Ривс за четири наутро.
-
0:02 - 0:04Ова е скорашен стрип од Лос Анџелес Тајмс.
-
0:04 - 0:06Поентата?
-
0:06 - 0:08„Од дргута страна, не мора да станувам во четири
-
0:08 - 0:10наутро секој ден за да го молзам мојот лабрадор.“
-
0:10 - 0:13Ова е скорашна насловна на магазинот Њу Јорк.
-
0:13 - 0:16Најдобрите болници каде докторите велат дека ќе одат за лекување за рак,
-
0:16 - 0:21пораѓање, удари, срцеви болести, замена на колк, итни случаи во 4 наутро.
-
0:21 - 0:23А ова е микс од песни што го составив --
-
0:24 - 0:43(Музика)
-
0:44 - 0:46Забележувате дека четири наутро е станат
-
0:46 - 0:49некаков вид на меме, кратенка?
-
0:49 - 0:53Значи дека сте будни во најлошиот можен час.
-
0:53 - 0:54(Смеа)
-
0:54 - 0:59Време за незгодни, несреќни случки, копнежи.
-
0:59 - 1:02Време за заговарање на убиство на шефот на полицијата,
-
1:02 - 1:04како во оваа класична сцена од „Кум“.
-
1:04 - 1:07Сценариото на Копола ги опишува овие момци како „Изморени, во кошули.
-
1:07 - 1:09Во четири часот наутро.“
-
1:09 - 1:10(Смеа).
-
1:10 - 1:12Време за уште погрозни работи од тоа,
-
1:12 - 1:15како аутопсии и балсамирање во книгата на Изабел Аљенде
-
1:15 - 1:17„Куќа на духовите“.
-
1:17 - 1:19Откако убавата зеленокоса Роза е убиена,
-
1:19 - 1:22докторите ја премачкуваат со масло и мртовечка паста.
-
1:22 - 1:25Работеа до четири наутро.
-
1:25 - 1:28Време за уште погрозни работи од тоа,
-
1:28 - 1:31како во бројот на Њу Јоркер од минатиот април,
-
1:31 - 1:33овој краток расказ од Мартин Амис
-
1:33 - 1:37започнува со, „На 11 септември 2001, ги отвори очите
-
1:37 - 1:39во четири наутро, во Портланд, Мејн,
-
1:39 - 1:43и последниот ден на Мохамед Ата започна“.
-
1:43 - 1:46За време кое го сметам за најмирно
-
1:46 - 1:50и без настани, четири наутро добива прилично
-
1:50 - 1:52лош публицитет --
-
1:52 - 1:53(Смеа)
-
1:53 - 1:56низ многу различни медиуми и од многу звучни имиња.
-
1:56 - 1:59Тоа ме направи сомничав.
-
1:59 - 2:03Си мислам, секако некои од најкреативните уметници во светот сигурно
-
2:03 - 2:07не се навраќаат на ова едноставно клише
-
2:07 - 2:09како ти е да го измислиле?
-
2:09 - 2:12Можно ли е нешто друго да се крие тука?
-
2:12 - 2:15Нешто намерно, нешто тајно,
-
2:15 - 2:19и кој го започна овој лош глас за четири наутро, на крајот на краиштата?
-
2:19 - 2:23Велам, тоа е овој човек -- Алберто Џакомети, прикажан тука
-
2:23 - 2:26со некои свои склуптури на банкнотата од 100 швајцарски франци.
-
2:26 - 2:28Тој го започна ова со неговото познато дело
-
2:28 - 2:30од Музејот на современа уметнсот во Њу Јорк.
-
2:30 - 2:33Неговото име -- „Палатата во четири наутро --
-
2:33 - 2:34(Смеа)
-
2:35 - 2:381932.
-
2:38 - 2:40Ова не е само најраната шифрирана референца
-
2:40 - 2:41за четири наутро што може да се најде.
-
2:41 - 2:45Верувам дека оваа т.н. прва надреална склуптура
-
2:45 - 2:49може да даде неверојатено значење за речиси
-
2:49 - 2:52секоја артистичка интерпретација за четири наутро што следи.
-
2:52 - 2:56Го нарекувам ова кодот на Џакомети, екслузивно на TED.
-
2:56 - 2:59Слободно следете со вашите мобилни телефони
-
2:59 - 3:01ако ги имате.
-
3:01 - 3:04Оди отприлика вака. Ова е скорешно пребарување на Гугл
-
3:04 - 3:06за четири наутро.
-
3:06 - 3:08Резултатите вариират, секако. Тоа е доста типично.
-
3:08 - 3:10Во првите 10 резултати
-
3:10 - 3:15четири се за песната на Фарон Јанг „Четири наутро е“,
-
3:15 - 3:19три се за филмот на Џуди Денч „Четири наутро“,
-
3:19 - 3:23еден е за поемата „Четири наутро“ на Вислава Сцимборска.
-
3:23 - 3:27Но што имаат заедничко полски поет, британска дама
-
3:27 - 3:30и музичар од салата на славните
-
3:30 - 3:33освен овој супер ранк на Гугл?
-
3:33 - 3:38Па, да започнеме со Фарон Јанг, кој инцидентно е роден
-
3:38 - 3:40во 1932.
-
3:40 - 3:42(Смеа)
-
3:42 - 3:48Во 1996, се застрела на 9 декември --
-
3:48 - 3:51што инцидентно е роденденот на Џуди Денч.
-
3:51 - 3:54(Смеа)
-
3:54 - 3:56Но не умре на нејзиниот роденден.
-
3:56 - 3:59Живееше до следното попланде кога конечно подлегна на
-
3:59 - 4:04наводно само-предизвиканата рана од пиштол на 64 години --
-
4:04 - 4:09што, инцидентно, е доживеаната возраст на Алберто Џакомети.
-
4:09 - 4:11Каде беше Вислава Сцимборска за време на сето ова?
-
4:11 - 4:15Таа го има најсилното алиби на светот.
-
4:15 - 4:20На тој ист ден, 10 декември 1996 додека г-дин Четири наутро,
-
4:20 - 4:23Фарон Јанг, умираше во Нешвил, Тенеси,
-
4:23 - 4:26г-ца Четири наутро - или барем една од нив - Вислава Сцимборска
-
4:27 - 4:32беше во Стокхолм, Шведска на врачувањето на Нобеловата награда за литература.
-
4:32 - 4:37100 години до денот на смртта на Алфред Нобел.
-
4:37 - 4:39Случајност? Не. Морничаво е.
-
4:39 - 4:41(Смеа)
-
4:41 - 4:43Случајност за мене е многу попроста магија.
-
4:43 - 4:44Тоа е како да Ви велам,
-
4:44 - 4:47„Еј, знаете дека Нобеловата награда е воспоставена во 1901,
-
4:47 - 4:52истата година кога е роден Алберто Џакомети?“
-
4:52 - 4:56Не, сѐ се вклопува елегантно во парадигмата,
-
4:56 - 4:59но тоа не значи дека нема нешто сомнително
-
4:59 - 5:01на највисоките можни нивоа.
-
5:01 - 5:03Всушност има луѓе во собава
-
5:03 - 5:07кои можеби не сакаат да Ви го покажам клипов што ќе го видиме.
-
5:07 - 5:08(Смеа)
-
5:08 - 5:10Видео: Имаме тениско игралиште, базен, кино --
-
5:10 - 5:13Сакате да речете дека ако сакам кременадли, дури и во ниедно време,
-
5:13 - 5:15Вашиот човек ќе ги зготви?
-
5:15 - 5:17Да, затоа е платен.
-
5:17 - 5:20Сега, дали Ви требаат крпи, облека, служавки?
-
5:20 - 5:23Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај - да расчистиме.
-
5:23 - 5:25Божиќ е, четири наутро
-
5:25 - 5:27Стомакот ме гребе.
-
5:27 - 5:29Хомер, те молам.
-
5:29 - 5:31Чекај, чекај, чекај, чекај, чекај, чекај.
-
5:31 - 5:34Да видам дали го сфаќам ова Мет.
-
5:34 - 5:36(Смеа)
-
5:36 - 5:39Кога Хомер Симпсон мора да го замисли
-
5:39 - 5:42најоддалечениот момент не само на часот,
-
5:42 - 5:46туку од целиот календар, тој го смислува 0400
-
5:46 - 5:48на денот на раѓањето на бебето Исус.
-
5:48 - 5:51И не, не знам како работи ова
-
5:51 - 5:55во сета загадочна шема на нешта, но очигледно,
-
5:55 - 5:59можам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.
-
5:59 - 6:00(Смеа)
-
6:00 - 6:04Велам, знам да препознаам кодирана порака кога ќе ја видам.
-
6:04 - 6:07И друштво, можете да купите копија од книгата на Бил Клинтон „Мојот живот“
-
6:07 - 6:09од книжарницата овде на TED.
-
6:09 - 6:12Разгледајте ја од корица до корица за какви и да сакате скриени пораки.
-
6:12 - 6:15Или одете на страницата на Рандом хаус за овој извадок.
-
6:15 - 6:17И колку надолу во текстот мислите дека треба да се бара
-
6:17 - 6:20за да се дојде до џек-пот?
-
6:20 - 6:23Верувате ли, само дузина пасуси?
-
6:23 - 6:26Ова е стр. 474 од книгите ако следите:
-
6:26 - 6:29„Иако стануваше подобар, сѐ уште не бев задоволен
-
6:29 - 6:31со инагурациониот говор.
-
6:31 - 6:34Моите пишувачи на говорот мора да си ја кубат косата
-
6:34 - 6:37бидејќи додека работевме помеѓу еден и четири наутро
-
6:37 - 6:41на денот на инагурацијата јас сѐ уште го менував говорот."
-
6:41 - 6:44Секако, секако. Затоа што се подготвувавте цел живот
-
6:44 - 6:48за овој историски четворогодишен настан што Ве фати изненадно.
-
6:48 - 6:49И потоа --
-
6:49 - 6:51(Смеа)
-
6:51 - 6:55три пасуси надоле, следи овој бисер:
-
6:56 - 6:59„Отидовме во куќата Блер за да го видиме говорот за последен пат.
-
6:59 - 7:02Беше многу подобрен од четири наутро"
-
7:02 - 7:04Но како би можел да биде?
-
7:04 - 7:06По сопственото пишување, овој човек или спиел,
-
7:06 - 7:09или бил на молитвен состанок со Ал и Типер, или учел како да лансира
-
7:09 - 7:12нуклеарен проектил од актовка.
-
7:12 - 7:16Што им се случува на американските претседатели во 4 наутро на денот на инагурацијата?
-
7:16 - 7:18Што му се случи на Вилијам Џеферсон Клинтон?
-
7:18 - 7:20Тоа можеби никогаш нема да го знаеме.
-
7:20 - 7:23И забележувам, тој не е тука денес
-
7:23 - 7:25за да се соочи со овие тешки прашања.
-
7:25 - 7:27(Смеа)
-
7:27 - 7:29Може да стане незгодно, нели?
-
7:29 - 7:31Мислам, сето ова се случи додека тој беше главен.
-
7:31 - 7:33Но, да беше тука --
-
7:33 - 7:34(Смеа)
-
7:34 - 7:38можеше да не потсети, како што го прави тоа на крајот на својата автобиографија,
-
7:38 - 7:41дека на овој ден, Бил Клинтон започна патување --
-
7:41 - 7:43патување кое го однесе до тоа да биде
-
7:43 - 7:45првиот претседател од демократите избран
-
7:45 - 7:48во два последователни мандати по неколку декади.
-
7:48 - 7:50Во генерации.
-
7:50 - 7:53Првиот по овој човек, Френклин Делано Рузвелт,
-
7:53 - 7:56кој пак своето патување го започна
-
7:56 - 7:59назад во минатото на неговите први избори,
-
7:59 - 8:06назад во поедноставно време, назад во 1932 --
-
8:07 - 8:08(Смеа)
-
8:08 - 8:09годината кога Алберто Џакомети
-
8:09 - 8:10(Смеа)
-
8:11 - 8:13ја нправи „Палатата во четири наутро“.
-
8:13 - 8:17Годината, да запаметиме, кога овој глас, сега починат,
-
8:17 - 8:22прв пат дојде плачејќи во овој наш стар и луд свет.
-
8:22 - 8:46(Музика)
-
8:46 - 8:48(Аплауз)
- Title:
- Ривс за четири наутро.
- Speaker:
- Rives
- Description:
-
Поетот Ривис раскажува лирично оригами, виткајќи ја историјата во серија случајни настани кои се однесуваат на тој најчуден час, четири наутро.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 08:48