Return to Video

Дали фотографирањето го расипува доживувањето?

  • 0:02 - 0:06
    Кое е најубавото место
    што сте го посетиле?
  • 0:06 - 0:09
    И кога го посетивте,
    го сликавте ли?
  • 0:09 - 0:12
    Ќе ви го покажам
    местото бр. 1 за мене.
  • 0:12 - 0:15
    Ова е сводот Меса,
    во националниот парк Канјонлендс во Јута
  • 0:15 - 0:16
    на изгрејсонце.
  • 0:16 - 0:19
    Ова е татковината на
    народите Пуебло, Јут,
  • 0:19 - 0:21
    Паиjут и Навахо,
  • 0:21 - 0:23
    и кога сте таму,
  • 0:23 - 0:24
    е прекрасно во секој поглед.
  • 0:24 - 0:28
    Долниот дел од сводот
    обоен портокалово од изгрејсонцето,
  • 0:28 - 0:32
    а пред вас се карпите останци,
    облаци и гребени.
  • 0:32 - 0:34
    Но, она што не го гледате
  • 0:34 - 0:38
    се 30-те луѓе зад мене
    што исто така сликаа.
  • 0:38 - 0:41
    И ова се само најупорните,
    ранобудните, нели?
  • 0:41 - 0:42
    Кога ќе подразмислите,
  • 0:43 - 0:48
    сигурно излегуваат по стотици
    слики од сводов секоја недела.
  • 0:48 - 0:51
    Со години ги објавувам моите фотографии
    на Инстаграм,
  • 0:51 - 0:56
    и ми стана интересно,
    дури и чудно,
  • 0:56 - 0:59
    колку слични слики
    од истите места
  • 0:59 - 1:01
    гледам на Интернет.
  • 1:01 - 1:03
    И јас бев дел од нив.
  • 1:04 - 1:05
    Па ова ме замисли:
  • 1:05 - 1:08
    Која е причината што сликаме?
  • 1:08 - 1:11
    Некогаш, кога посетувам
    познати туристички точки --
  • 1:11 - 1:14
    ова е свиокот Потковица во Аризона --
  • 1:14 - 1:17
    гледам како сите ги извадиле
    мобилните и апаратите
  • 1:17 - 1:18
    чкрапнуваат слика,
  • 1:18 - 1:21
    и се враќаат в кола или
    на патеката.
  • 1:21 - 1:25
    И некогаш се чини дека
    не ја сфаќаме идејата зад
  • 1:25 - 1:30
    посетување одредено место
    за да го доживееме лично
  • 1:30 - 1:32
    или да го видиме со свои очи.
  • 1:33 - 1:34
    Кога сум зад апаратот,
  • 1:34 - 1:37
    ги забележувам најситните детали:
  • 1:37 - 1:40
    слоевите светлина на планините
  • 1:40 - 1:42
    по залезот на сонцето;
  • 1:42 - 1:45
    фигурите што природата вешто ги создава,
  • 1:45 - 1:48
    апстрактни, а потполно совршени.
  • 1:49 - 1:53
    Можам до бескрај да зборувам
    за комплексноста на планетава
  • 1:53 - 1:54
    и какви чувства предизвикува во мене.
  • 1:56 - 1:59
    Да ја фотографирам убавината и
    комплексноста на светов
  • 1:59 - 2:02
    е како да правам портрет на
    личност што ја сакам.
  • 2:02 - 2:04
    И кога фотографирам,
  • 2:04 - 2:07
    треба да размислам каква
    порака сакам да пренесам.
  • 2:07 - 2:10
    Треба да се запрашам какви
    чувства сакам да предизвикам.
  • 2:10 - 2:12
    Кога комуницирате преку слика,
  • 2:12 - 2:14
    секој уметнички избор е важен.
  • 2:14 - 2:16
    Некогаш, планирам да ги споделам сликите
  • 2:16 - 2:18
    а некогаш, ги сликам лично за мене.
  • 2:18 - 2:21
    Моментално, водам серијал
    за иднината на живеењето во природа,
  • 2:21 - 2:24
    и во една епизода
    сакавме да ја истражиме
  • 2:24 - 2:28
    врската меѓу фотографијата и природата.
  • 2:28 - 2:30
    Дознав за истражувањето на Кристин Диел
  • 2:30 - 2:32
    и нејзините колеги на УЈК,
  • 2:32 - 2:35
    кои проучуваат
    како сликањето влијае врз задоволството.
  • 2:35 - 2:37
    Тие откриле дека кога
    се наоѓаме зад апаратот,
  • 2:37 - 2:39
    и ние ја создаваме сликата,
  • 2:39 - 2:42
    уживаме повеќе, а не помалку.
  • 2:42 - 2:43
    Но, ова било делумно точно.
  • 2:43 - 2:47
    Ако некој сликал само
    за да ја сподели сликата,
  • 2:47 - 2:49
    задоволството не се зголемувало,
  • 2:49 - 2:51
    затоа што не сликале за себеси.
  • 2:51 - 2:53
    Ова укажува на важна особеност:
  • 2:54 - 2:56
    фотографирањето може
    да го подобри доживувањето
  • 2:56 - 2:58
    само ако е со некаква намера.
  • 2:58 - 3:00
    Намерата е важна.
  • 3:01 - 3:04
    Како фотограф,
    морав да се преиспитам за ова.
  • 3:04 - 3:06
    Кога ми е корисно
    да го извадам апаратот,
  • 3:06 - 3:09
    а кога треба едноставно да го тргнам?
  • 3:09 - 3:13
    Кога бев во Алјаска, имав можност
    да сликам кафеави мечки.
  • 3:13 - 3:16
    Бев во чамец со
    четири други фотографи,
  • 3:16 - 3:18
    и сите бевме фасцинирани
  • 3:18 - 3:19
    истовремено
  • 3:19 - 3:22
    толку близу до овие животни.
  • 3:22 - 3:24
    Тоа е доживување преполно со чувства.
  • 3:24 - 3:28
    Поради близината до мечките
    почувствував поврзаност
  • 3:28 - 3:29
    што не се опишува со зборови
  • 3:29 - 3:34
    и имањето апарат при мене
    само го засили чувството.
  • 3:34 - 3:37
    Сите сликавме самостојно,
    и целосно бевме внесени во мигот,
  • 3:37 - 3:39
    со природата, и еден со друг.
  • 3:39 - 3:41
    Јасно се сеќавам
  • 3:41 - 3:44
    како ги фатив капките вода
    и пливањето на мечките
  • 3:44 - 3:47
    и слатките мечиња што ги следеа мајките.
  • 3:48 - 3:50
    Ова доживување ќе го делам со групата,
  • 3:51 - 3:52
    и сликиве на кои ќе се навраќаме
  • 3:52 - 3:54
    одново и одново
  • 3:54 - 3:58
    и токму фотографијата ни овозможи
    заеднички да го споделиме ова.
  • 3:59 - 4:01
    Во други случаи,
    одлучувам да го оставам апаратот
  • 4:01 - 4:05
    и мислам дека ваквиот избор
    го подобрува доживувањето
  • 4:05 - 4:06
    и моето творештво.
  • 4:07 - 4:10
    Неодамна го посетив островот Тонга
    во Јужниот Пацифик
  • 4:10 - 4:11
    за да пливам со грбави китови.
  • 4:12 - 4:14
    Забележав дека чувстувам притисок
  • 4:14 - 4:17
    и обврска да го понесам
    апаратот со себе,
  • 4:17 - 4:20
    а некогаш само сакам
    да го доживеам моментот.
  • 4:20 - 4:23
    Доживувањето е навистина неверојатно.
  • 4:23 - 4:25
    Се наоѓате во водата
  • 4:25 - 4:27
    заедно со младенче
    со големина на караван
  • 4:28 - 4:31
    опколени сте
    со ситни светкави честички,
  • 4:31 - 4:34
    а мајката грациозно плива
    под вас.
  • 4:34 - 4:37
    Понекогаш
    го носев апаратот со мене,
  • 4:37 - 4:40
    и беше неверојатно
    да ги фатам тие моменти.
  • 4:40 - 4:42
    Но опремата е прилично гломазна.
  • 4:42 - 4:45
    Наликува на голема кутија,
    еве како изгледа.
  • 4:45 - 4:47
    Ова стои помеѓу мене и китовите,
  • 4:47 - 4:50
    и на моменти е како препрека
    помеѓу вас и реалноста.
  • 4:50 - 4:53
    Различно ли е
    кога носите само телефон?
  • 4:53 - 4:56
    Лани го посетив Улуру,
    во Централна Австралија,
  • 4:56 - 4:59
    тоа е огромна карпа што се
    издигнува среде пустината.
  • 5:00 - 5:03
    Улуру е свето место за Анангу,
  • 5:03 - 5:05
    Абориџините од оваа област
  • 5:05 - 5:07
    и домородци на таа земја.
  • 5:07 - 5:12
    Одредени точки не смеат
    да се фотографираат професионално,
  • 5:12 - 5:14
    бидејќи се чувствителен дел
    од културата,
  • 5:15 - 5:17
    како свето писмо
    за Анангу племето.
  • 5:17 - 5:22
    Затоа, најголем дел од сликите
    се од многу далеку, како оваа,
  • 5:22 - 5:25
    или од одреден агол во паркот.
  • 5:25 - 5:29
    Може да се рече дека најинтересните и
    најубавите глетки во Улуру
  • 5:30 - 5:32
    се во чувствителните области,
  • 5:32 - 5:38
    но барањето да не ги фотографирате
    е јасен и директен повик
  • 5:38 - 5:42
    да дознаете повеќе
    за значајноста на земјата и на луѓето.
  • 5:42 - 5:44
    Не треба и онака да го правиме тоа?
  • 5:44 - 5:47
    Одеднаш, веќе не бев јас најважна
  • 5:47 - 5:50
    важно беше да се поврзам со местото.
  • 5:51 - 5:52
    Иронично и очекувано,
  • 5:52 - 5:55
    сфатив дека присутноста и поврзаноста
  • 5:55 - 5:58
    придонесуваат за
    помоќни слики.
  • 5:58 - 6:01
    Сите ги сметаме друштвените мрежи
  • 6:01 - 6:05
    како добро место за споделување слики
    од патувањата и животот.
  • 6:05 - 6:08
    Не само што споделуваме
    делови од светот
  • 6:08 - 6:11
    туку и делови од нашите
    секојдневни доживувања.
  • 6:11 - 6:15
    И ако ги правиме сликите
    со намера
  • 6:15 - 6:18
    се надевам и дека
    ги споделуваме намерно.
  • 6:18 - 6:23
    Споделувањето делови
    од мојата приказна и перспектива
  • 6:23 - 6:26
    ме потсети дека не сум сама.
  • 6:26 - 6:28
    Ми помогна да создадам
    поддршка и заедница
  • 6:28 - 6:30
    што ќе го прави истото
    за другите.
  • 6:31 - 6:32
    Не ме сфаќајте погрешно:
  • 6:32 - 6:36
    Не сакам да ве обесхрабрам.
  • 6:37 - 6:40
    Дури и кога има илјадници
    што го посетиле истото место
  • 6:40 - 6:43
    и ја направиле истата слика,
  • 6:43 - 6:45
    ве охрабрувам да одите и
    да направите и вие.
  • 6:45 - 6:47
    На светот му треба
    сечиј глас и перспектива,
  • 6:47 - 6:49
    вклучително вашата.
  • 6:50 - 6:53
    Но, сакам да ви покажам
    дека мобилниот или апаратот
  • 6:53 - 6:55
    не мора постојано
    да ви се во раце.
  • 6:55 - 6:57
    Сакам да ве охрабрам
  • 6:57 - 7:00
    да го тргнете, само за момент --
  • 7:00 - 7:01
    момент за вас.
  • 7:02 - 7:03
    Да се вратиме на сводот Меса,
  • 7:03 - 7:06
    начинот на кој каменот има
    портокалов отсјај
  • 7:06 - 7:09
    и прекрасните сини нијанси
    во позадината.
  • 7:10 - 7:13
    Што ако следниот пат
    кога ќе отидете некаде,
  • 7:13 - 7:15
    не можете да го понесете
    апаратот или мобилниот?
  • 7:16 - 7:18
    Што ако е забрането фотографирање?
  • 7:19 - 7:21
    Ќе се почувстувате ограничено?
  • 7:22 - 7:24
    Или ќе ви олесни?
  • 7:25 - 7:26
    Што можеме да сториме?
  • 7:26 - 7:30
    Кога ќе бидете поттикнати
    да го извадите апаратот или мобилниот,
  • 7:30 - 7:33
    или, во мојот случај, кога ќе сфатите
    дека веќе сте го извадиле --
  • 7:33 - 7:34
    (смеа)
  • 7:34 - 7:36
    Прво: запрете.
  • 7:37 - 7:38
    Почекајте.
  • 7:38 - 7:39
    Вдишете длабоко.
  • 7:40 - 7:42
    Погледнете наоколу.
    Што забележувате?
  • 7:44 - 7:47
    Го доживувате овој момент
    заедно со некого?
  • 7:47 - 7:50
    Запомнете дека моментов
    се случува само сега.
  • 7:50 - 7:53
    Фотографијата може да биде
    дел од прекрасно доживување.
  • 7:53 - 7:57
    Но не давајте ѝ да биде пречка
    меѓу вас и реалноста.
  • 7:57 - 7:58
    Бидете промислени,
  • 7:58 - 8:02
    и не губете прекрасен, незаменлив спомен
  • 8:02 - 8:04
    зашто сте биле преконцентрирани
    да направите слика.
  • 8:05 - 8:06
    Благодарам.
  • 8:06 - 8:09
    (аплауз)
Title:
Дали фотографирањето го расипува доживувањето?
Speaker:
Ерин Саливен
Description:

Во моментот кога ќе засведочиме нешто неверојатно, инстинктивно посегнуваме по мобилните и сликаме. Дали ваквата опсесија да фотографираме сè влијае врз доживувањето? Во својот говор, Ерин Саливeн покажува како со промислено користење на објективот успеала да ја зајакне способноста да ужива во самиот момент -- и може и вам да ви помогне да го постигнете истото.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:23

Macedonian subtitles

Revisions