Return to Video

Што се случува кога технолог од Силициумската Долина работи за владата

  • 0:01 - 0:02
    Здраво на сите!
  • 0:02 - 0:03
    Се викам Мет Катс,
  • 0:03 - 0:08
    и работев во Гугл
    речиси 17 години.
  • 0:08 - 0:10
    Како истакнат инженер,
  • 0:10 - 0:14
    бев блиску до врвот на екосистемот
    на Силициумската Долина.
  • 0:14 - 0:17
    Потоа одлучив да одам по примерот на
    некои инспиративни дечки,
  • 0:17 - 0:21
    и да стажирам во Дигиталната служба на САД
    еден краток период.
  • 0:21 - 0:24
    Тоа е групата ентузијасти
    што помогнаа да се спаси HealthCare.gov
  • 0:24 - 0:28
    кога веб-страницата падна во 2013 г.
  • 0:28 - 0:29
    Да.
  • 0:29 - 0:32
    Се пријавив за 3-6 месечно стажирање,
  • 0:32 - 0:34
    и речиси 3 г. подоцна,
  • 0:34 - 0:36
    сѐ уште сум во главниот град Вашингтон,
  • 0:36 - 0:38
    работам за сојузната влада,
  • 0:38 - 0:42
    бидејќи на владата навистина
    ѝ се потребни технолози во моментов.
  • 0:42 - 0:43
    На претходното место,
  • 0:43 - 0:46
    секоја просторија беше опремена
    за видео конференција,
  • 0:46 - 0:48
    интегрирана со календари,
  • 0:48 - 0:52
    каблите за струја беа вградени
    директно во мебелот.
  • 0:52 - 0:55
    Кога се префрлив во владина агенција,
  • 0:55 - 0:58
    требаше да повикам некој
    да постави телефонска конференција.
  • 0:58 - 1:00
    И кога преминавме
    во нови канцеларии,
  • 1:00 - 1:02
    одреден период немавме мебел,
  • 1:02 - 1:05
    па го поставивме телефонот
    врз кантата за отпадоци.
  • 1:06 - 1:09
    Едно од главните нешта што ме изненади
    во главниот град,
  • 1:09 - 1:13
    е колку владата сѐ уште
    се справува со хартија.
  • 1:14 - 1:16
    Ова е објект во Винстон-Салем,
  • 1:16 - 1:17
    Северна Каролина,
  • 1:17 - 1:19
    каде луѓето беа загрижени,
  • 1:19 - 1:22
    дека градбата би можела
    да биде структурно нестабилна,
  • 1:22 - 1:24
    од тежината на сета хартија.
  • 1:24 - 1:26
    Да.
  • 1:26 - 1:27
    Хартијата има недостатоци.
  • 1:27 - 1:28
    Едно блиц-прашање:
  • 1:28 - 1:32
    Ако презимето ви почнува со Х
    или некоја од следните букви,
  • 1:32 - 1:36
    Х или некоја од следните букви,
    може да ја кренете раката?
  • 1:37 - 1:38
    Леле.
  • 1:38 - 1:39
    Имам лоши вести:
  • 1:39 - 1:41
    Вашите војнички досиеја
    можеби се уништени
  • 1:41 - 1:43
    во пожар од 1973 г.
  • 1:43 - 1:44
    (Смеа)
  • 1:44 - 1:45
    Да.
  • 1:45 - 1:50
    Процесите со хартија се побавни
    и склони кон грешки.
  • 1:50 - 1:51
    Ако сте воен ветеран
  • 1:51 - 1:53
    и ако поднесувате документи
    за здравствен надоместок
  • 1:53 - 1:55
    со хартиен образец,
  • 1:55 - 1:59
    можеби ќе треба да чекате со месеци
    да се обработи образецот.
  • 1:59 - 2:01
    Ние го заменивме со веб-образец,
  • 2:01 - 2:03
    и сега повеќето ветерани дознаваат
  • 2:03 - 2:05
    дали можат да добијат пристап
    до надоместок
  • 2:05 - 2:07
    за 10 минути.
  • 2:07 - 2:10
    (аплауз)
  • 2:10 - 2:12
    Еве друг проект на кој сум горд.
  • 2:12 - 2:14
    Работевме со
    Малата бизнис администрација
  • 2:14 - 2:17
    за да префрлиме еден систем
    од хартиена во дигитална форма.
  • 2:17 - 2:19
    Ова е слика ПРЕД,
  • 2:19 - 2:22
    а ова е ПОТОА.
  • 2:22 - 2:24
    Истите канцелариски коцки, истите луѓе,
  • 2:24 - 2:26
    подобар систем за сите.
  • 2:27 - 2:31
    Еднаш, сакавме да прославиме
    што модернизиравме друг систем,
  • 2:31 - 2:33
    па отидовме во локален маркет,
  • 2:33 - 2:34
    и прашавме:
    „Може да ни направите торта
  • 2:34 - 2:37
    и да ја украсите
    со образецот што го дигитализиравме?“
  • 2:37 - 2:41
    На маркетот му беше чудно ваквото барање.
  • 2:41 - 2:44
    Побараа писмо отпечатено
    на официјален владин меморандум.
  • 2:44 - 2:47
    Ние работиме за владата,
    па напишавме писмо што гласеше вака,
  • 2:47 - 2:49
    „Смее да се користи
    овој образец од јавниот домен
  • 2:50 - 2:53
    на торта што ќе се искористи за прослава.“
  • 2:53 - 2:55
    (смеа)
  • 2:55 - 2:58
    Оттука произлегоа лоши шеги
    поврзани со пополнувањето образци.
  • 2:58 - 2:59
    Да, изветвени шеги во влада.
  • 3:00 - 3:02
    Многу зборував за хартијата,
  • 3:02 - 3:06
    но ние, исто така, поправаме
    компјутерски системи што паѓаат.
  • 3:06 - 3:08
    Воведуваме современи технолошки практики,
  • 3:08 - 3:12
    како дизајн насочен кон корисникот
    и cloud-системи,
  • 3:12 - 3:14
    и помагаме да се олеснат набавките.
  • 3:14 - 3:17
    Се чини дека владата купува софтвер
  • 3:17 - 3:22
    на ист начин како што купува столчиња,
    и браунис колачиња и тенкови:
  • 3:22 - 3:27
    од владините прописи
    долги над 1000 страници.
  • 3:27 - 3:31
    Значи да, има некои работи во владата
    што се збркани во моментов.
  • 3:31 - 3:34
    Но, ако мислите дека Силициумската долина
    е херојот во приказнава,
  • 3:34 - 3:35
    (смеа)
  • 3:35 - 3:37
    се лажете.
  • 3:37 - 3:40
    Некои од најголемите yмови
    во технологијата
  • 3:40 - 3:43
    работат на стартап бизниси
    за доставување храна
  • 3:43 - 3:43
    скутери,
  • 3:43 - 3:47
    и како поефикасно да достават
    трева до луѓето.
  • 3:47 - 3:51
    Дали е тоа најважната работа
    во моментов?
  • 3:52 - 3:56
    Силициумската долина сака да зборува
    за подобрување на светот.
  • 3:56 - 4:00
    Но, влијанието го чувствувате
    на многу подлабоко ниво
  • 4:00 - 4:01
    кога работите во владата.
  • 4:02 - 4:05
    Ова е човек чиј татко починал.
  • 4:05 - 4:07
    Ме најде на Твитер
  • 4:07 - 4:10
    за ми пише дека системот што го подобривме
  • 4:10 - 4:13
    му завршил голема работа
    во ваков тежок период.
  • 4:13 - 4:16
    Во таквите тешки периоди
    владата треба да работи добро
  • 4:16 - 4:19
    и затоа ни е потребна
    иновација во владата.
  • 4:19 - 4:21
    Сакам да ви признаам нешто.
  • 4:21 - 4:22
    Кога дојдов во Вашингтон,
  • 4:22 - 4:26
    понекогаш го користев зборот „бирократ“.
  • 4:26 - 4:27
    Сега,
  • 4:27 - 4:31
    многу почесто употребувам зборови како
    „државен службеник.“
  • 4:31 - 4:34
    Како Френсин, која може да ве расплаче.
  • 4:34 - 4:35
    Или барем, мене ме расплака
  • 4:35 - 4:38
    бидејќи е толку инспиративна.
  • 4:38 - 4:42
    Јас сум неизмерно горд на моите колеги.
  • 4:42 - 4:46
    Тие решаваат нелогични ситуации
  • 4:46 - 4:49
    и со ноќи работат
    за да дојдат до вистинскиот резултат.
  • 4:50 - 4:52
    Владата не може да исплаќа
    огромни бонуси,
  • 4:52 - 4:56
    па си доделуваме награди меѓу нас.
  • 4:56 - 4:59
    Нашата маскота е рак по име Моли.
  • 4:59 - 5:03
    Наградата ни е всушност
    мала чанта во облик на рак,
  • 5:03 - 5:05
    заштрафена во лим.
  • 5:06 - 5:09
    Во последно, сè помалку верувам во
    магично стапче
  • 5:09 - 5:12
    што ќе ги реши сите проблеми.
  • 5:12 - 5:14
    Повеќе верувам
  • 5:14 - 5:17
    во луѓето што доаѓаат да помогнат.
  • 5:17 - 5:20
    Ако сакате да чуете нешто
    навистина значајно -
  • 5:20 - 5:25
    и веднаш да ви напоменам,
    понекогаш неверојатно фрустрирачко -
  • 5:25 - 5:27
    еве што треба да знаете.
  • 5:27 - 5:29
    Се случува нешто мачно,
  • 5:29 - 5:34
    збркано, витално и магично
  • 5:34 - 5:37
    кога државните службеници
    започнуваат соработка со технолози
  • 5:37 - 5:40
    на ниво на град, држава и федерација.
  • 5:40 - 5:42
    Не мора да го работите ова засекогаш.
  • 5:42 - 5:46
    Но, можете да направите промена
    во државните служби
  • 5:46 - 5:47
    во овој момент.
  • 5:47 - 5:49
    Благодарам.
  • 5:49 - 5:52
    (аплауз)
Title:
Што се случува кога технолог од Силициумската Долина работи за владата
Speaker:
Мет Катс
Description:

Што доколку владата започне да работи на сличен начин како Силициумската Долина? Инженерот Мет Катс споделува зошто одлучил да го напушти Гугл (каде работел речиси 17 години) и да започне со работа во Владата на САД - и тврди дека ако навистина сакате да дадете свој придонес - одете онаму каде што им е најпотребна Вашата помош.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:04

Macedonian subtitles

Revisions