YouTube

Got a YouTube account?

New: enable viewer-created translations and captions on your YouTube channel!

Macedonian subtitles

← Ривс за четири наутро.

Поетот Ривис раскажува лирично оригами, виткајќи ја историјата во серија случајни настани кои се однесуваат на тој најчуден час, четири наутро.

Get Embed Code
40 Languages

Subtitles translated from English Showing Revision 1 created 10/04/2010 by Novica Nakov.

  1. Ова е скорашен стрип од Лос Анџелес Тајмс.
  2. Поентата?
  3. „Од дргута страна, не мора да станувам во четири
  4. наутро секој ден за да го молзам мојот лабрадор.“
  5. Ова е скорашна насловна на магазинот Њу Јорк.
  6. Најдобрите болници каде докторите велат дека ќе одат за лекување за рак,
  7. пораѓање, удари, срцеви болести, замена на колк, итни случаи во 4 наутро.
  8. А ова е микс од песни што го составив --
  9. (Музика)

  10. Забележувате дека четири наутро е станат

  11. некаков вид на меме, кратенка?
  12. Значи дека сте будни во најлошиот можен час.
  13. (Смеа)

  14. Време за незгодни, несреќни случки, копнежи.

  15. Време за заговарање на убиство на шефот на полицијата,
  16. како во оваа класична сцена од „Кум“.
  17. Сценариото на Копола ги опишува овие момци како „Изморени, во кошули.
  18. Во четири часот наутро.“
  19. (Смеа).

  20. Време за уште погрозни работи од тоа,

  21. како аутопсии и балсамирање во книгата на Изабел Аљенде
  22. „Куќа на духовите“.
  23. Откако убавата зеленокоса Роза е убиена,
  24. докторите ја премачкуваат со масло и мртовечка паста.
  25. Работеа до четири наутро.
  26. Време за уште погрозни работи од тоа,

  27. како во бројот на Њу Јоркер од минатиот април,
  28. овој краток расказ од Мартин Амис
  29. започнува со, „На 11 септември 2001, ги отвори очите
  30. во четири наутро, во Портланд, Мејн,
  31. и последниот ден на Мохамед Ата започна“.
  32. За време кое го сметам за најмирно
  33. и без настани, четири наутро добива прилично
  34. лош публицитет --
  35. (Смеа)

  36. низ многу различни медиуми и од многу звучни имиња.

  37. Тоа ме направи сомничав.
  38. Си мислам, секако некои од најкреативните уметници во светот сигурно
  39. не се навраќаат на ова едноставно клише
  40. како ти е да го измислиле?
  41. Можно ли е нешто друго да се крие тука?
  42. Нешто намерно, нешто тајно,
  43. и кој го започна овој лош глас за четири наутро, на крајот на краиштата?
  44. Велам, тоа е овој човек -- Алберто Џакомети, прикажан тука
  45. со некои свои склуптури на банкнотата од 100 швајцарски франци.
  46. Тој го започна ова со неговото познато дело
  47. од Музејот на современа уметнсот во Њу Јорк.
  48. Неговото име -- „Палатата во четири наутро --
  49. (Смеа)

  50. 1932.

  51. Ова не е само најраната шифрирана референца
  52. за четири наутро што може да се најде.
  53. Верувам дека оваа т.н. прва надреална склуптура
  54. може да даде неверојатено значење за речиси
  55. секоја артистичка интерпретација за четири наутро што следи.
  56. Го нарекувам ова кодот на Џакомети, екслузивно на TED.
  57. Слободно следете со вашите мобилни телефони
  58. ако ги имате.
  59. Оди отприлика вака. Ова е скорешно пребарување на Гугл

  60. за четири наутро.
  61. Резултатите вариират, секако. Тоа е доста типично.
  62. Во првите 10 резултати
  63. четири се за песната на Фарон Јанг „Четири наутро е“,
  64. три се за филмот на Џуди Денч „Четири наутро“,
  65. еден е за поемата „Четири наутро“ на Вислава Сцимборска.
  66. Но што имаат заедничко полски поет, британска дама
  67. и музичар од салата на славните
  68. освен овој супер ранк на Гугл?
  69. Па, да започнеме со Фарон Јанг, кој инцидентно е роден

  70. во 1932.
  71. (Смеа)

  72. Во 1996, се застрела на 9 декември --

  73. што инцидентно е роденденот на Џуди Денч.
  74. (Смеа)

  75. Но не умре на нејзиниот роденден.

  76. Живееше до следното попланде кога конечно подлегна на
  77. наводно само-предизвиканата рана од пиштол на 64 години --
  78. што, инцидентно, е доживеаната возраст на Алберто Џакомети.
  79. Каде беше Вислава Сцимборска за време на сето ова?

  80. Таа го има најсилното алиби на светот.
  81. На тој ист ден, 10 декември 1996 додека г-дин Четири наутро,
  82. Фарон Јанг, умираше во Нешвил, Тенеси,
  83. г-ца Четири наутро - или барем една од нив - Вислава Сцимборска
  84. беше во Стокхолм, Шведска на врачувањето на Нобеловата награда за литература.
  85. 100 години до денот на смртта на Алфред Нобел.
  86. Случајност? Не. Морничаво е.
  87. (Смеа)

  88. Случајност за мене е многу попроста магија.

  89. Тоа е како да Ви велам,
  90. „Еј, знаете дека Нобеловата награда е воспоставена во 1901,
  91. истата година кога е роден Алберто Џакомети?“
  92. Не, сѐ се вклопува елегантно во парадигмата,
  93. но тоа не значи дека нема нешто сомнително
  94. на највисоките можни нивоа.
  95. Всушност има луѓе во собава
  96. кои можеби не сакаат да Ви го покажам клипов што ќе го видиме.
  97. (Смеа)

  98. Видео: Имаме тениско игралиште, базен, кино --

  99. Сакате да речете дека ако сакам кременадли, дури и во ниедно време,
  100. Вашиот човек ќе ги зготви?
  101. Да, затоа е платен.

  102. Сега, дали Ви требаат крпи, облека, служавки?
  103. Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај - да расчистиме.

  104. Божиќ е, четири наутро
  105. Стомакот ме гребе.
  106. Хомер, те молам.

  107. Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај.

  108. Да видам дали го сфаќам ова Мет.
  109. (Смеа)

  110. Кога Хомер Симпсон мора да го замисли

  111. најоддалечениот момент не само на часот,
  112. туку од целиот календар, тој го смислува 0400
  113. на денот на раѓањето на бебето Исус.
  114. И не, не знам како работи ова
  115. во сета загадочна шема на нешта, но очигледно,
  116. можам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.
  117. (Смеа)

  118. Велам, знам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.

  119. И друштво, можете да купите копија од книгата на Бил Клинтон „Мојот живот“
  120. од книжарницата овде на TED.
  121. Разгледајте ја од корица до корица за какви и да сакате скриени пораки.
  122. Или одете на страницата на Рандом хаус за овој извадок.
  123. И колку надолу во текстот мислите дека треба да се бара
  124. за да се дојде до џек-пот?
  125. Верувате ли, само дузина пасуси?
  126. Ова е стр. 474 од книгите ако следите:
  127. „Иако стануваше подобар, сѐ уште не бев задоволен
  128. со инагурациониот говор.
  129. Моите пишувачи на говорот мора да си ја кубат косата
  130. бидејќи додека работевме помеѓу еден и четири наутро
  131. на денот на инагурацијата јас сѐ уште го менував говорот."
  132. Секако, секако. Затоа што се подготвувавте цел живот

  133. за овој историски четворогодишен настан што Ве фати изненадно.
  134. И потоа --
  135. (Смеа)

  136. три пасуси надоле, следи овој бисер:

  137. „Отидовме во куќата Блер за да го видиме говорот за последен пат.
  138. Беше многу подобрен од четири наутро"
  139. Но како би можел да биде?
  140. По сопственото пишување, овој човек или спиел,
  141. или бил на молитвен состанок со Ал и Типер, или учел како да лансира
  142. нуклеарен проектил од актовка.
  143. Што им се случува на американските претседатели во 4 наутро на денот на инагурацијата?
  144. Што му се случи на Вилијам Џеферсон Клинтон?
  145. Тоа можеби никогаш нема да го знаеме.
  146. И забележувам, тој не е тука денес
  147. за да се соочи со овие тешки прашања.
  148. (Смеа)

  149. Може да стане незгодно, нели?

  150. Мислам, сето ова се случи додека тој беше главен.
  151. Но, да беше тука --
  152. (Смеа)

  153. можеше да не потсети, како што го прави тоа на крајот на својата автобиографија,

  154. дека на овој ден, Бил Клинтон започна патување --
  155. патување кое го однесе до тоа да биде
  156. првиот претседател од демократите избран
  157. во два последователни мандати по неколку декади.
  158. Во генерации.
  159. Првиот по овој човек, Френклин Делано Рузвелт,
  160. кој пак своето патување го започна
  161. назад во минатото на неговите први избори,
  162. назад во поедноставно време, назад во 1932 --
  163. (Смеа)
  164. годината кога Алберто Џакомети

  165. (Смеа)

  166. ја нправи „Палатата во четири наутро“.

  167. Годината, да запаметиме, кога овој глас, сега починат,
  168. прв пат дојде плачејќи во овој наш стар и луд свет.
  169. (Музика)

  170. (Аплауз)