1 00:00:01,625 --> 00:00:03,893 Јас проучувам гласини. 2 00:00:03,917 --> 00:00:05,309 Не озборувања во таблоиди 3 00:00:05,333 --> 00:00:08,851 или типот на гласини кои уриваат берзи -- 4 00:00:08,875 --> 00:00:10,434 или зголемуваат -- 5 00:00:10,458 --> 00:00:13,351 туку типот на гласини кои влијаат на вашето здравје... 6 00:00:13,375 --> 00:00:15,143 и здравјето на светот. 7 00:00:15,167 --> 00:00:17,643 Како јадењето многу лук 8 00:00:17,667 --> 00:00:18,976 или пиењето многу вода 9 00:00:19,000 --> 00:00:21,976 ќе помогне во заштитата против коронавирусот -- 10 00:00:22,000 --> 00:00:23,458 само ако беше така. 11 00:00:24,167 --> 00:00:26,768 Гласините имаат лоша репутација. 12 00:00:26,792 --> 00:00:28,684 Ги гледаат не како не-факт, 13 00:00:28,708 --> 00:00:30,476 нешто погрешно 14 00:00:30,500 --> 00:00:32,083 или „само гласина“. 15 00:00:33,125 --> 00:00:35,601 Но јас проучувам гласини со години, 16 00:00:35,625 --> 00:00:39,434 и нешто што имам научено е дека сите тие имаат приказна, 17 00:00:39,458 --> 00:00:41,976 и често, важна приказна. 18 00:00:42,000 --> 00:00:48,143 Една од најпотресните и алармантни епизоди на гласини што сум ја истражила 19 00:00:48,167 --> 00:00:50,559 беше во северна Нигерија. 20 00:00:50,583 --> 00:00:54,208 Работев со програмата за светска имунизација на УНИЦЕФ. 21 00:00:54,792 --> 00:00:58,851 И не беа гласините што ми беа толку алармантни; 22 00:00:58,875 --> 00:01:02,000 туку нивното глобално влијание. 23 00:01:02,917 --> 00:01:04,726 Овие гласини велеа 24 00:01:04,750 --> 00:01:09,226 дека вакцината против полио е всушност контрацептивно средство. 25 00:01:09,250 --> 00:01:12,143 Контролира популации -- 26 00:01:12,167 --> 00:01:15,333 или можеби предизвикува сида. 27 00:01:16,042 --> 00:01:20,351 Не, не, можеби ЦИА ги шпионира или ги брои. 28 00:01:20,375 --> 00:01:26,268 Мислам, зошто луѓе би тропале од една врата на друга 29 00:01:26,292 --> 00:01:29,434 со истата вакцина против полио? 30 00:01:29,458 --> 00:01:32,434 Кога децата умираа од сипаници 31 00:01:32,458 --> 00:01:35,167 никој не доаѓаше со вакцина против тоа. 32 00:01:37,667 --> 00:01:40,768 Ова не беше за разбирање на фактите. 33 00:01:40,792 --> 00:01:42,893 Ова беше за доверба. 34 00:01:42,917 --> 00:01:45,309 Беше за нарушена доверба. 35 00:01:45,333 --> 00:01:47,768 Зошто толку многу недоверба? 36 00:01:47,792 --> 00:01:51,684 Всушност, не беа мајките тие со многу недоверба. 37 00:01:51,708 --> 00:01:53,601 Беа локалните лидери, 38 00:01:53,625 --> 00:01:55,226 религиозните лидери, 39 00:01:55,250 --> 00:01:57,184 локалните политички лидери. 40 00:01:57,208 --> 00:02:00,393 Беше гувернерот на државата Кано 41 00:02:00,417 --> 00:02:02,226 кој реши да го бојкотира 42 00:02:02,250 --> 00:02:06,934 целиот труд за искоренување на полио во таа држава... 43 00:02:06,958 --> 00:02:09,976 околу 11 месеци. 44 00:02:10,000 --> 00:02:12,434 Зошто толку многу недоверба? 45 00:02:12,458 --> 00:02:14,934 Па, беше 2003. 46 00:02:14,958 --> 00:02:18,476 Две години по 9/11. 47 00:02:18,500 --> 00:02:21,809 И тие беа убедени дека западот, 48 00:02:21,833 --> 00:02:24,018 впрочем, САД, 49 00:02:24,042 --> 00:02:26,143 се во војна со муслиманите. 50 00:02:26,167 --> 00:02:28,476 И знаеја дека западот, 51 00:02:28,500 --> 00:02:30,809 впрочем, САД, 52 00:02:30,833 --> 00:02:32,434 беше голем поддржувач -- 53 00:02:32,458 --> 00:02:33,851 и финансиер -- 54 00:02:33,875 --> 00:02:36,934 на иницијативата за светско искоренување на полио. 55 00:02:36,958 --> 00:02:38,458 Си ги имаа своите причини. 56 00:02:39,667 --> 00:02:42,518 Недостатокот на доверба, 57 00:02:42,542 --> 00:02:46,018 тие „гласина или две“, 58 00:02:46,042 --> 00:02:52,184 ја чинеше таа програма за искоренување на полио 500 милиони долари 59 00:02:52,208 --> 00:02:53,851 за да го ресетира часовникот, 60 00:02:53,875 --> 00:02:57,976 за да го врати напредокот изгубен за тие 11 месеци 61 00:02:58,000 --> 00:02:59,393 и понатаму. 62 00:02:59,417 --> 00:03:05,518 Нигериската нишка на овој вирус патуваше во преку 20 држави, 63 00:03:05,542 --> 00:03:07,417 сѐ до Индонезија. 64 00:03:08,667 --> 00:03:10,625 Цената на гласината. 65 00:03:11,708 --> 00:03:15,976 Нигериската епизода беше една од многуте што ги истражував 66 00:03:16,000 --> 00:03:17,351 кога бев со УНИЦЕФ 67 00:03:17,375 --> 00:03:21,792 ја добив титулата „директорка на одделот за пожари во УНИЦЕФ“. 68 00:03:22,792 --> 00:03:23,851 (Се смее) 69 00:03:23,875 --> 00:03:28,143 Ние -- тогаш сфативме дека немавме доволно време. 70 00:03:28,167 --> 00:03:32,309 Бев премногу зафатени со гаснење на пожари и немав многу време да сфатам 71 00:03:32,333 --> 00:03:36,351 што ги движи поединечните епизоди, 72 00:03:36,375 --> 00:03:41,101 и зошто постои и епидемија низ светот. 73 00:03:41,125 --> 00:03:44,893 Го напуштив УНИЦЕФ и се вратив на истражување -- 74 00:03:44,917 --> 00:03:47,018 применето истражување -- 75 00:03:47,042 --> 00:03:53,976 и во 2010 го создадов т.н „Проект на доверба во вакцини“ 76 00:03:54,000 --> 00:03:58,101 при Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина. 77 00:03:58,125 --> 00:04:01,268 Свикав антрополози, епидемиолози, 78 00:04:01,292 --> 00:04:02,934 психолози, 79 00:04:02,958 --> 00:04:05,976 специјалисти за дигитална медија, 80 00:04:06,000 --> 00:04:08,351 и математички моделари. 81 00:04:08,375 --> 00:04:10,726 Си направивме задача 82 00:04:10,750 --> 00:04:15,184 да истражиме историски епизоди на гласини 83 00:04:15,208 --> 00:04:17,018 и нивното влијание, 84 00:04:17,042 --> 00:04:20,976 откривајќи кои биле нивните први сигнали, 85 00:04:21,000 --> 00:04:22,976 кои биле поттикнувачките фактори 86 00:04:23,000 --> 00:04:24,601 и влијанијата, 87 00:04:24,625 --> 00:04:26,434 како добиле замав, 88 00:04:26,458 --> 00:04:30,351 за да можеме да разбереме што треба да бараме, 89 00:04:30,375 --> 00:04:31,934 како да им помогнеме на властите 90 00:04:31,958 --> 00:04:36,976 и на имунизациските програми да бидат поефикасни 91 00:04:37,000 --> 00:04:39,976 при првите знаци на проблемите. 92 00:04:40,000 --> 00:04:42,601 Тоа беше систем на рано предупредување. 93 00:04:42,625 --> 00:04:47,309 Во 2015, направивме индекс на доверба во вакцини. 94 00:04:47,333 --> 00:04:53,559 Тоа беше анкета која проба да истражи до кој степен луѓето се согласуваат 95 00:04:53,583 --> 00:04:56,684 или не се согласуваат за значењето на вакцините. 96 00:04:56,708 --> 00:04:59,018 дали се безбедни, ефективни -- 97 00:04:59,042 --> 00:05:00,351 ефикасни -- 98 00:05:00,375 --> 00:05:03,768 и усогласени со религиските убедувања. 99 00:05:03,792 --> 00:05:08,393 Го пробавме ова со повеќе стотици илјади луѓе низ светот, 100 00:05:08,417 --> 00:05:13,643 обидувајќи се да ја разбереме сигурноста и довербата, 101 00:05:13,667 --> 00:05:19,768 но исто така, поважно, да видиме какао таа доверба се движи 102 00:05:19,792 --> 00:05:23,351 затоа што сакаме да видиме кога почнува да се намалува, 103 00:05:23,375 --> 00:05:25,726 за да можеме да реагираме, 104 00:05:25,750 --> 00:05:30,458 да стигнеме пред да има криза како таа во Нигерија. 105 00:05:31,500 --> 00:05:36,726 Поставивме и 24/7 онлајн и медиумски мониторинг низ светот -- 106 00:05:36,750 --> 00:05:38,393 на повеќе јазици -- 107 00:05:38,417 --> 00:05:42,768 слушајќи што се случува во разговорите за вакцини, 108 00:05:42,792 --> 00:05:46,684 се обидовме да ја откриеме грижата пред време или да го промениме мислењето 109 00:05:46,708 --> 00:05:49,143 на кои треба да обрнеме внимание. 110 00:05:49,167 --> 00:05:54,059 Создадовме еко-систем на различен тип информации 111 00:05:54,083 --> 00:05:55,893 за да пробаме да сфатиме: 112 00:05:55,917 --> 00:06:00,226 што мисли јавноста и како можеме да се ангажираме? 113 00:06:00,250 --> 00:06:01,601 Баравме рани сигнали. 114 00:06:01,625 --> 00:06:02,976 Кога наидуваме на некој, 115 00:06:03,000 --> 00:06:06,809 имаме глобална мрежа на соработници во голем број држави 116 00:06:06,833 --> 00:06:09,684 со локални известувачи во средините 117 00:06:09,708 --> 00:06:11,476 кои се обидуваат да разберат -- 118 00:06:11,500 --> 00:06:13,601 дали е ова сигнална дезинформација, 119 00:06:13,625 --> 00:06:16,542 или нешто што тлее за кое треба да знаеме? 120 00:06:17,417 --> 00:06:19,268 Во Лондон, имаме поголема слика. 121 00:06:19,292 --> 00:06:23,518 Гледаме рој на гласини, кои не патуваат само локално, 122 00:06:23,542 --> 00:06:25,309 туку преминуваат низ држави. 123 00:06:25,333 --> 00:06:29,101 Сме гледале како скокаат од Јапонија до Колумбија, 124 00:06:29,125 --> 00:06:31,143 низ Европа и пошироко. 125 00:06:31,167 --> 00:06:32,434 Се движат. 126 00:06:32,458 --> 00:06:35,934 Живееме во хиперповрзана средина. 127 00:06:35,958 --> 00:06:38,893 Една од работите која ни беше фасцинантна, 128 00:06:38,917 --> 00:06:41,226 а научивме многу во последните 10 години -- 129 00:06:41,250 --> 00:06:43,643 ова е нашата 10 годишнина, 130 00:06:43,667 --> 00:06:46,643 ова не започна вчера, овој проблем со гласини -- 131 00:06:46,667 --> 00:06:48,476 и една од работите што ги научивме 132 00:06:48,500 --> 00:06:50,893 е во нашиот глобален мониторинг, 133 00:06:50,917 --> 00:06:55,268 дека Европа е најскептичниот регион во светот. 134 00:06:55,292 --> 00:06:57,476 Всушност, Франција ја освои наградата. 135 00:06:57,500 --> 00:06:58,559 (Смеа) 136 00:06:58,583 --> 00:06:59,976 До сега. 137 00:07:00,000 --> 00:07:04,250 И всушност некои од тие гласини патувале до други делови од светот. 138 00:07:05,083 --> 00:07:07,101 Но пробуваме да ја сфатиме Европа. 139 00:07:07,125 --> 00:07:08,643 Хмм. Зошто Европа? 140 00:07:08,667 --> 00:07:11,059 Мислев дека САД беше навистина -- 141 00:07:11,083 --> 00:07:12,893 имаше најмногу скептицизам, 142 00:07:12,917 --> 00:07:15,351 но човече, колку не бев во право. 143 00:07:15,375 --> 00:07:18,434 Како политички научник, колега со кој работиме, 144 00:07:18,458 --> 00:07:20,059 Џон Кенеди, 145 00:07:20,083 --> 00:07:24,226 тој ни ги зеде податоците од 28 европски држави 146 00:07:24,250 --> 00:07:25,518 и ги разгледа 147 00:07:25,542 --> 00:07:28,458 и ги поврза со анкети за политички мислења. 148 00:07:29,167 --> 00:07:30,934 И што најде? 149 00:07:30,958 --> 00:07:37,101 Најде дека луѓето кои би гласале за популистичка партија, 150 00:07:37,125 --> 00:07:40,684 се истите тие кои цврсто не би се согласиле 151 00:07:40,708 --> 00:07:44,268 дека вакцините се важни, безбедни или ефективни. 152 00:07:44,292 --> 00:07:45,934 Што научивме? 153 00:07:45,958 --> 00:07:51,059 Вакцините не можат да ги избегнат политичките и социјалните превирања 154 00:07:51,083 --> 00:07:52,518 кои ги опкружуваат. 155 00:07:52,542 --> 00:07:57,934 Научниците не беа подготвени за овој бран на сомнежи, 156 00:07:57,958 --> 00:08:00,684 прашања и недоверба. 157 00:08:00,708 --> 00:08:06,101 Што -- зошто вакцините се толку зрели за отпор? 158 00:08:06,125 --> 00:08:08,101 Па, откривме мноштво работи, 159 00:08:08,125 --> 00:08:09,393 но една: 160 00:08:09,417 --> 00:08:11,893 тие се посредувани од власта 161 00:08:11,917 --> 00:08:17,809 која бара, регулира и понекогаш препорачува вакцини -- 162 00:08:17,833 --> 00:08:21,000 или често препорачува а понекогаш бара. 163 00:08:22,042 --> 00:08:24,434 Со вакцините се прават големи бизниси, 164 00:08:24,458 --> 00:08:27,809 и ниедна институција, власт или голем бизнис 165 00:08:27,833 --> 00:08:30,976 не е високо на скалата на доверба деновиве. 166 00:08:31,000 --> 00:08:34,934 Има научници кои откриваат и развиваат вакцини, 167 00:08:34,958 --> 00:08:36,643 и тие се доста елитни 168 00:08:36,667 --> 00:08:39,351 и недостапни за пошироката јавност, 169 00:08:39,375 --> 00:08:41,583 барем за јазикот кој го говорат. 170 00:08:42,583 --> 00:08:48,184 Трето, ние сме во хиперповрзана средина со социјални мрежи деновиве, 171 00:08:48,208 --> 00:08:50,976 и луѓето можат да ги споделат нивните непрецизни гледишта, 172 00:08:51,000 --> 00:08:55,143 грижи, анксиозности и ставови 173 00:08:55,167 --> 00:08:58,518 и да најдат многу луѓе кои размислуваат на ист начин, 174 00:08:58,542 --> 00:09:04,851 и мислат дека нивните грижи се вредни за да им се посвети внимание. 175 00:09:04,875 --> 00:09:06,184 И конечно, 176 00:09:06,208 --> 00:09:11,018 вакцините го допираат секој живот на планетава. 177 00:09:11,042 --> 00:09:13,434 Која друга здравствена интервенција, 178 00:09:13,458 --> 00:09:15,684 освен водата, 179 00:09:15,708 --> 00:09:18,851 го допира секој живот? 180 00:09:18,875 --> 00:09:21,893 Па, ако барате нешто да нарушите, 181 00:09:21,917 --> 00:09:23,667 тоа е совршената сцена. 182 00:09:24,708 --> 00:09:29,393 Можеби една од причините поради која треба повеќе внимание 183 00:09:29,417 --> 00:09:32,976 и реизградба на доверба во проблемите. 184 00:09:33,000 --> 00:09:36,434 Луѓето поставуваат секакви прашања. 185 00:09:36,458 --> 00:09:38,059 Прашуваат, 186 00:09:38,083 --> 00:09:39,976 зошто се вакцините -- 187 00:09:40,000 --> 00:09:44,018 и овие тработи за кои слушаме на социјалните мрежи -- 188 00:09:44,042 --> 00:09:50,018 зошто не може моето дете да има персонализиран календар на вакцини? 189 00:09:50,042 --> 00:09:52,792 Која е мудроста на толку многу вакцини? 190 00:09:53,917 --> 00:09:57,643 Што се случува со сите тие состојки и презервативи? 191 00:09:57,667 --> 00:09:59,809 Ова не се луди луѓе, 192 00:09:59,833 --> 00:10:02,101 ова не се неедуцирани; 193 00:10:02,125 --> 00:10:04,167 ова се загрижени мајки. 194 00:10:05,208 --> 00:10:10,434 Но некои ми пријдоа и рекоа: „Се чувстуваме игнорирано, 195 00:10:10,458 --> 00:10:13,601 се чувствуваме осудено ако поставиме прашање, 196 00:10:13,625 --> 00:10:15,434 и дури се чувствуваме отуѓено 197 00:10:15,458 --> 00:10:18,750 дека можеби сме дел од некоја група која е против вакцини. 198 00:10:19,792 --> 00:10:22,518 Па, мораме да слушаме. 199 00:10:22,542 --> 00:10:25,018 И можеби затоа минатата година, 200 00:10:25,042 --> 00:10:27,101 едно истражување откри 201 00:10:27,125 --> 00:10:31,042 дека во 6 месеци во 2019, 202 00:10:33,333 --> 00:10:34,643 онлајн -- 203 00:10:34,667 --> 00:10:35,976 ова беше со илјадници -- 204 00:10:36,000 --> 00:10:40,101 100 милиони различни корисници на социјалните мрежи -- 205 00:10:40,125 --> 00:10:45,851 иако бројките на индивидуите кои се изразиле во онлајн групите, 206 00:10:45,875 --> 00:10:47,393 дека се позитивни, 207 00:10:47,417 --> 00:10:48,851 како група, 208 00:10:48,875 --> 00:10:51,351 и оние кои беа најнегативни 209 00:10:51,375 --> 00:10:55,143 ги регрутираа разговорите во средината 210 00:10:55,167 --> 00:10:59,518 кои беа неодлучни дали сакаат или не саат да се вакцинираат. 211 00:10:59,542 --> 00:11:00,934 Високо негативните -- 212 00:11:00,958 --> 00:11:03,559 оние што ги викаме антиваксерски групи -- 213 00:11:03,583 --> 00:11:06,476 ги регрутираа неодлучните 214 00:11:06,500 --> 00:11:11,226 со брзина од 500 проценти побрза 215 00:11:11,250 --> 00:11:13,893 од групите на проваксери. 216 00:11:13,917 --> 00:11:16,518 500 проценти побрзо. 217 00:11:16,542 --> 00:11:18,976 Тие беа повеќе пргави, повеќе активни 218 00:11:19,000 --> 00:11:20,684 и тие слушаа. 219 00:11:20,708 --> 00:11:24,101 Многу луѓе веруваат дека вакцините се добри 220 00:11:24,125 --> 00:11:26,434 и веруваат во нивната важност. 221 00:11:26,458 --> 00:11:29,309 Но тоа верување е под напад. 222 00:11:29,333 --> 00:11:33,809 Ние треба да градиме повеќе можности за разговор. 223 00:11:33,833 --> 00:11:35,518 И има начини да се направи тоа. 224 00:11:35,542 --> 00:11:38,351 Не е лесно за некои медицински стручњаци 225 00:11:38,375 --> 00:11:42,268 да имаат разговори кога нивниот авторитет е под знак прашалник. 226 00:11:42,292 --> 00:11:44,143 Не е пријатно. 227 00:11:44,167 --> 00:11:48,143 И тие се многу зафатени да ги слушаат сите овие прашања. 228 00:11:48,167 --> 00:11:50,226 Но треба да направиме нешто во врска со тоа, 229 00:11:50,250 --> 00:11:54,184 затоа што губиме многу загрижени родители 230 00:11:54,208 --> 00:11:57,184 кои само сакаат разговор. 231 00:11:57,208 --> 00:12:01,559 Треба да тренираме волонтери да седат во чекални, 232 00:12:01,583 --> 00:12:03,518 да бидат на телефонски линии, 233 00:12:03,542 --> 00:12:05,934 да имаат онлајн форуми за разговор, 234 00:12:05,958 --> 00:12:08,059 да имаат копчиња за разговор. 235 00:12:08,083 --> 00:12:11,309 Кај младите деца, младите деца во училиште, 236 00:12:11,333 --> 00:12:13,726 да ги учат за имунилошкиот систем 237 00:12:13,750 --> 00:12:15,476 и да ги учат дека всушност, 238 00:12:15,500 --> 00:12:17,976 знаеш за таа вакцина што ја доби твојот помал брат? 239 00:12:18,000 --> 00:12:23,351 Па, го поттикна твојот природен имунолошки систем. 240 00:12:23,375 --> 00:12:25,917 Тоа е одлична работа и еве зошто. 241 00:12:27,333 --> 00:12:29,143 Треба да ја изградиме таа сигурност; 242 00:12:29,167 --> 00:12:30,625 треба да слушаме. 243 00:12:32,417 --> 00:12:35,143 И покрај сите прашања -- 244 00:12:35,167 --> 00:12:36,518 а има многу од нив -- 245 00:12:36,542 --> 00:12:39,833 Слушам повеќе од голем број на луѓе -- 246 00:12:40,792 --> 00:12:42,309 јас сум оптимист. 247 00:12:42,333 --> 00:12:46,893 И мојот оптимизам е со помладата генерација. 248 00:12:46,917 --> 00:12:52,601 Помладата генерација стануваат сѐ повеќе свесни 249 00:12:52,625 --> 00:12:54,934 за ризиците на социјалните мрежи, 250 00:12:54,958 --> 00:12:56,726 лажните вести, 251 00:12:56,750 --> 00:12:58,500 лажните идентитети, 252 00:12:59,708 --> 00:13:02,601 и ја прифаќаат науката. 253 00:13:02,625 --> 00:13:08,208 Некои од нив се групи на деца чии мајки не дозволуваат вакцинирање. 254 00:13:09,750 --> 00:13:13,226 Минатата пролет, во 2019, 255 00:13:13,250 --> 00:13:16,768 18 -годишниот Итан Линденбергер 256 00:13:16,792 --> 00:13:20,000 беше на Редит да објави нешто. 257 00:13:21,750 --> 00:13:24,601 „Мајка ми не верува во вакцини. 258 00:13:24,625 --> 00:13:27,268 Се сомнева дека создаваат аутизам. 259 00:13:27,292 --> 00:13:29,934 Всушност, длабоко верува во тоа. 260 00:13:29,958 --> 00:13:31,726 Но, јас имам 18 години. 261 00:13:31,750 --> 00:13:33,601 Учам во четврта година средно. 262 00:13:33,625 --> 00:13:36,143 Можам да возам автомобил, да гласам, 263 00:13:36,167 --> 00:13:38,601 и можам сам да одам да се вакцинирам. 264 00:13:38,625 --> 00:13:40,542 Може некој да ми каже каде да одам?“ 265 00:13:41,417 --> 00:13:43,976 Објавата стана вирална. 266 00:13:44,000 --> 00:13:47,875 Започна да создава цело младинско движење. 267 00:13:49,333 --> 00:13:52,184 Го гледав Итан како зборува на конференција, 268 00:13:52,208 --> 00:13:56,393 Глобалниот вакцинален собир во ЕУ минатата есен. 269 00:13:56,417 --> 00:13:58,393 Зборуваше елоквентно, 270 00:13:58,417 --> 00:13:59,893 и јас бев импресионирана, 271 00:13:59,917 --> 00:14:01,958 пред целиот форум. 272 00:14:02,792 --> 00:14:04,726 Ја раскажа својата приказна, 273 00:14:04,750 --> 00:14:06,309 и потоа кажа рече: 274 00:14:06,333 --> 00:14:09,893 „Знаете, сите зборуваат за дезинформации, 275 00:14:09,917 --> 00:14:14,018 но сакам да ви кажам за различен тип дезинформација, 276 00:14:14,042 --> 00:14:19,351 и тоа е дезинформација која вели дека луѓе како мајка ми, 277 00:14:19,375 --> 00:14:21,184 која е мајка која ме сака, 278 00:14:21,208 --> 00:14:26,059 е лоша личност затоа што не ми дава да се вакцинирам. 279 00:14:26,083 --> 00:14:30,976 Па, сакам да ви кажам дека таа не ми даде да се вакцинирам, 280 00:14:31,000 --> 00:14:33,059 затоа што ме сака 281 00:14:33,083 --> 00:14:37,934 и затоа што веруваше дека тоа беше најдоброто за мене. 282 00:14:37,958 --> 00:14:39,393 Јас размислувам поинаку 283 00:14:39,417 --> 00:14:42,143 и никогаш нема да го сменам нејзинот мислење, 284 00:14:42,167 --> 00:14:44,083 но таа не е лош човек.“ 285 00:14:45,292 --> 00:14:48,476 Ова беше пораката од тинејџерот. 286 00:14:48,500 --> 00:14:52,000 Емпатија, љубезност и разбирање. 287 00:14:53,000 --> 00:14:56,518 Имаме изобилство од научни информации 288 00:14:56,542 --> 00:14:59,476 кои демантираат лажни гласини. 289 00:14:59,500 --> 00:15:01,601 Тоа не е нашиот проблем. 290 00:15:01,625 --> 00:15:04,059 Имаме проблем со врските, 291 00:15:04,083 --> 00:15:06,434 не со дезинформациите. 292 00:15:06,458 --> 00:15:09,184 Дезинформација е симптом, 293 00:15:09,208 --> 00:15:10,726 не е причина. 294 00:15:10,750 --> 00:15:12,809 Ако луѓето веруваат, 295 00:15:12,833 --> 00:15:17,393 ќе се справат со мал ризик, а ќе спречат уште поголем. 296 00:15:17,417 --> 00:15:20,976 Единственото нешто кое го сакам и за кое се надевам 297 00:15:21,000 --> 00:15:24,684 е дека ние како медицинска и здравствена заедница 298 00:15:24,708 --> 00:15:28,851 ја имаме моралната храброст и скромност 299 00:15:28,875 --> 00:15:31,226 продуктивно да се ангажираме, 300 00:15:31,250 --> 00:15:32,559 како Итан, 301 00:15:32,583 --> 00:15:35,768 со тие кои не се согласуваат со нас. 302 00:15:35,792 --> 00:15:37,101 Се надевам. 303 00:15:37,125 --> 00:15:38,393 Ви благодарам. 304 00:15:38,417 --> 00:15:40,333 (Аплауз и поздрави)