YouTube

Got a YouTube account?

New: enable viewer-created translations and captions on your YouTube channel!

Macedonian subtitles

← Unit 2, Topic 2, Route Finding Question

Unit 2, Topic 2, Route Finding Question

Get Embed Code
20 Languages

Showing Revision 1 created 10/13/2011 by Amara Bot.

  1. И одговорот е не.

  2. Нема решение кое што агентот може да го открие
  3. затоа што Букурешт не се појавува на мапата,
  4. па агентот не знае ниту една акција со која може да пристигне таму.
  5. Па, да му дадеме на агентот подобра шанса.
  6. Сега му ја дадовме целата мапа на Романија.
  7. На почетокот, тој е во Арад, а дестинацијата, или целта, е Букурешт.
  8. И на агентот му е даден проблемот на наоѓање секвенца на акции
  9. кои ќе водат до дестинацијата.
  10. Сега, дали е можно за агентот да го реши овој проблем?
  11. И одговорот е да.
  12. Има многу рути или чекори или секвенци на акции кои водат до дестинацијата.
  13. Еве еден од нив:
  14. Почнувајќи во Арад, прво превземајќи го овој чекор, па овој, па овој,
  15. па овој, и овој за да пристигне до дестинацијата.
  16. Тоа би се сметало за решение на проблемот.
  17. Секвенцата на акции, поврзани заедно, кои гарантирано ќе не донесат до целта.
  18. [Дефиниција на проблем]
  19. Сега, ајде формално да дефинираме како изгледа еден проблем.
  20. Проблемот може да биде разделен во повеќе компоненти.
  21. Прво, почетната состојба со која почнува агентот.
  22. Во нашиот проблем за наоѓање на рута, почетната состојба на агентот е кога тој е во Арад.
  23. Следно, функција, акции, која ја зема состојбата како инпут и враќа
  24. сет на можни акции кои агентот може да ги изведе кога е во оваа состојба.
  25. [АКЦИИ (ѕ) {а,а2,а3...}]
  26. Во некои проблеми, агентот ќе ги има истите акции на располагање во сите состојби
  27. а во други, ќе има различни акции во зависност од состојбата.
  28. Во овој проблем, акциите се зависни од состојбата.
  29. кога сме во еден град, можеме да ги земеме рутите до соседните градови
  30. но не и до други.
  31. Потоа имаме функција наречена Result, која како инпут зема состојба и акција
  32. и дава, како аутпут, нова состојба.
  33. Значи, на пример, ако агентот е во Арад и земе - тоа би било состојбата -
  34. и ја превземе акцијата на возење по рутата E-671 накај Темишвар.
  35. тогаш резултатот од применувањето на таа акција во таа состојба ќе биде новата состојба -
  36. каде агентот е во Темишвар.
  37. Следно, ни треба функција наречена Goal Test,
  38. која зема состојба и враќа Boolean вредност-
  39. точно или неточно- кажувајќи ни дали оваа состојба е целта или не.
  40. Во ваков проблем за наоѓање на рута, единтвена цел е градот на дестинацијата,
  41. градот Букурешт, а сите останати состојби би вратиле неточно за Goal Test.
  42. И конечно, ни треба уште едно нешто, функција Path Cost,
  43. која зема патека, секвенца од транзиции состојба/акција,
  44. и враќа број, кој е цената на таа патека.
  45. За најголемиот број од проблемите со кои ќе се занимаваме, функцијата Path Cost ќе биде адитивна,
  46. за цената на патеката да биде само збир од цената на индивидуалните чекори.
  47. Па ќе ја спроведеме оваа функција во однос на функцијата Step Cost.
  48. Step Cost функцијата зема состојба, акција, и резултантната состојба од таа акција
  49. и враќа број n кој е цената на таа акција.
  50. Во овој пример, цената може да биде бројот на поминати милји
  51. или пак бројот на минути потребни да се стигне до дестинацијата.