Return to Video

Исповед на еден депресивен комичар

  • 0:00 - 0:03
    Долго време во животот,
  • 0:03 - 0:08
    имав чувство дека водам два различни животи.
  • 0:08 - 0:11
    Постои животот за кој сите знаат,
  • 0:11 - 0:15
    но и животот за кој само јас знам.
  • 0:15 - 0:17
    Во животот за кој сите знаат,
  • 0:17 - 0:20
    јас сум пријател,
  • 0:20 - 0:22
    син, брат,
  • 0:22 - 0:26
    стенд-ап комичар и тинејџер.
  • 0:26 - 0:28
    Тоа е животот за кој сите знаат.
  • 0:28 - 0:29
    Ако побарате од моите пријатели и семејство да ме опишат,
  • 0:29 - 0:31
    токму тоа ќе ви го кажат.
  • 0:31 - 0:33
    И тоа е голем дел од мене. Тоа сум јас.
  • 0:33 - 0:36
    Ако од мене побарате јас самиот да се опишам,
  • 0:36 - 0:39
    веројатно би кажал некои од тие работи.
  • 0:39 - 0:42
    И нема да ве излажам,
  • 0:42 - 0:46
    но и нема да ви ја кажам целата приказна,
  • 0:46 - 0:48
    бидејќи тоа е
  • 0:48 - 0:51
    само животот за кој сите знаат.
  • 0:51 - 0:54
    Во животот за кој само јас знам,
  • 0:54 - 0:56
    јас сум всушност
  • 0:56 - 1:01
    човек кој води тешка борба со депресијата.
  • 1:01 - 1:04
    Тоа го правам изминативе шест години
  • 1:04 - 1:09
    и продолжувам секој ден.
  • 1:09 - 1:11
    Е сега, некој кој никогаш не доживеал депресија
  • 1:11 - 1:12
    или пак не знае што значи тоа,
  • 1:12 - 1:14
    можеби малку ќе се изненади,
  • 1:14 - 1:16
    бидејќи има една многу популарна заблуда
  • 1:16 - 1:18
    дека депресијата е да бидеш тажен
  • 1:18 - 1:21
    кога нешто во животот ти тргнало наопаку,
  • 1:21 - 1:22
    кога ќе раскинеш со девојката,
  • 1:22 - 1:24
    кога ќе изгубиш некој сакан,
  • 1:24 - 1:26
    кога нема да ја добиеш посакуваната работа.
  • 1:26 - 1:28
    Но тоа е тага. Тоа е природно.
  • 1:28 - 1:30
    Тоа е нормална човечка емоција.
  • 1:30 - 1:34
    Вистинската депресија не е да бидеш
  • 1:34 - 1:36
    тажен кога нешто во животот ти тргнало наопаку.
  • 1:36 - 1:38
    Вистинската депресија е да бидеш
  • 1:38 - 1:41
    тажен кога сè во животот ти оди како што треба.
  • 1:41 - 1:44
    Тоа е вистинската депресија, и токму од тоа страдам.
  • 1:44 - 1:46
    И да бидам целосно искрен,
  • 1:46 - 1:49
    тешко ми е да го кажам тоа тука пред вас.
  • 1:49 - 1:51
    Тешко ми е да зборувам за тоа,
  • 1:51 - 1:53
    и се чини дека и на другите им е тешко,
  • 1:53 - 1:56
    толку многу што никој не зборува за депресијата.
  • 1:56 - 1:58
    Никој не зборува за депресијата, но би требало,
  • 1:58 - 2:02
    оти во моментов таа претставува огромен проблем.
  • 2:02 - 2:03
    Огромен проблем.
  • 2:03 - 2:05
    Но не ја гледаме на социјалните медиуми, така?
  • 2:05 - 2:07
    Ја нема на Фејсбук. Ја нема на Твитер.
  • 2:07 - 2:09
    Ја нема на вестите, бидејќи не е радосна вест,
  • 2:09 - 2:11
    не е забавна, не е позитивна.
  • 2:11 - 2:14
    И бидејќи ја нема, не можеме да видиме колку е сурова.
  • 2:14 - 2:18
    Но нејзината суровост и сериозност се рефлектира вака:
  • 2:18 - 2:20
    на секои 30 секунди,
  • 2:20 - 2:22
    секои 30 секунди, некаде,
  • 2:22 - 2:24
    некој во светот си го одзема животот
  • 2:24 - 2:25
    поради депресија,
  • 2:25 - 2:28
    можеби е два блока одовде, можеби две земји или
  • 2:28 - 2:29
    два континенти одовде, но се случува,
  • 2:29 - 2:32
    и се случува буквално секој ден.
  • 2:32 - 2:35
    А ние како општество, честопати ќе
  • 2:35 - 2:40
    се осврнеме на тоа и велиме, "Па што?"
  • 2:40 - 2:45
    Па што? Ќе погледнеме кон тоа, и велиме, "Тоа е твој проблем.
  • 2:45 - 2:47
    Тоа е нивни проблем."
  • 2:47 - 2:49
    Велиме дека сме тажни и дека ни е жал,
  • 2:49 - 2:50
    но истовремено велиме, "Па што?"
  • 2:50 - 2:55
    Пред две години јас имав таков проблем,
  • 2:55 - 2:59
    кога седнав на работ од креветот
  • 2:59 - 3:02
    каде сум седел милион пати претходно
  • 3:02 - 3:05
    и сакав да извршам самоубиство.
  • 3:05 - 3:09
    Имав намера да се самоубијам, но ако погледневте на површината од мојот живот,
  • 3:09 - 3:11
    немаше да забележите дете со таква намера.
  • 3:11 - 3:13
    Ќе видевте дете кое е капитен на кошаркарски тим,
  • 3:13 - 3:15
    ученик на годината по драма и театар,
  • 3:15 - 3:16
    ученик на годината по Англиски,
  • 3:16 - 3:18
    некој на кого постојано му оддаваат признанија
  • 3:18 - 3:22
    и кој е постојано на забавите.
  • 3:22 - 3:24
    И би рекле дека не сум депресивен, би рекле дека немам
  • 3:24 - 3:26
    намера да се самоубијам, но ќе погрешите.
  • 3:26 - 3:28
    Ќе згрешите. И така седнав таму таа ноќ,
  • 3:28 - 3:32
    до мене имав шишенце со апчиња. Во раката држев лист и пенкало,
  • 3:32 - 3:34
    размислував да си го одземам животот,
  • 3:34 - 3:37
    и бев олку близу до тоа.
  • 3:37 - 3:39
    Малку фалеше.
  • 3:39 - 3:42
    Но не го направив тоа, и тоа ме прави еден од оние среќниците,
  • 3:42 - 3:44
    еден од луѓето кои застанале на работ,
  • 3:44 - 3:46
    погледнале надолу, но не скокнале,
  • 3:46 - 3:48
    еден од среќниците кои преживуваат.
  • 3:48 - 3:51
    И така, преживеав, и ми останува само приказната,
  • 3:51 - 3:53
    а мојата приказна е оваа:
  • 3:53 - 3:56
    Во четири едноставни зборови, јас страдам од депресија.
  • 3:56 - 3:59
    Јас страдам од депресија,
  • 3:59 - 4:06
    и долго време, мислам дека
  • 4:06 - 4:09
    живеев два тотално различни животи,
  • 4:09 - 4:11
    каде едната личност секогаш беше исплашена од онаа другата.
  • 4:11 - 4:13
    Ми беше страв дека луѓето ќе откријат кој сум всушност,
  • 4:13 - 4:16
    дека не сум совршеното, популарно дете од средно училиште,
  • 4:16 - 4:18
    дека зад мојата насмевка, се крие борба,
  • 4:18 - 4:20
    зад мојата светлина, лежи мрак,
  • 4:20 - 4:25
    и дека под мојата голема личност, се крие уште поголема болка.
  • 4:25 - 4:27
    Видете, некои луѓе се плашат дека девојките ќе ги одбијат.
  • 4:27 - 4:30
    Некои луѓе се плашат од ајкули. Некои можеби се плашат од смрт.
  • 4:30 - 4:34
    Но јас, најголемиот дел од животот, ми беше страв од самиот себе.
  • 4:34 - 4:37
    Се плашев од мојата вистина, од мојата искреност, од мојата ранливост,
  • 4:37 - 4:39
    а тој страв направи да се чувствувам
  • 4:39 - 4:41
    ко да сум приклештен во ќош,
  • 4:41 - 4:45
    ко да сум приклештен во ќош од кој има само еден излез,
  • 4:45 - 4:48
    а за тој излез размислував секој ден.
  • 4:48 - 4:50
    Размислував секој ден,
  • 4:50 - 4:51
    и да бидам целосно искрен, стоејќи овде
  • 4:51 - 4:55
    повторно размислував, бидејќи таква е болеста,
  • 4:55 - 4:57
    таква е борбата, тоа е депресија,
  • 4:57 - 4:58
    а депресијата не е сипаници.
  • 4:58 - 5:00
    Не можеш да ја победиш еднаш и да си замине засекогаш.
  • 5:00 - 5:02
    Со неа живееш. Во неа живееш.
  • 5:02 - 5:06
    Таа ви е цимер кој не можете да го исфрлите. Глас кој не можете да го игнорирате.
  • 5:06 - 5:08
    Тоа се чувства од кои не можете да избегате,
  • 5:08 - 5:13
    а најстрашно е што после некое време,
  • 5:13 - 5:16
    отрпнувате на нив. Се навикнувате на нив,
  • 5:16 - 5:19
    а најмногу ви е страв не од
  • 5:19 - 5:21
    страдањето кое е во вас.
  • 5:21 - 5:23
    Туку од стигмата која е во другите,
  • 5:23 - 5:25
    од срамот, од резилот,
  • 5:25 - 5:28
    од осудувачкиот поглед на лицето на вашиот пријател,
  • 5:28 - 5:31
    од шепотите во ходникот дека сте слаб,
  • 5:31 - 5:32
    од коментарите дека сте луд.
  • 5:32 - 5:35
    Тоа не ви дозволува да побарате помош.
  • 5:35 - 5:38
    Тоа ве тера да ја држите во себе и да ја криете.
  • 5:38 - 5:40
    Тоа е стигмата. Ја криете депресијата во себе,
  • 5:40 - 5:42
    ја држите и ја криете,
  • 5:42 - 5:43
    иако ве приковува за кревет секој ден
  • 5:43 - 5:46
    и ви го прави животот празен без оглед колку и да се обидувате да го пополните,
  • 5:46 - 5:49
    ја криете, бидејќи стигмата во нашето општество
  • 5:49 - 5:51
    околу депресијата е многу голема.
  • 5:51 - 5:55
    Многу е голема, а ако мислите дека не е така, запрашајте се ова:
  • 5:55 - 5:56
    Како повеќе сакате да гласи вашиот следен Фејсбук статус,
  • 5:56 - 5:58
    дека ви е тешко да станете од кревет
  • 5:58 - 6:00
    оти ви е повреден грбот
  • 6:00 - 6:02
    или дека ви е тешко да станете од кревет секое утро
  • 6:02 - 6:04
    оти сте депресивни?
  • 6:04 - 6:07
    Тоа е стигмата, бидејќи за жал,
  • 6:07 - 6:09
    живееме во свет во кој ако си ја скршите раката,
  • 6:09 - 6:12
    сите трчаат да ви се потпишат на гипсот,
  • 6:12 - 6:15
    но ако им кажете дека сте депресивен, сите бегаат од вас.
  • 6:15 - 6:17
    Тоа е стигмата.
  • 6:17 - 6:22
    Можеме да прифатиме пореметување на било кој дел од телото,
  • 6:22 - 6:25
    освен на мозокот. А тоа е незнаење.
  • 6:25 - 6:27
    Тоа е чисто незнаење, а тоа незнаење има создадено
  • 6:27 - 6:29
    свет кој не ја разбира депресијата,
  • 6:29 - 6:31
    кој не го разбира менталното здравје.
  • 6:31 - 6:33
    А тоа е иронично за мене, бидејќи депресијата
  • 6:33 - 6:36
    е еден од проблемите кој се најдобро утврдени во светот,
  • 6:36 - 6:38
    но сепак проблем за кого најмалку дискутираме.
  • 6:38 - 6:40
    Едноставно ја туркаме под тепих, се преправаме
  • 6:40 - 6:44
    дека не е тука и се надеваме дека ќе се реши сама од себе.
  • 6:44 - 6:47
    Но, нема, тоа се нема случено и нема ни да се случи,
  • 6:47 - 6:49
    оти тоа е само фантазирање,
  • 6:49 - 6:52
    а фантазирањето не ни треба, со него само одолговлекуваме,
  • 6:52 - 6:57
    и не можеме да одолговлекуваме толку важна работа.
  • 6:57 - 7:00
    Првиот чекор за решавање на проблем
  • 7:00 - 7:02
    е да го препознаете проблемот.
  • 7:02 - 7:04
    Но, тоа го немаме направено, и не можеме да очекуваме
  • 7:04 - 7:08
    одговор доколку и понатаму ни е страв од прашањето.
  • 7:08 - 7:11
    И не знам што е решението.
  • 7:11 - 7:14
    Би сакал да знам, но не знам,
  • 7:14 - 7:16
    но мислам дека мора да почне одовде.
  • 7:16 - 7:18
    Мора да почне од мене, мора да почне од вас,
  • 7:18 - 7:22
    мора да почне од луѓето кои страдаат,
  • 7:22 - 7:23
    од оние кои се скриени во сенките.
  • 7:23 - 7:25
    Мораме да зборуваме и да ја прекинеме тишината.
  • 7:25 - 7:27
    Токму ние треба да се охрабриме за она во што веруваме,
  • 7:27 - 7:31
    бидејќи ако има една работа што ја сфатив,
  • 7:31 - 7:34
    ако има една работа за која сметам дека е најголем проблем,
  • 7:34 - 7:37
    тоа не градење на свет
  • 7:37 - 7:41
    во кој ќе го искорениме незнаењето на другите.
  • 7:41 - 7:44
    Туку градење на свет во кој ќе учиме како да се прифатиме самите себе,
  • 7:44 - 7:45
    во кој ќе бидеме океј со тоа кој сме,
  • 7:45 - 7:47
    бидејќи кога сме искрени,
  • 7:47 - 7:50
    можеме да видиме дека сите се бориме и страдаме.
  • 7:50 - 7:52
    Дали со нас, дали со нешто друго, сите знаеме
  • 7:52 - 7:55
    како е кога си повреден.
  • 7:55 - 7:56
    Сите знаеме како е да имаш болка во срцето,
  • 7:56 - 7:59
    сите знаеме колку е важно таа да заздрави.
  • 7:59 - 8:02
    Но во моментов, депресијата е длабока расекотина
  • 8:02 - 8:05
    врз која лепиме фластер и се преправаме дека не постои.
  • 8:05 - 8:10
    Но таа е тука. Тука е, и знаете што? Во ред е.
  • 8:10 - 8:13
    Депресијата е океј. Ако имаш депресија, знај дека си океј.
  • 8:13 - 8:16
    И имај на ум дека си болен, не си слаб,
  • 8:16 - 8:18
    таа е проблем, а не идентитет,
  • 8:18 - 8:21
    оти кога ќе го надминеш стравот, исмејувањето,
  • 8:21 - 8:22
    осудата и стигмата од другите,
  • 8:22 - 8:25
    ќе можеш да ја видиш депресијата онаква каква што è ,
  • 8:25 - 8:28
    а таа е само дел од животот,
  • 8:28 - 8:31
    само дел од животот, и колку и да ги мразам,
  • 8:31 - 8:34
    колку и да ги мразам некои од местата,
  • 8:34 - 8:37
    некои од моите животни епизоди кои ми ги приреди депресијата,
  • 8:37 - 8:40
    на многу начини сум и благодарен за тоа.
  • 8:40 - 8:41
    Бидејќи да, ме турна по надолнина,
  • 8:41 - 8:43
    но само за да ми покаже дека има врв,
  • 8:43 - 8:44
    и да ме влечеше по темнината,
  • 8:44 - 8:47
    но само за да ме потсети дека има светлина.
  • 8:47 - 8:51
    Мојата болка, повеќе од било што во текот на овие 19 години,
  • 8:51 - 8:53
    ми даде перспектива, мојата повреда,
  • 8:53 - 8:55
    мојата повреда ме натера да имам надеж,
  • 8:55 - 8:58
    да имам надеж и верба, верба во себе,
  • 8:58 - 9:01
    верба во другите, верба дека може да биде подобро,
  • 9:01 - 9:03
    дека можеме да го промениме ова, дека можеме да
  • 9:03 - 9:05
    се побуниме и да се бориме против незнаењето,
  • 9:05 - 9:08
    да се бориме против нетолеранцијата,
  • 9:08 - 9:10
    и највеќе од сè,
  • 9:10 - 9:13
    да научиме да се сакаме самите себе,
  • 9:13 - 9:15
    да научиме да се прифатиме онакви какви што сме,
  • 9:15 - 9:19
    а не онакви какви што светот сака да бидеме.
  • 9:19 - 9:21
    Бидејќи светот во кој јас верувам
  • 9:21 - 9:25
    е свет во кој прифаќањето на сопствената светлина не значи игнорирање на сопствената темнина.
  • 9:25 - 9:27
    Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе бидеме оценувани
  • 9:27 - 9:31
    според нашата способност да ги надминеме тешкотиите, а не да ги избегнеме.
  • 9:31 - 9:36
    Светот во кој јас верувам е свет во кој ќе можам да погледнам некого во очи
  • 9:36 - 9:37
    и да речам, "Поминувам низ пекол,"
  • 9:37 - 9:41
    а таа ќе ме погледне назад и ќе рече, "И јас," и тоа да биде океј,
  • 9:41 - 9:45
    и океј е бидејќи депресијата е океј. Ние сме луѓе.
  • 9:45 - 9:47
    Ние сме луѓе кои се борат, страдаат, крварат
  • 9:47 - 9:50
    и кои плачат, и ако мислите дека вистинската сила
  • 9:50 - 9:52
    значи никогаш да не покажеш слабост, тогаш морам
  • 9:52 - 9:55
    да ви кажам дека грешите.
  • 9:55 - 9:59
    Грешите, бидејќи е токму спротивното.
  • 9:59 - 10:02
    Ние сме луѓе, и имаме проблеми.
  • 10:02 - 10:03
    Не сме совршени и тоа е океј.
  • 10:03 - 10:06
    Значи мораме му ставиме крај на незнаењето,
  • 10:06 - 10:09
    на нетолеранцијата, на стигмата,
  • 10:09 - 10:13
    на тишината, и мораме да ги отстраниме табуата,
  • 10:13 - 10:18
    да ја погледнеме вистината, и да проговориме,
  • 10:18 - 10:23
    бидејќи проблемот со кој луѓето се борат сами,
  • 10:23 - 10:26
    ќе го победиме само ако
  • 10:26 - 10:30
    застанеме сите заедно,
  • 10:30 - 10:33
    ако бидеме сите сложни.
  • 10:33 - 10:36
    И верувам дека можеме.
  • 10:36 - 10:38
    Верувам дека можеме. Дечки ви благодарам многу.
  • 10:38 - 10:41
    Ми се оствари сонот. Ви благодарам. (Аплауз)
  • 10:41 - 10:43
    Ви благодарам. (Аплауз)
Title:
Исповед на еден депресивен комичар
Speaker:
Кевин Брил
Description:

Кевин Брил не изгледал како депресивно дете: капитен на тим, на секоја забава, забавен и самоуверен. Но тој ја раскажува приказната за ноќта кога сфатил дека -- за да си го спаси животот -- ќе мора да каже четири едноставни зборови.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
11:00

Macedonian subtitles

Revisions