Macedonian subtitles

← Сем Ричардс: Радикален експеримент на емпатија

Get Embed Code
36 Languages

Showing Revision 1 created 11/14/2011 by ALEKSANDAR MITEVSKI.

  1. Моите студенти често ме прашуваат
  2. што е социологијата,
  3. а јас им кажувам „Тоа е наука
  4. за начинот на кој човечките суштества
  5. се обликувани од страна на нештата кои не ги гледаат“.
  6. Потоа велат „Како можам да станам социолог?,
  7. Како да ги разберам тие невидливи сили?“.
  8. И јас им кажувам „Со емпатија“.
  9. Започнете со емпатија.
  10. Сè започнува со емпатија.
  11. Излезете од сопствената кожа
  12. и влезете во кожата на друга личност.
  13. Ќе ви дадам еден пример.

  14. Замислувам каков би бил мојот живот
  15. доколку пред сто години
  16. Кина била најмоќната нација на светот
  17. и дошле во Соединетите Држави
  18. во потрага по јаглен
  19. и тука нашле големи количини јаглен.
  20. Набргу потоа, почнале да го извезуваат јагленот,
  21. тон по тон,
  22. вагон по вагон, брод по брод,
  23. назад во Кина и насекаде низ светот.
  24. И на тој начин станале неверојатно богати.
  25. Изградиле убави градови,
  26. сите придвижувани од тој јаглен.
  27. Додека пак овде, во Соединетите Држави,
  28. има економски очај и беда.
  29. Тоа е она што јас го видов.
  30. Видов луѓе кои се мачат да излезат на крај,
  31. не знаејќи што е што, ниту што следува понатаму.
  32. Потоа си го поставив прашањето
  33. како е можно да сме толку сиромашни во Соединетите Држави,
  34. знаејќи колку вреден ресурс е јагленот
  35. и колку многу пари вреди.
  36. И сфатив
  37. дека тоа е така бидејќи Кинезите се врзале
  38. со мала владејачка класа во Соединетите Држави
  39. која ги украла сите пари и сето богатство само за нив.
  40. А, останатите од нас, повеќето од нас,
  41. се борат да излезат на крај.
  42. Оваа мала владејачка класа од Кинезите добила
  43. многу воено оружје и софистицирана технологија,
  44. за да бидат сигурни дека луѓето како мене
  45. нема да се противат на оваа врска.
  46. Ви звучи ова познато?
  47. Тие ги обучувале Американците

  48. да помогнат во заштитата на јагленот.
  49. Насекаде имало кинески симболи.
  50. Насекаде. Биле постојан потсетник.
  51. Додека, пак, во Кина...
  52. Што кажуваат во Кина?
  53. Ништо. Не зборуваат за нас. Не зборуваат за јагленот.
  54. Доколку ги прашате,
  55. ќе кажат „Па, знаете...ни треба јаглен.
  56. Мислам... сигурно нема да го намалам термостатот.
  57. Не можете да го очекувате тоа.“
  58. Тука станувам лут и ми доаѓа преку глава,
  59. како и на многу други обични луѓе.
  60. Почнуваме да се бориме и ситуацијата се влошува.
  61. Кинезите возвраќаат на многу лош начин.
  62. И, дур да трепнеме, праќаат тенкови,
  63. па војници,
  64. и многу луѓе умираат,
  65. а ситуацијата станува многу, многу лоша.
  66. Може да замислите како би се чувствувале

  67. доколку бевте во моја кожа?
  68. Може ли да замислите кога ќе излезете од оваа зграда
  69. надвор да видите како стои тенк
  70. или камион полн со војници?
  71. Само замислете како би се чувствувале.
  72. Бидејќи знаете зошто се овде и знаете што прават.
  73. Па, го чувствувате гневот и го чувствувате стравот.
  74. Доколку можете, тоа е емпатија.
  75. Излеговте од вашата и влеговте во мојата кожа.
  76. Мора да го почувствувате тоа.
  77. Во ред, ова е загревањето.

  78. Ова беше загревање.
  79. Сега ќе го направиме
  80. вистинскиот радикален експеримент.
  81. Во остатокот од мојот говор сакам
  82. да се ставите во кожата
  83. на еден обичен араб муслиман
  84. кој живее на Блискиот Исток,
  85. поточно, во Ирак.
  86. Да ви помогнам...
  87. Можеби сте член на ова семејство од средната класа во Багдад.
  88. Го сакате најдоброто за вашите деца.
  89. Сакате вашите деца да имаат подобар живот.
  90. Ги гледате вестите, следите што се случува,
  91. читате весник, одите на кафе со пријателите,
  92. читате весници од другите земји во светот.
  93. Понекогаш дури и гледате сателитска програма,
  94. гледате СиЕнЕн од Соединетите Држави,
  95. па имате претстава како размислуваат Американците.
  96. Но, во основа, вие само сакате подобар живот.
  97. Тоа е она што го сакате.
  98. Вие сте арапски муслиман кој живее во Ирак.
  99. Сакате да имате подобар живот.
  100. Дозволете да ви помогнам

  101. околу тоа
  102. за што, можеби, размислувате.
  103. Број еден: причината за упадот во вашата земја,
  104. во последните 20 и повеќе години,
  105. и причината зошто секој е заинтересиран за вашата земја, особено Соединетите Држави,
  106. е нафтата.
  107. Сè се врти околу нафтата! Вие го знаете тоа, сите го знаат тоа.
  108. Луѓето во САД знаат дека се работи за нафтата.
  109. Причината е што некој друг
  110. има план за вашите ресурси.
  111. Се работи за вашите ресурси, не за нечии туѓи.
  112. Ваша земја, ваши ресурси.
  113. Некој друг има план за нив.
  114. А, знаете зошто имаат план?
  115. Знаете зошто фрлиле око на нив?
  116. Бидејќи имаат цел економски систем
  117. кој зависи од таа нафта -
  118. туѓа нафта,
  119. нафта од други делови на светот кои тие не ги поседуваат.
  120. Какво друго мислење имате за овие луѓе?

  121. Американците... тие се богати.
  122. Ма, ајде, живеат во големи куќи, имаат големи коли,
  123. сите се русокоси, имаат сини очи, среќни се.
  124. Така мислите. Секако, тоа не е вистина,
  125. но таков е впечатокот од медиумите и тоа ви се пласира.
  126. Имаат големи градови,
  127. а сите градови се зависни од нафта.
  128. Додека дома, што гледате?
  129. Сиромаштија, очај, борба.
  130. Не живеете во богата земја.
  131. Ова е Ирак.
  132. Ова е она што го гледате.
  133. Гледате луѓе кои се борат да излезат на крај.
  134. Не е лесно. Гледате многу сиромаштија.
  135. И чувствувате нешто поради тоа.
  136. Овие луѓе имаат планови за вашите ресурси,
  137. а ова е она што го гледате?
  138. Гледате и уште нешто.

  139. Американците не зборуваат за тоа, но вие зборувате.
  140. Постои милитаризација на светот,
  141. која потекнува токму од САД.
  142. Соединетите Држави
  143. се одговорни за речиси една половина
  144. од светската воена потрошувачка.
  145. Четири проценти од светската популација.
  146. Го чувствувате тоа, го гледате секој ден.
  147. Тоа е дел од вашиот живот.
  148. Зборувате за тоа со пријателите.
  149. Читате за тоа.
  150. Порано, кога Садам Хусеин беше на власт,
  151. на Американците не им беше гајле за неговите злосторства.
  152. Кога фрлаше отровен гас врз Курдите и врз Иран,
  153. на нив не им беше гајле.
  154. Кога беше загрозена нафтата,
  155. некако одеднаш работите станаа важни.
  156. Гледате и нешто друго.
  157. Соединетите Држави,
  158. центарот на демократијата во светот,
  159. изгледа не ги поддржуваат баш
  160. демократските земји низ светот.
  161. Има многу земји кои произведуваат нафта
  162. и кои не се демократски, но ја имаат поддршката од САД.
  163. Тоа е чудно.
  164. Овие упади, двете војни,

  165. десетте години санкции,
  166. осумте години окупација,
  167. бунтот што беше насочен против вашиот народ,
  168. стотиците илјади
  169. мртви цивили...
  170. Сè поради нафтата.
  171. Сигурно го мислите тоа.
  172. Зборувате за тоа.
  173. Секогаш ви е на ум.
  174. Си велите „Како е можно тоа?“.
  175. Овој човек, тој е секој човек...
  176. вашиот дедо, вашиот чичко,
  177. вашиот татко, син,
  178. вашиот сосед, професор, ученик.
  179. Некогаш, живот на среќа и радост,
  180. и наеднаш болка и тага.
  181. Секој човек во вашата земја
  182. е погоден од насилството,
  183. крвопроливањето, болката,
  184. ужасот... сите луѓе.
  185. Ниту еден човек од вашата земја
  186. не останал непогоден.
  187. Но, има и нешто друго

  188. во врска со овие луѓе,
  189. овие Американци.
  190. Има уште нешто што вие го гледате, а тие не.
  191. Што е тоа? Тие се христијани.
  192. Христијани.
  193. Го обожаваат христијанскиот бог, имаа крстови, носат Библии.
  194. На Библиите имаат мал знак,
  195. на кој пишува „Армија на САД“.
  196. А, нивните водачи...
  197. пред да ги пратат своите синови и ќерки
  198. во војна во вашата земја,
  199. а вие ја знаете причината за тоа,
  200. пред да ги пратат,
  201. одат во христијанска црква, се молат на нивниот христијански бог,
  202. и бараат заштита и поддршка од тој бог.
  203. Зошто?
  204. Па, очигледно е, кога ќе умрат луѓе во војната,
  205. тоа да бидат муслимани, Ирачани,
  206. а не Американци.
  207. Не сакаат Американци да умираат. Заштити ги нашите трупи.
  208. И чувствувате нешто во врска со тоа.
  209. Секако дека чувствувате.
  210. Тие прават и убави нешта.
  211. Читате и слушате за тоа.
  212. Градат училишта, им помагаат на луѓето. Тоа е она што сакаат да го прават.
  213. Прават убави работи, ама исто така прават и лоши работи,
  214. а вие не можете да ја видите разликата.
  215. Овој тип, полковник генерал Вилијам Бојкин...

  216. вели дека вашиот бог е лажен бог.
  217. Вашиот бог е идол, а неговиот бог е вистинскиот.
  218. Решението за проблемот на Блискиот Исток, според него,
  219. е сите вие да станете христијани.
  220. Само откажете се од вашата религија.
  221. Го знаете тоа. Американците не читаат за овој тип.
  222. Тие не знаат ништо за него, но вие знаете.
  223. Зборувате за него и неговите изјави.
  224. Ова е сериозна работа.
  225. Тој беше еден од водечките команданти при втората инвазија на Ирак.
  226. И си мислите „Боже, ако тој така мисли,
  227. тогаш сите војници мора да го мислат истото.“
  228. А, овој збор... (крстоносна)
  229. Џорџ Буш ја нарече оваа војна крстоносна.
  230. За Американците тоа ништо не значи.
  231. „Големото чудо“.
  232. Но, вие знаете што значи.
  233. Тоа е света војна против муслиманите.
  234. Нападни ги, потчини ги, земи им ги ресурсите.
  235. Ако не сакаат да се потчинат, убиј ги.
  236. Во тоа е работата.
  237. И си мислите „Боже мој, па овие христијани доаѓаат да нè убијат.“
  238. Тоа е страшно.
  239. Преплашени сте. Се разбира дека сте исплашени.
  240. Овој човек, Тери Џоунс...

  241. тој е тип кој сака да спалува Курани.
  242. Американците велат „Ма, тој е удрен во главата.
  243. Порано бил хотелски менаџер.
  244. Има триесеттина членови во својата црква.“
  245. Го исмеваат. Вам не ви е смешно.
  246. Бидејќи во контекст на сè друго,
  247. сите делови се вклопуваат.
  248. Американците така го сфаќаат,
  249. па затоа луѓето низ целиот Блиски Исток, не само во вашата земја,
  250. протестираат.
  251. „Тој сака да спалува Курани, нашата света книга.
  252. Кои се овие христијани?
  253. Толку се злобни.
  254. Такви се сите.“
  255. Вака размислувате како арапски муслиман,
  256. како Ирачанец.
  257. Се разбира дека ќе размислувате така.
  258. И тогаш вашиот братучед вели

  259. „Еј, види ја оваа веб страница.
  260. Мора да го видиш ова. Библиски воен логор.
  261. Овие христијаните се луди.
  262. Ги тренираат своите деца да бидат Исусови војници.
  263. Ги подложуваат децата на вакви работи,
  264. додека не научат како да викаат „да, капетане“
  265. и како да фрлаат гранати, како да носат оружје.
  266. Оди на веб страницата.
  267. Пишува „Армија на САД“.
  268. Христијаниве се луди. Како можат да им го прават тоа на своите деца?“
  269. Ја читате веб страницата...
  270. Се разбира, христијаните во САД
  271. велат „Тоа е некоја црквичка, во некое зафрлено место“.
  272. Ама, вие не го знаете тоа.
  273. За вас, вака изгледаат сите христијани.
  274. Ги има на интернет... Библиски воен логор.
  275. Видете го ова...
  276. Дури и ги тренираат своите деца
  277. исто како и американските маринци.
  278. Интересно, нели?
  279. Тоа ве плаши.
  280. Ги гледате овие момци?

  281. Јас, Сем Ричардс, знам кои се тие.
  282. Тие се моите студенти, моите пријатели.
  283. Знам што мислат. Но, вие не знаете.
  284. За вас...
  285. тие се нешто друго.
  286. За вас, тие се ова... (христијански окупатори).
  287. Ние не ги гледаме така во САД,
  288. но вие така ги гледате.
  289. Така...
  290. Секако, погрешно сте разбрале.
  291. Генерализирате. Тоа е погрешно.
  292. Не ги разбирате Американците.
  293. Тоа не е христијанска инвазија.
  294. Не сме таму само заради нафта, таму сме заради многу причини.
  295. Погрешно сте разбрале. Сте ја промашиле поентата.
  296. Се разбира, повеќето од вас не ги поддржуваат бунтовниците.
  297. Не го поддржувате убивањето на Американци.
  298. Не ги поддржувате терористите.
  299. Се разбира дека не. Многу малку луѓе го прават тоа.
  300. Ама, некои од вас ги поддржуваат.
  301. Ова е една гледна точка.
  302. Еве што ќе направиме сега...
  303. Излезете од кожата

  304. во која што сте сега
  305. и вратете се во својата нормална кожа.
  306. Сите сте назад во собава...
  307. Сега следува радикалниот експеримент.
  308. Сите се вративме дома.
  309. Фотографија на една жена...
  310. Сочувствувам со неа.
  311. Сочувствувам...
  312. Таа ми е сестра,
  313. жена, братучетка, сосед...
  314. Таа ми е секој.
  315. Овие луѓе... сите на фотографијата...
  316. Сочувствувам со сите нив.
  317. Еве што сакам да направите.
  318. Да се вратиме на првиот пример со Кинезите.

  319. Сакам да се префрлите таму.
  320. Значи, сè е околу јагленот, а Кинезите се во САД.
  321. Сакам да ја замислите како Кинескиња,
  322. која го прима кинеското знаме,
  323. бидејќи нејзиниот сакан умрел во Америка
  324. за време на бунтот за јагленот.
  325. Војниците се Кинези,
  326. сите други се Кинези.
  327. Како Американец, како се чувствувате во врска со оваа слика?
  328. Што мислите за оваа сцена?
  329. Обидете се вака... Премотајте назад.

  330. Еве ја сцената.
  331. Тоа се Американци, американски војници,
  332. една Американка која го загубила својот сакан
  333. на Блискиот Исток - во Ирак или Авганистан.
  334. Сега, ставете се во кожата...
  335. вратете се во кожата
  336. на арапот муслиман кој живее во Ирак.
  337. Што мислите и чувствувате
  338. во врска со оваа фотографија,
  339. за оваа жена?
  340. Добро...

  341. Сега следете ме,
  342. затоа што превземам голем ризик.
  343. Ќе ве повикам и вие да ризикувате со мене.
  344. Овие господа се бунтовници.
  345. Фатени се од страна на американски војници,
  346. додека се обидувале да убијат Американци.
  347. Можеби и успеале во тоа.
  348. Ставете се во кожата
  349. на Американците кои што ги фатиле.
  350. Можете ли да го почувствувате гневот?
  351. Можете ли да почувствувате како само сакате
  352. да им го свиткате вратот?
  353. Можете ли да го замислите тоа?
  354. Не би требало да биде толку тешко.
  355. Кога само би ги фатиле...
  356. Сега, ставете се во нивна кожа.
  357. Дали се брутални убијци
  358. или патриотски бранители?
  359. Што се?
  360. Можете ли да ја почувствувате нивната лутина,
  361. нивниот страв,
  362. нивниот гнев
  363. за она што се случило во нивната земја?
  364. Можете ли да замислите
  365. дека можеби еден од нив утрото тој ден
  366. се наведнал кон своето дете, го прегрнал
  367. и рекол „Мило, ќе се вратам подоцна.
  368. Одам да ја бранам твојата слобода, вашите животи.
  369. Одам да се борам за нас,
  370. за иднината на нашата земја.“
  371. Можете ли да го замислите тоа?
  372. Замислите вие да го кажете тоа.
  373. Можете ли?
  374. Што мислите, што чувствуваат тие?
  375. Тоа е емпатија.
  376. Тоа е разбирање.
  377. Можеби ќе прашате...

  378. „Сем, зошто го правиш ова?
  379. Зошто го користиш токму овој пример од толку многу примери?“.
  380. Јас ќе речам затоа што... затоа што...
  381. Дозволено ви е да ги мразите овие луѓе.
  382. Може да ги мразите
  383. со секој дел од вашето битие.
  384. И доколку успеам да ве натерам
  385. да влезете во нивна кожа
  386. и да почувствувате малку,
  387. само малку,
  388. тогаш замислете каква социолошка анализа
  389. може да направите во сите други аспекти од вашите животи?
  390. Многу подобро
  391. ќе можете да разберете
  392. зошто некој вози 65 километри на час
  393. во лентата за претекнување,
  394. или вашиот син тинејџер,
  395. вашиот сосед кој ве нервира
  396. кога го коси тревникот во недела наутро.
  397. Што и да е, ќе можете да го разберете многу подобро.
  398. Ова им го кажуваме на моите студенти.
  399. Излезете од вашиот ситен, мал свет.
  400. Влезете во ситниот, мал свет
  401. на некој друг.
  402. Направете го тоа пак... и пак... и пак...
  403. И наеднаш сите овие ситни, мали светови
  404. се поврзуваат во сложена мрежа.
  405. Градат голем, сложен свет.
  406. И наеднаш, без да забележите,
  407. го гледате светот поинаку.
  408. Сè се сменило.
  409. Сè во вашиот живот се сменило.
  410. Во тоа е поентата.
  411. Насочете се кон животите на другите,

  412. кон визиите на другите.
  413. Слушајте ги другите луѓе.
  414. Да се просветлиме.
  415. Не велам
  416. дека ги поддржувам терористите во Ирак,
  417. но како социолог
  418. велам дека
  419. јас разбирам.
  420. А, сега можеби - можеби - разбирате и вие.
  421. Ви благодарам.

  422. (аплауз)