Мојата ќерка, Малала
-
0:01 - 0:05Во многу патријахални и племенски средини,
-
0:05 - 0:10татковците обично се познати
по своите синови, -
0:10 - 0:14но, јас сум еден од малкуте татковци
-
0:14 - 0:16кој е познат по својата ќерка,
-
0:16 - 0:17и сум горд на тоа.
-
0:17 - 0:22(Аплауз)
-
0:24 - 0:27Малала ја започна нејзината
кампања за образование -
0:27 - 0:30и се заложи за своите права во 2007,
-
0:30 - 0:34и кога нејзините напори беа
наградени во 2011, -
0:34 - 0:38и ѝ беше доделена националната
младинска награда за мир, -
0:38 - 0:39таа стана многу позната,
-
0:39 - 0:43многу популарна девојка во својата земја.
-
0:43 - 0:47Претходно, таа беше мојата ќерка,
-
0:47 - 0:50но, сега јас сум нејзиниот татко.
-
0:51 - 0:52Дами и господа,
-
0:52 - 0:56доколку ја погледнеме човековата историја,
-
0:56 - 0:58приказната на жените
-
0:58 - 1:02е приказна за една неправда,
-
1:02 - 1:04нееднаквост,
-
1:04 - 1:09насилство и експлоатација.
-
1:09 - 1:11Видете,
-
1:11 - 1:15во патријахалните средини,
-
1:15 - 1:18уште од самиот почеток,
-
1:18 - 1:21кога ќе се роди девојче,
-
1:21 - 1:25нејзиното раѓање не се прославува.
-
1:25 - 1:27Таа не е добредојдена
-
1:27 - 1:30ниту од нејзиниот татко,
ниту од нејзината мајка. -
1:30 - 1:32Соседите доаѓаат
-
1:32 - 1:34и сочувствуваат со мајката,
-
1:34 - 1:39и никој не му честитува на таткото.
-
1:39 - 1:43На мајката многу ѝ е непријатно
-
1:43 - 1:48што родила девојче.
-
1:48 - 1:51Кога првороденото дете е девојче,
-
1:51 - 1:55прва ќерка, таа е тажна.
-
1:55 - 1:59Кога ќе роди уште едно девојче,
-
1:59 - 2:01таа е шокирана,
-
2:01 - 2:04и при исчекувањето на син,
-
2:04 - 2:07кога ќе роди и трето девојче,
-
2:07 - 2:13таа се чувствува виновно како криминалец.
-
2:13 - 2:16И не само што мајката страда,
-
2:16 - 2:18туку и ќерката, новородената ќеркичка,
-
2:18 - 2:20кога ќе потпорасне,
-
2:20 - 2:23и таа страда.
-
2:23 - 2:25На 5-годишна возраст,
-
2:25 - 2:28кога таа треба да почне
да оди во училиште, -
2:28 - 2:30останува дома,
-
2:30 - 2:34а нејзините браќа се примени на училиште.
-
2:34 - 2:37До 12-годишна возраст,
-
2:37 - 2:40таа некако живее добар живот.
-
2:40 - 2:41Може да се забавува.
-
2:41 - 2:44Може да игра со нејзините
другарчиња на улиците, -
2:44 - 2:46и може да се движи наоколу по улиците
-
2:46 - 2:49како пеперутка.
-
2:49 - 2:53Но, кога таа ќе навлезе во
своите тинејџерски години, -
2:53 - 2:55кога ќе наполни 13 години,
-
2:55 - 2:59ѝ се забранува да излегува од својот дом
-
2:59 - 3:02без машка придружба.
-
3:02 - 3:08Таа е ограничена помеѓу четирите
ѕидови на својот дом. -
3:08 - 3:13Таа повеќе не е слободна личност.
-
3:13 - 3:16Таа станува таканаречената чест
-
3:16 - 3:19на нејзиниот татко и нејзините браќа,
-
3:19 - 3:22и на нејзиното семејство,
-
3:22 - 3:25и доколку не се однесува соодветно на
-
3:25 - 3:28прописоците на таканаречената чест,
-
3:28 - 3:32може дури и да биде убиена.
-
3:32 - 3:36Исто така, интересно е и тоа
штот аканаречените -
3:37 - 3:39прописи на чест,
-
3:39 - 3:41не само што влијаат врз
животот на девојчето, -
3:41 - 3:43тие исто така влијаат и врз животите
-
3:43 - 3:48на машките членови на семејството.
-
3:48 - 3:55Познавам едно семејство со
седум сестри и еден брат, -
3:55 - 3:57и тој еден брат
-
3:57 - 4:00се пресели во Заливските земји,
-
4:00 - 4:03за да може да заработува
за своите седум сестри -
4:03 - 4:05и за родителите,
-
4:05 - 4:11зашто тој смета дека би било понижувачко
-
4:11 - 4:14доколку неговите седум сестри
би научиле некоја вештина -
4:14 - 4:16и заминат од домот
-
4:16 - 4:20и заработуваат за живот.
-
4:20 - 4:22Така, овој брат,
-
4:22 - 4:25го жртвува задоволствата во својот живот
-
4:25 - 4:29и среќата на неговите сестри
-
4:29 - 4:33на олтарот на таканаречената чест.
-
4:33 - 4:35Постои уште една норма
-
4:35 - 4:37во патријахалните средини,
-
4:37 - 4:42која се нарекува послушност.
-
4:42 - 4:45Една добра девојка се очекува да биде
-
4:45 - 4:51многу тивка, многу понизна,
-
4:51 - 4:55и многу покорна.
-
4:55 - 4:56Тој е критериумот.
-
4:56 - 5:00Примерот за тоа каква треба
да биде една девојка е тивок. -
5:00 - 5:02Таа треба да е тивка,
-
5:02 - 5:05и треба да ги прифаќа одлуките донесени
-
5:05 - 5:07од страна на мајка ѝ и татко ѝ
-
5:07 - 5:11и одлуките на постарите,
-
5:11 - 5:13дури и доколку не ѝ се допаѓаат.
-
5:13 - 5:16Ако е омажена за маж кој не ѝ се допаѓа,
-
5:16 - 5:19или доколку е омажена за стар човек,
-
5:19 - 5:21таа мора тоа да го прифати,
-
5:21 - 5:23затоа што не сака луѓето
да се посомневаат во -
5:23 - 5:26нејзината послушност.
-
5:26 - 5:27Доколку е омажена многу рано,
-
5:27 - 5:29таа мора да го прифати тоа.
-
5:29 - 5:33Инаку, ќе биде прогласена за непослушна.
-
5:33 - 5:36И што се случува на крајот?
-
5:36 - 5:38Според зборовите на една поетеса,
-
5:38 - 5:40таа е омажена, врзана,
-
5:43 - 5:45и потоа раѓа синови и ќерки.
-
5:45 - 5:48А иронијата во целата ситуација
-
5:48 - 5:51е во тоа што оваа мајка,
-
5:51 - 5:54ги учи на истата лекција за послушност
-
5:54 - 5:55нејзините ќерки,
-
5:55 - 5:59и истата лекција за чест
кон нејзините синови. -
5:59 - 6:04И така овој маѓепсан круг продолжува.
-
6:06 - 6:09Дами и господа,
-
6:09 - 6:12страдањето на милиони жени
-
6:12 - 6:15може да биде променето
-
6:15 - 6:17доколку ние размислуваме поинаку,
-
6:17 - 6:21доколку мажите и жените
размислуваат поинаку, -
6:21 - 6:25доколку мажите и жените во
племенските и патријахални средини -
6:25 - 6:27во земјите во развој,
-
6:27 - 6:30доколку тие можат да
прекршат неколку норми -
6:30 - 6:35на семејството и општеството,
-
6:35 - 6:40доколку тие можат да ги поништат
дискриминирачките закони -
6:40 - 6:43на системите во своите земји
-
6:43 - 6:45кои се косат со основните човекови права
-
6:45 - 6:49на жените.
-
6:49 - 6:54Драги браќа и сестри, кога Малала се роди,
-
6:54 - 6:56и за прв пат,
-
6:56 - 6:57верувајте ми,
-
6:57 - 7:02не сакам новороденчиња, да бидам искрен,
-
7:02 - 7:06но кога отидов и погледнав
во нејзините очи, -
7:06 - 7:08верувајте ми,
-
7:08 - 7:12се почувствував премногу почестен.
-
7:12 - 7:14А, долго пред да се роди,
-
7:14 - 7:17размислував за нејзиното име,
-
7:17 - 7:21и бев фасциниран од еден херојски,
-
7:21 - 7:25легендарен борец за слобода од Авганистан.
-
7:25 - 7:30Нејзиното име беше Малалаи од Маиванд,
-
7:30 - 7:34па ја нареков мојата ќерка по неа.
-
7:34 - 7:37Неколку дена откако Малала се роди,
-
7:37 - 7:39мојата ќерка се роди,
-
7:39 - 7:40дојде еден мој роднина,
-
7:40 - 7:42и сосема случајно,
-
7:42 - 7:45тој дојде во мојот дом
-
7:45 - 7:48и ми донесе семејно дрво,
-
7:48 - 7:51семејното дрво на семејството Јусафзаи,
-
7:51 - 7:54и кога погледнав во него,
-
7:54 - 8:00тоа се простираше 300 години
наназад кон нашите предци. -
8:00 - 8:04Но, кога го погледнав, сите беа мажи,
-
8:04 - 8:07и го зедов моето пенкало,
-
8:07 - 8:09повлеков линија од моето име,
-
8:09 - 8:12и напишав „Малала“.
-
8:14 - 8:16А кога таа потпорасна,
-
8:16 - 8:20кога наполни четири и пол години,
-
8:20 - 8:23ја примив во моето училиште.
-
8:23 - 8:26Ќе се прашате зошто го споменувам
-
8:26 - 8:29примањето на едно девојче во училиште?
-
8:29 - 8:31Да, морам да го споменам тоа.
-
8:31 - 8:34Тоа може да се земе
здраво-за-готово во Канада, -
8:34 - 8:38во Америка, во многу развиени земји,
-
8:38 - 8:40но во сиромашните земји,
-
8:40 - 8:44особено во патријахалните средини,
во племенски средини, -
8:44 - 8:47тоа е голем настан во
животот на едно девојче. -
8:47 - 8:51Запишувањето на училиште значи
-
8:51 - 8:57признавање на нејзиниот
идентитет и нејзиното име. -
8:57 - 8:59Нејзиното примање во училиште значи
-
8:59 - 9:02дека таа има навлезено
во светот на сништата -
9:02 - 9:04и копнежите
-
9:04 - 9:07каде може да го истражува
својот потенцијал -
9:07 - 9:11за нејзиниот иден живот.
-
9:11 - 9:13Јас имам пет сестри,
-
9:13 - 9:16и ниту една од нив не можеше
да оди на училиште, -
9:16 - 9:18и ќе се запрепастите.
-
9:18 - 9:22Пред две недели,
-
9:22 - 9:26кога го пополнував формуларот
за канадска виза, -
9:26 - 9:31делот од формуларот за семејството,
-
9:31 - 9:33не можев да се сетам
-
9:33 - 9:37на презимињата на некои од своите сестри.
-
9:37 - 9:39А, причина за тоа беше тоа што
-
9:39 - 9:42јас никогаш ги немам видено имињата
-
9:42 - 9:48на моите сестри напишани
на било каков документ. -
9:48 - 9:51Тоа беше причината поради која
-
9:51 - 9:54ја вреднувам својата ќерка.
-
9:54 - 9:59Тоа што татко ми не можеше
да им го даде на моите сестри -
9:59 - 10:00и неговите ќерки,
-
10:00 - 10:05помислив дека јас морам да го променам.
-
10:05 - 10:08Порано ја ценев интелигенцијата
-
10:08 - 10:11и брилијантноста на мојата ќерка.
-
10:11 - 10:14Ја охрабрував да седи со мене
-
10:14 - 10:15кога моите пијатели ме посетуваа.
-
10:15 - 10:20Ја охрабрував да доаѓа со мене
на различни состаноци. -
10:20 - 10:22И сите овие доблести,
-
10:22 - 10:25се обидував да ги вметнав
во нејзината личност. -
10:25 - 10:29И ова не беше само со неа, само со Малала.
-
10:29 - 10:32Јас ги влеав сите овие доблести
-
10:32 - 10:36во моето училиште, кај учениците
девојчиња и момчиња. -
10:36 - 10:40Го користев образованието за еманципирање.
-
10:40 - 10:42Ги учев моите девојчиња,
-
10:42 - 10:44моите ученички,
-
10:44 - 10:49да се одучат од лекцијата за послушност,
-
10:49 - 10:52Ги учев моите ученици
-
10:52 - 10:58да се одучат од лекцијата
наречена псевдо-чест. -
11:02 - 11:06Драги браќа и сестри,
-
11:06 - 11:10ние посегнувавме кон поголеми
права за жените, -
11:10 - 11:14и се боревме да добиеме повеќе,
-
11:14 - 11:18сè повеќе и повеќе простор
за жените во општеството. -
11:18 - 11:21Но, наидовме на нов феномен.
-
11:21 - 11:24Тој е смртоносен за човековите права,
-
11:24 - 11:27особено за правата на жените.
-
11:27 - 11:32Се нарекува „талибанизација“.
-
11:32 - 11:36Тој означува целосно негирање
-
11:36 - 11:38на учеството на жените
-
11:38 - 11:44во сите политички, економски
и општествени активности. -
11:44 - 11:48Стотици училишта се изгубени.
-
11:48 - 11:54На девојчињата им беше забрането
да одат на училиште. -
11:54 - 11:58Жените беа принудени да носат превез
-
11:58 - 12:01и беа спречени да одат на пазарите.
-
12:01 - 12:04Музичарките беа замолчени,
-
12:04 - 12:06девојчињата беа камшикувани,
-
12:06 - 12:09а пејачките убивани.
-
12:09 - 12:11Милиони страдаа,
-
12:11 - 12:14но само неколкумина прозбореа,
-
12:14 - 12:16и тоа беше најстрашната работа,
-
12:16 - 12:23кога наоколу имате такви луѓе
-
12:23 - 12:25кои убиваат и камшикуваат,
-
12:25 - 12:26а вие зборувате за своите права.
-
12:26 - 12:30Тоа навистина е најстрашното нешто.
-
12:30 - 12:32На 10-годишна возраст,
-
12:32 - 12:36Малала се спротивстави, се спротивстави
-
12:36 - 12:39за правото на образование.
-
12:39 - 12:43Таа пишуваше дневник за блогот на BBC,
-
12:43 - 12:45волонтираше
-
12:45 - 12:49за документарците на New York Times,
-
12:49 - 12:54и зборуваше од секоја можна платформа.
-
12:54 - 12:58И нејзиниот глас беше најмоќен.
-
12:58 - 13:05Се прошири како крешендо
насекаде низ светот. -
13:05 - 13:06Тоа беше причината што
Талибанците -
13:06 - 13:11не можеа да ја толерираат
нејзината кампања, -
13:11 - 13:14и на 9-ти октомври, 2012
-
13:14 - 13:19таа беше застрелана во главата од
празна точка на нишанење. -
13:19 - 13:24Тоа беше судниот ден за моето
семејство и за мене. -
13:24 - 13:29Светот се претвори во голема црна дупка.
-
13:29 - 13:31Додека мојата ќерка беше
-
13:31 - 13:34на работ помеѓу животот и смртта,
-
13:34 - 13:38ѝ прошепотив на мојата сопруга,
-
13:38 - 13:41„Дали сум виновен за тоа што ѝ се случи на
-
13:41 - 13:45мојата и твоја ќерка?“
-
13:45 - 13:48А, таа неочекувано ми рече:
-
13:48 - 13:50„Те молам не обвинувај се себе си.
-
13:50 - 13:53Ти се залагаше за вистинската цел.
-
13:53 - 13:55Го стави својот живот на коцка
-
13:55 - 13:57поради вистината,
-
13:57 - 13:58поради мирот,
-
13:58 - 14:00и поради образованието,
-
14:00 - 14:02а твојата ќерка се инспирираше од тебе
-
14:02 - 14:04и ти се придружи.
-
14:04 - 14:06Двајцата бевте на вистинскиот пат
-
14:06 - 14:10и Господ ќе ја заштити.“
-
14:10 - 14:13Овие неколку зборови премногу ми значеа,
-
14:13 - 14:17и никогаш повторно не
го поставив тоа прашање. -
14:17 - 14:21Кога Малала беше во болница,
-
14:21 - 14:24и имаше многу силни болки,
-
14:24 - 14:27и имаше многу силни главоболки,
-
14:27 - 14:30затоа што нервот од лицето
ѝ беше пресечен, -
14:30 - 14:33гледав темна сенка
-
14:33 - 14:38како се шири на лицето на мојата сопруга.
-
14:38 - 14:44Но, мојата ќерка никогаш не се жалеше.
-
14:44 - 14:46Ни велеше,
-
14:46 - 14:48„Не ми пречи мојата искривена насмевка
-
14:48 - 14:51и моето здрвено лице.
-
14:51 - 14:53Ќе бидам во ред. Ве молам не грижете се.“
-
14:53 - 14:55Таа ни беше утеха,
-
14:55 - 14:58и нашата сила.
-
15:00 - 15:04Драги браќа и сестри,
-
15:04 - 15:07од неа научивме како да бидеме истрајни
-
15:07 - 15:10во најтешките времиња,
-
15:10 - 15:13и мило ми е што можам
да го споделам со вас -
15:13 - 15:19тоа што - настрана од тоа што е икона
-
15:19 - 15:22за правата на децата и жените,
-
15:22 - 15:27таа е како и секоја друга
16-годишна девојка. -
15:27 - 15:32Плаче кога домашната не ѝ е подготвена.
-
15:32 - 15:34Се расправа со нејзините браќа,
-
15:34 - 15:38и мене ми е мило поради тоа.
-
15:38 - 15:41Луѓето ме прашуваат,
-
15:41 - 15:44што е толку особено во моето менторство
-
15:44 - 15:47што ја направи Малала толку смела
-
15:47 - 15:51и толку храбра и толку
гласна и подготвена? -
15:51 - 15:57Јас им велам, не прашувајте ме
што направив. -
15:57 - 16:01Прашајте ме што не направив.
-
16:01 - 16:07Не ѝ ги потсеков крилјата, тоа е сè.
-
16:07 - 16:09Ви благодарам многу.
-
16:09 - 16:15(Аплауз)
-
16:15 - 16:19Ви благодарам.
Ви благодарам многу. (Аплауз)
- Title:
- Мојата ќерка, Малала
- Speaker:
- Зиаудин Јусафзаи
- Description:
-
Пакистанскиот педагог Зиаудин Јусафзаи го потсетува светот на едноставната вистина која многумина не сакаат да ја слушнат: жените и мажите заслужуваат еднакви можности за образование, автономија и независен идентитет. Тој раскажува приказни од својот живот и од животот на својата ќерка, Малала, која беше застрелана од страна на Талибанците во 2012 едноставно затоа што се осмели да оди на училиште. „Зошто мојата ќерка е толку силна?“, прашува Јусафзаи. „Затоа што не ѝ ги потсеков крилјата.“
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 16:36
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
Julia Kalaputi accepted Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala | ||
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for My daughter, Malala |