Return to Video

Симон Синек: Како големите лидери нè инспирираат да дејствуваме

  • 0:01 - 0:03
    Како ќе го објасните моментот
  • 0:03 - 0:05
    кога работите не одат како што сме претпоставиле?
  • 0:05 - 0:08
    Или подобро, како ќе го објасните тоа
  • 0:08 - 0:10
    кога другите постигнуваат работи
  • 0:10 - 0:12
    кои се чини дека се косат со сите претпоставки?
  • 0:12 - 0:14
    На пример:
  • 0:14 - 0:16
    Зошто е Епл толку иновативен?
  • 0:16 - 0:18
    Година по година, по година, по година,
  • 0:18 - 0:21
    тие се поиновативни за разлика од нивната конкуренција.
  • 0:21 - 0:23
    А сепак, тие се само една компјутерска компанија.
  • 0:23 - 0:25
    Тие се како и сите други.
  • 0:25 - 0:27
    Имаат пристап до истите таленти, истите
  • 0:27 - 0:30
    агенции, истите консултанти, истите медиуми.
  • 0:30 - 0:32
    Тогаш зошто се чини
  • 0:32 - 0:35
    дека тие имаат нешто поразлично?
  • 0:35 - 0:37
    Зошто токму Мартин Лутер Кинг
  • 0:37 - 0:39
    го предводеше Движењето за Граѓански Права?
  • 0:39 - 0:41
    Тој не бил единствениот човек
  • 0:41 - 0:43
    кој страдал во Америка пред појавата на граѓанските права,
  • 0:43 - 0:45
    и сигурно не бил единствениот голем оратор во тоа време.
  • 0:45 - 0:47
    Зошто токму тој?
  • 0:47 - 0:50
    И зошто токму браќата Рајт успеале
  • 0:50 - 0:53
    да го смислат првото летало управувано од човек
  • 0:53 - 0:55
    кога со сигурност имало и други тимови кои биле
  • 0:55 - 0:58
    подобро квалификувани, подобро финансирани ...
  • 0:58 - 1:01
    а тие не успеале да создадат летало,
  • 1:01 - 1:03
    и браќата Рајт ги победиле во трката.
  • 1:03 - 1:06
    Нешто друго игра улога овде.
  • 1:06 - 1:08
    Пред три и пол години дојдов
  • 1:08 - 1:10
    до едно откритие.
  • 1:10 - 1:13
    И ова откритие длабоко го промени
  • 1:13 - 1:16
    моето гледиште за тоа како функционира светот,
  • 1:16 - 1:18
    и дури длабоко го промени начинот на кој јас
  • 1:18 - 1:20
    функционирам во него.
  • 1:22 - 1:25
    Се испостави, дека има образец.
  • 1:25 - 1:27
    Се испостави, дека сите големи и инспиративни лидери
  • 1:27 - 1:29
    и организации во светот --
  • 1:29 - 1:32
    било да е Епл, Мартин Лутер Кинг или браќата Рајт --
  • 1:32 - 1:34
    тие сите мислат, дејствуваат и комуницираат
  • 1:34 - 1:36
    на еден исти начин.
  • 1:36 - 1:38
    Начин кој е целосно спротивен од
  • 1:38 - 1:40
    оној на сите други.
  • 1:40 - 1:42
    Јас само го декодирав,
  • 1:42 - 1:44
    и веројатно е наједноставната
  • 1:44 - 1:46
    идеја во светот.
  • 1:46 - 1:48
    Јас ја нарекувам златниот круг.
  • 1:56 - 1:59
    Зошто? Како? Што?
  • 1:59 - 2:01
    Оваа мала идеја објаснува
  • 2:01 - 2:03
    зошто некои организации и некои лидери
  • 2:03 - 2:05
    можат да го инспирираат она што другите не можат.
  • 2:05 - 2:07
    Дозволете да ги дефинирам термините набрзина.
  • 2:07 - 2:10
    Секоја личност, секоја организација на планетава
  • 2:10 - 2:12
    знае што прави,
  • 2:12 - 2:14
    100 проценти.
  • 2:14 - 2:16
    Некои знаат како го прават,
  • 2:16 - 2:18
    без оглед дали го нарекувате ваша диференцирана вредносна претпоставка
  • 2:18 - 2:21
    или ваш проприациски процес или ваш USP.
  • 2:21 - 2:24
    Но многу, многу малку луѓе или организации
  • 2:24 - 2:26
    знаат зошто го прават она што го прават.
  • 2:26 - 2:28
    И на "зошто" не мислам на "правење профит."
  • 2:28 - 2:30
    Тоа е резултат. Секогаш е резултат.
  • 2:30 - 2:32
    На "зошто," мислам на: Која е вашата цел?
  • 2:32 - 2:34
    Која е вашата кауза? Кое е вашето верување?
  • 2:35 - 2:38
    Зошто постои вашата организација?
  • 2:38 - 2:40
    Зошто станувате од кревет секое утро?
  • 2:40 - 2:43
    И зошто би требало на другите да им е гајле?
  • 2:43 - 2:45
    Начинот на кој мислиме, начинот на кој дејствуваме,
  • 2:45 - 2:47
    начинот на кој комуницираме е од надвор кон внатре.
  • 2:47 - 2:50
    Очигледно е. Одиме од најконкретната до најапстрактната работа.
  • 2:50 - 2:52
    Но инспиративните лидери
  • 2:52 - 2:54
    и инспиративните организации --
  • 2:54 - 2:57
    без оглед на нивната големина, без оглед на индустријата --
  • 2:57 - 2:59
    сите мислат, дејствуваат и комуницираат
  • 2:59 - 3:01
    одвнатре кон надвор.
  • 3:02 - 3:04
    Ќе ви дадам еден пример.
  • 3:04 - 3:07
    Го користам Епл бидејќи се лесни за разбирање и сите ги капираат.
  • 3:07 - 3:10
    Ако Епл беше како и сите други,
  • 3:10 - 3:13
    една маркетиншка порака од нив би гласела вака:
  • 3:13 - 3:16
    "Ние правиме одлични компјутери.
  • 3:16 - 3:18
    Тие се убаво дизајнирани, едноставни за употреба
  • 3:18 - 3:20
    и ракување.
  • 3:20 - 3:23
    Сакате да си купите еден?" "Маа."
  • 3:23 - 3:25
    Вака комуницираат повеќето од нас.
  • 3:25 - 3:27
    На овој начин повеќето реклами се направени, на овој начин се вршат повеќето продажби
  • 3:27 - 3:29
    и вака комуницираат повеќето од нас на интерперсонално ниво.
  • 3:29 - 3:32
    Кажуваме што правиме, кажуваме како сме поразлични или како сме подобри
  • 3:32 - 3:34
    и очекуваме одредено однесување,
  • 3:34 - 3:36
    купување, глас, нешто слично.
  • 3:36 - 3:38
    Ова е нашата нова адвокатска канцеларија:
  • 3:38 - 3:40
    Ние ги имаме најдобрите адвокати со најзначајните клиенти,
  • 3:40 - 3:42
    секогаш го даваме максимумот за нашите клиенти кои ни се верни.
  • 3:42 - 3:44
    Ова е нашата нова кола:
  • 3:44 - 3:47
    Има одлична потрошувачка, кожни седишта, купете ја нашата кола.
  • 3:47 - 3:49
    Но ова е неиспиративно.
  • 3:49 - 3:52
    Еве како всушност Епл комуницира.
  • 3:53 - 3:55
    "Кога нешто правиме,
  • 3:55 - 3:58
    ние веруваме во промена на постечката ситуација.
  • 3:58 - 4:01
    Веруваме во поинакво размислување.
  • 4:01 - 4:03
    Постоечката ситуација ја менуваме
  • 4:03 - 4:06
    на тој начин што правиме убаво дизајнирани продукти,
  • 4:06 - 4:08
    кои се едноставни за употреба и ракување.
  • 4:08 - 4:11
    Едноставно правиме одлични компјутери.
  • 4:11 - 4:13
    Сакате да си купите еден?"
  • 4:13 - 4:16
    Сосема поразлично така? Вие сте спремни да купите компјутер од мене.
  • 4:16 - 4:18
    Јас само го променив редоследот на информации.
  • 4:18 - 4:21
    Ова ни покажува дека луѓето не го купуваат она што го правите;
  • 4:21 - 4:23
    туку причината поради која го правите.
  • 4:23 - 4:25
    Луѓето не ги интересира што правите; ги интересира зошто го правите.
  • 4:25 - 4:27
    Ова објаснува зошто
  • 4:27 - 4:29
    за секоја личност од просторијава
  • 4:29 - 4:32
    е сосема океј да си купи компјутер од Епл.
  • 4:32 - 4:34
    Но ние исто така многу лесно купуваме
  • 4:34 - 4:37
    MP3 плејер од Епл, телефон од Епл
  • 4:37 - 4:39
    или пак DVR од Епл.
  • 4:39 - 4:41
    Но, како што реков претходно, Епл е само една компјутерска компанија.
  • 4:41 - 4:43
    Нема нешто што ги прави поразлични
  • 4:43 - 4:45
    на структурно ниво од нивната конкуренција.
  • 4:45 - 4:48
    Нивните конкуренти се еднакво квалификувани за да ги изработат овие продукти.
  • 4:48 - 4:50
    Всушност, тие и се обиделе.
  • 4:50 - 4:53
    Пред неколку години, Гејтвеј излезе со телевизор со рамен екран.
  • 4:53 - 4:55
    Тие се високо квалификувани за да направт телевизор со рамен екран.
  • 4:55 - 4:58
    Правеа монитори со рамен екран со години.
  • 4:58 - 5:00
    Никој не им ги купуваше.
  • 5:05 - 5:08
    Дел излезе со MP3 плејери и рачни компјутери,
  • 5:08 - 5:10
    и тие прават висококвалитетни продукти,
  • 5:10 - 5:13
    и тие можат да направат совршено добро дизајнирани продукти --
  • 5:13 - 5:15
    и пак никој не им ги купуваше.
  • 5:15 - 5:17
    Всушност, додека сме кај тоа, денес не можеме ни да замислиме
  • 5:17 - 5:19
    да купиме MP3 плејер од Дел.
  • 5:19 - 5:21
    Зошто би купиле MP3 плејер од компјутерска компанија?
  • 5:21 - 5:23
    Но ние тоа го правиме секој ден.
  • 5:23 - 5:25
    Луѓето не ги интересира што правите; ги интересира зошто го правите
  • 5:25 - 5:27
    Целта не е да правите бизнис
  • 5:27 - 5:30
    со секој на кого му треба она што го имаш.
  • 5:31 - 5:33
    Целта е да правиш бизнис со луѓе
  • 5:33 - 5:36
    кои веруваат во она во што ти веруваш.
  • 5:36 - 5:38
    Еве го најдобриот дел:
  • 5:38 - 5:40
    Ова што ќе ви го кажам не е мое мислење.
  • 5:40 - 5:43
    Сè е засновано на принципите на биологијата.
  • 5:43 - 5:45
    Не на психологијата, на биологијата.
  • 5:45 - 5:48
    Ако го погледнете човечкиот мозок напречно, одозгора на надолу,
  • 5:48 - 5:50
    ќе видите дека човечкиот мозок е всушност поделен
  • 5:50 - 5:52
    на три поголеми компоненти
  • 5:52 - 5:55
    кои совршено се поврзани со златниот круг.
  • 5:55 - 5:58
    Нашиот најнов мозок, нашиот Хомо сапиенски мозок,
  • 5:58 - 6:00
    нашиот неокорткес,
  • 6:00 - 6:02
    одговара на нивото "што."
  • 6:02 - 6:04
    Неокортексот е одговорен за сета наша
  • 6:04 - 6:06
    рационална и аналитичка мисла
  • 6:06 - 6:08
    и јазик.
  • 6:08 - 6:11
    Средните два дела го сочинуваат лимбичкиот систем,
  • 6:11 - 6:14
    а лимбичкиот мозок е одговорен за сите наши чувства,
  • 6:14 - 6:17
    како довербата и лојалноста.
  • 6:17 - 6:19
    Исто така е одговорен за сето човечко однесување,
  • 6:19 - 6:21
    донесувањето на одлуки,
  • 6:21 - 6:24
    и притоа нема капацитет за јазик.
  • 6:24 - 6:27
    Со други зборови, кога комуницираме однадвор кон внатре,
  • 6:27 - 6:30
    да, луѓето можат да сфатат големи количини на сложени информации
  • 6:30 - 6:33
    како што се карактеристики, поволности, факти и броеви.
  • 6:33 - 6:35
    Ама ова едноставно не го покренува однесувањето.
  • 6:35 - 6:37
    Кога комуницираме одвнатре кон надвор,
  • 6:37 - 6:39
    ние му се обраќаме директно на мозокот
  • 6:39 - 6:41
    кој го контролира однесувањето,
  • 6:41 - 6:43
    а потоа им дозволуваме на луѓето да го рационализираат
  • 6:43 - 6:45
    со конкретните работи што ги кажуваме и правиме.
  • 6:45 - 6:47
    Одовде потекнуваат интуитивните одлуки.
  • 6:47 - 6:49
    Знаете, некогаш на некого можете да му ги дадете
  • 6:49 - 6:51
    сите факти и броеви,
  • 6:51 - 6:53
    а они ви викаат, "Знам што ми кажуваат сите факти и детали,
  • 6:53 - 6:55
    но едноставно нешто не ми штима."
  • 6:55 - 6:58
    Зошто го користиме тој глагол, некако не ми "штима"?
  • 6:58 - 7:00
    Бидејќи делот од мозокот кој го контролира донесувањето одлуки
  • 7:00 - 7:02
    не го контролира јазикот.
  • 7:02 - 7:05
    И најдобро што можеме е да кажеме е, "Не знам. Едноставно не ми штима."
  • 7:05 - 7:07
    Или некогаш велите дека ве води срцето,
  • 7:07 - 7:09
    или дека ве води душата.
  • 7:09 - 7:11
    Епа, мразам што ќе ве разочарам, но тие делови од телото
  • 7:11 - 7:13
    не го контролираат вашето однесување.
  • 7:13 - 7:15
    Сè се случува овде во лимбичкиот систем,
  • 7:15 - 7:18
    делот од мозокот кој е одговорен за донесувањето на одлуки, а не за јазикот.
  • 7:18 - 7:21
    Но ако не знаете зошто го правите она што го правите,
  • 7:21 - 7:24
    а луѓето ве прашуваат зошто го правиш тоа што го правиш,
  • 7:24 - 7:27
    тогаш како ќе ги натерате луѓето
  • 7:27 - 7:29
    да гласаат за вас, или да купат нешто од вас,
  • 7:29 - 7:31
    или, поважно, да бидат лојални
  • 7:31 - 7:34
    и да сакаат да бидат дел од она што го правите.
  • 7:34 - 7:37
    Повторно, целта не е само да им продавате на луѓе на кои им треба она што го имате;
  • 7:37 - 7:40
    целта е да им продавате на луѓе кои веруваат во она во што вие верувате.
  • 7:40 - 7:42
    Целта не е само да вработите луѓе
  • 7:42 - 7:44
    на кои им треба работа;
  • 7:44 - 7:47
    Туку да вработите луѓе кои веруваат во вашите верувања.
  • 7:47 - 7:50
    Секогаш кажувам, знаете,
  • 7:52 - 7:55
    ако вработите луѓе само поради тоа што можат да завршат работа, тие ќе ви работат за парите,
  • 7:55 - 7:57
    но ако вработите луѓе кои веруваат во вашите идеи,
  • 7:57 - 7:59
    тие ќе работат за вас со крв, пот и со солзи.
  • 7:59 - 8:01
    И нема подобар пример за ова од оној
  • 8:01 - 8:03
    со браќата Рајт.
  • 8:03 - 8:06
    Повеќето луѓе не слушнале за Семјуел Пјерпонт Ленгли.
  • 8:06 - 8:09
    Во раните години од 20-тиот век,
  • 8:09 - 8:12
    трката за првиот авионски лет била многу жестока.
  • 8:12 - 8:14
    Сите се обидувале.
  • 8:14 - 8:17
    А Семјуел Пјерпонт Ленгли го имал, тоа е наша претпоставка,
  • 8:17 - 8:20
    рецептот за успех.
  • 8:20 - 8:22
    Мислам, дури и сега, ако ги прашате луѓето,
  • 8:22 - 8:24
    "Зошто вашиот продукт или зошто вашата компанија пропадна?,"
  • 8:24 - 8:26
    тие секогаш ви ја даваат истата пермутација
  • 8:26 - 8:28
    од истите три нешта:
  • 8:28 - 8:31
    недостаток на финансии, погрешни луѓе, лоши услови на пазарот.
  • 8:31 - 8:34
    Секогаш се истите три нешта, па ајде да го разгледаме тоа.
  • 8:34 - 8:36
    На Семјуел Пјерпонт Ленгли
  • 8:36 - 8:39
    му биле дадена 50.000 долари од Воениот Оддел
  • 8:39 - 8:41
    за да склопи летачка машина.
  • 8:41 - 8:43
    Парите не биле проблем.
  • 8:43 - 8:45
    Имал позиција на Харвард
  • 8:45 - 8:48
    и работел во Смитсонијан и имал многу јаки врски;
  • 8:48 - 8:50
    ги знаел сите големи умови во тоа време.
  • 8:50 - 8:52
    Ги најмил најдобрите умови
  • 8:52 - 8:54
    што можел да ги најде,
  • 8:54 - 8:56
    а условите на пазарот биле фантастични.
  • 8:56 - 8:59
    Њујорк Тајмс го следеле каде и да одел
  • 8:59 - 9:01
    и имал поддршка од сите.
  • 9:01 - 9:04
    Тогаш зошто никогаш не сме слушнале за Семјуел Пјерпонт Ленгли?
  • 9:04 - 9:07
    На неколку стотици милји оддалеченост во Дејтон Охајо,
  • 9:07 - 9:09
    Орвел и Вилбур Рајт,
  • 9:09 - 9:11
    тие немале ништо од она што го сметаме
  • 9:11 - 9:13
    како рецепт за успехот.
  • 9:13 - 9:15
    Немале пари;
  • 9:15 - 9:18
    за нивниот сон издвојувале од приходите од нивната работилница за велосипеди;
  • 9:18 - 9:20
    ниту еден во тимот на браќата Рајт
  • 9:20 - 9:22
    немал факултетско образование,
  • 9:22 - 9:24
    ниту Орвел, ниту Вилбур;
  • 9:24 - 9:27
    а Њујорк Тајмс воопшто не им посветил внимание.
  • 9:27 - 9:29
    Разликата била во тоа,
  • 9:29 - 9:31
    што Орвел и Вилбур биле водени од кауза,
  • 9:31 - 9:33
    имале цел, имале верување.
  • 9:33 - 9:35
    Тие верувале дека ако
  • 9:35 - 9:37
    успеат да создадат летечка машина,
  • 9:37 - 9:40
    дека тоа ќе го смени текот на светските настани.
  • 9:40 - 9:42
    Семјуел Пјерпонт Ленгли бил поинаков.
  • 9:42 - 9:45
    Тој сакал да биде богат, и сакал да биде познат.
  • 9:45 - 9:47
    Тој трагал по резултатот.
  • 9:47 - 9:49
    Трагал по богатствата.
  • 9:49 - 9:52
    И погледнете што се случило.
  • 9:52 - 9:54
    Луѓето кои верувале во сонот на браќата Рајт
  • 9:54 - 9:57
    работеле за нив со крв, пот и со солзи.
  • 9:57 - 9:59
    Другите работеле само за ќешот.
  • 9:59 - 10:02
    И има приказни дека секогаш кога браќата Рајт излегувале на терен,
  • 10:02 - 10:04
    со себе морале да носат пет комплети на делови,
  • 10:04 - 10:06
    бидејќи толку пати се уривале
  • 10:06 - 10:08
    пред да отидат на вечера.
  • 10:09 - 10:12
    И, најпосле, на 17ти Декември, 1903,
  • 10:12 - 10:15
    браќата Рајт полетале,
  • 10:15 - 10:17
    а таму немало никој за да го доживее тоа.
  • 10:17 - 10:20
    За тоа дознавме неколку дена подоцна.
  • 10:21 - 10:23
    И уште еден доказ дека Ленгли
  • 10:23 - 10:25
    го интересирало нешто друго:
  • 10:25 - 10:28
    Денот кога браќата Рајт полетале, тој се откажал.
  • 10:28 - 10:30
    Можел да рече,
  • 10:30 - 10:32
    "Ова е неверојатно откритие, дечки,
  • 10:32 - 10:35
    сакам да ја усовршам вашата технологија," но не рекол.
  • 10:35 - 10:37
    Не бил прв, не станал богат,
  • 10:37 - 10:39
    не станал познат, па затоа се откажал.
  • 10:39 - 10:42
    Луѓето не ги интересира што правите; ги интересира зошто го правите
  • 10:42 - 10:44
    И ако зборувате за она во што верувате,
  • 10:44 - 10:47
    тогаш ќе ги привлечите оние кои веруваат во вашите верувања.
  • 10:47 - 10:50
    Но зошто е важно да ги привлечите оние кои веруваат во вашите верувања?
  • 10:52 - 10:54
    Нешто кое се нарекува закон за ширење на иновацијата,
  • 10:54 - 10:57
    а ако не го знаете законот, тогаш со сигурност ви е позната терминологијата.
  • 10:57 - 11:00
    Првите два и пол проценти од нашата популација
  • 11:00 - 11:02
    се нашите иноватори.
  • 11:02 - 11:05
    Следните 13 и пол проценти од популацијата
  • 11:05 - 11:07
    се нашите рани прифаќачи.
  • 11:07 - 11:09
    Следните 34 проценти се раното мнозинство,
  • 11:09 - 11:12
    доцното мнозинство и старомодните.
  • 11:12 - 11:15
    Последниве ќе купат телефон со копчиња само доколку
  • 11:15 - 11:17
    го исфрлат од продажба оној со тркалото.
  • 11:17 - 11:19
    (Смеа)
  • 11:19 - 11:22
    Сите ние во различни времиња се наоѓаме на различни места од оваа скала,
  • 11:22 - 11:25
    но законот за ширење на иновацијата ни кажува
  • 11:25 - 11:28
    дека ако саката огромен успех на пазарот
  • 11:28 - 11:30
    или ако сакате на големо да ви ја прифатат идејата,
  • 11:30 - 11:32
    тогаш тоа ќе се случи
  • 11:32 - 11:34
    кога ќе ја достигнете оваа критична точка
  • 11:34 - 11:37
    помеѓу 15 и 18 проценти навлезеност во пазарот,
  • 11:37 - 11:40
    е тогаш системот ви е разработен.
  • 11:40 - 11:43
    Сакам да ги прашувам компаниите, "Колкав процент на купци досега имате?
  • 11:43 - 11:45
    А тие гордо ми кажуваат, "A, па веќе околу 10 проценти."
  • 11:45 - 11:47
    Епа, секој може да дојде до 10% потрошувачи.
  • 11:47 - 11:49
    Сите ние ги имаме тие 10% кои напросто "капираат."
  • 11:49 - 11:51
    Така ги опишуваме, така?
  • 11:51 - 11:53
    Тоа е како она инстинктивно чувство, "А, они едноставно капираат"
  • 11:53 - 11:56
    Проблемот е следен: Како да ги најдете оние кои капираат
  • 11:56 - 11:59
    пред да правите бизнис со нив, наспроти оние кои не капираат?
  • 11:59 - 12:01
    Значи, зборувам за ова, за овој мал простор измеѓу
  • 12:01 - 12:03
    кој морате да го пополните,
  • 12:03 - 12:05
    како што вели Џефри Мур, "да ја прескокнеш пропаста."
  • 12:05 - 12:07
    Затоа што, знаете, раното мнозинство
  • 12:07 - 12:09
    нема да проба нешто
  • 12:09 - 12:11
    додека некој друг
  • 12:11 - 12:13
    тоа веќе не го испробал.
  • 12:13 - 12:16
    А овие другите, иноваторите и раните прифаќачи,
  • 12:16 - 12:18
    тие се многу слободни во донесувањето на интуитивните одлуки.
  • 12:18 - 12:21
    Тие се многу послободни во донесувањето на оние интуитивни одлуки
  • 12:21 - 12:24
    кои произлегуваат од нивните лични верувања за светот,
  • 12:25 - 12:27
    а не едноставно поради достапноста на производот на пазарот.
  • 12:27 - 12:29
    Тоа се оние луѓе кои стоеја шест часа во редица
  • 12:29 - 12:31
    за да си купат ајФон кога истиот се појави во продавниците,
  • 12:31 - 12:33
    иако можеа, едноставно, да отидат во продавницата следната недела
  • 12:33 - 12:35
    и да си земат еден ајФон од полицата.
  • 12:35 - 12:37
    Овие луѓе потрошија 40.000 долари
  • 12:37 - 12:40
    за ТВ со рамен екран, во првиот, моментот кога се појавија
  • 12:40 - 12:43
    иако технологијата на изработка беше потпросечна.
  • 12:43 - 12:45
    Запамтете, тие не купувале телевизори
  • 12:45 - 12:47
    заради одличната технологија.
  • 12:47 - 12:49
    Туку заради себе.
  • 12:49 - 12:51
    Затоа што сакале да бидат први.
  • 12:51 - 12:53
    Луѓето не купуваат што правите; ја купуваат причината поради која го правите.
  • 12:53 - 12:55
    А она што правите едноставно
  • 12:55 - 12:57
    потврдува во што верувате.
  • 12:57 - 12:59
    Факт е дека луѓето го прават она
  • 12:59 - 13:01
    што им ги потврдува уверувањата.
  • 13:01 - 13:03
    Причината поради која оваа личноста купила ајФон
  • 13:03 - 13:06
    во текот на првите шест часа од продажбата,
  • 13:06 - 13:08
    и стоела шест часа во редот
  • 13:08 - 13:10
    е нејзиниот светоглед,
  • 13:10 - 13:12
    и тоа како сака да биде видена.
  • 13:12 - 13:14
    Тие биле први.
  • 13:14 - 13:16
    Луѓето не купуваат што правите; ја купуваат причината поради која го правите.
  • 13:16 - 13:18
    Дозволете да ви предочам еден познат пример,
  • 13:18 - 13:20
    еден познат неуспех и еден познат успех,
  • 13:20 - 13:22
    за законот за ширење на иновациите.
  • 13:22 - 13:24
    Најпрвин, познатиот неуспех,
  • 13:24 - 13:26
    Во прашање е еден комерцијален пример.
  • 13:26 - 13:28
    Како што утврдивме претходно, пред една секунда,
  • 13:28 - 13:31
    рецептот за успех се состои од пари, вистински луѓе и соодветни пазарни услови.
  • 13:31 - 13:33
    Во ред. Тогаш би требало да успеете.
  • 13:33 - 13:35
    Погледнете го Тиво.
  • 13:35 - 13:37
    Од кога се појави Тиво, пред околу осум или девет години,
  • 13:37 - 13:39
    до ден денешен,
  • 13:39 - 13:42
    тие се единствениот висококвалитетен продукт на пазарот,
  • 13:42 - 13:45
    им симнувам капа, нема муабет.
  • 13:45 - 13:47
    Беа особено добро финансирани.
  • 13:47 - 13:49
    Условите на пазарот беа фантастични.
  • 13:49 - 13:51
    Мислам, Тиво го користиме како глагол.
  • 13:51 - 13:54
    Постојано Тивувам разни ствари на мојот скапан Тајм Ворнер DVR.
  • 13:57 - 13:59
    Меѓутоа, Тиво е комерцијален неуспех.
  • 13:59 - 14:01
    Никогаш не направија пари.
  • 14:01 - 14:03
    И кога стартуваа со почетната јавна понуда
  • 14:03 - 14:05
    цената на нивните акции беше околу 30 или 40 долари,
  • 14:05 - 14:07
    а потоа драстично падна и никогаш не беше тргувана над 10.
  • 14:07 - 14:10
    Всушност, мислам дека не беше тргувана за повеќе од шест,
  • 14:10 - 14:12
    со исклучок во неколку наврати.
  • 14:12 - 14:14
    А тоа е така бидејќи, кога Тиво го лансираше својот продукт,
  • 14:14 - 14:17
    кажа сè што имаше да каже.
  • 14:17 - 14:20
    Рекоа, "Имаме продукт кој ги паузира ТВ програмите во живо,
  • 14:20 - 14:23
    ги прескокнува рекламите, ги премотува назад емисиите кои одат во живо
  • 14:23 - 14:25
    и ги памти вашите гледачки навики
  • 14:25 - 14:28
    дури и без ваше барање."
  • 14:28 - 14:30
    Циничното мнозинство рече,
  • 14:30 - 14:32
    "Не ви веруваме.
  • 14:32 - 14:34
    Не ни треба. Не ни се допаѓа.
  • 14:34 - 14:36
    Нè плашите."
  • 14:36 - 14:38
    А што ќе беше да речеа,
  • 14:38 - 14:40
    "Ако сте личност
  • 14:40 - 14:43
    која сака да има целосна контрола
  • 14:43 - 14:46
    врз секој аспект од животот,
  • 14:46 - 14:49
    епа, тогаш ние го имаме вистинскиот продукт за вас.
  • 14:49 - 14:51
    Ги паузира ТВ програмите во живо, прескокнува реклами,
  • 14:51 - 14:54
    ги памти вашите гледачки навики, итн, итн."
  • 14:54 - 14:56
    Луѓето не купуваат што правите; ја купуваат причината поради која го правите.
  • 14:56 - 14:58
    А она што правите едноставно служи како
  • 14:58 - 15:00
    доказ во што верувате.
  • 15:00 - 15:03
    Сега ќе ви дадам еден успешен пример
  • 15:03 - 15:06
    за законот за ширење на иновациите.
  • 15:06 - 15:09
    Летото 1963.,
  • 15:09 - 15:11
    250.000 луѓе се појавиле
  • 15:11 - 15:13
    на шеталиштето во Вашингтон
  • 15:13 - 15:15
    за да го слушнат говорот на др. Кинг.
  • 15:16 - 15:19
    Никој не им испратил покани,
  • 15:19 - 15:22
    не постоел веб-сајт за потврда на датумот.
  • 15:22 - 15:24
    Како се постигнува тоа?
  • 15:24 - 15:26
    Епа, др. Кинг не бил единствениот човек во Америка
  • 15:26 - 15:28
    кој имал извонредни ораторски способности.
  • 15:28 - 15:30
    Тој не бил единствениот човек во Америка кој страдал
  • 15:30 - 15:32
    поради немањето на граѓански права.
  • 15:32 - 15:35
    Всушност, некои негови идеи биле лоши.
  • 15:35 - 15:37
    Но, имал дарба.
  • 15:37 - 15:40
    Тој не одел наоколу говорејќи им на луѓето што треба да се смени во Америка.
  • 15:40 - 15:42
    Тој одел наоколу и им кажувал во што верува.
  • 15:42 - 15:44
    "Јас верувам. Јас верувам. Јас верувам,"
  • 15:44 - 15:46
    им велел на луѓето.
  • 15:46 - 15:48
    А луѓето кои верувале во она во што тој верувал
  • 15:48 - 15:50
    го презеле неговото движење и го направиле свое,
  • 15:50 - 15:52
    и ги убедувале луѓето.
  • 15:52 - 15:54
    А некои од овие луѓе создале механизми
  • 15:54 - 15:56
    за пренесување на идејата до уште повеќе луѓе.
  • 15:56 - 15:58
    И видете чудо,
  • 15:58 - 16:00
    250.000 луѓе се појавиле
  • 16:00 - 16:03
    во вистинскиот ден, вистинскиот час,
  • 16:03 - 16:05
    за да го слушнат неговиот говор.
  • 16:05 - 16:08
    Колку луѓе дошле заради него?
  • 16:09 - 16:11
    Нула.
  • 16:11 - 16:13
    Тие дошле заради себе.
  • 16:13 - 16:15
    Заради своите верувања за Америка
  • 16:15 - 16:18
    тие патувале осум часа во автобус,
  • 16:18 - 16:21
    за да стојат во врелиот Вашингтон среде август.
  • 16:21 - 16:24
    Заради она во што верувале, а не било во прашање црни наспроти бели.
  • 16:24 - 16:27
    25 проценти од публиката биле белци.
  • 16:27 - 16:29
    Др. Кинг верувал дека
  • 16:29 - 16:31
    постојат два вида закони на овој свет,
  • 16:31 - 16:33
    оние создадени од страна на семоќен авторитет
  • 16:33 - 16:35
    и оние создадени од страна на човекот.
  • 16:35 - 16:38
    И кога сите закони создадени од страна на човекот
  • 16:38 - 16:40
    ќе се услогласат со законите создадени од страна на семоќниот авторитет,
  • 16:40 - 16:42
    дури тогаш ќе живееме во праведен свет.
  • 16:42 - 16:44
    Сосема случајно Движењето за Граѓански Права
  • 16:44 - 16:47
    беше токму она што му треба за
  • 16:47 - 16:49
    да си ја оствари неговата кауза.
  • 16:49 - 16:52
    Ние го следевме, не заради него, туку заради самите себе.
  • 16:52 - 16:54
    И, патем, тој велеше "Јас имам сон,"
  • 16:54 - 16:56
    а не велеше "Јас имам план."
  • 16:56 - 17:00
    (Смеа)
  • 17:00 - 17:03
    Слушнете ги денешниве политичари со нивните сеопфатни планови во 12 точки.
  • 17:03 - 17:05
    Тие никого не инспирираат.
  • 17:05 - 17:08
    Затоа што постојат водачи и оние кои водат.
  • 17:08 - 17:10
    Водачите имаат позиција на моќ
  • 17:10 - 17:12
    или авторитет,
  • 17:12 - 17:15
    а оние кои водат нè инспирираат.
  • 17:16 - 17:18
    Било тоа да се поединци или организации,
  • 17:18 - 17:20
    ние ги следиме оние кои водат,
  • 17:20 - 17:22
    не затоа што мораме,
  • 17:22 - 17:25
    туку затоа што сакаме.
  • 17:25 - 17:28
    Ги следиме оние кои водат, не заради нив,
  • 17:28 - 17:30
    туку заради самите нас.
  • 17:30 - 17:33
    И оние кои почнуваат со "зошто"
  • 17:33 - 17:35
    се оние кои имаат способност
  • 17:35 - 17:37
    да ги инспирираат другите околу себе
  • 17:37 - 17:40
    или ќе најдат други за да инспирираат некои трети.
  • 17:40 - 17:42
    Ви благодарам многу.
  • 17:42 - 17:44
    (Аплауз)
Title:
Симон Синек: Како големите лидери нè инспирираат да дејствуваме
Speaker:
Simon Sinek
Description:

Симон Синек има едноставен, но моќен модел за инспиративното лидерство кој започнува со еден златен круг и со прашањето "Зошто?" Во неговите примери се вклучени Епл, Мартин Лутер Кинг и браќата Рајт -- и како противтеза Тиво, на кој (се до неодамнешната победа на суд која за трипати му ги зголеми акциите) се чинеше дека не му оди како што треба.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:44

Macedonian subtitles

Revisions