Return to Video

Како ITU може да го однесе интернет зад затворени врати.

  • 0:00 - 0:04
    Интернетот ни дава слобода да разговараме со пријателите, да твориме уметност,
  • 0:04 - 0:09
    да почнеме со свој бизнис или да говориме против нашите влади, сето тоа во претходно невидени размери.
  • 0:09 - 0:11
    Тоа не е случајно.
  • 0:11 - 0:13
    Дизајнот на Интернет произлегува од отворената афирмативна дискусија
  • 0:13 - 0:16
    на глобалната заедница на научници и инжинери,
  • 0:16 - 0:20
    па немаше притисок од горе за негово затварање.
  • 0:20 - 0:23
    Сепак, сега едно меѓународно тело контролирано од владите во светот се обидува
  • 0:23 - 0:28
    да стане новиот простор каде ќе се одлучува за иднината на Интернетот.
  • 0:28 - 0:32
    Тоа тело е Меѓународната унија за телекомуникации (или ITU).
  • 0:32 - 0:35
    Така, во декември, владите на светот ќе се состанат за да одлучат дали
  • 0:35 - 0:39
    да го прошират нејзиниот мандат да носи значајни одлуки за мрежата.
  • 0:39 - 0:42
    ITU може да претставува опасност за слободата на изразувањето онлајн насекаде во светот.
  • 0:42 - 0:45
    Еве зошто. Пред се, основните факти.
  • 0:45 - 0:48
    Интернетот не е ничија сопственост.
  • 0:48 - 0:52
    Се работи за збир од независни мрежи од целиот свет. Секој може да си изгради своја мрежа.
  • 0:52 - 0:56
    Заедничките стандарди на кои е изграден Интернетот произлегуваат од отворените онлајн дискусии,
  • 0:56 - 1:00
    а не од приоритетите на една одредена влада или компанија.
  • 1:00 - 1:03
    А сега, да се запознаеме со ITU!
  • 1:03 - 1:08
    Како прво, ITU е навистина старо тело. Многу постаро од CD-то или телефонот со ротациски бројчаник,
  • 1:08 - 1:12
    старо колку и телеграфот, како Морзеовиот код.
  • 1:12 - 1:16
    На основањето во 1865 година, беше наречено Меѓународна унија за телеграфија.
  • 1:16 - 1:21
    За разлика од Интернетот, ITU не е изградена на отворена дискусија помеѓу научниците и инжинерите.
  • 1:21 - 1:23
    Напротив, само владите имаат право на глас во ITU.
  • 1:23 - 1:27
    А гласањете се одвива зад затворени врати.
  • 1:27 - 1:31
    Ако владите успеат да и обезбедат на Унијата поголеми овластувања да олучуваат за Интернетот, ќе добиеме
  • 1:31 - 1:35
    старомодна, хиерархиски поставена, владо-центрична организација
  • 1:35 - 1:37
    што ќе го замени отвореното управување од доле нагоре
  • 1:37 - 1:40
    што му овозможи на Интернет да го менува светот.
  • 1:40 - 1:42
    Тоа е само почетокот на нашите проблеми.
  • 1:42 - 1:45
    ITU не е транспарентна организација.
  • 1:45 - 1:53
    Нацрт-предлозите на ITU не се јавни, а моделот „една држава - еден глас“ ја резервира моќта за владите.
  • 1:53 - 1:58
    Тие можат да носат одлуки за нашиот интернет, без воопшто да знаеме за што расправале,
  • 1:58 - 2:01
    а нас само ќе не известат каква одлука е донесена.
  • 2:01 - 2:04
    Какви одлуки ќе бидат разгледувани на состанокот на ITU во декември?
  • 2:04 - 2:07
    Еве неколку предлози што протекоа во јавноста:
  • 2:07 - 2:11
    прекин на пристапот до Интернет поради неколку преопшто дефинирани причини;
  • 2:11 - 2:14
    повреда на меѓународните норми за човековите права;
  • 2:14 - 2:20
    давање поголеми овластувања на владите за следење и регулирање на сообраќајот на интернет;
  • 2:20 - 2:23
    дефиниција на „спам“ пораките што е толку широка што оправдува блокирање на што било,
  • 2:23 - 2:27
    од фотографии на симпатични мачиња до кампањи за човековите права.
  • 2:27 - 2:31
    Има и нови правила за наплата на компензација од провајдерите на онлајн содржини за нивниот пристап до корисниците,
  • 2:31 - 2:36
    што може да доведе до тоа помалку содржини да стигнат до земјите во развој, и до блокирање на сајтовите што не платиле.
  • 2:36 - 2:40
    А сега најстрашното: државите што најсилно притискаат за контрола на ITU
  • 2:40 - 2:44
    се истите оние држави што агресивно го цензурираат интернетот.
  • 2:44 - 2:49
    Во Русија, ако направите YouTube видео против владата, можете да добиете затворска казна до две години.
  • 2:49 - 2:52
    Во Кина не можете ни да им пристапите на најголемиот број сајтови на социјалните медиуми.
  • 2:52 - 2:59
    Иран се обидува да изгради своја сопствена интернет и е-маил мрежа, за да го држи целото население под контрола.
  • 2:59 - 3:02
    Од друга страна, ITU прави и добри дела:
  • 3:02 - 3:07
    Унијата помага во воспоставувањето на телекомуникациски мрежи и ширење на широкопојасните брзи конекции во земјите во развој.
  • 3:07 - 3:10
    А постоечкиот систем на управување со интернет е далеку од совршен.
  • 3:10 - 3:13
    САД имаат преголемо влијание и овластувања на тоа поле.
  • 3:13 - 3:16
    Сепак, тие проблеми мора да ги решиме на начин што ќе ги зачува
  • 3:16 - 3:19
    отвореноста, прагматичноста и управувањето оддолу нагоре
  • 3:19 - 3:22
    што го прават Интернет толку добра работа.
  • 3:22 - 3:27
    Во декември, нашите влади ќе се состанат да ги донесат конечните одлуки за иднината на Интернет.
  • 3:27 - 3:30
    Останува на нас, на корисниците на Интернет во сите земји на светот,
  • 3:30 - 3:34
    да им кажеме да застанат во одбрана на отворениот Интернет.
  • 3:34 - 3:39
    Ако сите што ќе го погледаат ова видео проговорат гласно и ги контактираат своите влади, постои шанса да победиме.
  • 3:39 - 3:40
    Помогнете ни да го споделиме ова видео
  • 3:40 - 3:43
    и посетете го овој сајт за да проговорите
  • 3:43 - 3:45
    и да ја контактирата вашата влада веднаш!
  • 3:45 - 3:48
    Да го искористиме глобалниот досег на интернет за да го одбраниме!
  • 3:48 - 3:56
    Побарајте од вашите водачи да се спротивстават на пренесувањето на овластувањата за клучните одлуки што се однесуваат на интернет на ITU.
Title:
Како ITU може да го однесе интернет зад затворени врати.
Description:

Превземете акција на http://www.whatistheITU.org

Ова кратко, информативно видео за сериозните закани за слободниот и отворен интернет што можат да имаат катастрофални последици по човековите права и слободата на изразувањето во целиот свет е плод на соработката на Fight for the Future и Access.

more » « less
Video Language:
English
Team:
Volunteer
Duration:
04:08

Macedonian subtitles

Revisions Compare revisions