Return to Video

Дајана Лофенберг: Како да учите? Oд грешките.

  • 0:00 - 0:03
    Јас предавав долго време,
  • 0:03 - 0:05
    и за тоа време
  • 0:05 - 0:08
    стекнав вистинско знаење за децата и учењето
  • 0:08 - 0:11
    кое навистина би сакала што повеќе луѓе да го разберат
  • 0:11 - 0:14
    за потенцијалот на учениците.
  • 0:14 - 0:16
    Во 1931 година, мојата баба --
  • 0:16 - 0:18
    доле лево за сите Вас од другата страна --
  • 0:18 - 0:20
    го завршила училиштето во осмо одделение.
  • 0:20 - 0:22
    Таа одела на училиште за да ги добие информациите
  • 0:22 - 0:24
    бидејќи од таму се добивале информациите.
  • 0:24 - 0:26
    Тие биле во книгите, во главата на учителите,
  • 0:26 - 0:29
    и морала да оди таму за да ги добие информациите,
  • 0:29 - 0:31
    бидејќи така се учело.
  • 0:31 - 0:33
    Една генерација подоцна:
  • 0:33 - 0:35
    Ова е училиште со една училница, Oak Grove,
  • 0:35 - 0:37
    каде мојот татко одел на училиште.
  • 0:37 - 0:39
    И тој исто така морал да патува до училиштето
  • 0:39 - 0:41
    за да ги добие информациите од учителот,
  • 0:41 - 0:44
    и да ги зачува во единствената пренослива меморија која ја имал, во неговата глава,
  • 0:44 - 0:46
    и ја носел со себе,
  • 0:46 - 0:49
    бидејќи така информациите биле пренесувани
  • 0:49 - 0:52
    од учителот до ученикот а потоа се користеле во животот.
  • 0:52 - 0:54
    Кога јас бев дете,
  • 0:54 - 0:56
    имавме комплет енциклопедии во нашата куќа.
  • 0:56 - 0:58
    Биле купени истата година кога сум се родила,
  • 0:58 - 1:00
    и тие беа извонредни,
  • 1:00 - 1:03
    бидејќи не морав да одам во библиотеката за да се стекнам со информации;
  • 1:03 - 1:05
    информациите беа во мојата куќа
  • 1:05 - 1:07
    и тоа беше прекрасно.
  • 1:07 - 1:09
    Ова беше различно
  • 1:09 - 1:11
    од искуството на претходната генерација,
  • 1:11 - 1:13
    и го промени начинот на кој јас се однесувам кон информациите
  • 1:13 - 1:15
    дури и во најмала смисла.
  • 1:15 - 1:17
    Но информациите беа поблизу до мене.
  • 1:17 - 1:19
    Јас имав пристап до нив.
  • 1:19 - 1:21
    Во времето кое измина
  • 1:21 - 1:23
    од периодот кога бев ученичка во средно училиште
  • 1:23 - 1:25
    до периодот кога започнав да предавам,
  • 1:25 - 1:27
    може да се види почетокот на интернетот.
  • 1:27 - 1:29
    Токму кога интернетот започна да се користи
  • 1:29 - 1:31
    како образовно средство,
  • 1:31 - 1:33
    се отселив од Висконсин
  • 1:33 - 1:35
    и се преселив во Канзас, во малото гратче Канзас,
  • 1:35 - 1:37
    каде имав прилика да предавам
  • 1:37 - 1:39
    во едно убаво и мало градско
  • 1:39 - 1:41
    рурално училиште во Канзас,
  • 1:41 - 1:43
    каде го предавав мојот омилен предмет,
  • 1:43 - 1:45
    Американска влада.
  • 1:45 - 1:48
    Првата година -- супер посакувано -- го предавав предметот Американска Влада,
  • 1:48 - 1:50
    го сакав политичкиот систем.
  • 1:50 - 1:52
    Децата во 12-то оделение:
  • 1:52 - 1:54
    не беа толку големи ентузијасти
  • 1:54 - 1:56
    за американскиот владин систем.
  • 1:56 - 1:59
    Година втора: научив неколку работи -- морав да ја променам тактиката.
  • 1:59 - 2:01
    И им претставив едно реално искуство
  • 2:01 - 2:04
    кое им овозможи да научат за себе.
  • 2:04 - 2:06
    Не им кажав што да направат, ниту како да го направат.
  • 2:06 - 2:08
    Им претставив еден проблем,
  • 2:08 - 2:11
    кој беше да постават изборен форум за нивната заедница.
  • 2:12 - 2:14
    Тие изработија летоци, се јавува во канцеларии,
  • 2:14 - 2:16
    закажуваа термини, се среќаваа со секретари,
  • 2:16 - 2:18
    изработија прирачник за изборен форум
  • 2:18 - 2:20
    за целиот град да дознае повеќе за нивните кандидати.
  • 2:20 - 2:22
    Тие поканија секого во училиштето
  • 2:22 - 2:24
    на едновечерна дебата
  • 2:24 - 2:26
    за владата и политиката
  • 2:26 - 2:28
    и дали улиците биле добри или не,
  • 2:28 - 2:31
    и навистина се здобија со многу силно учење од искуство.
  • 2:31 - 2:33
    Постарите учители -- поискусните --
  • 2:33 - 2:35
    ме погледнуваа и велеа,
  • 2:35 - 2:38
    "Ох, ене ја. Тоа е баш симпатично. Таа се обидува да го направи тоа."
  • 2:38 - 2:40
    (Смеење)
  • 2:40 - 2:42
    "Таа не знае во што се вовлекува."
  • 2:42 - 2:44
    Но знаев дека децата ќе се појават.
  • 2:44 - 2:46
    И верував во тоа.
  • 2:46 - 2:49
    И секоја седмица им кажував што очекував од нив.
  • 2:49 - 2:51
    И таа вечер, сите 90 деца --
  • 2:51 - 2:54
    се облекоа соодветно, ја вршеа својата работа, ја водеа.
  • 2:54 - 2:56
    Јас само седев и гледав.
  • 2:56 - 2:58
    Сè беше нивно. Сè беше искуствено. Сè беше автентично.
  • 2:58 - 3:00
    Тоа многу им значеше.
  • 3:00 - 3:02
    И тие ќе напредуваат.
  • 3:02 - 3:05
    Од Канзас, се преселив во прекрасната Аризона,
  • 3:05 - 3:08
    каде во Флегстаф предавав со години,
  • 3:08 - 3:10
    овојпат на средношколци.
  • 3:10 - 3:12
    За среќа не морав да им предавам за Американската Влада.
  • 3:12 - 3:15
    Имав прилика да им предавам за поинтересни теми од географија.
  • 3:15 - 3:18
    И повторно, возбуда за учење.
  • 3:19 - 3:21
    Но она што беше интересно
  • 3:21 - 3:24
    за ова работно место кое самата го најдов во Аризона,
  • 3:24 - 3:26
    е што имав навистина
  • 3:26 - 3:28
    невообичаена еклектична група деца со која работев
  • 3:28 - 3:30
    во вистинско јавно училиште.
  • 3:30 - 3:33
    И имаше денови кога добивавме вакви можности.
  • 3:33 - 3:35
    А една од тие можности
  • 3:35 - 3:38
    беше кога отидовме да го запознаеме Paul Rusesabagina,
  • 3:38 - 3:40
    тоа е господинот
  • 3:40 - 3:42
    врз кого е базиран филмот "Хотел Руанда".
  • 3:42 - 3:44
    И тој требаше да одржи говор во соседното училиште.
  • 3:44 - 3:46
    Можевме да отидеме пешки до таму; не моравме ниту автобус да плаќаме.
  • 3:46 - 3:49
    Немавме никакви трошоци. Идеално патешествие.
  • 3:49 - 3:51
    Проблемот кој се појави е
  • 3:51 - 3:53
    како да натераш седмо и осмо одделенци да зборуваат за геноцид
  • 3:53 - 3:55
    и да се справат со темата на начин
  • 3:55 - 3:57
    кој е одговорен и за почит,
  • 3:57 - 3:59
    и да знаат како да се справат со тоа.
  • 3:59 - 4:01
    И ние избравме да одиме да го гледаме Paul Rusesabagina
  • 4:01 - 4:03
    како пример за еден господин
  • 4:03 - 4:07
    кој се посветил да го искористи неговиот живот да стори нешто позитивно.
  • 4:07 - 4:09
    Потоа ги натерав децата да идентификуваат
  • 4:09 - 4:12
    некого од нивниот живот, или во нивното минато, или во нивниот свет,
  • 4:12 - 4:14
    за кого би можеле да кажат дека направил нешто слично.
  • 4:14 - 4:16
    Побарав да креираат краток филм за тоа.
  • 4:16 - 4:18
    Тоа беше прв пат да го правиме тоа.
  • 4:18 - 4:20
    Никој не знаеше како се прават кратки филмови на компјутер.
  • 4:20 - 4:23
    Но се нафатија. И ги замолив да го искористат својот глас во него.
  • 4:24 - 4:29
    Тоа беше најпрекрасниот момент на откровение
  • 4:29 - 4:32
    кога ќе ги замолите децата да го користат нивниот глас
  • 4:32 - 4:34
    и ќе ги замолите да зборуваат за себе си,
  • 4:34 - 4:36
    за она што сакаат да го споделат.
  • 4:36 - 4:38
    Последната точка од задачата беше:
  • 4:38 - 4:40
    како планирате да го искористите вашиот живот
  • 4:40 - 4:42
    за да влијаете позитивно на други луѓе?
  • 4:42 - 4:44
    Нештата кои децата ќе ги кажат
  • 4:44 - 4:47
    кога ќе ги прашате и седнете да ги слушате
  • 4:47 - 4:50
    се извонредни.
  • 4:50 - 4:53
    Премотуваме напред до Пенсилванија, каде се наоѓам и ден денес.
  • 4:53 - 4:55
    Предавам на Научната Академија за Лидерство,
  • 4:55 - 4:58
    кое е партнерско училиште со институтот Френклин
  • 4:58 - 5:00
    и училишната област во Филаделфија.
  • 5:00 - 5:03
    Ние сме девет од вкупно дванаесет јавни училишта,
  • 5:03 - 5:06
    но во училиштето работиме малку поразлично.
  • 5:06 - 5:08
    Се преселив таму најмногу
  • 5:08 - 5:10
    за да бидам дел од образовна средина
  • 5:10 - 5:12
    која го потврдила начинот на кој знаев дека децата учат,
  • 5:12 - 5:14
    и која навистина сакаше да испитува
  • 5:14 - 5:16
    што сè е можно
  • 5:16 - 5:18
    кога имате волја да напуштите
  • 5:18 - 5:20
    некои од парадигмите од минатото,
  • 5:20 - 5:23
    од информативниот мрак кога баба ми одела на училиште
  • 5:23 - 5:26
    и кога татко ми па дури и кога јас одев на училиште,
  • 5:26 - 5:28
    се до моментот кога имаме наплив од информации.
  • 5:28 - 5:31
    Па што правите кога информациите се секаде околу вас?
  • 5:31 - 5:33
    Зошто децата сеуште одат на училиште
  • 5:33 - 5:36
    кога тие повеќе не мора да одат таму за да ги добијат информациите?
  • 5:36 - 5:39
    Во Филаделфија ние имаме програма лаптоп за секое дете,
  • 5:39 - 5:42
    па децата го носат својот лаптоп секој ден,
  • 5:42 - 5:45
    го враќаат дома, имаат постојан пристап до информациите.
  • 5:45 - 5:48
    И она на што треба да се навикнете
  • 5:48 - 5:50
    кога сте ја дале алатката за да
  • 5:50 - 5:52
    им ги овозможите информациите на студентите,
  • 5:52 - 5:54
    е дека треба да го прифатите и фактот што
  • 5:54 - 5:56
    дозволувате децата да згрешат
  • 5:56 - 5:59
    како дел од процесот на учење.
  • 5:59 - 6:01
    Токму сега се справуваме во образовната сфера
  • 6:01 - 6:03
    со заљубеноста во
  • 6:03 - 6:05
    културата на еден точен одговор
  • 6:05 - 6:08
    кој може случајно да биде погоден на просечен тест со неколку можни решенија,
  • 6:08 - 6:10
    и овде сум за да споделам со вас,
  • 6:10 - 6:12
    дека тоа не е учење.
  • 6:12 - 6:15
    Најголемата грешка која може да ја побарате е,
  • 6:15 - 6:17
    да им кажете на децата никогаш да не грешат.
  • 6:17 - 6:20
    Да побарате од нив секогаш да го даваат точниот одговор
  • 6:20 - 6:22
    не им овозможува да учат.
  • 6:22 - 6:24
    Така започнавме со еден проект,
  • 6:24 - 6:26
    а ова е еден од резултатите на проектот.
  • 6:26 - 6:28
    Јас речиси никогаш не ги прикажувам
  • 6:28 - 6:30
    токму поради делот за идејата за неуспех.
  • 6:30 - 6:32
    Моите ученици ги креираа овие инфо-цртежи
  • 6:32 - 6:35
    како резултат од лекцијата која ја работевме на крај на годината
  • 6:35 - 6:37
    врзано со истекувањето на нафтата.
  • 6:37 - 6:40
    Побарав да ги земат примерите кои ги гледавме
  • 6:40 - 6:42
    од инфо-цртежите кои постоеја
  • 6:42 - 6:44
    во повеќето јавни медиуми,
  • 6:44 - 6:47
    и да погледнат кои се нивните интересни компоненти,
  • 6:47 - 6:49
    и да направат една за самите нив
  • 6:49 - 6:51
    од друга катастрофа направена од човек во американската историја.
  • 6:51 - 6:53
    Добија одредени насоки како да го направат тоа.
  • 6:53 - 6:55
    Малку им беше непријатно поради тоа,
  • 6:55 - 6:57
    затоа што им беше првпат, и тие не знаеја точно како треба да го направат.
  • 6:57 - 6:59
    Тие знаат да говорат -- многу течно,
  • 6:59 - 7:01
    и можат да пишуваат, многу, многу добро,
  • 7:01 - 7:04
    но барањето да ги искомуницираат идеите на поинаков начин
  • 7:04 - 7:07
    беше малку непријатно за нив.
  • 7:07 - 7:10
    Им дадов доволно простор за да ја завршат работата.
  • 7:10 - 7:12
    Креирајте. Откријте како.
  • 7:12 - 7:14
    Да видиме што можеме да сториме.
  • 7:14 - 7:16
    И ученикот кој постојано
  • 7:16 - 7:19
    ги креираше најдобрите визуелни ефекти не не разочара.
  • 7:19 - 7:21
    Ова беше завршено за два или три дена.
  • 7:21 - 7:24
    И ова е резултатот од ученикот кој го стори токму тоа.
  • 7:24 - 7:27
    И кога седнав со учениците, ги прашав, "Кој беше најдобар?"
  • 7:27 - 7:29
    Веднаш одговорија, "Ене го."
  • 7:29 - 7:31
    Не прочитав ништо. "Ене го."
  • 7:31 - 7:33
    И реков, "А што го прави најдобар?"
  • 7:33 - 7:35
    А тие, "Дизајнот е добар, а и користи добра боја.
  • 7:35 - 7:38
    А исто така... " И тие ми го прераскажаа целото доживување.
  • 7:38 - 7:40
    И реков, "Ајде прочитајте го."
  • 7:40 - 7:43
    А тие, "Ова и не е толку добро."
  • 7:43 - 7:45
    И потоа преминавме на друг --
  • 7:45 - 7:47
    немаше многу добар визуелен приказ, но содржеше одлични информации --
  • 7:47 - 7:50
    и потрошивме еден час зборувајќи за процесот за учење,
  • 7:50 - 7:52
    бидејќи не се работеше дали е перфектен или не,
  • 7:52 - 7:54
    ниту дали тоа беше она што можевме да креираме;
  • 7:54 - 7:57
    се бараше од нив да креираат за самите себе.
  • 7:57 - 7:59
    И им дозволив да погрешат,
  • 7:59 - 8:01
    да го процесираат тоа, да научат од него.
  • 8:01 - 8:03
    И кога ќе ја повториме истата постапка со мојот клас оваа година,
  • 8:03 - 8:05
    тие ќе бидат подобри.
  • 8:05 - 8:07
    Бидејќи учењето
  • 8:07 - 8:10
    треба да вклучи и одредени грешки,
  • 8:10 - 8:12
    бидејќи грешките даваат насоки
  • 8:12 - 8:14
    во процесот.
  • 8:14 - 8:17
    Постојат илјадници слики
  • 8:17 - 8:19
    кои можам да ви ги прикажам овде,
  • 8:19 - 8:22
    и морав да изберам внимателно -- ова е една од омилените --
  • 8:22 - 8:24
    од ученици кои учат,
  • 8:24 - 8:26
    и како учењето може да изгледа
  • 8:26 - 8:29
    во природа каде ја напуштивме идејата
  • 8:29 - 8:31
    дека децата треба да дојдат на училиште за да ги добијат информациите,
  • 8:31 - 8:33
    наместо тоа, прашајте ги што можат да сторат со нив.
  • 8:33 - 8:35
    Поставете им навистина интересни прашања.
  • 8:35 - 8:37
    И нема да ве разочараат.
  • 8:37 - 8:39
    Нека одат на одредени места,
  • 8:39 - 8:41
    за да ги видат работите самите,
  • 8:41 - 8:43
    за да го искусат учењето,
  • 8:43 - 8:46
    да играат, да прашуваат.
  • 8:46 - 8:48
    Ова е една од моите омилени фотографии,
  • 8:48 - 8:50
    бидејќи е сликана во вторникот,
  • 8:50 - 8:52
    кога ги испратив на гласачките места.
  • 8:52 - 8:55
    Ова е Роби, и ова е неговиот прв ден од гласањето,
  • 8:55 - 8:57
    и тој сакаше тоа да го сподели со сите и тоа и го прави.
  • 8:57 - 8:59
    Но ова е учење, исто така,
  • 8:59 - 9:02
    бидејќи ги испративме во реални ситуации.
  • 9:05 - 9:07
    Главната поента
  • 9:07 - 9:10
    е дека, доколку и понатаму гледаме на образованието
  • 9:10 - 9:13
    како на одење на училиште
  • 9:13 - 9:15
    за да ги добиеме информациите
  • 9:15 - 9:17
    а не како експериментално учење,
  • 9:17 - 9:20
    возвишувајќи го гласот на ученикот и поттикнувајќи ги грешките,
  • 9:20 - 9:22
    сме ја промашиле целта.
  • 9:22 - 9:24
    И сето она за што се зборува денес
  • 9:24 - 9:27
    не е можно доколку го задржиме образовниот систем
  • 9:27 - 9:30
    кој не ги вреднува овие квалитети,
  • 9:30 - 9:32
    бидејќи нема да дојдеме до тоа преку стандардизиран тест,
  • 9:32 - 9:34
    и нема да се стекнеме со култура на еден точен одговор.
  • 9:34 - 9:36
    Ние знаеме како да го подобриме,
  • 9:36 - 9:38
    и време е да го подобриме.
  • 9:38 - 9:43
    (Аплауз)
Title:
Дајана Лофенберг: Како да учите? Oд грешките.
Speaker:
Diana Laufenberg
Description:

Дајана Лофенберг споделува три необични работи кои ги научила предавајќи - вклучувајќи го и клучниот увид за учењето од грешките.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
09:45
Dejan Spaseski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions