Return to Video

Зошто е добро за бизнисот ако сте љубезни со своите колеги

  • 0:01 - 0:03
    Кој сакате да бидете?
  • 0:03 - 0:05
    Едноставно прашање
  • 0:05 - 0:07
    и без разлика дали знаете или не,
  • 0:07 - 0:10
    секојдневно го одговарате
    низ вашите активности.
  • 0:11 - 0:15
    Ова прашање го дефинира
    вашиот професионален успех
  • 0:15 - 0:17
    повеќе од кое било друго
  • 0:18 - 0:21
    бидејќи најважно е како се претставувате
    и како се однесувате со луѓето.
  • 0:22 - 0:26
    Дали ги воздигнувате луѓето,
  • 0:26 - 0:30
    ги цените, почитувате и ги слушате,
  • 0:31 - 0:36
    или ги омаловажувате и потценувате,
  • 0:36 - 0:40
    ги навредувате, ги игнорирате
    и ги отфрлате?
  • 0:40 - 0:44
    Најважно е што одбирате да бидете.
  • 0:45 - 0:48
    Јас проучувам како некултурата
    влијае врз луѓето.
  • 0:48 - 0:49
    Што значи некултура?
  • 0:49 - 0:51
    Тоа е непочитување и непристојност.
  • 0:52 - 0:54
    Опфаќа низа на различни однесувања,
  • 0:54 - 0:56
    од исмејување или омаловажување
  • 0:56 - 0:59
    до прекумерно подбивање преку
  • 0:59 - 1:01
    невкусни и навредливи шеги,
  • 1:01 - 1:03
    и праќање пораки додека сте во друштво.
  • 1:03 - 1:07
    Она што е некултурно за некои
    е сосема во ред за други.
  • 1:07 - 1:10
    На пример, праќање пораки
    додека некој ви зборува.
  • 1:10 - 1:12
    За некој тоа е неучтиво,
  • 1:12 - 1:15
    за други тоа е нормално.
  • 1:15 - 1:17
    Значи, зависи.
  • 1:17 - 1:22
    Зависи како набљудуваме и дали
    се чувствуваме непочитувани.
  • 1:23 - 1:26
    Можеби не го правиме тоа намерно,
  • 1:26 - 1:28
    но кога го правиме, има последици.
  • 1:30 - 1:32
    Пред повеќе од 22 години,
  • 1:32 - 1:35
    добро се сеќавам како влегов
    во една преполна болничка соба.
  • 1:36 - 1:42
    Бев скршена додека го гледав татко ми,
    некогаш силен, стамен и енергичен човек,
  • 1:42 - 1:46
    како лежи во постела со
    електроди прикачени на градите.
  • 1:47 - 1:49
    Причината за неговата состојба
    беше стрес од работа.
  • 1:50 - 1:52
    Преку една деценија
  • 1:52 - 1:55
    страдаше од неговиот некултурен шеф.
  • 1:57 - 2:02
    Мислев дека е само различен од другите.
  • 2:02 - 2:05
    Но,по неколку години,
  • 2:05 - 2:08
    самата доживеав многу нечовечност
  • 2:08 - 2:10
    во мојата прва работа.
  • 2:10 - 2:13
    Поминав една година
    одејќи на работа секој ден
  • 2:13 - 2:15
    и слушајќи од моите колеги:
  • 2:15 - 2:18
    „Глупава си? Не се прави тоа така,“
  • 2:18 - 2:22
    или; „Ако ми требаше твое
    мислење, ќе те прашав.“
  • 2:23 - 2:26
    Го направив најприродното нешто.
  • 2:26 - 2:30
    Дадов отказ и се вратив да студирам
    за последиците од ова.
  • 2:30 - 2:33
    Тогаш, ја запознав Кристин Пирсон.
  • 2:33 - 2:37
    Нејзината теорија беше дека малите,
    некултурни дејствија
  • 2:37 - 2:39
    можат да доведат до поголеми проблеми
  • 2:39 - 2:41
    како агресија и насилство.
  • 2:42 - 2:46
    Верувавме дека нељубезноста влијае
    врз начинот на работа и резултатите.
  • 2:46 - 2:50
    Почнавме со истражување
    и откривме нешто изненадувачко.
  • 2:50 - 2:53
    Испративме анкета до поранешни
    студенти на бизнис школа
  • 2:53 - 2:55
    кои работеа во различни организации.
  • 2:55 - 2:58
    Ги замоливме да напишат неколку реченици
  • 2:58 - 3:01
    за некое искуство кога биле
    изложени на неучтивост,
  • 3:01 - 3:04
    непочитување или безобзирност,
  • 3:04 - 3:07
    и да одговарат како се чувстувувале.
  • 3:09 - 3:12
    Еден испитаник ни раскажа за
    шефот кој го навредувал:
  • 3:12 - 3:14
    „Тоа е работа за мали деца“,
  • 3:15 - 3:19
    друг шеф го уништил трудот
    на некој пред целиот тим.
  • 3:20 - 3:24
    Откривме дека неучтивото однесување
    ја намалува мотивацијата кај луѓето:
  • 3:24 - 3:27
    кај 66% се намалила ефективноста
    на работењето,
  • 3:27 - 3:30
    80% изгубиле време на она што се случило
  • 3:30 - 3:33
    и 12% ја напуштиле работата.
  • 3:35 - 3:38
    Откако ги објавивме резултатите,
    се случија две работи.
  • 3:38 - 3:41
    Прво, ни се јавија од организациите.
  • 3:42 - 3:43
    Сиско прочитаа за бројките,
  • 3:43 - 3:48
    извадоа само неколку и проценија
  • 3:48 - 3:51
    дека нељубезноста ги чинела
    12 милиони долари годишно.
  • 3:52 - 3:57
    Втората работа што се случи беше одзивот
    што го имавме од дргите во нашата област,
  • 3:57 - 4:01
    кои рекоа: „Луѓето го пријавуваат ова,
    но како можеме вистински да го прикажеме?
  • 4:01 - 4:04
    Дали работата на луѓето трпи заради ова?
  • 4:05 - 4:07
    И јас се прашував.
  • 4:07 - 4:11
    Со Амир Ерез ги споредивме луѓето
    кои искусиле некултурно однесување
  • 4:11 - 4:14
    со оние кои не искусиле.
  • 4:14 - 4:18
    Откривме дека тие кои искусиле
    некултурно однесување
  • 4:18 - 4:20
    функционираат многу полошо.
  • 4:22 - 4:24
    Ќе речете: Така е, има смисла.
  • 4:24 - 4:27
    Природно е работата да страда.“
  • 4:28 - 4:32
    Но,што ако сте дел од тие
    кои немале вакво искуство?
  • 4:32 - 4:34
    Што ако само го гледате или слушате?
  • 4:35 - 4:36
    Тогаш сте сведок.
  • 4:36 - 4:39
    Се запрашавме дали тоа
    влијае и на сведоците.
  • 4:40 - 4:41
    Направивме проучувања
  • 4:41 - 4:45
    во кои пет учесници се сведоци
    на грубото однесување на експериментаторот
  • 4:45 - 4:47
    кон лице кое пристигнува
    доцна на проучувањето.
  • 4:48 - 4:50
    Експериментаторот вели:„Што ти е тебе?
  • 4:50 - 4:53
    Доаѓаш доцна, неодговорен си.
  • 4:53 - 4:56
    Погледни се! Зар очекуваш да работиш
    во вистинскиот свет?“
  • 4:57 - 4:59
    Во друго проучување во мала група,
  • 4:59 - 5:03
    го тестиравме резултатот од
    навредата кон член на групата.
  • 5:03 - 5:06
    Она што откривме беше мошне интересно,
  • 5:06 - 5:09
    бидејќи работата на сведоците
    истотака се намали-
  • 5:09 - 5:12
    и тоа не незначитено туку прилично.
  • 5:14 - 5:16
    Неучтивото однесување e како бактерија.
  • 5:17 - 5:18
    Тоа е заразно,
  • 5:18 - 5:22
    и го пренесуваме само
    со тоа што сме во близина.
  • 5:23 - 5:25
    И не се однесува само на работното место.
  • 5:25 - 5:28
    Со вирусот можеме секаде да се заразиме,
  • 5:28 - 5:32
    дома, на интернет,на училиште
    и во заедницата.
  • 5:33 - 5:38
    Влијае на емоциите,мотивираноста, работата
  • 5:38 - 5:39
    и на однесувањето.
  • 5:40 - 5:43
    Влијае и на нашето внимание
    и на умствените способности.
  • 5:44 - 5:48
    Ова не се случува само
    кога некој е груб со нас
  • 5:48 - 5:49
    или сме сведоци на грубост.
  • 5:49 - 5:53
    Се случува и кога гледаме
    или читаме грубости.
  • 5:54 - 5:56
    Ќе ви дадам пример за тоа.
  • 5:57 - 6:01
    За да го тестираме, на петмина
    им дадовме комбинации од зборови
  • 6:01 - 6:02
    за да направат реченица.
  • 6:03 - 6:04
    Но, бевме итри.
  • 6:05 - 6:10
    Половина од учесниците имаа
    15 зборови поврзани со грубост:
  • 6:10 - 6:15
    неучтив, прекинува, одвратен, вознемирува.
  • 6:15 - 6:18
    Половина од учесниците добија зборови
  • 6:18 - 6:20
    кои не асоцираа на грубост.
  • 6:21 - 6:24
    Она што откривме беше интересно
  • 6:24 - 6:26
    зашто луѓето кои добија груби зборови
  • 6:26 - 6:30
    имаа 5 пати поголема веројатност
    да не ја забележат информацијата пред нив
  • 6:30 - 6:32
    на екранот од комјутерот.
  • 6:33 - 6:35
    Понатаму во истражувањето
  • 6:35 - 6:38
    откривме дека на оние кои
    ги прочитаа грубите зборови
  • 6:38 - 6:40
    им требаше повеќе време да одлучат,
  • 6:40 - 6:42
    или да ги забележат одлуките,
  • 6:42 - 6:44
    и правеа многу повеќе грешки.
  • 6:45 - 6:47
    Ова може да биде значајно
  • 6:47 - 6:50
    кога кога се работи за ситуации
    од животна важност.
  • 6:51 - 6:55
    Стив, кој е лекар,ми раскажа
    за докторот со кој работел
  • 6:55 - 6:56
    и кој никошаш не бил многу љубезен,
  • 6:56 - 6:59
    особено со помладите лекари и сестрите.
  • 6:59 - 7:03
    Стив ми раскажа за една посебна случка
  • 7:03 - 7:06
    кога овој лекар се развикал
    на медицинскиот персонал.
  • 7:07 - 7:08
    Веднаш после случајот,
  • 7:08 - 7:12
    медицинскиот тим дале погрешна
    доза лекарства на пациент.
  • 7:13 - 7:17
    Стив рече дека информацијата
    била дадена на таблата
  • 7:17 - 7:20
    но, случајно никој не ја забележал.
  • 7:21 - 7:25
    Рече немале доволно внимание или
    свесност за да ја земат предвид.
  • 7:26 - 7:27
    Еднставна грешка, нели?
  • 7:28 - 7:29
    Е па, пациентот умрел.
  • 7:30 - 7:34
    Истаржувачите во Израел покажаа
  • 7:34 - 7:36
    дека медицински тимови
    изложени на грубости
  • 7:36 - 7:40
    работат многу полошо
    не само во дијагностиката
  • 7:40 - 7:42
    туку во нивната целокупна процедура.
  • 7:43 - 7:46
    Поради ова, тимот изложен на грубости
  • 7:46 - 7:48
    не споделувале лесно информации
  • 7:48 - 7:51
    и престанувале да бараат
    помош од соработниците.
  • 7:51 - 7:55
    Ова не се случува само во медицината
    туку во сите области.
  • 7:57 - 8:00
    Ако грубоста има толку висока цена,
  • 8:00 - 8:02
    зошто сè уште толку ја има?
  • 8:03 - 8:06
    Бев љубопитна и направивме анкета за ова.
  • 8:06 - 8:09
    Причината број еден е стресот.
  • 8:09 - 8:11
    Луѓето се чувствуваат напнати.
  • 8:12 - 8:15
    Друга причина зошто луѓето се груби
  • 8:15 - 8:17
    е затоашто се скептични, дури загрижени
  • 8:17 - 8:20
    ако се љубезни.
  • 8:20 - 8:23
    Сметаат дека ќе бидат помалку лидери.
  • 8:23 - 8:25
    Се прашуваат: дали добрите
    завршуваат последни?
  • 8:26 - 8:29
    Односно дали безобразните водат?
  • 8:29 - 8:30
    (Смеа)
  • 8:31 - 8:33
    Лесно е да се мисли така,
  • 8:33 - 8:36
    особено кога гледаме истакнати примери
  • 8:36 - 8:38
    кои преовладуваат во разговорите.
  • 8:38 - 8:41
    Испаѓа дека не е така.
  • 8:42 - 8:46
    Има обемни истражувања
    за ова од МекКал и Мајкл Ломбардо
  • 8:46 - 8:49
    додека престојуваа во
    Центарот за креативно лидерство.
  • 8:49 - 8:54
    Тие открија дека првата причина
    за неуспехот на лидерите
  • 8:54 - 8:57
    е безчувствителнотo, сурово
    и заканувачко однесување.
  • 8:58 - 9:03
    Секогаш ќе има некој кој успеал
    и покрај грубото однесување.
  • 9:03 - 9:04
    Иако порано или подоцна,
  • 9:04 - 9:07
    повеќето некултурни луѓе
    си го саботираат успехот.
  • 9:08 - 9:10
    На пример, некултурните директори,
  • 9:10 - 9:13
    самите се повредени кога се немоќни
  • 9:13 - 9:15
    или имаат потреба од нешто.
  • 9:15 - 9:17
    Луѓето нема да ги одбранат.
  • 9:18 - 9:20
    Но, што е со фините луѓе?
  • 9:20 - 9:21
    Дали се исплати учтивоста?
  • 9:21 - 9:23
    Да, секако.
  • 9:24 - 9:28
    Да се биде учтив, не значи дека си глупав.
  • 9:28 - 9:32
    Ако не деградираш некого,
    не значи дека го воздигнуваш.
  • 9:33 - 9:36
    Да се биде вистински учтив
    значи да правиш мали нешта,
  • 9:36 - 9:39
    да се насмевнеш и да ги поздравиш другите,
  • 9:39 - 9:42
    да слушаш внимателно
    кога некој ти зборува.
  • 9:42 - 9:44
    Може да се држите цврсто за својот став,
  • 9:44 - 9:49
    да не се согласувате, да сте во судир,
    да возвратите со негативен став,
  • 9:49 - 9:51
    но учтиво и културно.
  • 9:51 - 9:53
    Некои тоа го нарекуваат
    „радикална искреност“-
  • 9:53 - 9:55
    внимателни сте
  • 9:55 - 9:57
    но, директно се спротивставувате.
  • 9:58 - 10:00
    Значи, да-учтивоста се исплати.
  • 10:00 - 10:03
    Во една био-технолошка фирма,
    со колегите откривме
  • 10:03 - 10:05
    дека тие кои ги сметаа за учтиви,
  • 10:05 - 10:08
    двојно повеќе беа сметани за лидери
  • 10:08 - 10:10
    и подобро ја вршеа својата работа.
  • 10:11 - 10:13
    Зошто се исплати учтивоста?
  • 10:13 - 10:18
    Бидејќи луѓето ве гледаат како
    важна и моќна-
  • 10:18 - 10:22
    уникатна комбинација
    на две главни обележја:
  • 10:22 - 10:25
    срдечни и компетентни- љубезни и паметни.
  • 10:25 - 10:30
    Со други зборови, учтивоста
    не значи само мотивирање на другите.
  • 10:30 - 10:31
    Учтивоста е за вас.
  • 10:32 - 10:35
    Ако сте учтиви, повеќе ќе ве
    гледаат како лидер.
  • 10:35 - 10:38
    Подобро ќе работите, и ќе ве сметаат
    за срдечни и компетентни.
  • 10:40 - 10:43
    Но, има и подобра приказна
    за тоа колку се исплати учтивоста,
  • 10:43 - 10:47
    и е поврзана за едно од најважните
    прашања околу лидерството.
  • 10:48 - 10:51
    Што сакаат луѓето најмногу
    од својот лидер?
  • 10:52 - 10:56
    Собравме податоци од околу
    20.000 работници низ светот
  • 10:56 - 10:58
    и откривме дека одговорот е едноставен:
  • 10:59 - 11:00
    почит.
  • 11:01 - 11:04
    Да се биде третиран со почит е поважно
  • 11:04 - 11:06
    од признанијата или пофалбите,
  • 11:06 - 11:08
    корисните повратни информации,
  • 11:08 - 11:10
    дури и од можностите за учење.
  • 11:11 - 11:14
    Тие кои ја имале почитта биле поздрави,
  • 11:14 - 11:16
    пофокусирани,
  • 11:16 - 11:18
    со поголеми изгледи да останат
    во организацијата
  • 11:18 - 11:20
    и многу поангажирани.
  • 11:22 - 11:24
    Па, каде да се почне?
  • 11:24 - 11:28
    Како да ги воздигнете луѓето
    и да се чувствуваат почитувани?
  • 11:28 - 11:31
    Добрата страна е што тоа
    не бара голема промена.
  • 11:32 - 11:35
    Малите нешта можат да
    направат голема разлика.
  • 11:35 - 11:38
    Открив дека ако им се
    заблагодаруваме на луѓето,
  • 11:38 - 11:39
    ако покажуваме доверба,
  • 11:39 - 11:41
    слушаме внимателно,
  • 11:42 - 11:44
    скромно поставувуваме прашања,
  • 11:44 - 11:47
    ги прифаќаме и им се насмевнуваме
  • 11:47 - 11:48
    тогаш има влијание.
  • 11:49 - 11:53
    Патрик Квинлен, поранешен директор
    на Здравствените Системи Ознер
  • 11:53 - 11:56
    ми раскажа за ефектите
    од нивниот 10-5 начин,
  • 11:56 - 11:58
    каде ако сте оддалечени околу 3м од некој,
  • 11:58 - 12:01
    имате контакт со очите и се насмевнувате,
  • 12:01 - 12:03
    ако сте на 1.5м оддалеченост,
  • 12:03 - 12:04
    велите „Здраво“.
  • 12:05 - 12:07
    Тој вели дека учтивоста се шири
  • 12:07 - 12:10
    задовоството на пациентите расте
  • 12:10 - 12:12
    како и препораките на пациентите.
  • 12:13 - 12:17
    Учтивоста и почитта можат да се
    применат со цел да се подобри работата.
  • 12:18 - 12:24
    Кога мојот пријател Даг Конант стана
    директор на Компанијата Кемпел во 2001,
  • 12:24 - 12:27
    пласманот на нивните
    производи бил опаднат 50%.
  • 12:27 - 12:28
    Продажбата била намалена,
  • 12:28 - 12:31
    многумина биле отпуштени од работа.
  • 12:31 - 12:35
    Менаџерот на Галуп изјавил дека
    компанијата била една од најнеажурните
  • 12:35 - 12:36
    кои воопшто биле испитувани.
  • 12:37 - 12:40
    Кога Даг го почнал, на првиот работен ден,
  • 12:40 - 12:44
    забележал дека главните канцеларии
    биле заградени со жичани огради.
  • 12:44 - 12:47
    Имало стражарници на паркиралиштата.
  • 12:48 - 12:51
    Рече дека наликувало на затвор.
  • 12:51 - 12:53
    Страшно.
  • 12:55 - 12:58
    За пет дена Даг ги променил работите.
  • 12:58 - 13:02
    А за девет години, ги постигнале
    врвните рекорди во работењето
  • 13:02 - 13:05
    со бројни награди меѓу кои
    и за најдобро работно место.
  • 13:05 - 13:07
    Како го постигнал тоа?
  • 13:07 - 13:10
    Еден ден, Даг им рекол на вработените
  • 13:10 - 13:13
    дека ќе постави високи
    стандарди во работата,
  • 13:13 - 13:15
    но, на културен начин.
  • 13:15 - 13:18
    Исполнувал што ќе речел
    и го очекувал тоа и од соработниците.
  • 13:19 - 13:24
    За Даг, поентат била
    да биде строг за стандардите
  • 13:24 - 13:25
    но мек кон луѓето.
  • 13:26 - 13:29
    Според него, суштината
    била во допирните точки,
  • 13:29 - 13:33
    или дневните интеракции
    кои ги имал со вработените,
  • 13:33 - 13:37
    било по ходниците, кантината
    или на состаноците.
  • 13:37 - 13:40
    Ако успевал добро да се справи
    со овие допирни точки
  • 13:40 - 13:42
    тогаш вработените
    се чувствувале ценети.
  • 13:43 - 13:47
    Друг начин на кој Даг го правел ова,
  • 13:47 - 13:49
    и им покажал на вработените
    дека обрнува внимание-
  • 13:49 - 13:54
    -лично напишал над 30.000 картички
    со благодарност до вработените.
  • 13:55 - 13:57
    И со ова им дал пример на другите водачи.
  • 13:58 - 14:02
    Водачите имаат околу 400
    допирни точки од овој вид.
  • 14:02 - 14:06
    Повеќето не траат долго,
    помалку од 2 минути.
  • 14:06 - 14:10
    Решението е да се биде агилен
    и разумен во овие мигови.
  • 14:11 - 14:13
    Учтивоста ги воздигнува луѓето.
  • 14:13 - 14:17
    Луѓето ќе дадат повеќе и ќе
    функционираат на најдобар начин
  • 14:17 - 14:18
    ако сме учтиви.
  • 14:19 - 14:22
    Некултурата ја намалува функционалноста
    на луѓето и работата.
  • 14:22 - 14:24
    Им го одзема на луѓето потенцијалот,
  • 14:24 - 14:26
    дури и кога се трудат.
  • 14:27 - 14:31
    Моите истражувања покажаа дека ако
    имаме повеќе цивилизирани средини,
  • 14:31 - 14:37
    ние сме попродуктивни, покреативни,
    покорисни,посреќни и поздрави.
  • 14:37 - 14:39
    Можеме повеќе.
  • 14:39 - 14:42
    Секој од нас може да е поразумен
  • 14:43 - 14:46
    и може да дејствува за да
    ги воздигне останатите,
  • 14:46 - 14:49
    на работа, дома, на интернет,
  • 14:49 - 14:51
    во училиштата
  • 14:51 - 14:52
    и во нашите заедници.
  • 14:53 - 14:55
    Во секоја интеракција, размислете:
  • 14:56 - 14:58
    Кој сакате да бидете?
  • 14:58 - 15:01
    Да ставиме крај на нецивилизираноста
  • 15:01 - 15:03
    и да почнеме да шириме цивилизираност,
  • 15:03 - 15:06
    На крај, ќе се исплати.
  • 15:06 - 15:07
    Ви благодарам!
  • 15:07 - 15:10
    (Аплауз)
Title:
Зошто е добро за бизнисот ако сте љубезни со своите колеги
Speaker:
Кристин Порат
Description:

Сакате да да напредувате во вашата кариера? Почнете со тоа што ќе сте љубезни со колегите, вели Кристин Порат која истражува во доменот на лидерство. Во нејзиниот научно поткрепен говор, таа споделува интересно видување за цената на нељубезноста и покажува како малите гестови на почит можат да го поттикнат вашиот професионален успех и профитот на вашата компанија.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
15:24

Macedonian subtitles

Revisions