Return to Video

Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна

  • 0:00 - 0:02
    Јас сум раскажувач на приказни.
  • 0:02 - 0:05
    И би сакала да ви раскажам неколку лични приказни
  • 0:05 - 0:10
    за она што го нарекувам „опасност од еднострана приказна“.
  • 0:10 - 0:14
    Израснав во универзитетски кампус во источна Нигерија.
  • 0:14 - 0:17
    Мајка ми вели дека сум почнала да читам на две години,
  • 0:17 - 0:22
    иако мислам дека поверојатно е дека сум имала четири.
  • 0:22 - 0:24
    Значи, читам уште од мала.
  • 0:24 - 0:27
    А читав американски и британски книги за деца.
  • 0:27 - 0:30
    И пишував од мала.
  • 0:30 - 0:34
    Отприлика на седум години почнав да пишувам приказни со молив
  • 0:34 - 0:36
    што ги илустрирав со боички
  • 0:36 - 0:39
    и кои мојата сирота мајка мораше да ги чита.
  • 0:39 - 0:43
    Приказните што ги пишував беа исти како оние што ги читав.
  • 0:43 - 0:48
    Сите ликови беа бели и со сини очи.
  • 0:48 - 0:50
    Си играа во снегот.
  • 0:50 - 0:52
    Јадеа јаболка.
  • 0:52 - 0:54
    (Смеа)
  • 0:54 - 0:56
    Постојано коментираа за времето,
  • 0:56 - 0:58
    колку е убаво што конечно е сончево.
  • 0:58 - 1:00
    (Смеа)
  • 1:00 - 1:03
    Зборуваа вака и покрај тоа што живеев во Нигерија.
  • 1:03 - 1:07
    Никогаш немав излезено од Нигерија.
  • 1:07 - 1:10
    Немавме снег. Јадевме манго.
  • 1:10 - 1:12
    И никогаш не зборувавме за времето,
  • 1:12 - 1:14
    бидејќи немаше потреба.
  • 1:14 - 1:17
    Моите ликови пиеја пиво од ѓумбир,
  • 1:17 - 1:19
    затоа што ликовите од британските книги што ги читав
  • 1:19 - 1:21
    пиеја пиво од ѓумбир.
  • 1:21 - 1:24
    Не беше важно што немав поим што е тоа пиво од ѓумбир.
  • 1:24 - 1:25
    (Смеа)
  • 1:25 - 1:28
    И многу години потоа, душа давав
  • 1:28 - 1:30
    да пробам пиво од ѓумбир.
  • 1:30 - 1:32
    Ама тоа е друга приказна.
  • 1:32 - 1:34
    Според мене, од ова се гледа
  • 1:34 - 1:37
    колку длабок впечаток
  • 1:37 - 1:39
    ни оставаат приказните и колку ни влијаат,
  • 1:39 - 1:41
    особено како деца.
  • 1:41 - 1:43
    Во сите книги што ги читав
  • 1:43 - 1:45
    имаше странски ликови,
  • 1:45 - 1:47
    па бев убедена дека книгите сами по себе
  • 1:47 - 1:50
    мора да имаат странски ликови
  • 1:50 - 1:52
    и да се за нешта
  • 1:52 - 1:55
    што ми се туѓи.
  • 1:55 - 1:59
    Сѐ се смени кога ги открив африканските книги.
  • 1:59 - 2:01
    Ги немаше многу.
  • 2:01 - 2:03
    А и многу потешко се наоѓаа од странските.
  • 2:03 - 2:07
    Но, поради писатели како Чинуа Ачебе и Камара Лае
  • 2:07 - 2:09
    книжевноста почнав да ја гледам
  • 2:09 - 2:11
    со други очи.
  • 2:11 - 2:13
    Сфатив дека и сличните на мене,
  • 2:13 - 2:15
    девојките со чоколаден тен
  • 2:15 - 2:18
    и со пуцвал коса што не може да се врзе во репче,
  • 2:18 - 2:20
    можат да бидат во приказните.
  • 2:20 - 2:24
    Така почнав да пишувам за нешта што ми се блиски.
  • 2:24 - 2:28
    Ги обожавав американските и британските книги што ги читав.
  • 2:28 - 2:32
    Ми ја разбранува фантазијата. Ми ги прошируваа видиците.
  • 2:32 - 2:34
    Но, исто така, поради нив не знаев
  • 2:34 - 2:36
    и дека во литературата,
  • 2:36 - 2:38
    постојат и луѓе како мене.
  • 2:38 - 2:42
    Откако ги открив африканските писатели,
  • 2:42 - 2:45
    се спасив од опасноста да имам еднострана приказна
  • 2:45 - 2:47
    за тоа како треба да изгледаат книгите.
  • 2:47 - 2:50
    Потекнувам од просечно нигериско семејство од средната класа.
  • 2:50 - 2:52
    Татко ми беше професор.
  • 2:52 - 2:55
    Мајка ми беше службеничка.
  • 2:55 - 2:58
    Како и сите други,
  • 2:58 - 3:03
    имавме куќна послуга, обично луѓе од околните села.
  • 3:03 - 3:07
    Кога наполнив осум години, дојде уште едно момче во послугата.
  • 3:07 - 3:09
    Се викаше Фиде.
  • 3:09 - 3:12
    За него мајка ми ни кажа
  • 3:12 - 3:15
    само дека е од многу сиромашно семејство.
  • 3:15 - 3:17
    Мајка ми им праќаше компири и ориз,
  • 3:17 - 3:20
    како и износената облека.
  • 3:20 - 3:22
    И кога немаше да ја дојадам вечерата, мајка ми ќе речеше,
  • 3:22 - 3:27
    „Дојади! Знаеш дека луѓе како семејството на Фиде немаат леб да јадат“.
  • 3:27 - 3:31
    Затоа, многу ми беше жал за семејството на Фиде.
  • 3:31 - 3:34
    Една сабота отидовме кај него в село.
  • 3:34 - 3:38
    Мајка му ни покажа кошничка од обоена рафија
  • 3:38 - 3:41
    со интересна плетка, што брат му ја изработил.
  • 3:41 - 3:43
    Бев вчудоневидена.
  • 3:43 - 3:46
    Ни на крај памет не ми беше
  • 3:46 - 3:49
    дека некој од неговото семејство може да направи било што.
  • 3:49 - 3:52
    Единствено што слушав за нив е дека биле многу сиромашни,
  • 3:52 - 3:54
    па не можев да ги гледам
  • 3:54 - 3:57
    никако поинаку.
  • 3:57 - 4:01
    Нивната сиромаштија беше мојата еднострана приказна за нив.
  • 4:01 - 4:03
    Години подоцна, размислував за ова
  • 4:03 - 4:06
    кога заминав од Нигерија на студии во САД.
  • 4:06 - 4:08
    Имав деветнаесет години.
  • 4:08 - 4:12
    Ја шокирав цимерката, што беше Американка.
  • 4:12 - 4:15
    Ме праша каде сум научила англиски толку добро
  • 4:15 - 4:17
    и се збуни кога ѝ кажав дека по некоја случајност
  • 4:17 - 4:22
    англискиот е официјален јазик на Нигерија.
  • 4:22 - 4:26
    Побара да ѝ пуштам “племенска музика”, како што ја нарекуваше,
  • 4:26 - 4:28
    и се разочара
  • 4:28 - 4:30
    кога ја извадив касетата од Мараја Кери.
  • 4:30 - 4:33
    (Смеа)
  • 4:33 - 4:35
    Мислеше дека не знам
  • 4:35 - 4:38
    да уклучам шпорет.
  • 4:38 - 4:40
    Ме погоди тоа што ме сожалувала
  • 4:40 - 4:42
    уште пред да ме види.
  • 4:42 - 4:46
    Кон мене, како Африканка,
  • 4:46 - 4:50
    покажуваше еден вид снисходливо, добронамерно сожалување.
  • 4:50 - 4:53
    Цимерка ми имаше еднострана приказна за Африка.
  • 4:53 - 4:56
    Еднострана приказна за катастрофа.
  • 4:56 - 4:58
    Во оваа еднострана приказна немаше шанси
  • 4:58 - 5:02
    Африканците да имаат некаква сличност со неа.
  • 5:02 - 5:05
    Немаше шанси за нешто повеќе од сожалување.
  • 5:05 - 5:09
    Немаше шанси да бидеме еднакви како луѓе.
  • 5:09 - 5:11
    Мора да признаам дека пред да заминам за САД
  • 5:11 - 5:14
    свесно не се идентификував како Африканка.
  • 5:14 - 5:17
    Но, кога и да се споменеше Африка таму, луѓето ми се обраќаа,
  • 5:17 - 5:21
    без разлика што не знаев ништо за места како Намибија.
  • 5:21 - 5:23
    Сепак, на крајот го прифатив овој нов идентитет
  • 5:23 - 5:26
    и сега се сметам за Африканка поради многу причини.
  • 5:26 - 5:28
    Сепак, многу се нервирам
  • 5:28 - 5:30
    кога Африка ја нарекуваат држава.
  • 5:30 - 5:34
    Последен пример за ова е летот од Лагос пред два дена
  • 5:34 - 5:36
    кој цело време беше пријатен,
  • 5:36 - 5:38
    освен кога од авиокомпанијата Вирџин нѐ известија
  • 5:38 - 5:43
    за хуманитарната работа во „Индија, Африка и други држави“.
  • 5:43 - 5:44
    (Смеа)
  • 5:44 - 5:48
    По неколку години поминати во САД како Африканка,
  • 5:48 - 5:52
    почнав да ѝ ги разбирам реакциите на цимерката.
  • 5:52 - 5:55
    Да не пораснев во Нигерија и ако за Африка знаев само
  • 5:55 - 5:57
    од општоприфатената слика,
  • 5:57 - 6:00
    тогаш и јас ќе мислев дека Африка
  • 6:00 - 6:04
    е земја на преубави пејзажи, преубави животни
  • 6:04 - 6:06
    и неразбирливи луѓе,
  • 6:06 - 6:09
    кои водат бесмислени војни, умираат од сиромаштија и сида,
  • 6:09 - 6:12
    немаат право на свое мислење
  • 6:12 - 6:14
    и чекаат да ги спаси
  • 6:14 - 6:17
    некој љубезен бел странец.
  • 6:17 - 6:19
    Тогаш би ги доживувала Африканците на ист начин
  • 6:19 - 6:23
    како што го доживував семејството на Фиде кога бев мала.
  • 6:23 - 6:27
    Според мене, единостраната приказна за Африка потекнува од западната литература.
  • 6:27 - 6:29
    Еве еден цитат
  • 6:29 - 6:32
    од делата на Џон Лок, трговец од Лондон,
  • 6:32 - 6:35
    кој отпловил во западна Африка во 1561 година
  • 6:35 - 6:40
    и фантастично го опишал своето патување.
  • 6:40 - 6:42
    Откако црните Африканци ги опишува
  • 6:42 - 6:44
    како „ѕверови без куќи“,
  • 6:44 - 6:48
    вели „Тие се и луѓе без глави,
  • 6:48 - 6:53
    со устата и очите на градите“.
  • 6:53 - 6:55
    Кога и да го прочитам ова, се смеам.
  • 6:55 - 6:59
    Фантазијата на Џон Лок е за восхит.
  • 6:59 - 7:01
    Но, неговите дела се важни
  • 7:01 - 7:03
    зашто го означуваат почетокот
  • 7:03 - 7:06
    на традицијата на раскажување приказни за Африка на Западот,
  • 7:06 - 7:09
    во која супсахарска Африка е место на негативности,
  • 7:09 - 7:11
    на разлики, на мрак,
  • 7:11 - 7:15
    на луѓе кои се, како што вели прекрасниот поет
  • 7:15 - 7:17
    Радјард Киплинг,
  • 7:17 - 7:20
    „пола ѓаволи, пола деца“.
  • 7:20 - 7:23
    Така, почнав да сфаќам дека цимерката од Америка
  • 7:23 - 7:25
    сигурно слушнала и видела
  • 7:25 - 7:27
    само различни верзии
  • 7:27 - 7:29
    на оваа еднострана приказна,
  • 7:29 - 7:31
    исто како и еден професор
  • 7:31 - 7:36
    кој еднаш ми рече дека мојот роман не бил „автентично африкански“.
  • 7:36 - 7:38
    Искрено, спремна бев да признаам дека многу работи во романот
  • 7:38 - 7:40
    не чинеа
  • 7:40 - 7:44
    и дека во многу погледи тој беше неуспешен.
  • 7:44 - 7:46
    Но, ни на крај памет не ми падна дека не сум успеала
  • 7:46 - 7:49
    да доловам нешто наречено „африканска автентичност“.
  • 7:49 - 7:51
    Всушност, не ни знаев
  • 7:51 - 7:54
    што е африканска автентичност.
  • 7:54 - 7:56
    Професорот ми кажа дека моите ликови
  • 7:56 - 7:58
    премногу личат на него,
  • 7:58 - 8:00
    образован човек од средната класа.
  • 8:00 - 8:02
    Моите ликови возеа коли
  • 8:02 - 8:05
    и не гладуваа.
  • 8:05 - 8:09
    Затоа, тие не беа автентични Африканци.
  • 8:09 - 8:12
    Но, веднаш да ви кажам дека и јас сум исто толку виновна
  • 8:12 - 8:15
    во однос на едностраната приказна.
  • 8:15 - 8:19
    Пред неколку години, од САД го посетив Мексико.
  • 8:19 - 8:21
    Тогаш политичката клима во САД беше напната.
  • 8:21 - 8:25
    Се дебатираше за имиграцијата.
  • 8:25 - 8:27
    И како што често се случува во САД,
  • 8:27 - 8:30
    имиграцијата стана синоним за Мексиканец.
  • 8:30 - 8:32
    Се ширеа безброј приказни
  • 8:32 - 8:34
    дека Мексиканците
  • 8:34 - 8:36
    го дерат здравството,
  • 8:36 - 8:38
    минуваат граница на црно,
  • 8:38 - 8:42
    ги апсат на граница, такви работи.
  • 8:42 - 8:46
    Се сеќавам на првиот ден во Гвадалахара.
  • 8:46 - 8:48
    Се шетав, ги гледав луѓето како одат на работа,
  • 8:48 - 8:50
    виткаат тортиљи на пазар,
  • 8:50 - 8:53
    пушат, се смеат.
  • 8:53 - 8:56
    Се сеќавам дека отпрвин се подизненадив.
  • 8:56 - 8:59
    А потоа, пропаднав во земја.
  • 8:59 - 9:02
    Сфатив дека медиумскиот приказ
  • 9:02 - 9:04
    на Мексиканците толку многу ми влијаел
  • 9:04 - 9:06
    што ги гледав
  • 9:06 - 9:09
    само како бедни имигранти.
  • 9:09 - 9:11
    Наседнав на едностраната приказна за Мексиканците
  • 9:11 - 9:14
    и умрев од срам.
  • 9:14 - 9:16
    Ете така се создава еднострана приказна;
  • 9:16 - 9:19
    ако постојано претставувате само една особина на народот,
  • 9:19 - 9:21
    само една,
  • 9:21 - 9:23
    без престан,
  • 9:23 - 9:26
    тогаш само по тоа и ги препознаваме.
  • 9:26 - 9:28
    Невозможно е да се зборува за еднострана приказна
  • 9:28 - 9:31
    без да се зборува за моќ.
  • 9:31 - 9:33
    Кога и да помислам
  • 9:33 - 9:35
    на структурите на моќ во светот,
  • 9:35 - 9:38
    ми текнува на зборот „нкали“, од јазикот Игбо.
  • 9:38 - 9:40
    Тоа е именка што во слободен превод
  • 9:40 - 9:43
    значи „да се биде поголем од другиот“.
  • 9:43 - 9:46
    Принципот „нкали“
  • 9:46 - 9:48
    не ги одредува само економијата и политиката,
  • 9:48 - 9:51
    туку и приказните.
  • 9:51 - 9:53
    Од моќта зависи како се раскажани,
  • 9:53 - 9:56
    кој ги раскажува, кога ги раскажува
  • 9:56 - 10:00
    и колку приказни раскажува.
  • 10:00 - 10:03
    Кога имате моќ, не само што можете на другите да им раскажете приказна за еден човек,
  • 10:03 - 10:07
    туку приказната да ја претставите и како единствената приказна за тој човек.
  • 10:07 - 10:09
    Палестинскиот поет Моурид Бархоти пишува
  • 10:09 - 10:12
    дека ако сакате да негирате еден народ,
  • 10:12 - 10:15
    најлесно е да ја започнете приказната
  • 10:15 - 10:18
    со „и како второ “.
  • 10:18 - 10:22
    Наместо со пристигнувањето на Британците,
  • 10:22 - 10:25
    почнете ја приказната со стрелите на домородците од Америка,
  • 10:25 - 10:28
    и имате сосем поинаква приказна.
  • 10:28 - 10:30
    Почнете ја приказната
  • 10:30 - 10:32
    со пропаѓањето на африканската држава,
  • 10:32 - 10:36
    а не со создавањето на африканската држава со колонизација,
  • 10:36 - 10:40
    и имате сосема поинаква приказна.
  • 10:40 - 10:42
    Неодамна говорев на еден универзитет,
  • 10:42 - 10:44
    каде еден студент ми рече
  • 10:44 - 10:46
    дека е огромна штета
  • 10:46 - 10:49
    што Нигеријците се насилници,
  • 10:49 - 10:52
    како ликот на таткото во мојот роман.
  • 10:52 - 10:54
    Му реков дека само што го прочитав романот
  • 10:54 - 10:56
    „Американски психопат“
  • 10:56 - 10:58
    (Смеа)
  • 10:58 - 11:00
    и дека е жалосно
  • 11:00 - 11:03
    што младите Американци се сериски убијци.
  • 11:03 - 11:07
    (Смеа)
  • 11:07 - 11:13
    (Аплауз)
  • 11:13 - 11:16
    Секако, бев благо изреволтирана кога го реков тоа.
  • 11:16 - 11:18
    (Смеа)
  • 11:18 - 11:20
    Никогаш не би ми паднало на памет
  • 11:20 - 11:22
    дека сите Американци се сериски убијци
  • 11:22 - 11:24
    само зашто сум прочитала роман
  • 11:24 - 11:26
    во кој еден од ликовите
  • 11:26 - 11:28
    бил сериски убиец.
  • 11:28 - 11:31
    Значи, не дека сум подобра од тој студент,
  • 11:31 - 11:34
    туку заради културната и економската моќ на Америка
  • 11:34 - 11:36
    имав пристап до многу приказни за Америка.
  • 11:36 - 11:40
    Ги имам прочитано Тајлер, Апдајк, Стајнбек и Гејтскил.
  • 11:40 - 11:43
    Немав само еднострана приказна за Америка.
  • 11:43 - 11:46
    Кога дознав пред неколку години дека писателите
  • 11:46 - 11:50
    требало да имаат мошне тешко детство
  • 11:50 - 11:52
    за да бидат успешни,
  • 11:52 - 11:54
    ми падна на ум дека можам да измислам
  • 11:54 - 11:56
    триста работи што ми ги направиле моите родители.
  • 11:56 - 11:58
    (Смеа)
  • 11:58 - 12:02
    Што е за право, имав среќно детство,
  • 12:02 - 12:05
    исполнето со смеа и љубов, и во семејството бевме многу блиски.
  • 12:05 - 12:09
    Но имав и дедовци кои умреле во кампови за бегалци.
  • 12:09 - 12:13
    Братучед ми Поли умре зашто не доби соодветна здравствена нега.
  • 12:13 - 12:16
    Една блиска другарка, Околома, загина во авионска несреќа
  • 12:16 - 12:19
    бидејќи немало вода во противпожарните камиони.
  • 12:19 - 12:22
    Пораснав во време на репресивен воен режим
  • 12:22 - 12:24
    што не го ценеше образованието,
  • 12:24 - 12:27
    па се случуваше моите да не добијат плата.
  • 12:27 - 12:31
    Така, како дете, почна да снемува мармалад за доручек,
  • 12:31 - 12:33
    па снема и маргарин,
  • 12:33 - 12:36
    па лебот поскапе,
  • 12:36 - 12:39
    па се чекаше ред за млеко.
  • 12:39 - 12:42
    Како капак на сѐ, бевме присилени да го прифатиме
  • 12:42 - 12:46
    наметнатиот страв од властите.
  • 12:46 - 12:48
    Сиве овие приказни ме дефинираат.
  • 12:48 - 12:52
    Но, ако се фокусирам само на негативните приказни,
  • 12:52 - 12:55
    го гледам животното искуство само дводимензионално
  • 12:55 - 12:57
    и ги прескокнувам многуте други приказни
  • 12:57 - 12:59
    што ме оформија.
  • 12:59 - 13:02
    Со едностраната приказна се создаваат стереотипи.
  • 13:02 - 13:05
    Не дека стереотипите
  • 13:05 - 13:07
    не се вистинити,
  • 13:07 - 13:09
    туку се нецелосни.
  • 13:09 - 13:13
    Една приказна ја претставуваат како единствената приказна.
  • 13:13 - 13:15
    Секако, Африка е континент преплавен со несреќи.
  • 13:15 - 13:19
    Некои се страшни, како ѕверските силувања во Конго.
  • 13:19 - 13:21
    Некои се очајни, како што во Нигерија
  • 13:21 - 13:26
    за едно работно место се пријавуваат 5000 луѓе.
  • 13:26 - 13:29
    Но, има и други приказни што не се за несреќи.
  • 13:29 - 13:33
    Како и негативните приказни, навистина е важно да ги раскажуваме и овие добри приказни.
  • 13:33 - 13:35
    Цел живот верувам дека не е можно
  • 13:35 - 13:38
    човек вистински да се поврзе со едно место или личност
  • 13:38 - 13:42
    без претходно да се поврзе со сите приказни за тоа место и таа личност.
  • 13:42 - 13:45
    Едностраната приказна има една последица :
  • 13:45 - 13:48
    го лишува човека од достоинството.
  • 13:48 - 13:52
    Тешко согледуваме дека сите сме еднакви.
  • 13:52 - 13:55
    Ги истакнува нашите разлики,
  • 13:55 - 13:57
    а не нашите сличности.
  • 13:57 - 13:59
    Што ако пред да одам во Мексико ги следев
  • 13:59 - 14:03
    и американската и мексиканската страна
  • 14:03 - 14:05
    на дебатата за имиграција?
  • 14:05 - 14:09
    Што ако мајка ми ни имаше кажано дека семејството на Фиде е сиромашно
  • 14:09 - 14:11
    и трудољубиво?
  • 14:11 - 14:13
    Што ако имавме африканска национална телевизија
  • 14:13 - 14:17
    која емитува најразлични африкански приказни низ целиот свет?
  • 14:17 - 14:19
    Она што нигерискиот писател Чинуа Ачебе
  • 14:19 - 14:22
    го нарекува „рамнотежа на приказни“.
  • 14:22 - 14:25
    Што ако цимерка ми знаеше за мојот нигериски издавач,
  • 14:25 - 14:27
    Мукта Бакарај,
  • 14:27 - 14:29
    неверојатен човек кој си даде отказ во банката
  • 14:29 - 14:32
    за да си го оствари сонот и да отвори издавачка куќа?
  • 14:32 - 14:36
    Општото мислење беше дека Нигеријците не читаат литература.
  • 14:36 - 14:38
    Тој не се сложуваше. Според него,
  • 14:38 - 14:40
    луѓето кои знаат да читаат би читале
  • 14:40 - 14:44
    доколку литературата им е поевтина и подостапна.
  • 14:44 - 14:47
    Откако тој го објави мојот прв роман,
  • 14:47 - 14:50
    за кратко време бев на интервју во една телевизија во Лaгос.
  • 14:50 - 14:53
    Една жена која таму работеше како курир, ми пријде и ми рече:
  • 14:53 - 14:56
    „Многу ми се допадна книгата, но не ми се допадна крајот.
  • 14:56 - 14:59
    Напиши втор дел, и вака да биде...“
  • 14:59 - 15:02
    (Смеа)
  • 15:02 - 15:05
    И продолжи да ми кажува што да напишам во вториот дел.
  • 15:05 - 15:08
    Ме восхити, но и ме трогна.
  • 15:08 - 15:11
    Пред мене стоеше жена, од широките народни маси во Нигерија
  • 15:11 - 15:14
    што наводно не читаат.
  • 15:14 - 15:16
    Но таа не само што ја имаше прочитано книгата,
  • 15:16 - 15:19
    туку ја чувствуваше како своја и си зеде за право
  • 15:19 - 15:21
    да ми каже што да напишам во вториот дел.
  • 15:21 - 15:25
    Што ако цимерка ми знаеше за другарка ми Фуми Онда,
  • 15:25 - 15:28
    бестрашна жена која води ТВ емисија во Лагос,
  • 15:28 - 15:31
    и е решена да ги раскаже приказните што ги избегнуваме?
  • 15:31 - 15:35
    Што ако цимерка ми знаеше за операцијата на срце
  • 15:35 - 15:38
    што ја изведоа минатата недела во болницата во Лагос?
  • 15:38 - 15:42
    Што ако цимерка ми знаеше за современата нигериска музика?
  • 15:42 - 15:45
    Талентирани луѓе кои пеат на англиски и на пиџин,
  • 15:45 - 15:47
    на игбо, на јоруба и на иџо,
  • 15:47 - 15:51
    со најразлични влијанија, од Џеј-Зи до Фела,
  • 15:51 - 15:54
    Боб Марли и нивните дедовци?
  • 15:54 - 15:56
    Што ако цимерка ми ја знаеше адвокатката
  • 15:56 - 15:58
    која неодамна отиде во суд во Нигерија
  • 15:58 - 16:00
    за да оспори еден апсурден закон
  • 16:00 - 16:03
    со кој на жените им се забранува да ги обноват пасошите
  • 16:03 - 16:06
    без претходна дозвола од мажот?
  • 16:06 - 16:09
    Што ако цимерка ми знаеше за Ноливуд,
  • 16:09 - 16:13
    град полн со креативни луѓе кои снимаат филмови и покрај техничките тешкотии?
  • 16:13 - 16:15
    Овие филмови се толку популарни
  • 16:15 - 16:17
    што се најдобар пример
  • 16:17 - 16:20
    за тоа како Нигеријците го трошат она што го произведуваат.
  • 16:20 - 16:23
    Што ако цимерка ми знаеше за мојата амбициозна фризерка,
  • 16:23 - 16:27
    која само што започна бизнис со надградба на коса?
  • 16:27 - 16:29
    Или за милиони други Нигеријци
  • 16:29 - 16:31
    кои почнуваат бизнис, понекогаш не успеваат,
  • 16:31 - 16:35
    ама и понатаму се амбициозни?
  • 16:35 - 16:37
    Кога и да сум дома се соочувам
  • 16:37 - 16:40
    со она што секојдневно ги нервира повеќето Нигеријци:
  • 16:40 - 16:43
    пропаднатата инфраструктура, пропаднатата власт.
  • 16:43 - 16:46
    Но се соочувам и со неверојатно истрајни луѓе
  • 16:46 - 16:49
    кои успеваат и покрај власта,
  • 16:49 - 16:51
    а не поради неа.
  • 16:51 - 16:54
    Секое лето во Лагос водам работилници по пишување.
  • 16:54 - 16:57
    И ме зачудува колку многу луѓе се пријавуваат,
  • 16:57 - 17:00
    колку многу луѓе се желни да пишуваат,
  • 17:00 - 17:02
    да раскажуваат приказни.
  • 17:02 - 17:05
    Со нигерискиот издавач основавме непрофитна организација,
  • 17:05 - 17:07
    „Фондација Фарафина“.
  • 17:07 - 17:10
    И имаме визија да изградиме библиотеки
  • 17:10 - 17:12
    и да ги реновираме постоечките,
  • 17:12 - 17:15
    да набавиме книги за државните училишта,
  • 17:15 - 17:17
    што имаат речиси празни библиотеки,
  • 17:17 - 17:19
    и да организираме уште повеќе работилници,
  • 17:19 - 17:21
    за читање и пишување,
  • 17:21 - 17:24
    за сите кои се желни да ги раскажат нашите бројни приказни.
  • 17:24 - 17:26
    Приказните се битни.
  • 17:26 - 17:28
    Важно е да се има многу приказни.
  • 17:28 - 17:32
    Сведоци сме за приказни што се користеа за омаловажување и оцрнување.
  • 17:32 - 17:36
    Но, исто така, приказните можат да се користат и за охрабрување и сочувствување.
  • 17:36 - 17:39
    Со приказните можете да му го скршите достоинството на еден народ.
  • 17:39 - 17:44
    Но, со приказните може и да се врати тоа достоинство.
  • 17:44 - 17:46
    Американската писателка Алис Вокер
  • 17:46 - 17:48
    вака ги опишува роднините од југот
  • 17:48 - 17:50
    кои се преселиле на север.
  • 17:50 - 17:52
    Им дала книга за животот на југот
  • 17:52 - 17:55
    кој го оставиле зад себе.
  • 17:55 - 17:59
    „Испоседнати, ја читаа книгата,
  • 17:59 - 18:05
    ме слушаа кога им ја читав, и повторно како да придобија еден вид рај“.
  • 18:05 - 18:08
    Би завршила со една мисла:
  • 18:08 - 18:11
    Кога ја отфрламе едностраната приказна,
  • 18:11 - 18:14
    кога сфаќаме дека никогаш не постои само еднострана приказна
  • 18:14 - 18:16
    за едно место,
  • 18:16 - 18:18
    повторно сме го придобиле рајот.
  • 18:18 - 18:20
    Ви благодарам.
  • 18:20 - 18:28
    (Аплауз)
Title:
Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна
Speaker:
Chimamanda Ngozi Adichie
Description:

Животите и културите ни се создадени од повеќе испреплетени приказни. Писателката Чимаманда Адичи ни ја раскажува приказната како си го пронашла автентичниот културолошки глас -- и предупредува дека ако чуеме само една страна од приказната за еден човек или земја, ризикуваме да настане големо недоразбирање. Текстот го преведоа студентите од четврта година од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во декември 2010 г.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:29
Jane Bozinovski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions