Return to Video

Што значи мојата шамија за вас?

  • 0:02 - 0:06
    Некој, кој изгледа како мене
    поминува крај вас на улица.
  • 0:07 - 0:09
    Мислите дека е мајка,
  • 0:09 - 0:10
    една од бегалците,
  • 0:10 - 0:12
    или жртва на насилство?
  • 0:12 - 0:14
    Или мислите дека е кардиолог,
  • 0:14 - 0:15
    правник
  • 0:15 - 0:17
    или можеби политичар?
  • 0:18 - 0:20
    Ме гледате од глава до пети,
  • 0:20 - 0:22
    и се чудите како
    не ми е топло.
  • 0:22 - 0:26
    Или мислите дека сопругот
    ме натерал да се облекувам вака.
  • 0:26 - 0:29
    Што ако јас ја носев марамата
    на овој начин?
  • 0:32 - 0:35
    Можам да прошетам низ
    улица во истата облека
  • 0:35 - 0:37
    и што ќе се очекува од мене
    и како ќе бидам трeтирана
  • 0:37 - 0:41
    зависи на кој начин
    го носам ова парче облека.
  • 0:41 - 0:44
    Ова нема да е уште еден монолог за џихабот
  • 0:44 - 0:48
    зашто Бог знае, муслиманските
    жени се повеќе од парчето облека
  • 0:48 - 0:52
    што ќе го одберат за да
    си ја покријат главата.
  • 0:52 - 0:56
    Ова е за умешноста да се гледа
    над вашите убедувања.
  • 0:56 - 0:58
    Што ако поминам покрај вас и подоцна
  • 0:58 - 1:02
    откриете дека всушност сум инженер
    на тркачки автомобили, кој
  • 1:02 - 1:05
    дизајнирал сопствено возило и се
    тркал за својот универзитетски тим,
  • 1:05 - 1:07
    бидејќи тоа е вистина.
  • 1:07 - 1:12
    Што ако ви кажам дека тренирав
    бокс пет години,
  • 1:12 - 1:14
    бидејќи и тоа е вистина,
  • 1:14 - 1:17
    Ќе бидете изненадени?
  • 1:17 - 1:19
    Зошто?
  • 1:19 - 1:21
    Дами и господа, во суштина,
  • 1:21 - 1:24
    изненадувањето и однесувањето
    поврзано со нив
  • 1:24 - 1:27
    се производ на она што се
    нарекува несвесно убедување,
  • 1:27 - 1:28
    или очигледни предрасуди.
  • 1:28 - 1:32
    Тоа има бесмислено штетно влијание врз
  • 1:32 - 1:33
    разновидноста на работната сила,
  • 1:33 - 1:36
    особено во влијателните области.
  • 1:36 - 1:38
    Ало, Федерален Кабинет на Австралија.
  • 1:38 - 1:40
    (аплауз)
  • 1:40 - 1:43
    Дозволете ми да почнам од самиот почеток:
  • 1:43 - 1:47
    Несвесното убедување не е исто што
    и свесната дискриминација.
  • 1:47 - 1:50
    Не велам дека во сите вас се крие
    таен сексист или расист
  • 1:50 - 1:53
    или дискриминатор на стари лица.
  • 1:53 - 1:55
    Не го велам тоа.
  • 1:55 - 1:57
    Сите имаме некои убедувања.
  • 1:57 - 2:00
    Тие се филтри низ кои го гледаме
    светот околу нас.
  • 2:00 - 2:02
    Никого не обвинувам.
  • 2:02 - 2:03
    убедувањата не се обвинувања.
  • 2:03 - 2:06
    Повеќе се нешто што треба да се препознае,
  • 2:06 - 2:09
    утврди и ублажи.
  • 2:09 - 2:10
    Убедувањата можат
    да се расни.
  • 2:10 - 2:12
    полови,
  • 2:12 - 2:15
    класни, поврзани со образование
    или со посебни потреби.
  • 2:15 - 2:18
    Сите имаме убедувања кон различностите.
  • 2:18 - 2:21
    кон она што е различно од
    нашите социјални норми.
  • 2:21 - 2:24
    Ако сакаме да живееме во свет
  • 2:24 - 2:27
    каде околностите на вашето раѓање
  • 2:27 - 2:30
    не ја одредуваат вашата идина,
  • 2:30 - 2:32
    и каде еднаквите можности
    се вообичаени,
  • 2:32 - 2:36
    тогаш секој од нас има своја улога
  • 2:36 - 2:39
    да не дозволи несвесните убедувања
    да го одредат нашиот живот.
  • 2:40 - 2:44
    Постои еден експеримент
    кај несвесните убедувања,
  • 2:44 - 2:48
    во областа на половите
    во 70-те и 80-те години.
  • 2:48 - 2:52
    Во тоа време, оркестрите беа составени
    претежно од мажи,
  • 2:52 - 2:54
    и само пет поценти беа жени.
  • 2:54 - 2:58
    Очигледно тоа беше затоа што
    мажите свират поинаку,
  • 2:58 - 3:01
    веројатно подобро. Веројатно.
  • 3:01 - 3:04
    Но, во 1952 год.
    Синфонискиот Оркестар во Бостон
  • 3:04 - 3:05
    започнал еден експеримент.
  • 3:05 - 3:07
    Започнаа со слепи аудиции.
  • 3:07 - 3:11
    Наместо да се свири лице в лице,
    свирењето се одвивало зад завеса.
  • 3:11 - 3:12
    Интересно е тоа што
  • 3:12 - 3:15
    немало некоја голема разлика
  • 3:15 - 3:18
    се додека не ги замолиле
    учесниците да се собујат
  • 3:18 - 3:20
    пред да влезат во просторијата,
  • 3:20 - 3:22
    бидејќи тропкањето на потпетиците
  • 3:22 - 3:24
    на дрвениот под
  • 3:24 - 3:26
    лесно ги разоткрива дамите.
  • 3:26 - 3:27
    Сега, слушнете го ова,
  • 3:27 - 3:29
    резултатите од аудицијата покажале
  • 3:29 - 3:32
    дека шансите биле за 50 проценти поголеми
  • 3:32 - 3:35
    за жените да го положат приемниот испит.
  • 3:35 - 3:40
    Тоа трипати ги зголемило
    нивните шанси за прием.
  • 3:40 - 3:41
    Што ни покажува ова?
  • 3:41 - 3:45
    Мажите, за жал, не свиреле различно,
  • 3:45 - 3:48
    туку постоела перцепцијата
    дека свират поинаку
  • 3:48 - 3:51
    и убедувањето било одлучувачко
    за нивниот успех.
  • 3:51 - 3:54
    Тоа што правиме сега овде е
    препознавање и утврдување
  • 3:54 - 3:55
    дека постојат убедувања.
  • 3:55 - 3:57
    И сите го правиме тоа.
  • 3:57 - 3:59
    Ќе ви дадам еден пример.
  • 3:59 - 4:02
    Татко и син доживуваат страотна тешка
    сообраќајна несреќа.
  • 4:02 - 4:04
    таткото загинува на лице место
  • 4:04 - 4:08
    а синот, тешко повреден
    го носат во болница.
  • 4:08 - 4:11
    Доаѓа хирургот, го гледа момчето и вели:
  • 4:11 - 4:14
    „Не можам да го оперирам“
  • 4:14 - 4:16
    „Зошто?“
  • 4:16 - 4:19
    „Тој ми е син.“
  • 4:19 - 4:20
    Како е можно?
  • 4:20 - 4:21
    Дами и господа,
  • 4:21 - 4:24
    хирургот е неговата мајка.
  • 4:24 - 4:26
    Сега кренете раце-и во ред е-
  • 4:26 - 4:30
    тие што мислевте дека хириргот е маж.
  • 4:31 - 4:34
    Постојат докази дека несвесните
    убедувања постојат,
  • 4:34 - 4:37
    треба само да утврдиме дека постојат
  • 4:37 - 4:40
    и да најдеме начини да ги надминеме
  • 4:40 - 4:42
    за да можеме да најдеме решение.
  • 4:43 - 4:45
    Една од интересните работи
  • 4:45 - 4:48
    во врска со несвесните убедувања
    е темата на показатели.
  • 4:48 - 4:51
    Тое е тема што често се спомнува.
  • 4:51 - 4:54
    И се критикува идејата за заслуга.
  • 4:54 - 4:57
    Видете, јас не сакам да бидам избрана
    само заради тоа што сум жена
  • 4:57 - 4:59
    сакам да бидам избрана
    затоа што заслужувам,
  • 4:59 - 5:02
    затоа што сум најдобра во работата.
  • 5:02 - 5:05
    Вака најчесто размислуваат жените инженери
  • 5:05 - 5:06
    со кои работам и кои ги знам.
  • 5:06 - 5:08
    Ги сфаќам- и јас бев во таа ситуација.
  • 5:08 - 5:11
    Но, ако идејата за заслуга е вистинска,
  • 5:11 - 5:15
    зошто постојат идентични биографии во
    експериментот на Јејл во 2012,
  • 5:15 - 5:20
    идентични биографии испратени за
    лабораториски техничар,
  • 5:20 - 5:23
    а оние кои се викаат Џенифер
    се помалку способни
  • 5:23 - 5:25
    или имаат помали шанси
    да ја добијат работата
  • 5:25 - 5:29
    и помлаку се платени
    од некој што се вика Џон.
  • 5:30 - 5:32
    Тука се несвесните убедувања,
  • 5:32 - 5:34
    но, само треба да видиме
    како да ги изминеме.
  • 5:34 - 5:36
    Уште нешто што е интересно,
  • 5:36 - 5:37
    постои истражување кое зборува
  • 5:37 - 5:40
    за причините и се вика
    парадокс на способноста.
  • 5:40 - 5:43
    Во организациите - ова е малку иронично -
  • 5:43 - 5:47
    кои тврдат дека способноста
    им е основен параметар
  • 5:47 - 5:48
    при вработувањата,
  • 5:48 - 5:52
    повеќе се примаат мажи
    и тие се повеќе платени
  • 5:52 - 5:55
    бидејќи, очигледно способноста
    е квалитет од машки род.
  • 5:55 - 5:56
    Ама, чекајте,
  • 5:56 - 5:59
    вие, мажите, мислите
    дека добро ме прочитавте
  • 5:59 - 6:02
    и знаете што се случува.
  • 6:02 - 6:06
    Можете да ме замислите
    како возам еден од овие?
  • 6:06 - 6:08
    Можете да ме замислите
    како влегувам и велам:
  • 6:08 - 6:11
    „Еј, момци, ова е тоа. Вака се прави.“
  • 6:11 - 6:14
    Мило ми е ако можете да замислите,
  • 6:19 - 6:22
    (аплауз)
  • 6:25 - 6:28
    бидејќи, дами и господа, тоа е
    мојата секојдневна работа.
  • 6:28 - 6:31
    И страшно добро е тоа што е забавно.
  • 6:31 - 6:33
    Впрочем, на место
    како Малезија,
  • 6:33 - 6:35
    Муслимански жени на платформи
    не се необична глетка
  • 6:35 - 6:37
    зашто ги има премногу.
  • 6:37 - 6:38
    Но, забавно е,
  • 6:38 - 6:40
    се сеќавам, му кажував на еден од момците:
  • 6:40 - 6:43
    „Еј, другар, навистина сакам
    да научам да сурфам“,
  • 6:43 - 6:45
    а тој :„Јасмин, навистина
    не знам како можеш да сурфаш
  • 6:45 - 6:48
    со сета опрема што ја носиш на себе,
  • 6:48 - 6:50
    и јас не знам ниту една женска плажа.“
  • 6:50 - 6:53
    Тогаш тој смисли една брилијантна идеја,
  • 6:53 - 6:55
    рече: „Знам дека ја водиш организацијата
  • 6:55 - 6:57
    „Млади без граници“, така?
  • 6:57 - 7:01
    Зошто не почнеш со линија за
    облека за муслимански жени на плажа?
  • 7:01 - 7:04
    Можеш да ја наречеш
    Млади без шортсеви за сурфање.“
  • 7:04 - 7:05
    (смеа)
  • 7:05 - 7:07
    Им реков: „Благодарам моци.“
  • 7:07 - 7:10
    Паметам уште еден тип кој
    ми рече дека
  • 7:10 - 7:12
    ќе треба да испијам многу јогурт
  • 7:12 - 7:15
    зашто само тоа можам да го добијам овде.
  • 7:17 - 7:20
    Но, проблемот е, навистина,
  • 7:20 - 7:24
    во тоа што нема разновидност
    на работната сила,
  • 7:24 - 7:26
    особено на местата со влијание.
  • 7:26 - 7:27
    Сега, во 2010,
  • 7:27 - 7:30
    Во експериментот на
    Австралискиот Универзитет,
  • 7:30 - 7:33
    во кој беа испратени 4000
    идентични апликации
  • 7:33 - 7:37
    за работа за почетници.
  • 7:37 - 7:41
    Да добиете ист број на интервјуа
    како некој со англо-саксонско име,
  • 7:41 - 7:46
    ако сте кинез, треба да испратите
    68 проценти повеќе апликации.
  • 7:46 - 7:48
    Ако сте од Блискиот Исток-Абдел-Магиед-
  • 7:48 - 7:50
    треба да испратите 64 проценти,
  • 7:50 - 7:53
    ако сте италијанец, имате повеќе среќа,
  • 7:53 - 7:55
    ќе треба да испратите
    само 12 проценти повеќе.
  • 7:55 - 7:58
    На места како Силиконската
    долина не е ништо подобро.
  • 7:58 - 8:00
    Гугл има објавено
    резултати за разновидноста
  • 8:00 - 8:07
    61 процент белци,30 проценти азијати,
    9 проценти шпанци
  • 8:07 - 8:09
    и слично.
  • 8:09 - 8:11
    И останатиот технолошкиот
    свет не е подобар,
  • 8:11 - 8:13
    и тие го признаваат тоа,
  • 8:13 - 8:15
    но, не сум сигурна што
    прават во врска со тоа.
  • 8:15 - 8:17
    Не се разгледува на повисоки нивоа.
  • 8:17 - 8:19
    Во една студија на Грин Парк,
  • 8:19 - 8:23
    кои се британски, главни снабдувачи,
  • 8:23 - 8:28
    се вели дека речиси над половина
    од 100-те компании на ФТСЕ
  • 8:28 - 8:30
    немаат лидер на ниво на
    одборот кој не е белец ,
  • 8:30 - 8:32
    извршен или неизвршен.
  • 8:32 - 8:36
    Две од три компании немаат
    извршен директор
  • 8:36 - 8:38
    кој е од малцинствата.
  • 8:38 - 8:41
    Повеќето од малцинствата
    кои се на тоа ниво
  • 8:41 - 8:42
    се неизвршни директори на бордот.
  • 8:42 - 8:45
    Така, нивното влијание не е многу големо.
  • 8:45 - 8:47
    Ви кажав еден куп непријатни работи.
  • 8:47 - 8:51
    Велите: „Леле толку е лошо?
    Што можам да направам?“
  • 8:52 - 8:54
    За среќа,
  • 8:54 - 8:56
    барем видовме дека има проблем.
  • 8:56 - 9:01
    Немаме можности а тоа се должи
    на несвесните убедувања.
  • 9:02 - 9:04
    Но, можеби си мислите:
  • 9:04 - 9:07
    „ Јас не сум обоен, каква врска
    има тоа со мене?“
  • 9:08 - 9:10
    Ќе ви понудам решение.
  • 9:10 - 9:12
    Како што реков претходно,
  • 9:12 - 9:16
    живееме во свет во кој го
    бараме идеалното.
  • 9:16 - 9:17
    И ако сакаме да создадеме свет
  • 9:17 - 9:20
    каде околностите на
    вашето раѓање не се пречка,
  • 9:20 - 9:22
    ние сите треба да бидеме дел од решението.
  • 9:22 - 9:25
    Авторот на експериментот за
    лабораториските биографии
  • 9:25 - 9:27
    понуди еден вид решение.
  • 9:27 - 9:30
    Таа рече дека единсвеното
    нешто кое ги спои жените,
  • 9:30 - 9:32
    единственото нешто што им било заедничко
  • 9:32 - 9:35
    било тоа што имале добри ментори.
  • 9:35 - 9:37
    Сите сме го чуле зборот `ментор`
  • 9:37 - 9:40
    постојано го употребуваме денес.
  • 9:40 - 9:43
    Еве уште еден предизвик за вас.
  • 9:43 - 9:47
    Ве предизвикувам сите да менторирате
    некој кој е различен од вас.
  • 9:48 - 9:49
    Размислете за тоа.
  • 9:49 - 9:52
    Секој сака да му биде ментор
    некому кој е сличен на него,
  • 9:52 - 9:53
    личи на него,
  • 9:53 - 9:54
    со кој има заеднички
    искуства.
  • 9:54 - 9:57
    Ако видам девојка муслиманка
    која има свој став,
  • 9:57 - 9:59
    велам: „Како си? Можеме да се дружиме.“
  • 9:59 - 10:02
    Влегувате некаде и гледате некој
    со кој сте биле заедно на училиште,
  • 10:02 - 10:03
    играте ист спорт,
  • 10:03 - 10:07
    шансите дека ќе помогнете
    на таа личност се поголеми.
  • 10:07 - 10:11
    Но со оној, кој е во истата
    просторија и не го познавате
  • 10:11 - 10:13
    крајно тешко е да остварите поврзаност.
  • 10:13 - 10:16
    Да најдете некој различен
    и да му станете ментор,
  • 10:16 - 10:19
    некој, со кој немате
  • 10:19 - 10:20
    ништо заедничко,
  • 10:20 - 10:23
    е идеја за отворање пат за
    некој кој не може да стигне
  • 10:23 - 10:25
    дури ни до прагот,
  • 10:26 - 10:30
    бидејќи, дами и господа,
    светот не е праведен.
  • 10:30 - 10:32
    Луѓето не се раѓаат со еднакви можности.
  • 10:32 - 10:35
    Јас сум родена во еден од најсиромашните
    градови во светот-Картум.
  • 10:35 - 10:37
    Се родив обоена, се родив сум како жена,
  • 10:37 - 10:41
    и се родив како муслиманка
    во свет кој е прилично сомничав кон нас
  • 10:41 - 10:44
    заради причини кои јас не
    можам да ги контролирам.
  • 10:44 - 10:48
    Меѓутоа, признавам дека
    сум родена со одредени привилегии.
  • 10:48 - 10:50
    Се родив покрај прекрасни родители
  • 10:50 - 10:51
    кои ми овозможија образование
  • 10:51 - 10:54
    и имав среќа да заминам во Австралија.
  • 10:54 - 10:57
    Но, истотака имав среќа да
    имам прекрасни ментори
  • 10:57 - 11:00
    кои отворија врати пред мене за кои
    не знаев дека постојат.
  • 11:00 - 11:01
    Еден ментор ми рече:
  • 11:01 - 11:03
    „Твојата приказна е интересна.
  • 11:03 - 11:06
    Да напишеме нешто за тоа
    и да го споделиме со луѓето.“
  • 11:06 - 11:07
    Друг мнентор ми рече:
  • 11:07 - 11:10
    „Знам дека ти си сè она што
    не е слика за Австралија,
  • 11:10 - 11:12
    но, сепак дојди.“
  • 11:12 - 11:13
    Сега сум тука и ви зборувам.
  • 11:13 - 11:14
    И не сум единствената.
  • 11:14 - 11:17
    Има секакви видови луѓе
    во мојата заедница
  • 11:17 - 11:19
    на кои им помогнале ментори.
  • 11:19 - 11:21
    Млад муслимански маж во Сиднеј
  • 11:21 - 11:24
    кој стигна до таму да основа
    поетско здружение,
  • 11:24 - 11:27
    со помош на својот ментор во Бенкстаун,
  • 11:27 - 11:29
    и стана популарен.
  • 11:29 - 11:32
    Тој може сега да ги промени животите
    на многу други млади луѓе.
  • 11:32 - 11:34
    Има и една жена овде во Бризбан,
  • 11:34 - 11:35
    жена меѓу бегалците од Афганистан,
  • 11:35 - 11:38
    која едвај зборуваше англиски
    кога дојде во Австралија
  • 11:38 - 11:40
    и менторите ѝ помогнаа
    да стане лекар
  • 11:40 - 11:43
    и ја доби наградата на годината
    `Младите на Квинслендер` во 2008.
  • 11:43 - 11:46
    Таа е инспирација.
  • 11:50 - 11:52
    Тоа не е толку едноставно.
  • 11:54 - 11:57
    Ова сум јас.
  • 11:57 - 12:00
    Но, јас сум и жената во работнички алишта
  • 12:00 - 12:04
    и жената која беше во муслимански
    алишта на почетокот.
  • 12:04 - 12:07
    Ќе бевте мој ментор ако ме видевте
  • 12:07 - 12:09
    во некои од другите мои изданија?
  • 12:09 - 12:11
    Јас сум истата личност.
  • 12:12 - 12:15
    Треба да гледаме над нашите
    несвесни убедувања,
  • 12:15 - 12:18
    да станеме ментор на некој
    кој е сосема различен од нас
  • 12:18 - 12:21
    бидејќи за промени во
    структурата треба време,
  • 12:21 - 12:25
    а јас немам такво трпение.
  • 12:25 - 12:26
    Затоа, ако направиме
    промени,
  • 12:26 - 12:28
    ако создадеме свет
  • 12:28 - 12:30
    во кој сите ние ќе имаме исти можности,
  • 12:30 - 12:33
    тогаш изберете да ги отворите
    вратите за луѓето.
  • 12:33 - 12:36
    Можеби мислите дека разликите
    немаат врска со вас,
  • 12:36 - 12:38
    но, ние сите сме дел од овој систем
  • 12:38 - 12:40
    и сите можеме да бидеме
    дел од решението.
  • 12:40 - 12:43
    Ако не знаете каде да најдете
    некој различен од вас,
  • 12:43 - 12:45
    одете таму каде вообичаено не одите.
  • 12:45 - 12:47
    Ако посетувате приватно училиште,
  • 12:47 - 12:48
    одете до некое државно,
  • 12:48 - 12:52
    или до некој образовен
    центар за бегалци.
  • 12:52 - 12:54
    Можеби работите во канцеларија.
  • 12:54 - 12:57
    Одберете го оној млад човек
    кој изгледа изгубено
  • 12:57 - 12:58
    бидеќји тоа бев јас-
  • 12:58 - 12:59
    и отворете врати за него,
  • 12:59 - 13:02
    но, не заради редот на нештата,
    ние не сме жртви,
  • 13:02 - 13:04
    туку покажете им ги можностите
  • 13:04 - 13:06
    бидејќи ако го откриете вашиот свет
  • 13:06 - 13:09
    ќе сфатите дека стигнувате до врати
  • 13:09 - 13:11
    за кои тие не ни знаеја дека постојат
  • 13:11 - 13:14
    а ниту вие го знаевте тоа.
  • 13:14 - 13:16
    Дами и господа,
  • 13:16 - 13:20
    имаме проблем во нашата заедница
    со недостиг на можности,
  • 13:20 - 13:22
    особено заради несвесните убедувања.
  • 13:22 - 13:26
    Но, секој од вас има потенцијал
    да го промени тоа.
  • 13:26 - 13:29
    Знам дека денес имавте многу предизвици,
  • 13:29 - 13:32
    но, прифатете го само овој
    и размислувајте поинаку,
  • 13:32 - 13:36
    бидејќи различноста е волшебна.
  • 13:36 - 13:40
    Ве охрабрувам да гледате над
    вашите почетни перцепции
  • 13:40 - 13:41
    бидејќи, се обложувам,
  • 13:41 - 13:43
    дека веројатно се погрешни.
  • 13:43 - 13:46
    Благодарам.
  • 13:46 - 13:49
    (аплауз)
Title:
Што значи мојата шамија за вас?
Speaker:
Јасмин Абдел-Магиед
Description:

Несвесните убедувања се движечка сила во една култура кои преовладуваат и делуваат врз луѓето и нивните претстави во врска со потеклото и влијанијата. Овие неизречени предрасуди се однесуваат на многу нешта и време е да станеме поразумни, помудри и подобри. Во овој забавен и искрен говор, Јасмин Абдел-Магиед употребува еден необичен начин да не` предизвика сите нас да гледаме над нашите првични согледувања.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:01

Macedonian subtitles

Revisions