Return to Video

Неил Пасрича: Трите С за совршено

  • 0:00 - 0:02
    Ова е чудесната приказна:
  • 0:02 - 0:04
    Започнува пред околу 40 години,
  • 0:04 - 0:07
    кога моите родители дојдоа во Канада.
  • 0:07 - 0:09
    Мајка ми замина од Најроби, Кенија.
  • 0:09 - 0:12
    Татко ми дојде од мало село во близина на Амритсар, Индија.
  • 0:12 - 0:15
    Тука пристигнаа во доцните шеесети години.
  • 0:15 - 0:18
    Се сместија во мрачно предградие на околу еден час источно од Торонто.
  • 0:18 - 0:20
    И започнаа нов живот.
  • 0:20 - 0:22
    Го посетија својот прв забар,
  • 0:22 - 0:24
    го изедоа својот прв хамбургер,
  • 0:24 - 0:26
    ги родија своите деца.
  • 0:26 - 0:28
    Мојата сестра и јас
  • 0:28 - 0:30
    пораснавме овде,
  • 0:30 - 0:33
    и имавме мирни и среќни детства.
  • 0:33 - 0:35
    Имавме блиско семејство,
  • 0:35 - 0:37
    добри пријатели, мирна улица.
  • 0:37 - 0:39
    Пораснавме земајќи ги здраво за готово
  • 0:39 - 0:41
    многу од работите кои моите родители не ги гледале за такви
  • 0:41 - 0:43
    додека тие растеле --
  • 0:43 - 0:45
    работите како што е секогаш да има струја
  • 0:45 - 0:47
    во нашиот дом,
  • 0:47 - 0:49
    како и тоа да има училишта преку патот,
  • 0:49 - 0:51
    и болници подолу низ улицата,
  • 0:51 - 0:53
    сладолед да се продава веднаш позади куќата...
  • 0:53 - 0:55
    Ние пораснавме, и созреавме.
  • 0:55 - 0:57
    Јас одев во средно училиште.
  • 0:57 - 0:59
    Матурирав.
  • 0:59 - 1:01
    Се отселив од куќата на моите родители, најдов работа,
  • 1:01 - 1:04
    си најдов и девојка, се смирив --
  • 1:04 - 1:07
    и сфаќам оти звучи како лоша сапуница или песна од Цветанка Ласкова.
  • 1:07 - 1:09
    (Смеење)
  • 1:09 - 1:11
    Но, животот беше прилично добар.
  • 1:11 - 1:13
    Животот беше прилично добар.
  • 1:13 - 1:16
    2006 беше одлична година.
  • 1:16 - 1:19
    Под јасното сино небо во јули, во винскиот регион на Онтарио,
  • 1:19 - 1:21
    се оженив,
  • 1:21 - 1:24
    во присуство на 150 пријатели и членови од семејството.
  • 1:25 - 1:28
    2007 беше одлична година.
  • 1:28 - 1:30
    Дипломирав
  • 1:30 - 1:33
    и отидов на патување со двајцата најблиски пријатели.
  • 1:33 - 1:36
    Еве една фотографија со мене и мојот пријател Крис,
  • 1:36 - 1:38
    на брегот на Пацификот.
  • 1:38 - 1:40
    Ние всушност видовме фоки низ прозорецот од автомобилот,
  • 1:40 - 1:42
    и застанавме за да направиме брза фотографија со нив,
  • 1:42 - 1:45
    а потоа ги „блокиравме“ со нашите огромни глави.
  • 1:45 - 1:47
    (Смеење)
  • 1:47 - 1:49
    Вие баш и не можете да ги видите фоките на брегот,
  • 1:49 - 1:51
    но глетката беше да останеш без здив,
  • 1:51 - 1:53
    верувајте ми.
  • 1:53 - 1:55
    (Смеење)
  • 1:55 - 1:58
    2008 и 2009 беа малку потешки години.
  • 1:58 - 2:00
    Знам дека беа потешки и за многу други луѓе,
  • 2:00 - 2:02
    не само за мене.
  • 2:02 - 2:04
    Прво, вестите беа толку тешки.
  • 2:04 - 2:07
    И се’ уште се такви, а беа и порано,
  • 2:07 - 2:10
    но кога ќе отворевтe весник, кога ќе го вклучевте телевизорот,
  • 2:10 - 2:12
    се’ беше за топењето на поларните капи,
  • 2:12 - 2:14
    војни што беснеат низ светот,
  • 2:14 - 2:17
    земјотреси, урагани,
  • 2:17 - 2:20
    и економија што се ниша на работ на колапсот,
  • 2:20 - 2:23
    а на крајот и колабираше,
  • 2:23 - 2:25
    оставајќи многу од нас без работа,
  • 2:25 - 2:27
    без домови,
  • 2:27 - 2:29
    без пензии,
  • 2:29 - 2:31
    без нашите приходи за живот.
  • 2:31 - 2:34
    2008, 2009 беа навистина тешки години за мене и поради друга причина.
  • 2:34 - 2:37
    Имав многу лични проблеми во тоа време.
  • 2:38 - 2:41
    Мојот брак не одеше најдобро,
  • 2:41 - 2:45
    само се оддалечувавме еден од друг се’ повеќе и повеќе.
  • 2:45 - 2:47
    Еден ден мојата сопруга се врати од работа
  • 2:47 - 2:50
    и собра храброст, низ многу солзи,
  • 2:50 - 2:53
    да направи многу искрен муабет.
  • 2:53 - 2:56
    Ми призна „Не те сакам повеќе.“
  • 2:56 - 3:00
    И тоа беше една од најболните работи што некогаш сум ги слушнал,
  • 3:00 - 3:03
    и секако ми го скрши срцето,
  • 3:03 - 3:05
    а само еден месец подоцна
  • 3:05 - 3:08
    слушнав уште понеубава и потрогателна вест.
  • 3:08 - 3:10
    Мојот пријател, Крис, кого пред малку го видовте на фотографијата,
  • 3:10 - 3:12
    се борел со ментална болест веќе извесно време.
  • 3:12 - 3:14
    За оние од вас
  • 3:14 - 3:16
    чии животи биле допрени од ваков случај,
  • 3:16 - 3:19
    знаете каков предизвик е тоа.
  • 3:19 - 3:21
    Зборував со него преку телефон во 10:30
  • 3:21 - 3:23
    во неделата навечер.
  • 3:23 - 3:26
    Зборувавме за ТВ емисијата што ја гледавме таа вечер.
  • 3:26 - 3:29
    А, во понеделникот наутро, дознав дека него повеќе го нема.
  • 3:29 - 3:32
    За жал, тој си го одзел животот.
  • 3:33 - 3:36
    Тоа беше навистина тешко време.
  • 3:36 - 3:38
    И додека тие темни облаци ме опкружуваа,
  • 3:38 - 3:41
    мене навистина ми беше многу тешко
  • 3:41 - 3:43
    да мислам на било што убаво.
  • 3:43 - 3:46
    Си реков дека навистина морам да најдам начин,
  • 3:46 - 3:49
    некако да се фокусирам на нешто позитивно.
  • 3:49 - 3:51
    Па така, кога се вратив од работа една вечер,
  • 3:51 - 3:53
    го вклучив компјутерот,
  • 3:53 - 3:55
    и креирав една малечка веб страница
  • 3:55 - 3:58
    која ја нареков 1000awesomethings.com.
  • 3:59 - 4:01
    Се обидував да се потсетам себеси
  • 4:01 - 4:03
    на едноставните, универзални, мали задоволства кои сите ние ги сакаме,
  • 4:03 - 4:05
    но едноставно не зборуваме многу за нив -
  • 4:05 - 4:07
    нештата како келнерите и келнерките
  • 4:07 - 4:09
    кои го дополнуваат вашиот филџан со бесплатно кафе без прашање,
  • 4:09 - 4:11
    како кога седиш на првата маса од каде ќе започнат
  • 4:11 - 4:13
    да служат вечера на некоја венчавка,
  • 4:13 - 4:15
    како кога ќе облечеш топла долна облека тукушто извадена од машината за сушење,
  • 4:15 - 4:17
    и кога касиерката ќе отвори нова линија на каса во продавницата
  • 4:17 - 4:19
    а ти си прв во редот -
  • 4:19 - 4:22
    дури и ако беше последен во редот пред другата каса, сега само се премести овде.
  • 4:22 - 4:25
    (Смеење)
  • 4:25 - 4:27
    И полека, со време,
  • 4:27 - 4:30
    почнав да си го подобрувам расположението.
  • 4:30 - 4:33
    Мислам, 50,000 блогови
  • 4:33 - 4:36
    се креираат секој ден.®
  • 4:36 - 4:39
    Мојот блог беше еден од тие 50,000.
  • 4:39 - 4:42
    И, никој не го читаше, освен мајка ми.
  • 4:42 - 4:44
    Иако, морам да признаам дека посетеноста скокна
  • 4:44 - 4:46
    за 100 проценти
  • 4:46 - 4:48
    кога таа ја препрати адресата од блогот на татко ми.
  • 4:48 - 4:50
    (Смеење)
  • 4:50 - 4:52
    Се возбудив навистина
  • 4:52 - 4:54
    кога почнав да добивам по десетина посети дневно.
  • 4:54 - 4:57
    Потоа и уште повеќе - кога почнаа двоцифрени посети,
  • 4:57 - 5:00
    па стотици, па илјадници посети,
  • 5:00 - 5:02
    а потоа - милиони!
  • 5:02 - 5:04
    Блогот почна да станува се’ поголем, попознат.
  • 5:04 - 5:06
    Тогаш добив телефонски повик,
  • 5:06 - 5:08
    и гласот од другата страна на линијата кажа:
  • 5:08 - 5:12
    „Штотуку ја добивте наградата за најдобар блог во светот.“
  • 5:12 - 5:14
    Јас... као - ова е тотално зезање!
  • 5:14 - 5:17
    (Смеење)
  • 5:17 - 5:22
    (Аплауз)
  • 5:22 - 5:25
    Во која африканска држава сакате да ги префрлам моите пари?
  • 5:25 - 5:28
    (Смеење)
  • 5:28 - 5:30
    Но, испадна дека: се качив во авион
  • 5:30 - 5:32
    и завршив со прошетка по црвен тепих
  • 5:32 - 5:35
    заедно со Сара Силверман, Џими Фалон и Марта Стјуарт!
  • 5:35 - 5:38
    Се качив на бината и ја примив Webby наградата за Најдобар Блог.
  • 5:38 - 5:40
    А, изненадувањето,
  • 5:40 - 5:42
    самото изненадување
  • 5:42 - 5:45
    беше уште поголемо кога се вратив во Торонто,
  • 5:45 - 5:47
    и, кога во моето поштенско сандаче
  • 5:47 - 5:49
    10 литературни агенти ме чекаа
  • 5:49 - 5:52
    за да разговараме како сето ова да го преточиме во книга.
  • 5:52 - 5:54
    Брз скок до следната година
  • 5:54 - 5:56
    и „Книгата за страшно добрите нешта“ ("The Book of Awesome")
  • 5:56 - 5:58
    е број еден на најдобро продаваните книги цели 20 седмици!
  • 5:58 - 6:06
    (Аплауз)
  • 6:06 - 6:08
    Реков дека сакам да направам три работи со вас денеска.
  • 6:08 - 6:10
    Реков дека сакам да ви ја раскажам чудесната приказна,
  • 6:10 - 6:12
    сакав да ги споделам со вас трите С од „страшно“ добро.
  • 6:12 - 6:14
    и сакав да завршам со една убава мисла.
  • 6:14 - 6:16
    Па, да зборуваме за тие три „С“.
  • 6:16 - 6:18
    Во изминатите неколку години
  • 6:18 - 6:20
    немав многу време за навистина да размислам убаво.
  • 6:20 - 6:23
    Но, во последно време имав можност да се навратам на случувањата
  • 6:23 - 6:26
    и да се запрашам: Што е тоа што во изминатите неколку години
  • 6:26 - 6:28
    ми помогна да ја изградам мојата веб страница,
  • 6:28 - 6:30
    но, исто така, и самиот да растам и да се градам?
  • 6:30 - 6:32
    И ги сумирав овие нешта, за мене лично,
  • 6:32 - 6:34
    како трите „С“.
  • 6:34 - 6:37
    Тоа се Ставот, Свесноста
  • 6:37 - 6:39
    и Својственоста.
  • 6:39 - 6:42
    Би сакал да кажам по некој збор за сите.
  • 6:43 - 6:45
    Па, така, ставот:
  • 6:45 - 6:47
    Видете, сите ќе добиеме по некоја сопка,
  • 6:47 - 6:49
    и по некоја планина за искачување.
  • 6:49 - 6:52
    Никој од нас не може да ја предвиди иднината, но знаеме една работа за неа
  • 6:52 - 6:55
    и тоа е - дека нема да се случува плански.
  • 6:55 - 6:57
    Сите ние имаме светли моменти,
  • 6:57 - 6:59
    големи денови и гордости
  • 6:59 - 7:01
    насмевки за матура, дипломска,
  • 7:01 - 7:03
    за танцот на таткото со ќерката на нејзината венчавка,
  • 7:03 - 7:06
    и здравите бебиња кои врескаат во породилиштето,
  • 7:06 - 7:08
    но помеѓу овие светли моменти,
  • 7:08 - 7:11
    ние ќе доживееме и падови и тешкотии.
  • 7:11 - 7:14
    Тажно е, и не е пријатно да се зборува за тоа,
  • 7:14 - 7:17
    но сопругот можеби ќе те напушти,
  • 7:17 - 7:19
    можеби девојката ќе те изневери,
  • 7:19 - 7:22
    главоболките можеби се посериозни одошто мислеше,
  • 7:22 - 7:26
    или кучето може да го удри автомобил на улицата.
  • 7:26 - 7:28
    Тоа не е убава мисла,
  • 7:28 - 7:31
    но децата можат да се вплеткаат со лоши друштва
  • 7:31 - 7:33
    или да направат лоши работи.
  • 7:33 - 7:35
    Мајка ти може да се разболи од рак,
  • 7:35 - 7:37
    а татко ти да стане злобен.
  • 7:37 - 7:39
    И има моменти во животот
  • 7:39 - 7:41
    кога ќе те фрлат во бунарот
  • 7:41 - 7:43
    со грчеви во стомакот и празно срце.
  • 7:43 - 7:45
    И кога таквите лоши вести ќе се истурат врз тебе,
  • 7:45 - 7:48
    и ќе ги впиеш како сунгер,
  • 7:48 - 7:50
    навистина се надевам дека чувствуваш
  • 7:50 - 7:52
    дека имаш два избора.©
  • 7:52 - 7:54
    Еден - можеш да се превиткуваш од болка
  • 7:54 - 7:56
    да тагуваш и очајуваш засекогаш,
  • 7:56 - 7:58
    или Два - да тагуваш
  • 7:58 - 8:00
    и потоа да се соочиш со иднината
  • 8:00 - 8:02
    со нови и трезни очи.
  • 8:02 - 8:05
    Да се има одличен став значи да се избере втората опција,
  • 8:05 - 8:07
    да се избере, без разлика колку е тешко,
  • 8:07 - 8:09
    без разлика колку е силна болката,
  • 8:09 - 8:11
    да изберете да се движите напред
  • 8:11 - 8:13
    со мали чекори, но сигурно, во иднината.
  • 8:16 - 8:19
    Второто „С“ е за свесноста.
  • 8:20 - 8:23
    Обожавам да се дружам со три-годишници.
  • 8:23 - 8:25
    Го обожувам начинот како тие го гледаат светот,
  • 8:25 - 8:27
    бидејќи го гледаат за прв пат.
  • 8:27 - 8:30
    Обожувам како тие зјапаат во бубалката која поминува по плочникот.
  • 8:30 - 8:32
    Го обожувам начинот како со отворена уста
  • 8:32 - 8:34
    ја гледаат својата прва безбол игра
  • 8:34 - 8:36
    со широко отворени очи и безбол ракавица на раката,
  • 8:36 - 8:38
    впивајќи го звукот од ударањето со палките, крцкањето на кикириките
  • 8:38 - 8:40
    и мирисот на виршлите.
  • 8:40 - 8:43
    Обожувам како со часови тие берат цветови во дворот
  • 8:43 - 8:45
    и ги прават убав букет
  • 8:45 - 8:47
    за празничната трпеза.
  • 8:47 - 8:49
    Го обожувам начинот како тие го гледаат светот,
  • 8:49 - 8:51
    бидејќи го гледаат светот
  • 8:51 - 8:53
    за прв пат.
  • 8:54 - 8:56
    Да се има смисол за свесност
  • 8:56 - 8:59
    значи да го прифатиш детето во себе.
  • 8:59 - 9:01
    Затоа што сите еднаш бевме тригодишници.
  • 9:01 - 9:03
    Тоа тригодишно момченце е се’ уште дел од тебе.
  • 9:03 - 9:05
    Тоа тригодишно девојченце е се’ уште дел од тебе.
  • 9:05 - 9:07
    Тие се внатре во нас.
  • 9:07 - 9:10
    И да се биде свесен, значи да се сеќаваме
  • 9:10 - 9:12
    дека се’ што сме виделе
  • 9:12 - 9:14
    еднаш сме го виделе за прв пат.
  • 9:14 - 9:17
    Така, се случило еднаш за прв пат
  • 9:17 - 9:19
    да поминете само на зелено светло на семафорите по патот до дома од работа.
  • 9:19 - 9:22
    Имало еднаш прв пат и на тоа кога сте поминале покрај отворена врата на пекарницата
  • 9:22 - 9:24
    и сте го почувствувале мирисот на свежо испечен леб,
  • 9:24 - 9:27
    или прв пат кога сте извлекле 50 денари од џебот што некогаш сте ги заборавиле таму
  • 9:27 - 9:30
    и сте рекле „Си најдов пари.“
  • 9:31 - 9:34
    Последното „С“ е за својственоста /автентичноста/.
  • 9:34 - 9:37
    И, за ова, сакам да ви раскажам кратка приказна.
  • 9:38 - 9:40
    Да се вратиме во 1932 година,
  • 9:40 - 9:43
    кога, на фарма за кикирики во Џорџија
  • 9:43 - 9:46
    се роди момченцето Рузвелт Гриер.
  • 9:47 - 9:50
    Рузвелт, или Роузи, Гриер, како што луѓето го викале,
  • 9:50 - 9:52
    растеше и порасна во
  • 9:52 - 9:56
    над 130 кгр тежок и над 180 см висок одбрамбен играч на NFL.
  • 9:56 - 9:59
    Тој е со бројот 76 на оваа фотографија.
  • 9:59 - 10:02
    Овде на фотографијата е заедно со остатокот од „страшната четворка“.
  • 10:02 - 10:04
    Ова беа четворица момци од тимот „L.A. Rams“ во шеесетите
  • 10:04 - 10:06
    на кои не би сакале да им се спротивставите.
  • 10:06 - 10:09
    Тие беа цврсти рагби играчи кои го работеа тоа што го сакаа,
  • 10:09 - 10:11
    што беше кршење глави
  • 10:11 - 10:13
    и изместување на рамења на теренот.
  • 10:13 - 10:15
    Но, Роузи Гриер имаше
  • 10:15 - 10:17
    уште една страст.
  • 10:17 - 10:20
    Во длабочината на својата душа,
  • 10:20 - 10:23
    тој, исто така, го сакаше везењето.
  • 10:24 - 10:26
    Го сакаше плетењето.
  • 10:26 - 10:28
    Тој има кажано дека тоа го смирувало, го релаксирало,
  • 10:28 - 10:31
    му помогнало да го надмине стравот од летање, а му помогнало и да запознае девојки.
  • 10:31 - 10:33
    Така тој има кажано.
  • 10:34 - 10:36
    Тој толку многу го сакал везењето, што кога се повлекол од NFL,
  • 10:36 - 10:38
    започнал да се зачленува во клубови.
  • 10:38 - 10:40
    Дури издал и книга под наслов
  • 10:40 - 10:42
    „Везење за мажи од Роузи Гриер“.
  • 10:42 - 10:44
    (Смеење)
  • 10:44 - 10:47
    (Аплауз)
  • 10:47 - 10:49
    Одлична насловна страница.
  • 10:49 - 10:52
    Ако забележувате, тој всушност го везе на гоблен сопственото лице.
  • 10:52 - 10:54
    (Смеење)
  • 10:54 - 10:57
    Она што го обожувам во оваа приказна
  • 10:57 - 10:59
    е тоа дека Роузи Гриер
  • 10:59 - 11:01
    е толку својствена/автентична личност.
  • 11:01 - 11:03
    И дека тоа всушност значи својственост.
  • 11:03 - 11:06
    Тоа е бидеш ти, да бидеш свој, и да бидеш ОК со тоа.
  • 11:06 - 11:08
    Јас мислам деак кога сте свои
  • 11:08 - 11:10
    го следите своето срце,
  • 11:10 - 11:12
    и се наоѓате себеси на места
  • 11:12 - 11:14
    во ситуации и разговори
  • 11:14 - 11:16
    кои ги сакате и во кои уживате.
  • 11:16 - 11:18
    Запознавате луѓе со кои ви се допаѓа да разговарате.
  • 11:18 - 11:20
    Одите на местата за кои сте сонувале.
  • 11:20 - 11:22
    И секако го следите своето срце,
  • 11:22 - 11:25
    чувствувајќи се исполнети.
  • 11:25 - 11:28
    И, тоа се трите „С“.
  • 11:28 - 11:30
    За мојата завршна мисла, сакам да ве вратам
  • 11:30 - 11:33
    на доаѓањето на моите родители во Канада.
  • 11:33 - 11:35
    Не знам какво би било чувството
  • 11:35 - 11:38
    да се дојде во туѓа земја кога си во своите дваесетти години.
  • 11:38 - 11:40
    Не знам, бидејќи никогаш не сум го направил тоа.
  • 11:40 - 11:43
    Но можам да замислам дека за тоа е потребно да се има цврст став.
  • 11:43 - 11:46
    Можам да замислам дека е потребно да се биде свесен за својата околина
  • 11:46 - 11:48
    и да се ценат малите чуда
  • 11:48 - 11:51
    кои ги запознаваш во својот нов свет.
  • 11:51 - 11:53
    И мислам дека би требало да бидеш навистина свој,
  • 11:53 - 11:55
    да бидеш навистина искрен со себе си
  • 11:55 - 11:58
    со цел да го издржиш сето она на што си изложен.
  • 11:59 - 12:01
    Би сакал сега да го прекинам мојот говор
  • 12:01 - 12:03
    за некои десетина секунди,
  • 12:03 - 12:05
    бидејќи не добивате многу можности во животот за да направите нешто како ова,
  • 12:05 - 12:07
    а, моите родители седат во првиот ред.
  • 12:07 - 12:09
    Па, сакав да ги замолам, ако не им пречи, да станат.
  • 12:09 - 12:11
    И, само сакав да ви кажам „Благодарам“.
  • 12:11 - 12:30
    (Аплауз)
  • 12:30 - 12:33
    Кога растев, мојот татко обожаваше да ми ја кажува приказната
  • 12:33 - 12:35
    за неговиот прв ден во Канада.
  • 12:35 - 12:38
    Тоа е одлична приказна; она што се случило е следното:
  • 12:38 - 12:41
    слегол од авионот на аеродромот во Торонто,
  • 12:41 - 12:43
    и бил пречекан од непрофитна група,
  • 12:43 - 12:45
    за која сум сигурен дека ја води некој што е во оваа просторија.
  • 12:45 - 12:47
    (Смеење)
  • 12:47 - 12:50
    Оваа непрофитна група организирала голем ручек за добредојде
  • 12:50 - 12:53
    за сите нови доселеници во Канада.
  • 12:53 - 12:56
    Мојот татко кажува дека слегол од авионот и отишол на овој ручек,
  • 12:56 - 12:58
    а таму имало голема маса.
  • 12:58 - 13:01
    Имало леб, мали краставички,
  • 13:01 - 13:03
    маслинки, мали лукчиња.
  • 13:03 - 13:05
    Имало ролувана мисирка,
  • 13:05 - 13:07
    шунка, бифтек,
  • 13:07 - 13:09
    и мали коцки сирење.
  • 13:09 - 13:12
    Имало сендвичи со туна и сендвичи со салата од јајца,
  • 13:12 - 13:14
    како и сендвичи со салата од лосос.
  • 13:14 - 13:16
    Имало лазања и ѓувеч,
  • 13:16 - 13:19
    чоколадни слатки и торти,
  • 13:19 - 13:22
    и - пити, многу, многу пити.
  • 13:22 - 13:24
    И, кога татко ми ја кажува приказната, тој вели,
  • 13:24 - 13:28
    „Најлудото нешто е тоа што, пред тој ден, јас немав видено ништо од сето тоа на масата, освен лебот.“
  • 13:28 - 13:30
    (Смеење)
  • 13:30 - 13:32
    „Не знаев што беше со месо, а што вегетаријанска храна;
  • 13:32 - 13:34
    јас јадев маслинки со пита.“
  • 13:34 - 13:37
    (Смеење)
  • 13:37 - 13:40
    „Не ми се веруваше што се’ има овде.“
  • 13:40 - 13:42
    (Смеење)
  • 13:42 - 13:44
    Кога имав пет години,
  • 13:44 - 13:46
    татко ми ме носеше заедно со него кога купуваше од продавницата.
  • 13:46 - 13:48
    И ќе зјапаше зачуден
  • 13:48 - 13:51
    во малите налепници на овошјето и зеленчукот.
  • 13:51 - 13:54
    Ќе кажеше, „Погледни, ти се верува ли дека овде имаат манго од Мексико?
  • 13:54 - 13:57
    Овде имаат јаболко од Јужна Африка.
  • 13:57 - 14:00
    Ти се верува ли дека ги добиле урмите од Мароко?“
  • 14:00 - 14:03
    И тој се чуди, „Знаеш ли ти каде воопшто се наоѓа Мароко?!“
  • 14:03 - 14:06
    А јас ќе кажев, „Јас имам 5 години. Јас не знам каде сум сега.
  • 14:06 - 14:09
    Дали е ова A&P маркетот?"
  • 14:09 - 14:12
    И тој би рекол, „И јас не знам каде е Мароко, ама ајде да видиме.“
  • 14:12 - 14:14
    И тогаш, би ги купиле урмите, и би отишле дома.
  • 14:14 - 14:16
    Би го земале атласот од полицата,
  • 14:16 - 14:19
    и би го прелистувале се’ дури не би ја нашле мистериозната земја.
  • 14:19 - 14:21
    И тогаш, татко ми ќе кажеше,
  • 14:21 - 14:23
    „Ти се верува ли дека некој овде се качувал на дрво,
  • 14:23 - 14:25
    ги берел овие нешта, ги ставал во камион,
  • 14:25 - 14:28
    ги довезол до пристаништето
  • 14:28 - 14:30
    и потоа ги испратил со брод
  • 14:30 - 14:32
    преку Атлантскиот океан,
  • 14:32 - 14:34
    па потоа ги ставил во друг камион
  • 14:34 - 14:37
    и ги довезол дури до малата пиљарница веднаш до нашата куќа
  • 14:37 - 14:40
    за да ни ги продадат за 25 центи?“
  • 14:40 - 14:42
    Јас ќе кажев, „Не ми се верува.“
  • 14:42 - 14:44
    Тој ќе кажеше, „Ни мене не ми се верува.
  • 14:44 - 14:47
    Нештата се чудесни. Има толку многу работи за кои треба да се радуваме.“
  • 14:47 - 14:49
    Кога ќе престанам да мислам за тоа, тој е апсолутно во право;
  • 14:49 - 14:51
    има навистина толку многу работи за кои треба да се радуваме.
  • 14:51 - 14:54
    Ние сме единствениот вид
  • 14:54 - 14:57
    на единствениот камен што дава живот
  • 14:57 - 15:00
    во целиот универзум за кој сме свесни,
  • 15:00 - 15:02
    кој е способен да искуси
  • 15:02 - 15:04
    толку многу од тие чудесни нешта.
  • 15:04 - 15:07
    Мислам, ние сме единствени кои имаме архитектура и земјоделие.
  • 15:07 - 15:10
    Ние сме единствени кои имаме накит и демократија.
  • 15:10 - 15:13
    Имаме авиони, автопати,
  • 15:13 - 15:15
    ентериерен дизајн и хороскопски знаци.
  • 15:15 - 15:18
    Имаме модни списанија, правиме домашни забави.
  • 15:18 - 15:20
    Можете да гледате хорор филм со чудовишта.
  • 15:20 - 15:23
    Можете да отидете на концерт и да слушате гитари.
  • 15:23 - 15:25
    Имаме книги, шведски маси и радио бранови,
  • 15:25 - 15:27
    невести и забавни паркови.
  • 15:27 - 15:29
    Можете да спиете во чиста постелнина.
  • 15:29 - 15:31
    Можете да одите на кино и да добиете добри места за седење.
  • 15:31 - 15:34
    Можете да го почувствувате мирисот на свежо испечен леб, да се шетате по дождот,
  • 15:34 - 15:37
    да правите конфети, или да дремнете кога не би требало.
  • 15:37 - 15:39
    Го имаме сето тоа,
  • 15:39 - 15:42
    но имаме само 100 години да уживаме во него.
  • 15:43 - 15:45
    И тоа е тажниот дел.
  • 15:47 - 15:50
    Касиерите во вашата продавница,
  • 15:50 - 15:53
    настојникот во фабриката,
  • 15:53 - 15:56
    дечкото што ќе ве „шлепа“ до дома по автопатот,
  • 15:56 - 15:59
    телемаркетерот кој ќе ви се јави за време на вечерата,
  • 15:59 - 16:01
    секој наставник кој сте го имале,
  • 16:01 - 16:04
    секој кој се разбудил покрај вас,
  • 16:04 - 16:06
    секој политичар во секоја држава,
  • 16:06 - 16:08
    секој актер во секој филм,
  • 16:08 - 16:11
    секој човек во вашето семејство, секој кого го сакате,
  • 16:11 - 16:14
    секој во оваа просторија и вие
  • 16:14 - 16:17
    ќе биде мртов за 100 години.
  • 16:17 - 16:20
    Животот е толку убав, а ние имаме само кратко време
  • 16:20 - 16:22
    да ги доживееме и уживаме
  • 16:22 - 16:24
    во малите нешта и кратките мигови кои го прават толку убав.
  • 16:24 - 16:26
    И тој момент е токму сега,
  • 16:26 - 16:29
    и, тие мигови одбројуваат,
  • 16:29 - 16:32
    тие мигови се минливи.
  • 16:34 - 16:38
    Никогаш нема да бидете млади како што сте сега.
  • 16:39 - 16:42
    И затоа јас верувам дека ако го живеете својот живот
  • 16:42 - 16:44
    со одличен и цврст Став,
  • 16:44 - 16:46
    избирајќи да се движите напред
  • 16:46 - 16:48
    секогаш кога животот ќе ви зададе удар,
  • 16:48 - 16:51
    живеејќи со чувсто за Свесност за светот околу вас,
  • 16:51 - 16:53
    прифаќајќи го детето во себе
  • 16:53 - 16:56
    и забележувајќи ги тие мали радости кои го прават животот убав
  • 16:56 - 16:58
    и со тоа што ќе бидете Свои, автентични,
  • 16:58 - 17:00
    со тоа што ќе прифатите да бидете тие што сте и да бидете ОК со тоа.
  • 17:00 - 17:03
    дозволувајќи да ве води срцето и ставајќи се себе си во ситуации и искуства кои ве прават среќни,
  • 17:03 - 17:05
    тогаш, мислам оти ќе живеете живот
  • 17:05 - 17:07
    што е богат и исполнет
  • 17:07 - 17:09
    и мислам дека живете чудесен живот.
  • 17:09 - 17:11
    Ви благодарам.
Title:
Неил Пасрича: Трите С за совршено
Speaker:
Neil Pasricha
Description:

Блогот на Нила Пасрича, "1000 Awesome things", ги слави едноставните животни задоволства, од бесплатното кафе до чистата постелнина. Во овој искрен говор одржан за време на конференцијата TEDxToronto, тој открива 3 тајни (сите започнуваат на буквата „С“) кои ќе доведат кон навистина чудесно живеење.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:12
Dragana Mitrovikj added a translation

Macedonian subtitles

Revisions