Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина
-
0:00 - 0:02Еден начин да ги промениме нашите гени е да создадеме нови,
-
0:02 - 0:04како што Крег Вентер елегантно ни има покажано.
-
0:04 - 0:07Друг начин е да го смениме нашиот животен стил.
-
0:07 - 0:11Тоа што го учиме е колку само моќни и динамични овие промени можат да бидат,
-
0:11 - 0:14така што немора да се чека многу долго за да се видат придобивките.
-
0:14 - 0:19Кога јадете поздраво, се справувате со стрес, вежбате и сакате повеќе,
-
0:19 - 0:21вашиот мозок всушност добива повеќе кислород.
-
0:21 - 0:24Но повеќе од тоа, вашиот мозок и мерно се зголемува.
-
0:24 - 0:26Нешта кои се сметаа за невозможни само пред неколку години
-
0:26 - 0:28може сега да бидат измерени.
-
0:28 - 0:31Ова беше осмислено од Робин Вилијамс
-
0:31 - 0:33неколку години пред нас останатите.
-
0:33 - 0:35Сега, постојат неколку работи што може да се направат
-
0:35 - 0:38за мозокот да почне да расте нови мозочни клетки.
-
0:38 - 0:40Некои од моите омилени нешта, како чоколадо и чај, боровница,
-
0:40 - 0:44алкохол во умерени количини, справување со стрес
-
0:44 - 0:46и канабиноиди кои се наоѓаат во марихуана.
-
0:46 - 0:48Јас сум само курирот.
-
0:49 - 0:52(Смеење)
-
0:52 - 0:55Што точно ни беше муабетот?
-
0:55 - 0:57(Смеење)
-
0:57 - 0:59А некои нешта може да направат полошо,
-
0:59 - 1:01причинуваат губење на мозочни клетки.
-
1:01 - 1:04Тоа се стандардните осомничени, како заситени масти и шеќер,
-
1:04 - 1:08никоти, опијати, кокаин, премногу алкохол и хроничен стрес.
-
1:08 - 1:11Вашата кожа добива поголем доток на крв кога го менувате животниот стил,
-
1:11 - 1:14така што стареете побавно, и вашата кожа не се брчка така многу.
-
1:14 - 1:16Вашето срце добива поголем доток на крв.
-
1:16 - 1:18Имаме покажано дека всушност може да се спречи срцево заболување.
-
1:18 - 1:21Дека овие затнати артерии кои ги гледате горе лево,
-
1:21 - 1:23по само една година може да бидат мерливо помалку затнати.
-
1:23 - 1:25И на срцевата PET снимка прикажана долу лево,
-
1:25 - 1:27синото означува непостоечки проток на крв.
-
1:27 - 1:30Една година подоцна - во портокалово и бело е прикажан максималниот проток на крв.
-
1:30 - 1:33Имаме покажано дека сте во можност да го запрете и свртите напредокот
-
1:33 - 1:35на ран рак на простатата, и следствено рак на дојката,
-
1:35 - 1:37само со правење на ваквите промени.
-
1:37 - 1:40Откривме дека растењето на туморите ин витро беше намалено
-
1:40 - 1:42кај 70 проценти во групите кои ги направија овие промени,
-
1:42 - 1:45за разлика од девет проценти во споредбената група.
-
1:45 - 1:47Овие разлики се доста значајни.
-
1:47 - 1:49Дури и вашите сексуални органи добиваат поголем доток на крв,
-
1:49 - 1:51така што ја зголемувате сексуалната потенција.
-
1:51 - 1:53Една од најефективните реклами против пушење беше направена
-
1:53 - 1:55од Одделот за Здравствени Услуги,
-
1:55 - 1:57покажувајќи дека никотинот, којшто ги стеснува вашите артерии,
-
1:57 - 1:59може да причини срцев напад или удар,
-
1:59 - 2:01но може да причини и импотенција.
-
2:01 - 2:03Половината од вас пушачите се импотентни.
-
2:03 - 2:04Колку секси е тоа?
-
2:04 - 2:06Сега сме во тек на објавување на истражување --
-
2:06 - 2:09истражување кое покажува дека може да се промени експресирањето на гени во мажи со рак на простата.
-
2:09 - 2:11Ова се вика топлинска мапа
-
2:11 - 2:14со различни бои, а на десната страна надолж се различните гени.
-
2:14 - 2:17И откривме дека преку 500 гени беа склони кон промена
-
2:17 - 2:20со ефект на активирање на добрите гени, оние кои спречуваат болести
-
2:20 - 2:24и деактивирање на гените кои причинуваат болест.
-
2:24 - 2:27И јас мислам дека овие откритија се навистина моќни
-
2:27 - 2:29и им даваат нова надеж и избор на многу луѓе.
-
2:29 - 2:34И компаниите како Navigenix и DNA Direct и 23andMe,
-
2:34 - 2:37кои ви ги даваат вашите генетски профили,
-
2:37 - 2:40им даваат на некои луѓе мисли како "Хм, па што би можел јас да сторам за ова?"
-
2:40 - 2:43Па, нашите гени не се навистина наша судбина, и ако ги направиме овие промени --
-
2:43 - 2:45тие се предиспозиција, но ако направиме поголеми промени
-
2:45 - 2:47отколку што би направиле во други околности,
-
2:47 - 2:50ние всушност можеме да го промениме начинит на експресирање на нашите гени.
-
2:50 - 2:51Ви благодарам.
-
2:51 - 2:53(Аплауз)
- Title:
- Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина
- Speaker:
- Dean Ornish
- Description:
-
Дин Орниш ги споделува новите истражувања кои покажуваат како присвојувањето на нов животен стил може да влијае врз една личност на генетско ниво. На пример, тој вели дека кога живеете здрав живот, јадете подобро, вежбате и сакате повеќе, вашите мочочни клетки се зголемуваат.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 02:53