Macedonian subtitles

← Силната моќ на искреното извинување

Get Embed Code
33 Languages

Showing Revision 5 created 03/28/2020 by ALEKSANDAR MITEVSKI.

  1. Во последните неколку години,
    ги критикуваме мажите.
  2. Моравме да го сториме тоа.
  3. (Аплауз)

  4. Од неодамна, си размислувам дека
    мора да преземеме нешто уште построго.

  5. Мора, што би рекол мојот добар пријател,
    Тони Портер,
  6. да најдеме начин
    да ги вклучиме во разговорот.
  7. Татко ми почна сексуално да ме
    злоупотребува кога имав 5 години.

  8. Доаѓаше среде ноќ во мојата соба.
  9. Изгледаше како да е во транс.
  10. Злоупотребувањето траеше
    додека наполнив 10 години.
  11. Кога пробав да му се спротивставам,
  12. кога конечно можев да кажам „не“,
  13. почна да ме тепа.
  14. Ме нарекуваше глупава.
  15. Ме нарекуваше лажга.
  16. Сексуалното насилство заврши
    кога имав 10 години

  17. но всушност, никогаш не заврши целосно.
  18. Ме промени како личност.
  19. Постојано бев исполнета
    со страв, вина и срам,
  20. и не знаев зошто.
  21. Си го мразев телото,
    се мразев самата себеси,
  22. честопати се разболував,
  23. не можев да размислувам,
  24. не можев да паметам информации.
  25. Ме привлекуваа опасни мажи и жени
  26. на кои им дозволував, поточно,
    ги повикував да ме третираат лошо,
  27. бидејќи татко ми ме научи
    дека тоа е љубов.
  28. Целиот живот чекав извинување
    од татко ми.

  29. Не ми се извини.
  30. Не сакаше.
  31. И потоа, по неодамнешните скандали
    на познатите мажи,
  32. додека ги откриваа еден по друг,
  33. сфатив нешто:
  34. никогаш не сум слушнала како маж,
  35. кој силувал или физички малтретирал некого
  36. јавно ѝ се извинил на жртвата.
  37. Почнав да се прашувам,
  38. како би изгледало едно искрено
    и длабоко извинување.
  39. Така, почна да се случува нешто чудно.

  40. Почнав да пишувам
  41. и гласот на татко ми почна
    да излегува од мене.
  42. Почна да ми кажува што ми направил
  43. и зошто.
  44. Почна да се извинува.
  45. Татко ми е мртов речиси 31 година,
  46. но сепак, во извинувањето,
  47. што морав да го напишам во негово име,
  48. ја открив моќта на извинувањето
  49. и како тоа е можеби начинот
    да продолжиме понатаму,
  50. од кризата во која моментално се наоѓаме
  51. со мажите и сите жени
    злоупотребени од нивна страна.
  52. Извинувањето е света задача.

  53. Бара целосна искреност.
  54. Бара време и длабоко испитување на себеси.
  55. Не може да го брзаме.
  56. Открив дека извинувањето има 4 чекори,
  57. кои би сакала да ви ги претставам.
  58. Првиот чекор - мора детално да кажете
    што сте сториле.

  59. Вашето извинување не смее да биде бледо.
  60. „Извини ако те повредив"
  61. „Извини ако сексуално те злоупотребив,"
  62. не е доволно.
  63. Мора да кажете што всушност се случило.
  64. „Дојдов во собата среде ноќ,
  65. и ти ги соблеков гаќите."
  66. „Те омаловажував
    бидејќи ти љубоморев
  67. и сакав да чувствуваш
    помалку вредна."
  68. Ослободувањето е во деталите.
  69. Извинувањето е навраќање.
  70. Ги поврзува минатото и сегашноста.
  71. Потврдува дека тоа навистина се случило.
  72. Вториот чекор е
    да се прашате зошто сте го сториле тоа.

  73. Жртвите ги прогонува тоа „зошто“.
  74. Зошто? Зошто татко ми сакал сексуално
    да си ја злоупотреби најстарата ќерка?
  75. Зошто би ми ја земал главата и
    би ми ја удрил во ѕид?
  76. Во случајот на татко ми,
  77. тој бил роден долго време
    по другите деца.
  78. Не бил планиран и станал „чудо".
  79. Го обожавале и третирале посебно -
    тој бил омиленото дете.
  80. Но обожавањето, излегува дека не е љубов.
  81. Обожавањето е проекција
  82. на нечија туѓа потреба ти да си совршен
  83. врз тебе.
  84. Татко ми морал да го достигне
    тој невозможен идеал
  85. и никогаш не смеел
    да се однесува како што сака.
  86. Никогаш не смеел да изрази нежност
  87. или ранливост, љубопитност, сомнеж.
  88. Не му било дозволено да плаче.
  89. И бил присилен да ги потисне
    сите чувства
  90. и на крајот, тие метастазирале.
  91. Тие потиснати чувства подоцна станале
    негова сенка,
  92. сенката ја изгубила контролата
  93. и на крај, откако се ослободила,
    се истури врз мене.
  94. Третиот чекор е
    да си го отворите срцето

  95. и да почувствувате што чувствувала
    жртвата додека сте ја злоупотребувале.
  96. Мора да му дозволите на срцето
    да се скрши.
  97. Мора да ги почувствувате
    теророт, предавството
  98. и долготрајното влијание на
    вашето насилство врз жртвата
  99. Мора да го прифатите страдањето
    што сте го предизвикале.
  100. И се разбира, четвртиот чекор

  101. е да преземете одговорност
    за она што сте го сториле
  102. и да направите промени.
  103. Па, зошто некој би сакал да помине
    низ толку мачен и понижувачки процес?

  104. Зошто некој би сакал да се отвори?
  105. Бидејќи тоа е единственото нешто
    што може да ве ослободи.
  106. Тоа е и единственото нешто
    што ќе ја ослободи жртвата.
  107. Ја немате уништено само жртвата.
  108. Сте се уништиле и себеси.
  109. Нема личност што некому нанесува зло,
  110. а и самата не ги сноси последиците.
  111. Создава неверојатно мрачна и
    заразна енергија
  112. што се шири низ целиот ваш живот.
  113. Извинувањето што го напишав -
    научив нешто

  114. за туѓата перспектива,
    од која треба да погледнеме,
  115. за да можеме да го разбереме
    проблемот со насилството од мажите
  116. кое јас и милијарда други жени
    сме го преживеале.
  117. Честопати се осврнуваме кон казнувањето,
    како прва мерка.
  118. Тоа ни е првиот инстинкт, но всушност,
  119. иако казнувањето е некогаш ефективно,
  120. само по себе, не е доволно.
  121. Мојот татко ме казни мене.
  122. Бев отфрлена
  123. и скршена.
  124. Мислам дека казнувањето нè зацврстува,
    но не нè учи ништо.
  125. Понижувањето не е откровение.
  126. Ние всушност мора да создадеме процес,
    кој може да опфати и казнување,
  127. но, отвора и можност
  128. мажите да можат да станат
    нешто друго или некој друг.
  129. Многу години, си го мразев татко ми.

  130. Сакав да умре.
    Сакав да оди во затвор.
  131. Но всушност, тој бес ме поврзуваше
    со приказната на татко ми.
  132. Она што навистина го сакав
    не беше само некој да го запре.
  133. Сакав да се смени.
  134. Сакав да се извини.
  135. Тоа е тоа што го сакаме.
  136. Не сакаме мажите да бидат уништени,
  137. не сакаме само да бидат казнети.
  138. Сакаме да нè видат нас,
    жртвите што ги повредиле
  139. и сакаме да се покајат
  140. и да се сменат.
  141. И јас всушност верувам
    дека ова е возможно.
  142. И верувам дека е тоа е начинот
    за да продолжиме понатаму.
  143. Но, мажите треба да ни се придружат.
  144. Мажите треба да се храбри и
    да се дел од оваа трансформација.
  145. Го поминав најголемиот дел
    од животот критикувајќи ги мажите,
  146. и сега сум овде,
  147. токму во овој момент,
  148. да ве повикам
    да се приклучите во процесот.
  149. Ви благодарам.

  150. (Аплауз)

  151. Ви благодарам.

  152. (Аплауз)

  153. Ви благодарам, ви благодарам.

  154. (Аплауз)