-
Title:
Неверојатната рамнотежа меѓу храброста и стравот
-
Description:
На Кара Е. Јар Кан ѝ кажале дека ќе треба да ги заузда амбициите и да ги скроти соништата, откако ѝ дијагностицирале ретка генетска болест од која слабеат мускулите. Таа одлучила да го занемари советот и продолжила да си ги следи најголемите амбиции. Во овој впечатлив, емотивен говор, таа ја споделува личната филозофија зад работењето на проекти што најмногу ѝ значат - овозможувајќи им на храброста и стравот да стојат рамо до рамо. Погледнете снимки од кои ќе ви запре срцето и кои ќе ви создадат вртоглавица, снимки од патувањето што покажува како таа ја спроведува теоријата на дело.
-
Speaker:
Кара Е. Јар Кан
-
Кога сме млади,
ние сме наивно храбри
-
и си ја замислуваме иднината
без трошка страв.
-
Можеби сте сакале да станете
астронаути или научници.
-
Можеби сте сонувале
да ги посетите сите континенти.
-
Уште од мала
-
сонував да работам
за Обединетите нации
-
во најпроблематичните држави
во светот.
-
И благодарение
на големата храброст
-
сонот ми се оствари.
-
Но имајте го предвид ова:
¶
-
храброста не се појавува
кога ќе ни притреба.
-
Таа е производ на длабока промисленост
и вистинска работа,
-
и значи рамнотежа
меѓу стравот и храброста.
-
Без страв,
би правеле будалаштини.
-
А без храброст,
не би тргнале кон непознатото.
-
Кога има рамнотежа меѓу нив,
се случува магија,
-
тоа е рамнотежата
која секојдневно ја бараме.
-
Најпрво, збор-два
за моите симпатични тркала.
¶
-
Не бев отсекогаш
во инвалидска количка.
-
Пораснав како вас,
-
трчав, скокав, танцував.
-
Обожавав да танцувам.
-
Но во средината на дваесеттите,
-
почнав да паѓам
без причина.
-
По неколку години,
-
ми дијагностицираа
рецесивна генетска болест
-
што се нарекува
наследна миопатија со инклузии
-
или HIBM.
-
Тоа е прогресивна невромускулна болест
-
што влијае на сите мускули
од глава до пети.
-
HIBM е многу ретка.
-
Има помалку од 200 случаи
во САД.
-
До денес, не е откриен
третман или лек,
-
и по 10 до 15 години
од првите симптоми,
-
доведува до квадриплегија,
-
па затоа денес користам количка.
-
Кога ми ја дијагностицираа болеста,
сѐ се промени.
¶
-
Беа тоа страшни вести
-
зашто немав искуство
со хронична болест или со инвалидитет.
-
Немав претстава
како може да напредува болеста.
-
Но најмногу ме обесхрабруваше
-
кога слушав како ме советуваат
-
да си ги зауздам амбициите и сништата,
-
и да ги променам
очекувањата во животот.
-
„Треба да се откажеш
од меѓународната кариера.“
-
„Никој нема да се омажи со тебе ваква.“
-
„Би било себично да сакаш деца.“
-
Фактот дека други луѓе
-
ми ги ограничуваа
сништата и амбициите
-
беше бесмислен.
-
И неприфатлив.
-
Затоа ги игнорирав.
-
(бодрење и аплаудирање)
¶
-
-
И сама одлучив да не родам деца.
-
И ја продолжив кариерата
во Обединетите нации
-
по дијагнозата,
-
две години работев во Ангола
-
која се опоравуваше
од 27-годишна граѓанска војна.
-
Дури по 5 години
-
му ја соопштив дијагнозата
на мојот работодавач.
-
Затоа што се плашев
-
дека ќе се сомневаат во
моите способности и ќе добијам отказ.
-
Работев во држави
каде детската парализа беше честа,
-
па кога наслушнав
како велат
-
дека можеби сум преживеала
детска парализа,
-
мислев дека
тајната ќе остане неоткриена.
-
Не ме прашуваа зошто куцам.
-
Па, не кажав ништо.
-
-
да се соочам
со сериозноста на HIBM,
-
дури кога простите задачи и функции
почнаа да стануваат потешки.
-
Но продолжив да си го следам сонот
и да работам низ светот,
-
бев назначена како
фокусна точка за инвалидитет
-
за УНИЦЕФ во Хаити,
-
каде служев две години
по разурнувачкиот земјотрес од 2010.
-
Потоа, работата ме донесе
во САД.
-
Дури и кога болеста значајно напредуваше
-
и ми беа неопходни
протези и одалка,
-
копнеев за авантура.
-
А овојпат,
-
сонував за
грандиозна авантура на отворено.
-
А што е пограндиозно од
Големиот Кањон?
-
Знаете ли дека
на секои 5 милиони посетители
¶
-
само еден процент слегува
во подножјето на кањонот?
-
Сакав да бидам дел од тој еден процент.
-
Само што -
-
-
Само што Големиот Кањон
не е лесно пристаплив.
¶
-
Потребна ми беше помош
-
да се спуштам по стрмната удолнина
долга 1.5 км.
-
Но кога се соочувам со препреки
-
стравот не настапува веднаш
-
зашто си велам,
вака или онака,
-
ќе најдам начин.
-
Во овој случај, си помислив,
-
ако не успеам да отидам пеш,
-
би можела да научам да јавам коњ.
-
Токму тоа го сторив.
-
И од таа судбоносна одлука
¶
-
произлезе четиригодишна предаденост,
-
одржување рамнотежа
меѓу стравот и храброста
-
за да го отпочнам
дванаесетдневниот поход.
-
Четири дена на коњ да го поминам
Големиот Кањон од крај до крај.
-
8 дена и 240 км
на сплав на реката Колорадо
-
со филмска екипа покрај нас.
-
На крајот - успеавме.
-
Но не пред да увидам дека
стравовите
-
можат да се претворат
во подеднакво голема храброст.
-
На 13 април 2018 г.,
-
додека се наоѓав
на 2.5 км над земјата,
-
и јавав коњ по име Шериф,
-
мојот прв впечаток за Големиот Кањон
-
беше шок и ужас.
-
Кој знаел дека се плашам од височини.
-
(смеа)
-
Но немаше откажување сега.
¶
-
Го собрав секој грам храброст од мене
¶
-
и не му дозволив на стравот
да ме надвладее.
-
Додека се движев
по Јужниот раб,
-
за да останам прибрана
можев само
-
да дишам длабоко,
да гледам во облаците
-
и да се фокусирам на
гласовите од групата.
-
Но веднаш штом тргнавме -
катастрофа.
-
Не бев
исправена на седлото,
-
и на едно преголемо скалило
-
излетав напред и со лицето
плеснав право во коњот.
-
Настана паника,
-
главата ужасно ме болеше,
-
но стазата беше претесна
за да се симнам од седлото.
-
Само на половина пат,
на висина 700 метри,
-
барем по два часа спуштање,
-
можевме да застанеме
да ја тргнам кацигата
-
и да видам
џумка голема колку јајце.
-
При сето планирање и опрема,
-
како не зедовме пакет мраз?
-
(смеа)
-
За среќа, отокот излегуваше
¶
-
и ми се изли под очите,
во форма на две фантастични модрици
¶
-
што патем е одличен изглед
за документарец.
-
(смеа)
-
-
Не беше лесно и мирно патување,
¶
-
но во тоа се криеше пораката.
¶
-
Иако се плашев да се вратам
на седлото,
-
се вратив.
-
Самото спуштање
до дното на кањонот
-
траеше вкупно 10 часа
-
а тоа беше само првиот
од четирите дена.
-
Следни беа силните брзаци.
-
На реката Колорадо во Големиот Кањон
¶
-
се дел од најголемите брзаци
во државата.
-
И за да сме подготвени
во случај на превртување,
-
вежбавме така што пливав
по помали брзаци.
-
И можам да кажам дека
не беше гламурозно.
-
(смеа)
-
Зедов воздух
во погрешен дел од бранот
¶
-
-
и не можев да се водам себеси.
-
Да, беше застрашувачки,
-
но истовремено беше фантастично.
-
Водопади, лизгави кањони
-
и карпесто тло
старо милјарди години
-
што изгледаше како
да менува бои.
-
Големиот Кањон
е вистинска дивина
-
и вреди
секој кажан збор за него.
-
(аплауз)
-
-
целото планирање и самото патување,
¶
-
ми покажаа ниво на страв
што никогаш не сум го искусила.
-
Но, поважно,
-
ми покажаа колку голема храброст
има во мене.
-
Патувањето не беше лесно.
-
Ова не беше визија на Амазонка
-
која без напор се пробива преку
импресивна природа.
-
Бев јас - со солзи,
-
преморена и претепана со две модри очи.
-
Беше застрашувачки,
-
беше стресно,
-
беше восхитувачко.
-
Откако заврши,
-
лесно е опуштено
да раскажувам што постигнавме.
¶
-
Знам дека сакам да одам
на рафтинг повторно.
-
Овој пат, на сите 445 км.
-
(аплауз)
-
Но знам и дека не би го поминувала
одново делот со коњот.
¶
-
-
-
-
Не дојдов
само да ви покажам снимки.
-
Дојдов да ве потсетам
-
дека животот е само лекција
-
за рамнотежата
меѓу стравот и храброста.
-
И да научиме што е,
а што не е добра идеја.
-
(смеа)
-
Животот сам по себе е страшен,
¶
-
и за да си ги оствариме сништата,
мора да сме храбри.
¶
-
Во соочувањето со стравовите
-
и наоѓањето храброст
да се пробивам низ нив,
-
се колнам, животот ми беше извонреден.
-
Затоа, живејте со полно срце
-
и обидете се храброста
да го надвладее стравот.
-
Не се знае до каде ќе стигнете.
-
Благодарам.
-