Како ITU може да го однесе интернет зад затворени врати.
-
0:00 - 0:04Интернетот ни дава слобода да разговараме со пријателите, да твориме уметност,
-
0:04 - 0:09да почнеме со свој бизнис или да говориме против нашите влади, сето тоа во претходно невиден обем.
-
0:09 - 0:11Воопшто не се работи за коинциденција.
-
0:11 - 0:13Дизајнот на Интернет произлегува од отворената афирмативна дискусија
-
0:13 - 0:16на глобалната заедница на научници и инжинери,
-
0:16 - 0:20па немаше притисок од горе за негово затварање.
-
0:20 - 0:23Сепак, сега едно меѓународно тело контролирано од владите во светот се обидува
-
0:23 - 0:28да стане новиот простор каде ќе се одлучува за иднината на Интернетот.
-
0:28 - 0:32Тоа тело е Меѓународната унија за телекомуникации (или ITU).
-
0:32 - 0:35Така, во декември, владите на светот ќе се состанат за да одлучат дали
-
0:35 - 0:39да го прошират нејзиниот мандат да носи значајни одлуки за мрежата.
-
0:39 - 0:42ITU може да претставува опасност за слободата на изразувањето онлајн насекаде во светот.
-
0:42 - 0:45Еве зошто. Пред се, основните факти.
-
0:45 - 0:48Интернетот нема сопственик.
-
0:48 - 0:52Се работи за збир од независни мрежи од целиот свет. Секој може да си изгради своја мрежа.
-
0:52 - 0:56Заедничките стандарди на кои е изграден Интернетот произлегуваат од отворените онлајн дискусии,
-
0:56 - 1:00а не од приоритетите на една одредена влада или компанија.
-
1:00 - 1:03А сега, да се запознаеме со ITU!
-
1:03 - 1:08Како прво, ITU е навистина старо тело. Многу постаро од CD-то или телефонот со ротациски бројчаник,
-
1:08 - 1:12старо колку и телеграфот, како Морзеовиот код.
-
1:12 - 1:16На основањето во 1865 година, беше наречено Меѓународна унија за телеграфија.
-
1:16 - 1:21За разлика од Интернетот, ITU не е изградена на отворена дискусија помеѓу научниците и инжинерите.
-
1:21 - 1:23Напротив, само владите имаат право на глас во ITU.
-
1:23 - 1:27А нивното гласање се одвива зад затворени врати.
-
1:27 - 1:31Ако владите успеат да и обезбедат на Унијата поголеми овластувања да олучуваат за Интернетот, ќе добиеме
-
1:31 - 1:35старомодна, хиерархиски поставена, владо-центрична организација
-
1:35 - 1:37што ќе го замени отвореното управување од доле нагоре
-
1:37 - 1:40што му овозможи на Интернет да го менува светот.
-
1:40 - 1:42Тоа е само почетокот на нашите проблеми.
-
1:42 - 1:45ITU не е транспарентна организација.
-
1:45 - 1:53Нацрт-предлозите на ITU не се јавни, а моделот „една држава - еден глас“ ја резервира моќта за владите.
-
1:53 - 1:58Тие можат да носат одлуки за нашиот интернет, без воопшто да знаеме за што расправале,
-
1:58 - 2:01а нас само ќе не известат каква одлука е донесена.
-
2:01 - 2:04Какви одлуки ќе бидат разгледувани на состанокот на ITU во декември?
-
2:04 - 2:07Еве неколку предлози што протекоа во јавноста:
-
2:07 - 2:11прекин на пристапот до Интернет поради неколку преопшто дефинирани причини;
-
2:11 - 2:14повреда на меѓународните норми за човековите права;
-
2:14 - 2:20давање поголеми овластувања на владите за следење и регулирање на сообраќајот на интернет;
-
2:20 - 2:23дефиниција на „спам“ пораките што е толку широка што оправдува блокирање на што било,
-
2:23 - 2:27од фотографии на симпатични мачиња до кампањи за човековите права.
-
2:27 - 2:31Има и нови правила за наплата на компензација од провајдерите на онлајн содржини за нивниот пристап до корисниците,
-
2:31 - 2:36што може да доведе до тоа помалку содржини да стигнат до земјите во развој, и до блокирање на сајтовите што не платиле.
-
2:36 - 2:40А сега најстрашното: државите што најсилно притискаат за контрола на ITU
-
2:40 - 2:44се истите оние држави што агресивно го цензурираат интернетот.
-
2:44 - 2:49Во Русија, ако направите YouTube видео против владата, можете да добиете затворска казна до две години.
-
2:49 - 2:52Во Кина не можете ни да им пристапите на најголемиот број сајтови на социјалните медиуми.
-
2:52 - 2:59Иран се обидува да изгради своја сопствена интернет и е-маил мрежа, за да го држи целото население под контрола.
-
2:59 - 3:02Од друга страна, ITU прави и добри дела:
-
3:02 - 3:07Унијата помага во воспоставувањето на телекомуникациски мрежи и ширење на широкопојасните брзи конекции во земјите во развој.
-
3:07 - 3:10А постоечкиот систем на управување со интернет е далеку од совршен.
-
3:10 - 3:13САД имаат преголемо влијание и овластувања на тоа поле.
-
3:13 - 3:16Сепак, тие проблеми мора да ги решиме на начин што ќе ги зачува
-
3:16 - 3:19отвореноста, прагматичноста и управувањето оддолу нагоре
-
3:19 - 3:22што го прават Интернет толку добра работа.
-
3:22 - 3:27Во декември, нашите влади ќе се состанат да ги донесат конечните одлуки за иднината на Интернет.
-
3:27 - 3:30Останува на нас, на корисниците на Интернет во сите земји на светот,
-
3:30 - 3:34да им кажеме да застанат во одбрана на отворениот Интернет.
-
3:34 - 3:39Ако сите што ќе го погледаат ова видео проговорат гласно и ги контактираат своите влади, постои шанса да победиме.
-
3:39 - 3:40Помогнете ни да го споделиме ова видео
-
3:40 - 3:43и посетете го овој сајт за да проговорите
-
3:43 - 3:45и да ја контактирата вашата влада веднаш!
-
3:45 - 3:48Да го искористиме глобалниот досег на интернет за да го одбраниме!
-
3:48 - 3:56Побарајте од вашите водачи да се спротивстават на пренесувањето на овластувањата за клучните одлуки што се однесуваат на интернет на ITU.
- Title:
- Како ITU може да го однесе интернет зад затворени врати.
- Description:
-
Превземете акција на http://www.whatistheITU.org
Ова кратко, информативно видео за сериозните закани за слободниот и отворен интернет што можат да имаат катастрофални последици по човековите права и слободата на изразувањето во целиот свет е плод на соработката на Fight for the Future и Access.
- Video Language:
- English
- Team:
- Volunteer
- Duration:
- 04:08
Dejan Georgievski edited Macedonian subtitles for How the ITU could put the internet behind closed doors. | ||
Dejan Georgievski edited Macedonian subtitles for How the ITU could put the internet behind closed doors. | ||
Dejan Georgievski edited Macedonian subtitles for How the ITU could put the internet behind closed doors. | ||
Dejan Georgievski added a translation |