Return to Video

Франс де Вал: Морално однесување кај животните

  • 0:00 - 0:02
    Роден сум во Ден Бош,
  • 0:02 - 0:05
    место според кое сликарот Хиеронимус Бош се нарекол себеси.
  • 0:05 - 0:07
    Од секогаш бев позитивно наклонет кон овој сликар
  • 0:07 - 0:10
    кој живеел и работел во 15-от век.
  • 0:10 - 0:12
    Она што е интересно за него во однос на моралот
  • 0:12 - 0:15
    е дека тој живеел во време кога влијанието на религијата исчезнувало,
  • 0:15 - 0:17
    а тој пак се прашувал, мислам,
  • 0:17 - 0:19
    што ќе се случи со општеството
  • 0:19 - 0:22
    доколку не постои религија или доколку има помалку религија.
  • 0:22 - 0:25
    И така тој ја насликал познатата слика, "Градината на Земските Задоволства,"
  • 0:25 - 0:27
    која што од некои беше интерпретирана
  • 0:27 - 0:29
    дека го претставува човештвото пред Гревот,
  • 0:29 - 0:32
    или дека е човештвото без никаков Грев.
  • 0:32 - 0:34
    Веројатно се прашувате,
  • 0:34 - 0:37
    што ќе се случеше доколку не го вкусевме овошјето на знаењето,
  • 0:37 - 0:40
    и каков морал ќе имавме ?
  • 0:40 - 0:42
    Многу подоцна, како студент,
  • 0:42 - 0:44
    отидов во многу различна градина,
  • 0:44 - 0:47
    зоолошка градина во Арнхем
  • 0:47 - 0:49
    каде што чуваме шимпанза.
  • 0:49 - 0:51
    Ова сум јас во младоста со бебе шимпанзо.
  • 0:51 - 0:54
    (Смеа)
  • 0:54 - 0:56
    Таму открив
  • 0:56 - 0:59
    дека шимпанзата се многу гладни за моќ и воедно напишав книга за тоа.
  • 0:59 - 1:02
    Во тоа време, фокусот на многуте истражувања врз животни
  • 1:02 - 1:04
    беше кон агресијата и натпреварувањето.
  • 1:04 - 1:06
    Насликав цела слика за животинското царство,
  • 1:06 - 1:08
    вклучувајќи го и човештвото,
  • 1:08 - 1:10
    која вели дека длабоко во нас ние сме натпреварувачи,
  • 1:10 - 1:12
    ние сме агресивни,
  • 1:12 - 1:15
    сите ние сме заинтересирани само за нашата корист.
  • 1:15 - 1:17
    Ова е промоцијата на мојата книга.
  • 1:17 - 1:19
    Не сум сигурен колку шимпанзата ја разбраа,
  • 1:19 - 1:22
    но со сигурност беа заинтересирани за книгата.
  • 1:24 - 1:26
    Додека работев
  • 1:26 - 1:28
    и ја проучував моќта и доминацијата
  • 1:28 - 1:30
    и агресијата и така натаму,
  • 1:30 - 1:33
    открив дека шимпанзата се помируваат после борбите.
  • 1:33 - 1:36
    Овде гледате двајца мажјаци кои имале борба.
  • 1:36 - 1:39
    Завршиле горе на дрвото, и еден од нив му подава рака на другиот.
  • 1:39 - 1:42
    Неколку секунди подоцна откако ги сликав, тие дојдоа во крошната на дрвото
  • 1:42 - 1:44
    каде што се бакнаа и прегрнаа еден со друг.
  • 1:44 - 1:46
    Ова е многу интересно бидејќи
  • 1:46 - 1:49
    во тоа време сè се вртеше околу натпреварувањето и агресијата,
  • 1:49 - 1:51
    и затоа ова немаше никаква смисла.
  • 1:51 - 1:53
    Она што е важно дали победуваш или губиш.
  • 1:53 - 1:55
    Но, зошто би се помириле после борба?
  • 1:55 - 1:57
    Тоа нема никаква смисла.
  • 1:57 - 2:00
    Бонобоата вака го прават тоа. Бонобоата прават сè со секс.
  • 2:00 - 2:02
    Исто така се помируваат преку секс.
  • 2:02 - 2:04
    Меѓутоа принципот е ист.
  • 2:04 - 2:06
    Принципот е дека имате
  • 2:06 - 2:08
    важна врска
  • 2:08 - 2:10
    која што е оштетена од конфилкт,
  • 2:10 - 2:12
    а вие мора да направите нешто во врска со тоа.
  • 2:12 - 2:14
    Целото мое мислење за животинското царство,
  • 2:14 - 2:16
    тука вклучувајќи ги и луѓето,
  • 2:16 - 2:18
    започна да се менува во тоа време.
  • 2:18 - 2:20
    Го имаме ова гледиште
  • 2:20 - 2:22
    во политичката наука, економијата, социјалните науки,
  • 2:22 - 2:24
    филозофијата, а тоа е дека
  • 2:24 - 2:26
    човек на човека е волк.
  • 2:26 - 2:29
    Значи нашата фундаментална природа е мрачна.
  • 2:29 - 2:32
    Мислам дека е многу неправедна слика за волкот.
  • 2:32 - 2:34
    Волкот е всушност,
  • 2:34 - 2:36
    многу кооперативно животно.
  • 2:36 - 2:38
    Поради тоа многумина од вас имате кучиња по дома,
  • 2:38 - 2:40
    кое што пак ги има сите тие карактеристики.
  • 2:40 - 2:42
    Исто така е многу неферски спрема човештвото,
  • 2:42 - 2:46
    бидејќи човештвото е всушност многу повеќе кооперативно и сочувствително
  • 2:46 - 2:48
    за разлика од она што се смета.
  • 2:48 - 2:50
    Така почнав да се интересирам за овие работи
  • 2:50 - 2:52
    и да ги проучувам кај другите животни.
  • 2:52 - 2:54
    Ова се столбовите на моралноста.
  • 2:54 - 2:58
    Ако го прашате некого, "На што се базира моралноста?"
  • 2:58 - 3:00
    овие се двата фактори кои секогаш се појавуваат.
  • 3:00 - 3:02
    Едниот е реципрочноста,
  • 3:02 - 3:05
    а со него е поврзано чувството на правда.
  • 3:05 - 3:07
    Другиот е емпатијата и сочувството.
  • 3:07 - 3:10
    Човечката моралноста е повеќе од ова,
  • 3:10 - 3:12
    но ако ги отстраните овие два столба,
  • 3:12 - 3:14
    сепак нема да остане многу.
  • 3:14 - 3:16
    Тие се апсолутно важни.
  • 3:16 - 3:18
    Да ви дадам неколку примери овде.
  • 3:18 - 3:20
    Ова е многу стара снимка од Јеркс Центарот за Примати
  • 3:20 - 3:23
    каде што ги тренираат шимпанзата како да соработуваат.
  • 3:23 - 3:26
    Ова е веќе пред околу сто години кога
  • 3:26 - 3:29
    се правеа експерименти за соработката.
  • 3:29 - 3:32
    Овде имате две млади шимпанза кои имаат кутија, а кутијата
  • 3:32 - 3:35
    е премногу тешка за само едното шимпанзо да ја влече.
  • 3:35 - 3:37
    И се разбира, има храна на кутијата.
  • 3:37 - 3:39
    Инаку тие не би влечеле толку силно.
  • 3:39 - 3:41
    Така тие се обидуваат да ја довлечат кутијата.
  • 3:41 - 3:43
    Можете да видите дека се синхронизирани.
  • 3:43 - 3:46
    Можете да видите дека работат заедно, влечат во исто време.
  • 3:46 - 3:49
    Тоа е веќе голема предност во однос на многу други животни
  • 3:49 - 3:51
    кои не би биле способни да го прават тоа.
  • 3:51 - 3:53
    Сега ќе добиете многу поинтересна слика, бидејќи
  • 3:53 - 3:56
    сега едно од двете шимпанза е нахрането.
  • 3:56 - 3:58
    Значи едното од нив повеќе не го интересира
  • 3:58 - 4:01
    задачата.
  • 4:01 - 4:04
    (Смеа)
  • 4:08 - 4:13
    (Смеа)
  • 4:19 - 4:22
    (Смеа)
  • 4:35 - 4:38
    Погледнете што ќе се случи на крајот од ова.
  • 4:41 - 4:43
    (Смеа)
  • 4:52 - 4:54
    Во основа тој зема сè.
  • 4:54 - 4:57
    (Смеа)
  • 4:57 - 4:59
    Има два интересни дела за ова.
  • 4:59 - 5:01
    Едниот е дека шимпанзото од десно
  • 5:01 - 5:03
    има целосно разбирање дека му треба партнер --
  • 5:03 - 5:05
    значи има потполно разбирање за потребата од соработка.
  • 5:05 - 5:08
    Вториот дел е дека партнерот има волја да соработува
  • 5:08 - 5:10
    и покрај тоа што тој не е заинтересиран за храната.
  • 5:10 - 5:13
    Зошто е така? Веројатно е поврзано со реципрочноста.
  • 5:13 - 5:15
    Всушност постојат многу докази кај приматите и другите животни
  • 5:15 - 5:17
    дека тие возвраќаат на услугите.
  • 5:17 - 5:19
    Значи тој за возврат ќе добие услуга
  • 5:19 - 5:21
    во одреден период од иднината.
  • 5:21 - 5:23
    Тој е начинот на кој сето ова функционира.
  • 5:23 - 5:25
    Ја направивме истата задача со слонови.
  • 5:25 - 5:28
    Со слонови, многу е опасно да се работи со слонови.
  • 5:28 - 5:30
    Друг проблем со слоновите е
  • 5:30 - 5:32
    дека не можете да направите апарат кој
  • 5:32 - 5:34
    ќе биде доволно тежок за еден слон.
  • 5:34 - 5:36
    Веројатно можете да направите,
  • 5:36 - 5:38
    меѓутоа ќе биде прилично лесен и кревок.
  • 5:38 - 5:40
    Она што направивме во овој случај --
  • 5:40 - 5:43
    овие истражувања ги правиме во Тајланд со Џош Плотник --
  • 5:43 - 5:46
    имаме апарат околу кој има јаже, едно јаже.
  • 5:46 - 5:48
    Ако влечете на оваа страна од јажето,
  • 5:48 - 5:50
    јажето изчезнува на другата страна.
  • 5:50 - 5:53
    Значи потребни се два слона да го земат и да го повлечат во исто време.
  • 5:53 - 5:55
    Инаку ништо нема да се случи
  • 5:55 - 5:57
    и јажето само ќе изчезне.
  • 5:57 - 5:59
    Првата снимка што ќе ја видите
  • 5:59 - 6:01
    е како два слона кои се ослободени заедно
  • 6:01 - 6:03
    пристигнуваат кај апаратот.
  • 6:03 - 6:06
    Апаратот е на лево со храна на истиот.
  • 6:06 - 6:09
    Тие доаѓаат заедно, пристигнуваат заедно,
  • 6:09 - 6:11
    го земаат јажето заедно и заедно го влечат.
  • 6:11 - 6:14
    Всушност е прилично едноставно за нив.
  • 6:15 - 6:17
    Еве ги.
  • 6:24 - 6:26
    Еве како го влечат јажето.
  • 6:26 - 6:28
    Но, сега ќе направиме да биде потешко.
  • 6:28 - 6:30
    Бидејќи целта на овој експеримент е да
  • 6:30 - 6:32
    видиме колку добро ја разбираат соработката.
  • 6:32 - 6:35
    Дали ја разбираат онолку добро како и шимпанзата, на пример?
  • 6:35 - 6:37
    Она што правиме во следниот чекор
  • 6:37 - 6:39
    е, го ослободуваме едниот слон пред другиот,
  • 6:39 - 6:41
    а тој слон треба да биде доволно паметен за
  • 6:41 - 6:43
    да остане таму, да чека и да не го влече јажето --
  • 6:43 - 6:46
    бидејќи ако го повлече, тоа ќе изчезне и тестот ќе заврши.
  • 6:46 - 6:48
    Сега овој слон прави нешто нелегално
  • 6:48 - 6:50
    на кое што ние не го учевме.
  • 6:50 - 6:52
    Меѓутоа ова го покажува неговото разбирање,
  • 6:52 - 6:55
    бидејќи тој ја става неговата голема нога на јажето,
  • 6:55 - 6:57
    стои на јажето и го чека другиот слон,
  • 6:57 - 7:00
    а другиот ќе ја заврши целата работа место него.
  • 7:00 - 7:03
    Ова го нарекуваме паразитизам.
  • 7:03 - 7:05
    (Смеа)
  • 7:05 - 7:08
    Но, ова ја покажува интелигенцијата што ја поседуваат слоновите.
  • 7:08 - 7:11
    Тие развија неколку вакви алтернативни техники, а кои
  • 7:11 - 7:14
    што ние сметаме дека не се нужно потребни.
  • 7:14 - 7:19
    Сега другиот слон доаѓа и тој
  • 7:19 - 7:22
    ќе го повлече.
  • 7:38 - 7:41
    Сега гледајте го другиот. Другиот не заборава да јаде, се разбира.
  • 7:41 - 7:45
    (Смеа)
  • 7:45 - 7:47
    Ова беше соработката, реципрочноста.
  • 7:47 - 7:49
    Сега нешто за емпатијата.
  • 7:49 - 7:51
    Емпатијата е главната тема на моето истражување.
  • 7:51 - 7:53
    Емпатијата има два вида на квалитет.
  • 7:53 - 7:56
    Едниот дел е разбирањето. Ова е една вообичаена дефиниција:
  • 7:56 - 7:58
    способноста за разбирање и споделување на чувствата на другите.
  • 7:58 - 8:00
    И емоционалниот дел.
  • 8:00 - 8:02
    Значи емпатијата во основа има два канала.
  • 8:02 - 8:04
    Едниот е телесниот канал.
  • 8:04 - 8:06
    Ако зборувате со тажна личност,
  • 8:06 - 8:09
    тогаш ќе завземете тажен израз и тажен став,
  • 8:09 - 8:11
    и дур да трепнете станувате тажни.
  • 8:11 - 8:14
    Тоа е еден вид телесен канал на емоционалната емпатија,
  • 8:14 - 8:16
    кој што го поседуваат многу животни.
  • 8:16 - 8:18
    Вашето просечно куче исто така го има тоа.
  • 8:18 - 8:20
    Всушност поради тоа луѓето чуваат цицачи во домот,
  • 8:20 - 8:22
    а не желки или змии или нешто такво кое што
  • 8:22 - 8:24
    не поседува таков вид на емпатија.
  • 8:24 - 8:26
    Исто така постои когнитивниот канал,
  • 8:26 - 8:28
    кое што се однесува на превземањето на нечија друга перспектива.
  • 8:28 - 8:30
    Тоа е повеќе ограничено.
  • 8:30 - 8:32
    Има неколку животни -- мислам дека слоновите и мајмуните го можат тоа --
  • 8:32 - 8:35
    но има многу малку животни кои го можат тоа.
  • 8:35 - 8:37
    Значи, синхронизацијата,
  • 8:37 - 8:39
    која е дел од целиот тој емпатски механизам
  • 8:39 - 8:41
    е многу стара во животинското царство.
  • 8:41 - 8:43
    Кај луѓето, се разбира, тоа можеме да го истражуваме
  • 8:43 - 8:45
    преку заразата од зевање.
  • 8:45 - 8:47
    Луѓето зеваат тогаш кога другите зеваат.
  • 8:47 - 8:49
    Тоа е поврзано со емпатијата.
  • 8:49 - 8:51
    Ги активира истите области од мозокот.
  • 8:51 - 8:53
    Исто така, знаеме дека луѓето кои лесно се заразуваат од зевање
  • 8:53 - 8:55
    имаат високо ниво на емпатија.
  • 8:55 - 8:57
    Луѓето кои имаат проблем со емпатијата, како децата со аутизам,
  • 8:57 - 8:59
    кај нив не се јавува зараза од зевање.
  • 8:59 - 9:01
    Значи е поврзано.
  • 9:01 - 9:04
    Тоа го проучуваме кај нашите шимпанза со тоа што им прикажуваме анимирана глава.
  • 9:04 - 9:06
    Токму тоа гледате горе-лево,
  • 9:06 - 9:08
    анимирана глава што се прозева.
  • 9:08 - 9:10
    Шимпанзото го гледа тоа,
  • 9:10 - 9:13
    вистинско шимпанзо кое гледа во компјутерски екран
  • 9:13 - 9:16
    на кој ги пуштаме овие анимации.
  • 9:20 - 9:22
    (Смеа)
  • 9:22 - 9:24
    Значи, заразата од зевање
  • 9:24 - 9:26
    со која веројатно сите сте запознаени --
  • 9:26 - 9:29
    и можеби ќе почнете сега да зевате сите --
  • 9:29 - 9:32
    е нешто што го споделуваме со другите животни.
  • 9:32 - 9:35
    Тоа е поврзано со целиот тој телесен канал за синхронизација
  • 9:35 - 9:37
    врз кој се базира емпатијата
  • 9:37 - 9:40
    и кој што во основа е универзален кај цицачите.
  • 9:40 - 9:43
    Исто така ги истражуваме и посложените експресии. Ова е утеха.
  • 9:43 - 9:46
    Ова е машко шимпанзо кое изгубило борба и кое што вреска,
  • 9:46 - 9:48
    а младото доаѓа и ја става раката околу него
  • 9:48 - 9:50
    и го смирува.
  • 9:50 - 9:53
    Тоа е утеха. Многу е слична на човечката утеха.
  • 9:53 - 9:56
    Утешното однесување,
  • 9:56 - 9:58
    е поттикнато од емпатијата.
  • 9:58 - 10:01
    Всушност, начин за проучување на емпатијата кај децата
  • 10:01 - 10:03
    е да му кажете на член од семејството да глуми демек е вознемирен,
  • 10:03 - 10:05
    а потоа да гледате што прави детето.
  • 10:05 - 10:07
    Тоа е поврзано со емпатијата,
  • 10:07 - 10:10
    и токму таква експресија бараме да видиме.
  • 10:10 - 10:13
    Неодамна објавивме експеримент за кој можеби имате слушнато.
  • 10:13 - 10:16
    Се работи за алтруизмот и шимпанзата
  • 10:16 - 10:18
    каде што прашањето е, дали шимпанзата се грижат
  • 10:18 - 10:20
    за добросостојбата на некој друг?
  • 10:20 - 10:22
    Со декади се претпоставуваше
  • 10:22 - 10:24
    дека само луѓето го можат тоа,
  • 10:24 - 10:27
    дека само луѓето се грижат за добросостојбата на некој друг.
  • 10:27 - 10:29
    Направивме еден многу едноставен експеримент.
  • 10:29 - 10:32
    Го направивме со шимпанза кои живеат во Лоуренсвил,
  • 10:32 - 10:34
    во станицата во Јеркс.
  • 10:34 - 10:36
    На овој начин живеат.
  • 10:36 - 10:39
    Ги повикуваме во соба и правиме експерименти со нив.
  • 10:39 - 10:41
    Во овој случај, ставивме две шимпанза едно до друго.
  • 10:41 - 10:44
    едното има кофа полна со жетони, а жетоните имаат различни значења.
  • 10:44 - 10:47
    Едниот вид на жетон го храни само партнерот што избира,
  • 10:47 - 10:49
    другиот вид на жетон ги храна двајцата.
  • 10:49 - 10:52
    Ова истражување го направивме со Вики Хорнер.
  • 10:53 - 10:55
    Овде ги гледате двата обоени жетони.
  • 10:55 - 10:57
    Значи имаат полна кофа од истите тие жетони.
  • 10:57 - 11:00
    Мораат да изберат една од двете бои.
  • 11:00 - 11:03
    Ќе видите како оди тоа.
  • 11:03 - 11:06
    Значи, ако ова шимпанзо го направи себичниот избор,
  • 11:06 - 11:09
    во овој случај тоа е црвениот жетон,
  • 11:09 - 11:11
    тој треба да ни го даде на нас.
  • 11:11 - 11:14
    Ние го земаме, го ставаме на маса на која се наоѓаат двете награди во храна,
  • 11:14 - 11:17
    но овој случај само шимпанзото од десно добива храна.
  • 11:17 - 11:19
    Она од лево си заминува бидејќи веќе знае дека ова
  • 11:19 - 11:22
    не е добар тест за нејзе.
  • 11:22 - 11:24
    Следниот е просоцијалниот жетон.
  • 11:24 - 11:27
    Оној што го прави изборот -- ова е интересниот дел овде --
  • 11:27 - 11:29
    за оној кој го прави изборот,
  • 11:29 - 11:31
    нема некое значење.
  • 11:31 - 11:34
    Сега таа ни дава просоцијален жетон и двете шимпанза се нахранети.
  • 11:34 - 11:37
    Значи, шимпанзото кое го прави изборот секогаш добива награда.
  • 11:37 - 11:39
    Значи нема било какво значење.
  • 11:39 - 11:41
    Оттука, претпоставка е дека ќе избира на слепо.
  • 11:41 - 11:43
    Но, она што најдовме
  • 11:43 - 11:45
    е дека тие ги преферираат про-социјалните жетони.
  • 11:45 - 11:48
    Ова е 50 процентната линија, тоа е случајното очекување.
  • 11:48 - 11:51
    И особено ако партнерот го привлече вниманието кон себе, тие бираат повеќе.
  • 11:51 - 11:54
    И ако партнерот изврши притисок врз нив --
  • 11:54 - 11:57
    ако партнерот почне да плука вода и да ги заплашува --
  • 11:57 - 12:00
    тогаш изборите опаѓаат.
  • 12:00 - 12:02
    Како да велат,
  • 12:02 - 12:04
    "ако не се однесуваш примерно, нема да бидам просоцијален денес."
  • 12:04 - 12:06
    Токму ова се случува без партнер,
  • 12:06 - 12:08
    кога нема партнер кој седи таму.
  • 12:08 - 12:10
    Откривме дека шимпанзата навистина се грижат
  • 12:10 - 12:12
    за добро-состојбата на некој друг --
  • 12:12 - 12:15
    особено, ова се други членови од нивната група.
  • 12:15 - 12:18
    Последниот експеримент кој што сакам да го споменам
  • 12:18 - 12:20
    е нашата студија за правдата.
  • 12:20 - 12:23
    Ова стана многу позната студија.
  • 12:23 - 12:25
    Денеска се спроведени уште повеќе,
  • 12:25 - 12:27
    бидејќи откако ја спроведовме оваа пред 10 години,
  • 12:27 - 12:29
    истата стана многу позната.
  • 12:29 - 12:31
    Таа ја спроведовме со мајмуните капучини.
  • 12:31 - 12:34
    Ќе ви го покажам првиот експеримент кој го направивме.
  • 12:34 - 12:37
    Неодамна беше направен со кучиња, со птици
  • 12:37 - 12:39
    и со шимпанза.
  • 12:39 - 12:43
    Но, ние со Сара Броснан започнавме со мајмуни капучини.
  • 12:43 - 12:45
    Она што направивме
  • 12:45 - 12:47
    е ставивме два мајмуни капучини еден до друг.
  • 12:47 - 12:49
    Повторно, овие животни, тие живеат во група, се знаат меѓусебно.
  • 12:49 - 12:52
    Ги земаме од групата, ги ставаме во комора за тестирање.
  • 12:52 - 12:54
    Тука има една многу едноставна задача
  • 12:54 - 12:56
    што треба да ја исполнат.
  • 12:56 - 12:59
    Ако и на двајцата им дадете краставица за задачата,
  • 12:59 - 13:01
    двата мајмуни еден до друг,
  • 13:01 - 13:03
    со задоволство ќе го прават ова 25 пати последователно.
  • 13:03 - 13:07
    Значи краставицата, иако според мене е само вода, но
  • 13:07 - 13:10
    краставицата им е сосем доволна.
  • 13:10 - 13:13
    Но, ако му дадете на партнерот грозје --
  • 13:13 - 13:15
    преференцијата на храна кај моите мајмуни капучини
  • 13:15 - 13:18
    прецизно коренспондира со цените во супермаркетите --
  • 13:18 - 13:21
    ако им дадете грозје -- многу подобра храна --
  • 13:21 - 13:24
    тогаш создавате нееднаквост помеѓу нив.
  • 13:24 - 13:26
    Значи тоа е експериментот што го спроведовме.
  • 13:26 - 13:29
    Неодамна го снимавме со нови мајмуни кои никогаш не ја вршеле задачата,
  • 13:29 - 13:31
    мислејќи дека можеби тие ќе имаат посилна реакција,
  • 13:31 - 13:33
    а тоа се испостави дека е точно.
  • 13:33 - 13:35
    Оној на лево е мајмунот кој што добива краставица.
  • 13:35 - 13:38
    Оној од десно го добива грозјето.
  • 13:38 - 13:40
    Оној што добива краставица,
  • 13:40 - 13:42
    забележете дека првото парче краставица е сосема во ред.
  • 13:42 - 13:45
    Првото парче го јаде.
  • 13:45 - 13:48
    Потоа гледа како другиот добива грозје, и ќе видите што се случува.
  • 13:48 - 13:51
    Таа ни дава камен на нас. Тоа е задачата.
  • 13:51 - 13:54
    А, ние и даваме парче од краставица и таа го јаде.
  • 13:54 - 13:57
    Дргиот треба да ни даде камен.
  • 13:57 - 14:00
    Токму тоа и го прави.
  • 14:00 - 14:03
    Потоа добива грозје и го јаде.
  • 14:03 - 14:05
    Другиот го гледа тоа.
  • 14:05 - 14:07
    Сега ни дава камен,
  • 14:07 - 14:10
    и повторно, добива краставица.
  • 14:12 - 14:27
    (Смеа)
  • 14:27 - 14:30
    Го тестира каменот од ѕидот.
  • 14:30 - 14:32
    Треба да ни го даде на нас.
  • 14:32 - 14:35
    И повторно добива краставица.
  • 14:37 - 14:41
    (Смеа)
  • 14:43 - 14:47
    Во основа сега го гледате протестот на Вол Стрит.
  • 14:47 - 14:50
    (Смеа)
  • 14:50 - 14:53
    (Аплауз)
  • 14:53 - 14:55
    Да ви кажам --
  • 14:55 - 14:57
    имам уште две минути, да ви кажам една интересна приказна за ова.
  • 14:57 - 14:59
    Оваа студија стана многу позната
  • 14:59 - 15:01
    и добивме многу коментари,
  • 15:01 - 15:03
    особено од антрополози, економисти,
  • 15:03 - 15:05
    филозофи.
  • 15:05 - 15:07
    На нив не им се допаѓаше ова воопшто.
  • 15:07 - 15:10
    Бидејќи веќе имаа одлучено во нивните умови, верувам,
  • 15:10 - 15:12
    дека правдата е многу сложена работа.
  • 15:12 - 15:14
    и дека животните не можат да ја имаат.
  • 15:14 - 15:16
    Дури еден филозоф ни напиша дека е
  • 15:16 - 15:19
    невозможно за мајмуните да имаат чувство за правда
  • 15:19 - 15:22
    бидејќи правдата била измислена за време на Француската Револуција.
  • 15:22 - 15:24
    (Смеа)
  • 15:24 - 15:27
    Еден друг напиша цело поглавје
  • 15:27 - 15:31
    велејќи дека тој би поверувал дека е некако поврзано со правдата
  • 15:31 - 15:33
    доколку оној мајмун кој го добива грозјето го одбие истото.
  • 15:33 - 15:35
    Интересно е што Сара Броснан,
  • 15:35 - 15:37
    која го правеше ова со шимпанзата,
  • 15:37 - 15:39
    имаше неколку комбинации на шимпанза
  • 15:39 - 15:42
    каде, навистина, оној кој го добива грозјето го одбиваше истото се
  • 15:42 - 15:44
    додека другиот не добие исто така грозје.
  • 15:44 - 15:47
    Значи доаѓаме многу блиску до човечкото чувство за правда.
  • 15:47 - 15:51
    Мислам дека филозофите треба да ја ревидираат својата филозофија.
  • 15:51 - 15:53
    Да резимирам.
  • 15:53 - 15:55
    Верувам дека постои еволуирана моралност.
  • 15:55 - 15:57
    Мислам дека моралноста е многу повеќе од ова за што зборував,
  • 15:57 - 16:00
    но би била невозможна без овие состојки кои ги наоѓаме
  • 16:00 - 16:02
    кај другите примати,
  • 16:02 - 16:04
    а тоа се емпатијата и утехата,
  • 16:04 - 16:07
    про-социјалните тенденции, реципрочноста и чувството за правда.
  • 16:07 - 16:10
    Работиме на овие поединечни прашања
  • 16:10 - 16:13
    за да видиме дали можеме да ја создадеме моралноста одоздола па нагоре,
  • 16:13 - 16:15
    без притоа да ги вклучуваме Бог и религијата,
  • 16:15 - 16:18
    и да видиме како да дојдеме до еволуирана моралност,
  • 16:18 - 16:21
    Ви благодарам на вашето внимание.
  • 16:21 - 16:30
    (Аплауз)
Title:
Франс де Вал: Морално однесување кај животните
Speaker:
Frans de Waal
Description:

Емпатија, соработка, правда и реципроцитет -- грижата за добро-состојбата на другите се чини како многу карактеристична особина за луѓето. Меѓутоа Франс де Вал споделува неколку изненадувачки видеа на кои се прикажани бихевиорални тестови спроведени врз примати и разни други цицачи, видеа кои покажуваат колку од овие морални особини секој од нас ги поседува.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:31
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Moral behavior in animals
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for Moral behavior in animals
Сања Богоева edited Macedonian subtitles for Moral behavior in animals
ALEKSANDAR MITEVSKI added a translation

Macedonian subtitles

Revisions