Return to Video

Интернетот без екрани би можел да изгледа вака

  • 0:01 - 0:05
    За почеток, би ве замолил да
    отидете на вашето среќно место.
  • 0:05 - 0:07
    Да, вашето среќно место.
  • 0:07 - 0:09
    Знам дека имате, па макар и лажно.
  • 0:09 - 0:10
    (Смеа)
  • 0:10 - 0:11
    Добро. Удобно е?
  • 0:11 - 0:12
    Добро.
  • 0:12 - 0:15
    Сега, одговорете во себе
    на следниве прашања.
  • 0:16 - 0:18
    Дали има неонско осветлување
    во вашето среќно место?
  • 0:19 - 0:21
    Има пластични маси?
  • 0:21 - 0:22
    Полиестерски под?
  • 0:23 - 0:24
    Мобилни телефони?
  • 0:25 - 0:26
    Не?
  • 0:26 - 0:28
    Сите знаеме дека
    нашето среќно место
  • 0:28 - 0:30
    е некаде надвор,
    во природа-
  • 0:31 - 0:32
    на плажа, крај оган.
  • 0:32 - 0:36
    Таму читаме, јадеме или плетеме.
  • 0:36 - 0:41
    Опкружени сме со природно
    светло и органски елементи.
  • 0:41 - 0:43
    Природните работи не` прават среќни.
  • 0:43 - 0:47
    Среќата е голем мотиватор,
    ние се бориме за среќа.
  • 0:47 - 0:50
    Можеби затоа постојано
    ги редизајнираме работите,
  • 0:50 - 0:55
    со надеж дека новиот дизајн ќе ни биде
    поприроден
  • 0:55 - 0:56
    Па, да започнеме тука-
  • 0:56 - 1:00
    со идејата дека добриот дизајн
    треба да биде природен.
  • 1:01 - 1:04
    Телефонот не е многу природен.
  • 1:05 - 1:08
    Веројатно мислите дека
    сте зависни од него,
  • 1:08 - 1:09
    но, не сте.
  • 1:09 - 1:11
    Не сме зависни од уреди,
  • 1:11 - 1:14
    туку од информациите кои
    тие ги пренесуваат.
  • 1:15 - 1:18
    Се прашувам колку долго ќе бидете
    среќни во вашите среќни места
  • 1:18 - 1:21
    без информации од надворешниот свет?
  • 1:22 - 1:24
    Сакам да знам како стигнуваме
    до тие информации,
  • 1:24 - 1:26
    како ги доживуваме.
  • 1:26 - 1:30
    Се движиме од време на
    статички информации
  • 1:30 - 1:33
    во книгите, библиотеките и
    автобуските станици,
  • 1:33 - 1:35
    преку времето на дигитални информации,
  • 1:35 - 1:37
    кон време на флуидни информации,
  • 1:37 - 1:44
    каде децата ќе можат да пристапат
    до се`, насекаде и во секое време,
  • 1:44 - 1:48
    од квантна физика до
    средоновековнo лозарство,
  • 1:48 - 1:51
    од родова теорија до утрешната временска прогноза,
  • 1:52 - 1:54
    како палење на светлото-
  • 1:55 - 1:56
    замислете го тоа.
  • 1:56 - 1:59
    Луѓето исто сакаат едноставни алати.
  • 1:59 - 2:02
    Вашиот телефон не е
    едноставен алат.
  • 2:02 - 2:04
    Виљушката е едноставен алат.
  • 2:04 - 2:05
    (Смеа)
  • 2:05 - 2:08
    И не сакаме кога е пластична,
  • 2:08 - 2:11
    така, исто и јас- не го сакам
    мојот телефон-
  • 2:11 - 2:15
    не е тоа начинот на кој сакам
    да ги доживеам информациите.
  • 2:15 - 2:20
    Мислам дека има подобри решенија
    отколку свет претставен преку екрани.
  • 2:20 - 2:22
    Не ги мразам екраните, но мислам дека
  • 2:22 - 2:24
    никој не е задоволен од тоа
  • 2:24 - 2:27
    колку време
    поминуваме пред нив.
  • 2:28 - 2:29
    За среќа, и големите
  • 2:29 - 2:31
    технолошки компании
    го мислат ова.
  • 2:31 - 2:36
    Нив многу ги интересира
    допирот, говорот, движењето,
  • 2:36 - 2:38
    и сетилата.
  • 2:38 - 2:41
    Ги интересира како да ја вдахнат
    магијата на интернетот
  • 2:41 - 2:44
    во простите предмети, како чашите,
  • 2:44 - 2:47
    претварајќи го дигиталниот облак
  • 2:47 - 2:49
    во нешто што можеме да го
    допреме и придвижиме.
  • 2:50 - 2:52
    На родителите загрижени за
    времето пред екраните
  • 2:53 - 2:56
    им требаат дигитални играчки за
    да ги научат децата да читаат,
  • 2:56 - 2:58
    како и безбедни продавници за
    апликации.
  • 3:00 - 3:03
    Всушност мислам дека тоа веќе се случува.
  • 3:04 - 3:08
    Реалноста е побогата од екраните.
  • 3:09 - 3:12
    На пример, јас сакам книги.
  • 3:12 - 3:17
    За мене тие се временски машини-
    атоми и молекули врзани во просторот,
  • 3:17 - 3:21
    од мигот на нивното создавање до
    моментот на моето искуство.
  • 3:21 - 3:23
    Но, да бидам искрен,
  • 3:23 - 3:25
    содржината е иста и на мојот телефон.
  • 3:25 - 3:30
    Тогаш зошто книгата е побогато
    искуство од екранот?
  • 3:30 - 3:33
    Мислам, од научен аспект,
  • 3:33 - 3:35
    се разбира, екраните
    ни се потребни.
  • 3:35 - 3:40
    Ако гледаме филм, ни треба голем екран,
  • 3:41 - 3:44
    Но, има и нешто друго што не можат
    да ви го понудат овие магични кутии.
  • 3:45 - 3:48
    Вашиот телефон не е кралица
    на интернетот.
  • 3:48 - 3:49
    (Смеа)
  • 3:49 - 3:52
    Можеме да градиме нешта-физички нешта
  • 3:52 - 3:54
    со употреба на физика и пиксели
  • 3:54 - 3:57
    кои ќе го интегрираат
    интернетот во светот околу нас.
  • 3:57 - 4:00
    Ќе ви покажам неколку пример сега.
  • 4:02 - 4:05
    Пред извесно време работев
    со дизајнерската куќа Берг,
  • 4:05 - 4:10
    на истражувањето каков
    би бил интернетот без екрани.
  • 4:10 - 4:12
    Ни беа прикажани различни начини
  • 4:12 - 4:17
    на кои светлото може да работи со
    едноставни сетила и физички предмети,
  • 4:17 - 4:22
    за да го оживее интернетот,
    да го направи опиплив.
  • 4:22 - 4:26
    Како овие прекрасни
    механички Ју Тјуб плеери.
  • 4:27 - 4:29
    И ова беше инспирација за мене.
  • 4:31 - 4:34
    Потоа работев за јапонската фирма AQ
  • 4:34 - 4:36
    на еден истражувачки проект
    за ментално здравје.
  • 4:36 - 4:37
    Сакавме да креираме предмет
  • 4:37 - 4:41
    кој ќе снима податоци
    за промените во расположението
  • 4:41 - 4:43
    што е важно за поставување дијагноза.
  • 4:44 - 4:46
    Овој предмет го снима вашиот допир,
  • 4:46 - 4:49
    така што го стегате силно
    ако сте нервозни,
  • 4:49 - 4:51
    или нежно го допирате кога сте смирени.
  • 4:51 - 4:54
    Тоа е како стик за дигитални емотикони.
  • 4:54 - 4:57
    Подоцна можете да се навратите на
    тие моменти,
  • 4:57 - 4:59
    и да им додадете содржини онлајн.
  • 4:59 - 5:01
    Пред се',
  • 5:01 - 5:04
    сакавме да креираме убав интимен предмет
  • 5:04 - 5:06
    кој ќе го имате во вашиот џеб
  • 5:06 - 5:07
    и ќе го сакате.
  • 5:09 - 5:11
    Двогледот е всушност,
    роденденски подарок
  • 5:11 - 5:13
    за 40 годишнината на
    Операта во Сиднеј.
  • 5:13 - 5:17
    Нашите пријатели од Теларт, во Бостон,
    донесоа улични двогледи
  • 5:17 - 5:20
    какви што има
    на Емпајер Стејт Билдинг,
  • 5:20 - 5:22
    и им вградија слики од
  • 5:22 - 5:25
    други познати светски знаменитости.
  • 5:25 - 5:27
    (смеа)
  • 5:27 - 5:29
    користејќи го "Стрит Вју" на Гугл.
  • 5:29 - 5:32
    Потоа ги ставивме под скалите.
  • 5:32 - 5:37
    Така, тие станаа многу физички
    едноставни,
  • 5:37 - 5:39
    или како портал кон другите знаменитости.
  • 5:39 - 5:42
    На тој начин можете да го видите Версај
    или Шеклтон Хат.
  • 5:42 - 5:45
    Во основа, тоа е виртуелна
    реалност од 1955.
  • 5:45 - 5:47
    (смеа)
  • 5:47 - 5:51
    Во нашата канцеларија користиме
    вреќички за да разменуваме URL адреси.
  • 5:51 - 5:54
    Тоа е навистина едноставно,
    како вашата платежна картичка.
  • 5:54 - 5:57
    Едноставно ставате веб страна
    на малиот чип овде,
  • 5:58 - 6:01
    и го правите ова и ....опаа!-
  • 6:01 - 6:03
    веб страната се појавува
    на вашиот телефон.
  • 6:03 - 6:06
    Тоа чини околу 10 центи.
  • 6:06 - 6:08
    "Гушкачот на дрвја" е проект на
    кој работимe
  • 6:08 - 6:10
    заедно со Grumpy Sailor и Finch,
    тука во Сиднеј.
  • 6:11 - 6:13
    И многу сум возбуден околу тоа што
    може да се случи
  • 6:13 - 6:17
    кога го расклопуваш телефонот
    и ги ставаш делчињата на дрво,
  • 6:17 - 6:20
    и дека моите деца ќе имаат
    можност
  • 6:20 - 6:25
    да посетат волшебна шума предводени
    од магично стапче,
  • 6:25 - 6:28
    каде ќе можат да зборуваат со
    дигитални самовили, да прашуваат,
  • 6:28 - 6:30
    а и да бидат прашани.
  • 6:30 - 6:31
    Како што гледате,
  • 6:31 - 6:33
    се' уште сме на прагот со ова.
  • 6:33 - 6:35
    (смеа)
  • 6:35 - 6:36
    Но, јас сум возбуден
  • 6:36 - 6:40
    од можноста повторно да ги вратиме децата
    надвор без екраните,
  • 6:40 - 6:44
    а магијата на интернетот сепак да им биде
    на дофат.
  • 6:44 - 6:48
    Се надеваме дека ќе имаме нешто вакво
    до крајот на годината.
  • 6:50 - 6:51
    Па, ајде да повториме.
  • 6:52 - 6:54
    Луѓето сакаат природни решенија.
  • 6:54 - 6:56
    луѓето сакаат информации.
  • 6:56 - 6:58
    Луѓет имаат потреба од едноставни алатки.
  • 6:59 - 7:04
    На овој начин треба
    да ја дизајнираме иднината,
  • 7:04 - 7:06
    не само интернетот.
  • 7:06 - 7:12
    Можеби инфо ерата во која влегуваме
    ве прави несигурни.
  • 7:12 - 7:16
    Можеби повеќе ви е предизвик
    отколку возбуда.
  • 7:16 - 7:18
    Ист е случајот и со мене.
  • 7:18 - 7:22
    Ова е навстина исклучителна
    епоха на човечката историја.
  • 7:24 - 7:28
    Ние сме луѓето кои го градат светот,
  • 7:28 - 7:30
    нема вештачки интелигенции..
  • 7:30 - 7:31
    се' уште.
  • 7:31 - 7:33
    (смеа)
  • 7:33 - 7:39
    тоа сме ние-дизајнери,архитекти,
    уметници и инженери.
  • 7:39 - 7:41
    И ако си поставиме предизвик
  • 7:41 - 7:45
    мислам дека ќе го создадеме
    нашето среќно место,
  • 7:45 - 7:48
    исполнето со информации кои ги сакаме
  • 7:48 - 7:53
    што ќе ни биде природно и едноставно
    како палење на светлото.
  • 7:53 - 7:54
    Не можеме да избегаме од тоа
  • 7:54 - 8:00
    дека мнозинството сака часовници,
    веб страни и виџети,
  • 8:00 - 8:06
    сепак добро е да им дадеме шанса и
    на плутата, светлината и вреќичките.
  • 8:06 - 8:07
    Ви благодарам!
  • 8:07 - 8:10
    (аплауз)
Title:
Интернетот без екрани би можел да изгледа вака
Speaker:
Том Углов
Description:

Дизајнерот Том Углов креира иднина во која љубовта на човекот кон природни решенија и едноставни алатки коегзистира со нашата потреба за информации и уредите кои ни овозможуваат пристап до тие информации.“ Реалноста е побогата од екраните,“ вели тој. „Можеме да имаме свое среќно место исполнето со сакани информации, место во кое ќе се чувствуваме комотно и природно."

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:23

Macedonian subtitles

Revisions