Macedonian subtitles

← Што се случува кога технолог од Силициумската Долина работи за владата

Get Embed Code
40 Languages

Showing Revision 4 created 03/28/2020 by ALEKSANDAR MITEVSKI.

  1. Здраво на сите!
  2. Се викам Мет Катс,
  3. и работев во Гугл
    речиси 17 години.
  4. Како истакнат инженер,
  5. бев блиску до врвот на екосистемот
    на Силициумската Долина.
  6. Потоа одлучив да одам по примерот на
    некои инспиративни дечки,

  7. и да стажирам во Дигиталната служба на САД
    еден краток период.
  8. Тоа е групата ентузијасти
    што помогнаа да се спаси HealthCare.gov
  9. кога веб-страницата падна во 2013 г.
  10. Да.
  11. Се пријавив за 3-6 месечно стажирање,
  12. и речиси 3 г. подоцна,
  13. сѐ уште сум во главниот град Вашингтон,
  14. работам за сојузната влада,
  15. бидејќи на владата навистина
    ѝ се потребни технолози во моментов.
  16. На претходното место,

  17. секоја просторија беше опремена
    за видео конференција,
  18. интегрирана со календари,
  19. каблите за струја беа вградени
    директно во мебелот.
  20. Кога се префрлив во владина агенција,
  21. требаше да повикам некој
    да постави телефонска конференција.
  22. И кога преминавме
    во нови канцеларии,
  23. одреден период немавме мебел,
  24. па го поставивме телефонот
    врз кантата за отпадоци.
  25. Едно од главните нешта што ме изненади
    во главниот град,

  26. е колку владата сѐ уште
    се справува со хартија.
  27. Ова е објект во Винстон-Салем,
  28. Северна Каролина,
  29. каде луѓето беа загрижени,
  30. дека градбата би можела
    да биде структурно нестабилна,
  31. од тежината на сета хартија.
  32. Да.
  33. Хартијата има недостатоци.

  34. Едно блиц-прашање:
  35. Ако презимето ви почнува со Х
    или некоја од следните букви,
  36. Х или некоја од следните букви,
    може да ја кренете раката?
  37. Леле.
  38. Имам лоши вести:
  39. Вашите војнички досиеја
    можеби се уништени
  40. во пожар од 1973 г.
  41. (Смеа)

  42. Да.

  43. Процесите со хартија се побавни
    и склони кон грешки.
  44. Ако сте воен ветеран
  45. и ако поднесувате документи
    за здравствен надоместок
  46. со хартиен образец,
  47. можеби ќе треба да чекате со месеци
    да се обработи образецот.
  48. Ние го заменивме со веб-образец,
  49. и сега повеќето ветерани дознаваат
  50. дали можат да добијат пристап
    до надоместок
  51. за 10 минути.
  52. (аплауз)

  53. Еве друг проект на кој сум горд.

  54. Работевме со
    Малата бизнис администрација
  55. за да префрлиме еден систем
    од хартиена во дигитална форма.
  56. Ова е слика ПРЕД,
  57. а ова е ПОТОА.
  58. Истите канцелариски коцки, истите луѓе,
  59. подобар систем за сите.
  60. Еднаш, сакавме да прославиме
    што модернизиравме друг систем,

  61. па отидовме во локален маркет,
  62. и прашавме:
    „Може да ни направите торта
  63. и да ја украсите
    со образецот што го дигитализиравме?“
  64. На маркетот му беше чудно ваквото барање.
  65. Побараа писмо отпечатено
    на официјален владин меморандум.
  66. Ние работиме за владата,
    па напишавме писмо што гласеше вака,
  67. „Смее да се користи
    овој образец од јавниот домен
  68. на торта што ќе се искористи за прослава.“
  69. (смеа)

  70. Оттука произлегоа лоши шеги
    поврзани со пополнувањето образци.

  71. Да, изветвени шеги во влада.
  72. Многу зборував за хартијата,

  73. но ние, исто така, поправаме
    компјутерски системи што паѓаат.
  74. Воведуваме современи технолошки практики,
  75. како дизајн насочен кон корисникот
    и cloud-системи,
  76. и помагаме да се олеснат набавките.
  77. Се чини дека владата купува софтвер
  78. на ист начин како што купува столчиња,
    и браунис колачиња и тенкови:
  79. од владините прописи
    долги над 1000 страници.
  80. Значи да, има некои работи во владата
    што се збркани во моментов.
  81. Но, ако мислите дека Силициумската долина
    е херојот во приказнава,
  82. (смеа)

  83. се лажете.

  84. Некои од најголемите yмови
    во технологијата
  85. работат на стартап бизниси
    за доставување храна
  86. скутери,
  87. и како поефикасно да достават
    трева до луѓето.
  88. Дали е тоа најважната работа
    во моментов?
  89. Силициумската долина сака да зборува
    за подобрување на светот.
  90. Но, влијанието го чувствувате
    на многу подлабоко ниво
  91. кога работите во владата.
  92. Ова е човек чиј татко починал.

  93. Ме најде на Твитер
  94. за ми пише дека системот што го подобривме
  95. му завршил голема работа
    во ваков тежок период.
  96. Во таквите тешки периоди
    владата треба да работи добро
  97. и затоа ни е потребна
    иновација во владата.
  98. Сакам да ви признаам нешто.

  99. Кога дојдов во Вашингтон,
  100. понекогаш го користев зборот „бирократ“.
  101. Сега,
  102. многу почесто употребувам зборови како
    „државен службеник.“
  103. Како Френсин, која може да ве расплаче.
  104. Или барем, мене ме расплака
  105. бидејќи е толку инспиративна.
  106. Јас сум неизмерно горд на моите колеги.
  107. Тие решаваат нелогични ситуации
  108. и со ноќи работат
    за да дојдат до вистинскиот резултат.
  109. Владата не може да исплаќа
    огромни бонуси,
  110. па си доделуваме награди меѓу нас.
  111. Нашата маскота е рак по име Моли.
  112. Наградата ни е всушност
    мала чанта во облик на рак,
  113. заштрафена во лим.
  114. Во последно, сè помалку верувам во
    магично стапче

  115. што ќе ги реши сите проблеми.
  116. Повеќе верувам
  117. во луѓето што доаѓаат да помогнат.
  118. Ако сакате да чуете нешто
    навистина значајно -
  119. и веднаш да ви напоменам,
    понекогаш неверојатно фрустрирачко -
  120. еве што треба да знаете.
  121. Се случува нешто мачно,
  122. збркано, витално и магично
  123. кога државните службеници
    започнуваат соработка со технолози
  124. на ниво на град, држава и федерација.
  125. Не мора да го работите ова засекогаш.
  126. Но, можете да направите промена
    во државните служби
  127. во овој момент.
  128. Благодарам.

  129. (аплауз)