Return to Video

Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина

  • 0:00 - 0:02
    Еден начин да ги промениме нашите гени е да создадеме нови,
  • 0:02 - 0:04
    како што Крег Вентер елегантно ни има покажано.
  • 0:04 - 0:07
    Друг начин е да го смениме нашиот животен стил.
  • 0:07 - 0:11
    Тоа што го учиме е колку само моќни и динамични овие промени можат да бидат,
  • 0:11 - 0:14
    така што немора да се чека многу долго за да се видат придобивките.
  • 0:14 - 0:19
    Кога јадете поздраво, се справувате со стрес, вежбате и сакате повеќе,
  • 0:19 - 0:21
    вашиот мозок всушност добива повеќе кислород.
  • 0:21 - 0:24
    Но повеќе од тоа, вашиот мозок и мерно се зголемува.
  • 0:24 - 0:26
    Нешта кои се сметаа за невозможни само пред неколку години
  • 0:26 - 0:28
    може сега да бидат измерени.
  • 0:28 - 0:31
    Ова беше осмислено од Робин Вилијамс
  • 0:31 - 0:33
    неколку години пред нас останатите.
  • 0:33 - 0:35
    Сега, постојат неколку работи што може да се направат
  • 0:35 - 0:38
    за мозокот да почне да расте нови мозочни клетки.
  • 0:38 - 0:40
    Некои од моите омилени нешта, како чоколадо и чај, боровница,
  • 0:40 - 0:44
    алкохол во умерени количини, справување со стрес
  • 0:44 - 0:46
    и канабиноиди кои се наоѓаат во марихуана.
  • 0:46 - 0:48
    Јас сум само курирот.
  • 0:49 - 0:52
    (Смеење)
  • 0:52 - 0:55
    Што точно ни беше муабетот?
  • 0:55 - 0:57
    (Смеење)
  • 0:57 - 0:59
    А некои нешта може да направат полошо,
  • 0:59 - 1:01
    причинуваат губење на мозочни клетки.
  • 1:01 - 1:04
    Тоа се стандардните осомничени, како заситени масти и шеќер,
  • 1:04 - 1:08
    никоти, опијати, кокаин, премногу алкохол и хроничен стрес.
  • 1:08 - 1:11
    Вашата кожа добива поголем доток на крв кога го менувате животниот стил,
  • 1:11 - 1:14
    така што стареете побавно, и вашата кожа не се брчка така многу.
  • 1:14 - 1:16
    Вашето срце добива поголем доток на крв.
  • 1:16 - 1:18
    Имаме покажано дека всушност може да се спречи срцево заболување.
  • 1:18 - 1:21
    Дека овие затнати артерии кои ги гледате горе лево,
  • 1:21 - 1:23
    по само една година може да бидат мерливо помалку затнати.
  • 1:23 - 1:25
    И на срцевата PET снимка прикажана долу лево,
  • 1:25 - 1:27
    синото означува непостоечки проток на крв.
  • 1:27 - 1:30
    Една година подоцна - во портокалово и бело е прикажан максималниот проток на крв.
  • 1:30 - 1:33
    Имаме покажано дека сте во можност да го запрете и свртите напредокот
  • 1:33 - 1:35
    на ран рак на простатата, и следствено рак на дојката,
  • 1:35 - 1:37
    само со правење на ваквите промени.
  • 1:37 - 1:40
    Откривме дека растењето на туморите ин витро беше намалено
  • 1:40 - 1:42
    кај 70 проценти во групите кои ги направија овие промени,
  • 1:42 - 1:45
    за разлика од девет проценти во споредбената група.
  • 1:45 - 1:47
    Овие разлики се доста значајни.
  • 1:47 - 1:49
    Дури и вашите сексуални органи добиваат поголем доток на крв,
  • 1:49 - 1:51
    така што ја зголемувате сексуалната потенција.
  • 1:51 - 1:53
    Една од најефективните реклами против пушење беше направена
  • 1:53 - 1:55
    од Одделот за Здравствени Услуги,
  • 1:55 - 1:57
    покажувајќи дека никотинот, којшто ги стеснува вашите артерии,
  • 1:57 - 1:59
    може да причини срцев напад или удар,
  • 1:59 - 2:01
    но може да причини и импотенција.
  • 2:01 - 2:03
    Половината од вас пушачите се импотентни.
  • 2:03 - 2:04
    Колку секси е тоа?
  • 2:04 - 2:06
    Сега сме во тек на објавување на истражување --
  • 2:06 - 2:09
    истражување кое покажува дека може да се промени експресирањето на гени во мажи со рак на простата.
  • 2:09 - 2:11
    Ова се вика топлинска мапа
  • 2:11 - 2:14
    со различни бои, а на десната страна надолж се различните гени.
  • 2:14 - 2:17
    И откривме дека преку 500 гени беа склони кон промена
  • 2:17 - 2:20
    со ефект на активирање на добрите гени, оние кои спречуваат болести
  • 2:20 - 2:24
    и деактивирање на гените кои причинуваат болест.
  • 2:24 - 2:27
    И јас мислам дека овие откритија се навистина моќни
  • 2:27 - 2:29
    и им даваат нова надеж и избор на многу луѓе.
  • 2:29 - 2:34
    И компаниите како Navigenix и DNA Direct и 23andMe,
  • 2:34 - 2:37
    кои ви ги даваат вашите генетски профили,
  • 2:37 - 2:40
    им даваат на некои луѓе мисли како "Хм, па што би можел јас да сторам за ова?"
  • 2:40 - 2:43
    Па, нашите гени не се навистина наша судбина, и ако ги направиме овие промени --
  • 2:43 - 2:45
    тие се предиспозиција, но ако направиме поголеми промени
  • 2:45 - 2:47
    отколку што би направиле во други околности,
  • 2:47 - 2:50
    ние всушност можеме да го промениме начинит на експресирање на нашите гени.
  • 2:50 - 2:51
    Ви благодарам.
  • 2:51 - 2:53
    (Аплауз)
Title:
Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина
Speaker:
Dean Ornish
Description:

Дин Орниш ги споделува новите истражувања кои покажуваат како присвојувањето на нов животен стил може да влијае врз една личност на генетско ниво. На пример, тој вели дека кога живеете здрав живот, јадете подобро, вежбате и сакате повеќе, вашите мочочни клетки се зголемуваат.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
02:53
Zvezdana Moneva added a translation

Macedonian subtitles

Revisions