Return to Video

Камерон Херолд: Ајде да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи

  • 0:01 - 0:04
    подготвен сум да се обложам дека јас сум најглупавиот човек во оваа просторија
  • 0:04 - 0:06
    бидејќи не можев да го завршам училиштето.
  • 0:06 - 0:08
    Но тоа што го знаев на многу рана возраст
  • 0:08 - 0:10
    е дека ги сакам парите и го сакам бизнисот
  • 0:10 - 0:12
    и го сакам претприемништвото.
  • 0:12 - 0:14
    И јас бев одгледан така за да бидам претприемач.
  • 0:14 - 0:16
    Уште од мал имав навистина голема страст за --
  • 0:16 - 0:19
    но за ова никогаш до сега не сум зборувал --
  • 0:19 - 0:22
    значи ова е прв пат некој друг да го слушне ова, освен жена ми пред три дена,
  • 0:22 - 0:25
    бидејќи таа ми рече, „За што зборуваш?“ и јас и кажав --
  • 0:25 - 0:27
    мислам дека пропуштаме можност
  • 0:27 - 0:29
    да ги најдеме оние деца
  • 0:29 - 0:31
    кои имаат претприемачки особини,
  • 0:31 - 0:33
    и да ги подготвиме или да им покажеме
  • 0:33 - 0:35
    дека да се биде претприемач е всушност кул.
  • 0:35 - 0:38
    Тоа не е нешто лошо, но е на лош глас,
  • 0:38 - 0:41
    и тоа се случува во многу општества.
  • 0:41 - 0:44
    Децата, кога ќе пораснат, имаат соништа.
  • 0:44 - 0:46
    Имаме страсти и имаме визии.
  • 0:46 - 0:48
    И некако тие работи ни се рушат.
  • 0:48 - 0:51
    И ни е кажано дека треба повеќе да учиме
  • 0:51 - 0:53
    или да бидеме пофокусирани или да земеме тутор.
  • 0:53 - 0:55
    Моите родители ми најдоа тутор за француски,
  • 0:55 - 0:58
    но јас и понатаму немам поим од француски.
  • 0:58 - 1:00
    Пред две години, јас бев највисоко оценет предавач
  • 1:00 - 1:03
    на магистерските студии за претприемништво на MIT.
  • 1:03 - 1:06
    А тоа беше настан на кој јас зборував пред група на претприемачи од цел свет.
  • 1:06 - 1:09
    Кога бев во второ одделение, јас ја освоив градската награда во натпреварот за говорништво,
  • 1:09 - 1:11
    но никој не рече,
  • 1:11 - 1:13
    „Еј, ова дете е добар говорник.
  • 1:13 - 1:16
    Не може да се фокусира, но сака да шета наоколу и да ги енергизира луѓето.“
  • 1:16 - 1:18
    Никој не рече, „Најдете му тренер за говорништво.“
  • 1:18 - 1:20
    Тие рекоа, најдете му тутор за она за што не го бива.
  • 1:20 - 1:22
    Значи децата пројавуваат такви особини.
  • 1:22 - 1:24
    И ние треба да почнеме да ги бараме тие особини.
  • 1:24 - 1:26
    Мислам дека треба да ги воспитуваме децата
  • 1:26 - 1:28
    да бидат претприемачи наместо адвокати.
  • 1:28 - 1:30
    А за жал училишниот систем
  • 1:30 - 1:32
    го подготвува овој свет
  • 1:32 - 1:34
    да каже, „Еј, ајде да бидеме адвокати или ајде да бидеме доктори,“
  • 1:34 - 1:36
    и ја пропуштаме можноста бидејќи
  • 1:36 - 1:39
    никој никогаш не вели, „Еј, биди претприемач.“
  • 1:39 - 1:41
    Претприемачите се луѓе -- бидејќи ги има многу овде во просторијава --
  • 1:41 - 1:44
    кои имаат некои идеи и страсти или гледаат некои потреби во светот
  • 1:44 - 1:46
    и одлучуваат да станат и да го направат тоа.
  • 1:46 - 1:49
    И ризикуваме се само за да го оствариме тоа.
  • 1:49 - 1:51
    И имаме способност да привлечеме група луѓе околу нас
  • 1:51 - 1:53
    кои би сакале да го градат тој сон со нас.
  • 1:53 - 1:55
    И мислам дека, ако децата
  • 1:55 - 1:58
    ја прифатат оваа идеја, на мала возраст, да бидат претприемачи,
  • 1:58 - 2:01
    би можеле да го промениме сето она во светот кое денес претставува проблем.
  • 2:01 - 2:04
    За секој проблем кој постои, некој има идеја за него.
  • 2:04 - 2:06
    Како мало дете, никој не може да ви каже дека тоа не може да се случи
  • 2:06 - 2:08
    бидејќи вие сте многу незрели за да бидете свесни
  • 2:08 - 2:10
    дека не можете да сфатите.
  • 2:10 - 2:13
    Мислам дека ние како родители, но и општеството, имаме обврска
  • 2:13 - 2:15
    да почнеме да ги учиме децата да ловат риба
  • 2:15 - 2:17
    наместо да им даваме риба.
  • 2:17 - 2:19
    Старата парабола, „Ако му дадеш на човекот риба, си го нахранил за еден ден.
  • 2:19 - 2:22
    Ако го научиш човекот да лови риба, си го нахранил за цел живот.“
  • 2:22 - 2:24
    Треба да ги научиме нашите деца да бидат претприемачи,
  • 2:24 - 2:26
    оние кои пројавуваат такви особини,
  • 2:26 - 2:29
    како што ги учиме оние кои имаат дарба за наука да бидат научници.
  • 2:29 - 2:31
    Што ако ги забележиме оние кои имаат претприемачки особини
  • 2:31 - 2:33
    и ги научиме да бидат претприемачи?
  • 2:33 - 2:35
    Би ги имале сите тие деца кои ќе го шират бизнисот
  • 2:35 - 2:37
    наместо да ги чекаат владините донации.
  • 2:37 - 2:40
    А ние седиме и ги учиме нашите деца што не треба да прават.
  • 2:40 - 2:42
    Немој да удираш; немој да гризаш; немој да пцуеш.
  • 2:42 - 2:45
    Сега ги учиме децата да бараат навистина добри вработувања,
  • 2:45 - 2:47
    знаете, а училишниот систем ги учи да изберат
  • 2:47 - 2:49
    да бидат доктори и да бидат адвокати
  • 2:49 - 2:51
    и да бидат сметководители и стоматолози
  • 2:51 - 2:53
    и учители и пилоти.
  • 2:53 - 2:55
    А медиумите велат дека е многу кул ако излеземе
  • 2:55 - 2:57
    и бидеме модел или пејач
  • 2:57 - 3:00
    или спортски херој како Сидни Крозби.
  • 3:00 - 3:03
    Нашата МВА програма не ги учи децата да бидат претприемачи.
  • 3:03 - 3:05
    Причината поради која јас ја избегнав МВА програмата --
  • 3:05 - 3:07
    на страна фактот дека не можев ниту да влезам во некоја
  • 3:07 - 3:09
    бидејќи имав 61 процент просек во средното училиште
  • 3:09 - 3:11
    и со 61 процент просек
  • 3:11 - 3:13
    едвај ме примија во единственото училиште во Канада кое ме прифати, Карлтон --
  • 3:13 - 3:16
    но нашите МВА програми не ги учат децата да бидат претприемачи.
  • 3:16 - 3:18
    Тие ги учат како да одат да работат во корпорации.
  • 3:18 - 3:21
    Но кој ги основа тие компании? Тоа се случајно неколку луѓе.
  • 3:21 - 3:24
    Дури и во популарната книжевност, единствената книга која јас ја најдов --
  • 3:24 - 3:26
    а оваа треба да се најде на листата за читање кај сите вас --
  • 3:26 - 3:28
    единствената книга која воопшто ја најдов
  • 3:28 - 3:30
    која претприемачот го претвора во херој е „Atlas Shrugged“.
  • 3:30 - 3:32
    Се друго во светот се стреми кон тоа да погледне во претприемачите
  • 3:32 - 3:34
    и да рече дека тие се лоши луѓе.
  • 3:34 - 3:36
    Јас гледам дури и на моето семејство.
  • 3:36 - 3:38
    Моите дедовци обајцата биле претприемачи. Татко ми беше претприемач.
  • 3:38 - 3:41
    И брат ми и сестра ми и јас, сите тројца поседуваме компании исто така.
  • 3:41 - 3:43
    И сите ние одлучивме да почнеме со тоа
  • 3:43 - 3:45
    бидејќи тоа е единственото место каде се вклопуваме.
  • 3:45 - 3:47
    Ние не се снаоѓавме на нормално работно место. Не можевме да работиме за некој друг
  • 3:47 - 3:50
    бидејќи сме премногу тврдоглави и имаме толку многу други способности.
  • 3:50 - 3:52
    Но и децата можат да бидат претприемачи исто така.
  • 3:52 - 3:54
    Јас сум голем дел од две глобални организации
  • 3:54 - 3:56
    наречени Организација на претприемачи и Организација на млади претседатели.
  • 3:56 - 3:58
    Штотуку се вратив од Барселона
  • 3:58 - 4:01
    каде што говорев на ОМP глобалната конференција,
  • 4:01 - 4:03
    и сите што ги запознав таму
  • 4:03 - 4:05
    кои се претприемачи
  • 4:05 - 4:07
    имаа потешкотии во училиштето.
  • 4:07 - 4:10
    Кај мене се дијагностицирани 18 од 19 знаци за растројство на вниманието.
  • 4:10 - 4:13
    Па ова нешто овде ме излудува.
  • 4:13 - 4:15
    -
  • 4:15 - 4:17
    Веројатно затоа сега сум во мала паника --
  • 4:17 - 4:19
    на страна сиот кофеин и шеќерот што ги земав --
  • 4:19 - 4:22
    но ова е навистина морничаво за еден претприемач.
  • 4:22 - 4:24
    Растројство на вниманието, биполарно растројство.
  • 4:24 - 4:27
    Дали знаевте дека биполарносто растројство има прекар директорска болест?
  • 4:27 - 4:30
    Тед Тарнер ја има. Стив Џобс ја има.
  • 4:30 - 4:33
    Сите тројца основачи на Netscape ја имаат.
  • 4:33 - 4:35
    Би можел да продолжам.
  • 4:35 - 4:37
    Децата -- би можеле да ги видите тие знаци кај децата.
  • 4:37 - 4:39
    Но тоа што го правиме ние е им даваме Ritalin и им велиме,
  • 4:39 - 4:41
    „Немој да бидеш претприемачки тип.
  • 4:41 - 4:43
    Вклопи се во овој систем и обиди се да станеш студент.“
  • 4:43 - 4:45
    Извинете, но претприемачите не се студенти.
  • 4:45 - 4:47
    Ние одиме по брзата патека. Ние ја сваќаме играта.
  • 4:47 - 4:49
    Ги крадев писмените задачи. Препишував на тестовите.
  • 4:49 - 4:52
    Ги најмував децата за да ги завршат сметководствените задачи на Универзитетот
  • 4:52 - 4:54
    за 13 Последователни задачи.
  • 4:54 - 4:57
    Но како претприемач вие не работите сметководство, туку најмувате сметководители.
  • 4:57 - 4:59
    Јас тоа порано го сфатив.
  • 4:59 - 5:01
    -
  • 5:01 - 5:03
    -
  • 5:03 - 5:06
    Бар можам да признаам дека препишував на факултет; повеќето од нас не би го направиле тоа.
  • 5:06 - 5:09
    Ме цитираат -- а јас и реков на личноста која ја пишуваше книгата --
  • 5:09 - 5:11
    Денес ме цитираат во истиот тој универзитетски учебник
  • 5:11 - 5:14
    во секој универзитет и колеџ во Канада.
  • 5:14 - 5:17
    Во сметководството за менаџери, јас сум во поглавје осум.
  • 5:17 - 5:19
    Го отворам поглавјето осум зборувајќи за буџетот.
  • 5:19 - 5:22
    И и реков на авторката, откако ме интервјуираа, дека препишував на тој предмет.
  • 5:22 - 5:25
    А таа мислеше дека тоа е премногу смешно за да не се додаде.
  • 5:25 - 5:28
    Но кај децата можете да ги забележите ваквите знаци.
  • 5:28 - 5:30
    Дефиницијата за претприемач е „личност која организира, спроведува
  • 5:30 - 5:33
    и го предвидува ризикот за деловната зделка.“
  • 5:33 - 5:35
    Тоа не значи дека треба да одите на МВА програмата.
  • 5:35 - 5:37
    Тоа не значи дека мора да го завршите училиштето.
  • 5:37 - 5:40
    Тоа само значи дека морате да се чувствувате добро во врска со тие работи.
  • 5:40 - 5:43
    Сме ги слушнале приказните за тоа, дали тоа се стекнува или е вродено, нели.
  • 5:43 - 5:45
    Дали е првото или е другото? Кое е?
  • 5:45 - 5:48
    Па, јас не мислам дека е ни едното ни другото. Мислам дека се и двете.
  • 5:48 - 5:50
    Јас бев подготвуван за претприемач.
  • 5:50 - 5:52
    Кога растев, јас немав избор,
  • 5:52 - 5:54
    бидејќи бев поучуван уште многу рано, на мала возраст --
  • 5:54 - 5:56
    кога татко ми сфати дека јас нема да се вклопам
  • 5:56 - 5:58
    во сето она што ме учеа на училиште --
  • 5:58 - 6:01
    дека тој може да ме научи да го сфатам бизнисот на многу мала возраст.
  • 6:01 - 6:03
    Тој не подготви нас, сите тројца,
  • 6:03 - 6:05
    да ја мразиме помислата да бидеме вработени
  • 6:05 - 6:08
    и да ја сакаме можноста да креираме компании во кои ќе можеме да вработиме други луѓе.
  • 6:08 - 6:11
    Мојата прва мала бизнис авантура, кога имав седум години, беше во Винипег,
  • 6:11 - 6:13
    и јас лежев на мојот кревет со еден од оние долги продолжени кабли.
  • 6:13 - 6:15
    И им се јавував на сите перални за хемиско чистење во Винипег
  • 6:15 - 6:17
    за да дознаам колку тие
  • 6:17 - 6:19
    би ми платиле за закачалки.
  • 6:19 - 6:21
    И мајка ми влезе во собата и ми рече,
  • 6:21 - 6:24
    „Од каде ќе ги набавиш закачалките за да им ги продадеш на хемиското чистење?“
  • 6:24 - 6:26
    А јас и реков, „Ајде да одиме и да погледнеме во подрумот.“
  • 6:26 - 6:29
    И отидовме долу во подрумот. И јас отворив еден креденец.
  • 6:29 - 6:31
    И таму имаше околу илјада закачалки кои јас ги собирав.
  • 6:31 - 6:34
    Бидејќи, кога јас и кажував дека излегувам надвор да си играм со децата,
  • 6:34 - 6:36
    јас одев од врата до врата во соседството за да собирам закачалки
  • 6:36 - 6:38
    и да ги чувам во подрумот за продавање.
  • 6:38 - 6:40
    Бидејќи видов неколку недели пред тоа --
  • 6:40 - 6:43
    дека може да се заработи од тоа. Понекогаш наплатуваа по два центи за една закачалка.
  • 6:43 - 6:45
    Сфатив дека има секакви видови на закачалки.
  • 6:45 - 6:47
    И јас само ќе ги соберам.
  • 6:47 - 6:50
    И јас знаев дека таа не би сакала јас да одам и да ги собирам, па јас едноствно отидов и го направив тоа.
  • 6:51 - 6:53
    И научив дека всушност можеш да преговараш со луѓето.
  • 6:53 - 6:56
    Една особа ми понуди три центи а јас ја убедив да ми даде три и половина.
  • 6:56 - 6:58
    На седум годишна возраст го знаев дури и тоа
  • 6:58 - 7:01
    дека всушност можам да добијам децимален процент од еден цент,
  • 7:01 - 7:03
    а луѓето би го плаќале тоа бидејќи се множи.
  • 7:03 - 7:06
    На седум години јас тоа го сфатив. Добив три и половина центи за илјада закачалки.
  • 7:06 - 7:08
    Продавав штитници за регистарски таблички од врата до врата.
  • 7:08 - 7:10
    Татко ми всушност ме натера да најдам некој
  • 7:10 - 7:12
    кој би ми ги продал сите тие работи на големо.
  • 7:12 - 7:14
    И на девет годишна возраст, јас одев низ градот Sudbury
  • 7:14 - 7:17
    и продавав штитници за таблички од врата на врата по куќите.
  • 7:17 - 7:20
    Живо се сеќавам на еден муштерија
  • 7:20 - 7:22
    бидејќи работев и други работи со тие клиенти.
  • 7:22 - 7:24
    Продавав весници.
  • 7:24 - 7:26
    А тој никогаш не сакаше да купи весник од мене.
  • 7:26 - 7:29
    Јас бев многу убеден дека ќе го натерам да купи штитник за таблички.
  • 7:29 - 7:30
    И тој рече, „Па, нам не ни требаат.“
  • 7:30 - 7:33
    А јас реков, „Но вие имате два автомобила...“ -- Јас имам девет години.
  • 7:33 - 7:36
    Велам, „Но вие имате два автомобила и тие немаат штитници за табличките.“
  • 7:36 - 7:38
    А тој рече, „Знам.“
  • 7:38 - 7:40
    А јас реков, „Овој автомобил има една табличка која е целата извиткана.“
  • 7:40 - 7:43
    А тој рече, „Да, тоа е автомобилот на жена ми.“ А јас реков, „Зошто не би тестирале само една
  • 7:43 - 7:45
    на предната страна од автомобилот на жена ви и да видиме дали ќе трае подолго.“
  • 7:45 - 7:48
    Значи знаев дека имаше два автомобила со по две регистарски таблички.
  • 7:48 - 7:50
    Ако не можам да му продадам за сите четири, би можел да продадам барем една.
  • 7:50 - 7:52
    Тоа го научив на мала возраст.
  • 7:52 - 7:54
    Препродавав стрипови.
  • 7:54 - 7:56
    Кога имав околу десет години, продавав стрипови
  • 7:56 - 7:58
    од нашата куќа во Џорџискиот залив.
  • 7:58 - 8:00
    Ќе одев со велосипедот до крајот на плажата
  • 8:00 - 8:02
    и ќе ги купев сите стрипови од сиромашните деца.
  • 8:02 - 8:05
    А потоа ќе се вратев на другиот крај на плажата и ќе им ги продадев на богатите деца.
  • 8:05 - 8:07
    Но тоа беше очигледно за мене, нели. Купи евтино, продај скапо.
  • 8:07 - 8:09
    Од оваа страна имаш побарувачка, тука се парите.
  • 8:09 - 8:12
    Не се обидувајте да им продадете на сиромашните деца; тие немаат пари. Богатите ги имаат. Одете и земете им ги.
  • 8:12 - 8:14
    Па тоа е очигледно, нели.
  • 8:14 - 8:16
    Тоа е како рецесија. Значи, ете ја рецесијата.
  • 8:16 - 8:19
    таму сеуште има 13 трилиони долари кои циркулираат низ економијата на Соединетите Држави.
  • 8:19 - 8:22
    Па земете малку од тоа. А јас го научив тоа на мала возраст.
  • 8:22 - 8:24
    Исто така научив да не ги откривам своите извори,
  • 8:24 - 8:26
    бидејќи бев истепан после четри недели додека го правев тоа
  • 8:26 - 8:29
    бидејќи едно од богатите деца откри од каде ги купувам стриповите,
  • 8:29 - 8:31
    и не му се допадна фактот дека тој плаќа многу повеќе.
  • 8:31 - 8:33
    На десет години бев приморан да разнесувам весници.
  • 8:33 - 8:35
    Всушност, многу и не го сакав разнесувањето на весници,
  • 8:35 - 8:37
    но на десет години, татко ми ми рече, „Тоа ќе биде твојот следен бизнис.“
  • 8:37 - 8:39
    Не само што ми обезбеди еден, туку јас морав да имам два весника,
  • 8:39 - 8:42
    а тогаш бараше од мене да најмам некого кој ќе ги носи половина од весниците,
  • 8:42 - 8:45
    а јас тоа и го направив, и при тоа сфатив дека од собирањето на бакшишот најмногу се заработува.
  • 8:45 - 8:47
    Па така, јас го собирав бакшишот и добивав плата.
  • 8:47 - 8:49
    Тогаш одев и собирав за сите весници.
  • 8:49 - 8:51
    Тој можеше само да ги носи.
  • 8:51 - 8:53
    Бидејќи тогаш сфатив дека можам да заработувам.
  • 8:53 - 8:56
    Од тогаш, јас дефинитивно не сакав да бидам вработен.
  • 8:56 - 8:58
    -
  • 8:58 - 9:00
    Мојот татко поседуваше авто и индустриски сервис.
  • 9:00 - 9:02
    Имаше премногу стари автоделови кои беа расфрлани наоколу.
  • 9:02 - 9:04
    Тие беа од месинг и од бакар.
  • 9:04 - 9:07
    Па јас го прашав што прави со нив. А тој рече дека едноставно ги фрла.
  • 9:07 - 9:09
    А јас реков, „Но, зарем нема некој кој би ти платил за тоа?“ А тој рече „Можеби.“
  • 9:09 - 9:11
    Запомнете, на десет години -- значи пред 34 години
  • 9:11 - 9:13
    јас видов можност во тоа.
  • 9:13 - 9:15
    Јас видов дека има пари во ѓубрето.
  • 9:15 - 9:18
    Го собирав ѓубрето од сите автосервиси во околината, на мојот велосипед.
  • 9:18 - 9:20
    А потоа татко ми во сабота ме возеше
  • 9:20 - 9:22
    до отпадот каде што ми плаќаа за тоа.
  • 9:22 - 9:24
    Мислев дека тоа е кул.
  • 9:24 - 9:27
    Чудно но, 30 години подоцна, имаме линија 1-800-GOT-JUNK?(имате ѓубре?)
  • 9:27 - 9:29
    и заработуваме на тоа.
  • 9:29 - 9:32
    Кога имав 11 години, со извидниците правевме перничиња за игли,
  • 9:32 - 9:34
    и ги правевме за нашите мајки на денот на мајките.
  • 9:34 - 9:37
    А перничињата ги правевме од дрвени штипки за алишта --
  • 9:37 - 9:39
    кога ја закачуваме облеката на жица надвор.
  • 9:39 - 9:41
    И правевме вакви столчиња.
  • 9:41 - 9:43
    А имавме и мали перничиња кои ги зашивавме.
  • 9:43 - 9:45
    На нив може да се набоцкаат шпенадли.
  • 9:45 - 9:48
    Бидејќи луѓето порано знаеа да шијат и им беа потребни перничиња за игли.
  • 9:48 - 9:51
    Но јас сфатив дека мораме да имаме избор.
  • 9:51 - 9:53
    Така, голем број од нив ги обоив со спреј во кафена боја.
  • 9:53 - 9:55
    И тогаш, кога одев од врата на врата, немаше само „Дали сакате да купите едно?“
  • 9:55 - 9:57
    Туку, „Каква боја сакате?“
  • 9:57 - 9:59
    Имам 10 години; вие нема да ме одбиете,
  • 9:59 - 10:02
    особено ако имате две опции; ја имате кафената или обичната.
  • 10:02 - 10:04
    Па така јас ја научив оваа лекција уште на мала возраст.
  • 10:04 - 10:07
    Научив дека рачната работа е без врска.
  • 10:09 - 10:11
    Да, како што косењето трева е скотски.
  • 10:11 - 10:14
    Но бидејќи морав да ја косам тревата на сите комшии цело лето и бев платен за тоа,
  • 10:14 - 10:16
    сфатив дека е супер да се имаат
  • 10:16 - 10:19
    редовни примања од еден клиент.
  • 10:19 - 10:21
    Ако обезбедам еден клиент,
  • 10:21 - 10:23
    и секоја недела тој ми плаќа,
  • 10:23 - 10:25
    тоа е многу подобро отколку да се обидувам да продадам
  • 10:25 - 10:27
    едно перниче на една личност.
  • 10:27 - 10:29
    Бидејќи и не можете да им продадете повеќе.
  • 10:29 - 10:32
    Ми се допаѓа тоа што уште како мал го научив моделот на редовни примања.
  • 10:32 - 10:35
    Запомнете, јас бев така одгледуван. Не ми беше дозволено да се вработам.
  • 10:35 - 10:38
    Бев носач, одев на терените за голф и им бев носач на луѓето таму.
  • 10:38 - 10:40
    Но сфатив дека има уште еден рид на нашиот терен,
  • 10:40 - 10:42
    таа 13-та дупка која го имаше тој голем рид.
  • 10:42 - 10:44
    Луѓето никогаш не можеа до таму да ги однесат торбите.
  • 10:44 - 10:46
    Па јас седев таму на едно столче
  • 10:46 - 10:49
    и им ги носев торбите на луѓето кои немаа носачи.
  • 10:49 - 10:52
    Ги носев нивните торби за голф до врвот, а тие ми плаќаа по еден долар.
  • 10:52 - 10:54
    Во меѓувреме, моите пријатели работеа по пет часа
  • 10:54 - 10:56
    носејќи ја наоколу торбата на некој си, и за тоа беа платени по 10 долари.
  • 10:56 - 10:59
    Јас мислев, „Тоа е глупаво бидејќи мораш да работиш по пет часа.
  • 10:59 - 11:02
    Тоа нема никаква смисла.“ Едноставно сваќаш како побрзо да заработиш повеќе.
  • 11:02 - 11:05
    Секоја недела, одев до продавницата на аголот и купував секакви сокови.
  • 11:05 - 11:08
    Потоа им ги доставував на едни 70 годишни бабички кои играа бриџ.
  • 11:08 - 11:10
    А тие ќе ми ги дадеа своите порачки за следната недела.
  • 11:10 - 11:12
    Така јас само им го доставував сокот а им наплатував дупло.
  • 11:12 - 11:15
    Го имав тој сигурен пазар. Не беа потребни договори.
  • 11:15 - 11:17
    Едноставно требаше само да имате понуда и побарувачка
  • 11:17 - 11:19
    и публика која ви верува.
  • 11:19 - 11:21
    Тие бабички не би отишле кај некој друг,
  • 11:21 - 11:23
    бидејќи јас им се допаѓав, а јас тоа го сфатив.
  • 11:23 - 11:26
    Отидов и ги собирав топчињата од терените за голф.
  • 11:26 - 11:28
    Додека сите други ги бараа
  • 11:28 - 11:30
    по жбуновите и каналите.
  • 11:30 - 11:32
    Јас бев во елемент. Сите се кај езерото
  • 11:32 - 11:34
    а никој таму не влегува.
  • 11:34 - 11:37
    Тогаш јас влегував во езерото, ползев наоколу и ги собирав со ножните прсти.
  • 11:37 - 11:39
    Едноставно ги кревате со обете стопала.
  • 11:39 - 11:41
    Тоа не може да се изведе овде на сцената.
  • 11:41 - 11:43
    Само ги собирате топчињата за голф и ги ставате во џебовите од кратките панталони
  • 11:43 - 11:46
    а кога ќе завршите имате барем стотина.
  • 11:46 - 11:49
    Но проблемот беше во тоа што луѓето не сакаа стари голф топчиња.
  • 11:49 - 11:51
    Па јас ги пакував. А тогаш имав 12 години, нели.
  • 11:51 - 11:53
    Ги пакував на три начини.
  • 11:53 - 11:55
    Имав „Pinnacles“ и „DDH“ и уште едни, кои во тоа време беа многу кул.
  • 11:55 - 11:57
    Тие се продаваа за два долари парче.
  • 11:57 - 12:00
    Имав и некои добри кои не изгледаа многу лошо. Тие беа по 50 центи парче.
  • 12:00 - 12:03
    Тогаш продавав по 50 од оние лошите.
  • 12:03 - 12:05
    А тие можеа да се користат за вежбање.
  • 12:05 - 12:07
    Кога бев во училиште, продавав очила за сонце
  • 12:07 - 12:09
    на сите деца во средното училиште.
  • 12:09 - 12:12
    Тоа е нешто поради кое сите ве мразат,
  • 12:12 - 12:15
    бидејќи постојано се обидувате да им ги извлечете парите на пријателите.
  • 12:15 - 12:17
    Но тоа ги плаќаше сметките.
  • 12:17 - 12:19
    Така продадов голем број очила за сонце.
  • 12:19 - 12:21
    Но кога училиштето ме попречи --
  • 12:21 - 12:23
    ме повикаа во канцеларијата и ми рекоа дека не смеам повеќе да го правам тоа --
  • 12:23 - 12:25
    тогаш отидов на бензиската пумпа и
  • 12:25 - 12:27
    им продадов голем број на вработените
  • 12:27 - 12:29
    а тие пак ги продаваа на своите муштерии.
  • 12:29 - 12:31
    Тоа беше кул бидејќи имав малопродажни објекти.
  • 12:31 - 12:33
    А мислам дека тогаш имав четиринаесет години.
  • 12:33 - 12:36
    Потоа ја исплатив целата прва година од факултетот на Карлтон
  • 12:36 - 12:38
    продавајќи мешини за вино од врата на врата.
  • 12:38 - 12:40
    Знаете ли дека во една мешина за вино може да собере околу 1 литар рум
  • 12:40 - 12:42
    а
  • 12:42 - 12:44
    Да, ама знаете што? Го ставате тоа во панталоните,
  • 12:44 - 12:47
    кога одите на фудбалски натпревар го внесувате пијалокот за џабе,
  • 12:47 - 12:49
    и сите го купуваат.
  • 12:49 - 12:52
    Понуда, побарувачка, голема можност.
  • 12:52 - 12:54
    Јас и ги брендирав, па ги продавав по 5 пати повисока цена.
  • 12:54 - 12:56
    Го ставив логото на нашиот универзитет.
  • 12:56 - 12:58
    Знаете, ги учиме нашите деца и им купуваме игри.
  • 12:58 - 13:01
    Но ако тие се претприемачки деца, зошто не би им купиле некои игри,
  • 13:01 - 13:04
    такви игри кои ги негуваат особините потребни за претприемачи?
  • 13:04 - 13:07
    Зошто да не ги учиме да не ги расфрлаат парите?
  • 13:07 - 13:10
    Се сеќавам дека морав да излезам на сред улица во Banff, Alberta,
  • 13:10 - 13:12
    бидејќи фрлив една паричка на улицата.
  • 13:12 - 13:14
    А татко ми ми рече, „Оди и земи ја.“
  • 13:14 - 13:16
    Рече, „Јас работам проклето напорно за моите пари. Не сакам да видам дека ти ги расфрлаш.“
  • 13:16 - 13:18
    И јас се сеќавам на таа лекција до овој ден.
  • 13:18 - 13:21
    Џепарлакот ги учи децата на погрешни работи.
  • 13:21 - 13:23
    Џепарлакот, по природа, ги учи децата
  • 13:23 - 13:25
    да размислуваат за вработување.
  • 13:25 - 13:28
    А претприемачот не очекува редовна исплата.
  • 13:28 - 13:30
    Џепарлакот ги навикнува децата уште на мала возраст
  • 13:30 - 13:32
    да очекуваат редовна исплата.
  • 13:32 - 13:34
    Тоа е погрешно, според мене, ако сакате да подигате претприемачи.
  • 13:34 - 13:36
    Тоа што го правам со моите деца сега -- имам две деца, девет и седум годишно --
  • 13:36 - 13:38
    ги учам како да шетаат низ куќата и дворот,
  • 13:38 - 13:40
    и да бараат работи кои треба да бидат направени.
  • 13:40 - 13:42
    Дојдете до мене и кажете ми што е ова.
  • 13:42 - 13:44
    Или ќе им пријдам и ќе им речам, „Еве што треба да се направи.“
  • 13:44 - 13:46
    И потоа знаете што правиме? Преговараме.
  • 13:46 - 13:48
    Тие одат да видат за што се работи.
  • 13:48 - 13:50
    Но тогаш преговараме за тоа како ќе им биде платено.
  • 13:50 - 13:53
    И тогаш тие немаат редовна плата, но имаат повеќе прилики да пронајдат нешта
  • 13:53 - 13:55
    и да ги научат вештините на преговарање,
  • 13:55 - 13:57
    но и вештините за пронаоѓање на прилики.
  • 13:57 - 14:00
    Такво нешто се негува. Секое од моите деца има две каси прасенца.
  • 14:00 - 14:02
    50 % од парите кои ќе ги заработат или ќе им бидат поклонети,
  • 14:02 - 14:04
    50 % одат за нивната домашна сметка,
  • 14:04 - 14:06
    50 % одат за нивната сметка за играчки.
  • 14:06 - 14:08
    Се што ќе оди на нивната сметка за играчки можат да го потрошат на што сакаат.
  • 14:08 - 14:11
    50-те % кои одат на домашната сметка, секои шест месеци, одат во банка.
  • 14:11 - 14:14
    Децата одат со мене. Секоја година сите нивни пари во банката одат кај нивниот брокер.
  • 14:14 - 14:17
    Обајцата имаат свој брокер на берзата.
  • 14:18 - 14:20
    Но јас ги учам да истраат во навиката за штедење.
  • 14:20 - 14:23
    Ме излудува тоа кога некои триесетгодишни велат,
  • 14:23 - 14:25
    „Можеби сега ќе почнам да вложувам во мојот пензиски фонд.“
  • 14:25 - 14:27
    Глупости, па сте пропуштиле 25 години.
  • 14:27 - 14:29
    Можете да ги научите децата на такви навики
  • 14:29 - 14:31
    додека се мали и сеуште не ја чувствуваат болката.
  • 14:31 - 14:33
    Не им читајте приспивни приказни секоја вечер.
  • 14:33 - 14:35
    Можеби е добро четири ноќи во неделата да им читате приспивни приказни
  • 14:35 - 14:37
    а три ноќи во неделата тие нека ви раскажуваат приказни.
  • 14:37 - 14:40
    Зошто не би седнале со децата и да им дадете 4 предмети,
  • 14:40 - 14:43
    црвена маица, сина вратоврска, еден кенгур и еден лаптоп,
  • 14:43 - 14:45
    и нека ви раскажат приказна за овие четири работи.
  • 14:45 - 14:47
    Моите деца го прават тоа постојано.
  • 14:47 - 14:49
    Тоа ги учи како да продаваат; ги учи на креативност;
  • 14:49 - 14:51
    ги учи да мислат со своја глава.
  • 14:51 - 14:53
    Едноставно правете такви нешта со децата и забавувајте се.
  • 14:53 - 14:55
    Направете децата да станат пред групата и да зборуваат,
  • 14:55 - 14:57
    па дури и да е тоа само група од нивни пријатели,
  • 14:57 - 14:59
    нека изведуваат претстави и нека држат говори.
  • 14:59 - 15:01
    Тоа се претприемачки вештини кои треба да ги негувате.
  • 15:01 - 15:04
    Покажете им на децата како изгледаат лоши муштерии или лоши работници.
  • 15:04 - 15:06
    Покажете им ги намуртените работници.
  • 15:06 - 15:08
    Кога ќе видите намќорести службеници, покажете им ги.
  • 15:08 - 15:10
    Речете, „Патем речено, овој дечко е лош работник.“
  • 15:10 - 15:13
    И речете, „А овие се добри.“
  • 15:13 - 15:15
    -
  • 15:15 - 15:17
    Ако одите во ресторан и ако добиете лоша услуга,
  • 15:17 - 15:19
    покажете им како изгледа лошата услуга.
  • 15:19 - 15:21
    -
  • 15:21 - 15:23
    Сите овие лекции ги имаме пред нас,
  • 15:23 - 15:26
    но не ги користиме тие прилики; ние ги учиме децата да си најдат тутор.
  • 15:26 - 15:28
    Замислете навистина да го земете
  • 15:28 - 15:30
    сето она што е непотребно од децата сега,
  • 15:30 - 15:32
    и сите оние играчки кои веќе ги надраснале,
  • 15:32 - 15:35
    и да им речете, „Зошто да не почнеме да ги продаваме овие на оглас?“
  • 15:35 - 15:37
    И тие можат навистина да ги продадат
  • 15:37 - 15:39
    и да научат како да ги препознаат измамниците кога ќе добијат понуди на email.
  • 15:39 - 15:41
    Можат да го користат вашиот налог или подналог или било како.
  • 15:41 - 15:44
    Но научете ги како да ја постават цената, да ја погодат цената,
  • 15:44 - 15:46
    да постават фотографии.
  • 15:46 - 15:48
    Научете како се прави тоа и како се заработуваат пари.
  • 15:48 - 15:50
    Потоа со парите кои ќе ги добијат, 50 % нека одат на домашната сметка,
  • 15:50 - 15:52
    50 % нека одат на нивната сметка за играчки.
  • 15:52 - 15:54
    На моите деца многу им се допаѓа ова.
  • 15:54 - 15:57
    Некои од претприемачките работи кои морате да ги негувате кај децата:
  • 15:57 - 16:00
    постигнување, истрајност, водство, интроспекција, меѓузависност, вредности.
  • 16:00 - 16:03
    Сите овие особини можете да ги најдете кај децата и можете да помогнете тие да се негуваат.
  • 16:03 - 16:05
    Барајте ги овие нешта.
  • 16:05 - 16:07
    Има и две особини кои исто така сакам да ги барате
  • 16:07 - 16:10
    а кои не ги извлекуваме од нив.
  • 16:10 - 16:12
    Немојте да им давате на децата лекови против растројство на вниманието
  • 16:12 - 16:14
    освен ако навистина, навистина е многу лошо.
  • 16:14 - 16:16
    -
  • 16:16 - 16:19
    Истото важи и за манијата и стресот и депресијата,
  • 16:19 - 16:21
    освен ако се толку клинички брутални, човече.
  • 16:21 - 16:23
    Биполарното растројство се нарекува и директорска болест.
  • 16:23 - 16:25
    Кога Stiv Jurvetson и Jim Clark
  • 16:25 - 16:27
    и Jim Barksdale ја имаат,
  • 16:27 - 16:29
    а тие го создадоа Netscape.
  • 16:29 - 16:31
    Замислете да им било давано Ritalin.
  • 16:31 - 16:33
    Не би ги имале тие работи сега, нели?
  • 16:33 - 16:36
    Al Gore тогаш би го измислил интернетот.
  • 16:36 - 16:38
    -
  • 16:38 - 16:40
    Овие вештини се вештини кои треба да се учат во училиштата
  • 16:40 - 16:42
    исто како и се друго.
  • 16:42 - 16:44
    Јас не велам да не им давате на децата да бидат адвокати.
  • 16:44 - 16:46
    Но како би било претприемништвото
  • 16:46 - 16:48
    да биде се наоѓа на исто ниво како и се друго останато.
  • 16:48 - 16:50
    Бидејќи постојат огромни можности таму.
  • 16:50 - 16:52
    Сакам да завршам со едно кратко видео.
  • 16:52 - 16:55
    Тоа е видео направено од една компанија која јас ја менторирав.
  • 16:55 - 16:57
    Овие момци, Grasshopper.
  • 16:57 - 16:59
    Се работи за децата. Се работи за претприемништвото.
  • 16:59 - 17:02
    Се надевам дека ова ќе ве инспирира да го земете ова што го слушнавте од мене
  • 17:02 - 17:04
    и ќе направите нешто за да го промените светот.
  • 17:04 - 17:07
    [Дете... „Мислевте дека можете се да направите?“]
  • 17:07 - 17:09
    [Вие сеуште можете.]
  • 17:09 - 17:11
    [Бидејќи многу од тоа што го сметаме за невозможно...]
  • 17:11 - 17:14
    [...лесно е да се надмине]
  • 17:14 - 17:17
    [Бидејќи, во случај да не сте забележале, живееме на место каде]
  • 17:17 - 17:20
    [една индивидуа може да ги промени работите]
  • 17:20 - 17:21
    [Сакате доказ?]
  • 17:21 - 17:22
    [Само погледнете во луѓето кои ја изградиле нашата земја;]
  • 17:22 - 17:25
    [Нашите родители, баби и дедовци, нашите тетки, чичковци...]
  • 17:25 - 17:28
    [Тие биле имигранти, новодојденци подготвени да остават свој печат]
  • 17:28 - 17:31
    [Можеби тие дошле со многу малку]
  • 17:31 - 17:34
    [или веројатно тие не поседувале ништо друго освен...]
  • 17:34 - 17:37
    [... една брилијантна идеја]
  • 17:37 - 17:40
    [Тие луѓе биле мислители, чинители...]
  • 17:40 - 17:42
    [...иноватори...]
  • 17:42 - 17:45
    [...се додека не го смислиле името...]
  • 17:46 - 17:49
    [...претприемачи!]
  • 17:49 - 17:52
    [Тие го менуваат нашето мислење за тоа што е возможно.]
  • 17:52 - 17:54
    [Тие имаат јасна визија за тоа како животот може да биде подобар]
  • 17:54 - 17:57
    [за сите нас, дури и кога времињата се тешки.]
  • 17:57 - 17:59
    [Токму сега, тешко е да се види...]
  • 17:59 - 18:01
    [...кога погледот ни е затрупан со препреки.]
  • 18:01 - 18:04
    [Но турбуленциите креираат можности]
  • 18:04 - 18:07
    [за успех, постигнување, и не туркаат...]
  • 18:07 - 18:10
    [да најдеме нови начини за правење на нештата]
  • 18:10 - 18:13
    [Па, кои шанси ќе ги искористите и зошто?]
  • 18:13 - 18:16
    [Ако сте претприемач]
  • 18:16 - 18:19
    [знаете дека ризикот не е награда.]
  • 18:19 - 18:21
    [Не. Награди се постојаните иновации...]
  • 18:21 - 18:24
    [...менување на животот на луѓето. Создавање на работни места.]
  • 18:24 - 18:26
    [Поттикнување на растот.]
  • 18:26 - 18:29
    [И градење на подобар свет.]
  • 18:29 - 18:31
    [Претприемачите се насекаде.]
  • 18:31 - 18:33
    [Тие водат мали бизниси кои ја поддржуваат нашата економија,]
  • 18:33 - 18:35
    [создаваат алатки за да ви помогнат...]
  • 18:35 - 18:37
    [...за да останете поврзани со пријателите, семејството и колегите низ светот.]
  • 18:37 - 18:40
    [И тие пронаоѓаат нови начини за помош во решавањето на најстарите општествени проблеми.]
  • 18:40 - 18:42
    [Дали познавате некој претприемач?]
  • 18:42 - 18:43
    [Претприемач може да биде секој...]
  • 18:43 - 18:45
    [Дури... и вие!]
  • 18:45 - 18:48
    [Па искористете ја можноста да ја создадете работата која отсекогаш сте ја сакале]
  • 18:48 - 18:50
    [Помогнете да зајакне економијата]
  • 18:50 - 18:51
    [Направете разлика.]
  • 18:51 - 18:53
    [Кренете го вашиот бизнис до нови височини.]
  • 18:53 - 18:55
    [Но најважно,]
  • 18:55 - 18:58
    [сетете се кога бевте дете...]
  • 18:58 - 19:01
    [кога се ви беше на дофат на раката,]
  • 19:01 - 19:05
    [и тогаш речете си на себе си тивко, но одлучно:]
  • 19:07 - 19:09
    [„Тоа сеуште е.“]
  • 19:11 - 19:13
    Ви благодарам многу за вниманието.
Title:
Камерон Херолд: Ајде да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи
Speaker:
Cameron Herold
Description:

Здодевно му е во училиште, бега од часовите, не се согласува со другарчињата: Ова дете може да биде претприемач, вели Камерон Херолд. На конференцијата TEDxEdmonton, тој зборува за родителство и образование кое им помага на идните претприемачи да процветаат - како деца и како возрасни.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:15
Rozeta Pavlova added a translation

Macedonian subtitles

Revisions