навистина -- имаше најмногу скептицизам, но човече, колку не бев во право. Како политички научник, колега со кој работиме, Џон Кенеди, тој ни ги зеде податоците од 28 европски држави и ги разгледа и ги поврза со анкети за политички мислења. И што најде? Најде дека луѓето кои би гласале за популистичка партија, се истите тие кои цврсто не би се согласиле дека вакцините се важни, безбедни или ефективни. Што научивме? Вакцините не можат да ги избегнат политичките и социјалните превирања кои ги опкружуваат. Научниците не беа подготвени за овој бран на сомнежи, прашања и недоверба. Што -- зошто вакцините се толку зрели за отпор? Па, откривме мноштво работи, но една: тие се посредувани од власта која бара, регулира и понекогаш препорачува вакцини -- или често препорачува а понекогаш бара. Со вакцините се прават големи бизниси, и ниедна институција, власт или голем бизнис не е високо на скалата на доверба деновиве. Има научници кои откриваат и развиваат вакцини, и тие се доста елитни и недостапни за пошироката јавност, барем за јазикот кој го говорат. Трето, ние сме во хиперповрзана средина со социјални мрежи деновиве, и луѓето можат да ги споделат нивните непрецизни гледишта, грижи, анксиозности и ставови и да најдат многу луѓе кои размислуваат на ист начин, и мислат дека нивните грижи се вредни за да им се посвети внимание. И конечно, вакцините го допираат секој живот на планетава. Која друга здравствена интервенција, освен водата, го допира секој живот? Па, ако барате нешто да нарушите, тоа е совршената сцена. Можеби една од причините поради која треба повеќе внимание и реизградба на доверба во проблемите. Луѓето поставуваат секакви прашања. Прашуваат, зошто се вакцините -- и овие тработи за кои слушаме на социјалните мрежи -- зошто не може моето дете да има персонализиран календар на вакцини? Која е мудроста на толку многу вакцини? Што се случува со сите тие состојки и презервативи? Ова не се луди луѓе, ова не се неедуцирани; ова се загрижени мајки. Но некои ми пријдоа и рекоа: „Се чувстуваме игнорирано, се чувствуваме осудено ако поставиме прашање, и дури се чувствуваме отуѓено дека можеби сме дел од некоја група која е против вакцини. Па, мораме да слушаме. И можеби затоа минатата година, едно истражување откри дека во 6 месеци во 2019, онлајн -- ова беше со илјадници -- 100 милиони различни корисници на социјалните мрежи -- иако бројките на индивидуите кои се изразиле во онлајн групите, дека се позитивни, како група, и оние кои беа најнегативни ги регрутираа разговорите во средината кои беа неодлучни дали сакаат или не саат да се вакцинираат. Високо негативните -- оние што ги викаме антиваксерски групи -- ги регрутираа неодлучните со брзина од 500 проценти побрза од групите на проваксери. 500 проценти побрзо. Тие беа повеќе пргави, повеќе активни и тие слушаа. Многу луѓе веруваат дека вакцините се добри и веруваат во нивната важност. Но тоа верување е под напад. Ние треба да градиме повеќе можности за разговор. И има начини да се направи тоа. Не е лесно за некои медицински стручњаци да имаат разговори кога нивниот авторитет е под знак прашалник. Не е пријатно. И тие се многу зафатени да ги слушаат сите овие прашања. Но треба да направиме нешто во врска со тоа, затоа што губиме многу загрижени родители кои само сакаат разговор. Треба да тренираме волонтери да седат во чекални, да бидат на телефонски линии, да имаат онлајн форуми за разговор, да имаат копчиња за разговор. Кај младите деца, младите деца во училиште, да ги учат за имунилошкиот систем и да ги учат дека всушност, знаеш за таа вакцина што ја доби твојот помал брат? Па, го поттикна твојот природен имунолошки систем. Тоа е одлична работа и еве зошто. Треба да ја изградиме таа сигурност; треба да слушаме. И покрај сите прашања -- а има многу од нив -- Слушам повеќе од голем број на луѓе -- јас сум оптимист. И мојот оптимизам е со помладата генерација. Помладата генерација стануваат сѐ повеќе свесни за ризиците на социјалните мрежи, лажните вести, лажните идентитети, и ја прифаќаат науката. Некои од нив се групи на деца чии мајки не дозволуваат вакцинирање. Минатата пролет, во 2019, 18 -годишниот Итан Линденбергер беше на Редит да објави нешто. „Мајка ми не верува во вакцини. Се сомнева дека создаваат аутизам. Всушност, длабоко верува во тоа. Но, јас имам 18 години. Учам во четврта година средно. Можам да возам автомобил, да гласам, и можам сам да одам да се вакцинирам. Може некој да ми каже каде да одам?“ Објавата стана вирална. Започна да создава цело младинско движење. Го гледав Итан како зборува на конференција, Глобалниот вакцинален собир во ЕУ минатата есен. Зборуваше елоквентно, и јас бев импресионирана, пред целиот форум. Ја раскажа својата приказна, и потоа кажа рече: „Знаете, сите зборуваат за дезинформации, но сакам да ви кажам за различен тип дезинформација, и тоа е дезинформација која вели дека луѓе како мајка ми, која е мајка која ме сака, е лоша личност затоа што не ми дава да се вакцинирам. Па, сакам да ви кажам дека таа не ми даде да се вакцинирам, затоа што ме сака и затоа што веруваше дека тоа беше најдоброто за мене. Јас размислувам поинаку и никогаш нема да го сменам нејзинот мислење, но таа не е лош човек.“ Ова беше пораката од тинејџерот. Емпатија, љубезност и разбирање. Имаме изобилство од научни информации кои демантираат лажни гласини. Тоа не е нашиот проблем. Имаме проблем со врските, не со дезинформациите. Дезинформација е симптом, не е причина. Ако луѓето веруваат, ќе се справат со мал ризик, а ќе спречат уште поголем. Единственото нешто кое го сакам и за кое се надевам е дека ние како медицинска и здравствена заедница ја имаме моралната храброст и скромност продуктивно да се ангажираме, како Итан, со тие кои не се согласуваат со нас. Се надевам. Ви благодарам. (Аплауз и поздрави)