Return to Video

Како семејната вечера да се искористи за учење политика

  • 0:02 - 0:03
    Пред дваесет години,
  • 0:03 - 0:09
    моето семејство воведе систем наречен
    „Петочки демократски состаноци“
  • 0:10 - 0:15
    Секој петок во 19:00, моето семејство
    се собираше за официјален состанок
  • 0:15 - 0:18
    да разговара за конкретни
    фамилијарни работи.
  • 0:20 - 0:23
    Овие состаноци беа предводени
    од едниот родител,
  • 0:23 - 0:26
    и дури имавме и записничар.
  • 0:26 - 0:28
    Овие состаноци имаа две правила.
  • 0:28 - 0:31
    Прво, дозволено е да зборуваш
    отворено и слободно.
  • 0:31 - 0:34
    Ние децата, смеевме
    да ги критикуваме родителите
  • 0:34 - 0:37
    без тоа да се смета за непочитување
    или непристојност.
  • 0:37 - 0:40
    Второто правило беше правилото на
    куќата Чатам,
  • 0:40 - 0:44
    што значеше дека она што се кажува
    на состанокот,останува на состанокот.
  • 0:44 - 0:45
    (смеа)
  • 0:45 - 0:47
    Темите на разговор
  • 0:47 - 0:50
    варираа од недела до недела.
  • 0:50 - 0:53
    Една недела, зборуваме за тоа што
    сакаме да јадеме,
  • 0:53 - 0:56
    кога треба ние децата да си легнеме
  • 0:56 - 0:58
    и како да ги подобриме
    работите во семејството,
  • 0:58 - 1:03
    додека друг пат зборувавме за тоа
    што се случило на училиште
  • 1:03 - 1:06
    и како да ги решиме несогласувањата
    меѓу браќата и сестрите,
  • 1:06 - 1:08
    при што мислам на вистински тепачки.
  • 1:09 - 1:13
    На крај од секој состанок,
    донесувавме одлуки и договори
  • 1:13 - 1:17
    што би траеле барем до следниот состанок.
  • 1:17 - 1:21
    Па може да се каже дека
    израснав како политичар.
  • 1:23 - 1:27
    На шест или седумгодишна возраст,
    ја усовршив политиката.
  • 1:27 - 1:30
    Преговарав, правев компромиси,
  • 1:30 - 1:33
    создадав алијанси со други
    политички актери.
  • 1:33 - 1:35
    (смеа)
  • 1:35 - 1:39
    Дури еднаш пробав да го нарушам
    политичкиот процес.
  • 1:39 - 1:40
    (смеа)
  • 1:41 - 1:46
    Овие состаноци звучат како мирни,
    цивилни и демократски, така?
  • 1:46 - 1:48
    Но, тоа не беше секогаш така.
  • 1:48 - 1:53
    Поради овој отворен, слободен простор
    за разговор, дискусија и критика,
  • 1:53 - 1:56
    работите понекогаш се влошуваа.
  • 1:57 - 1:59
    Еден состанок заврши многу лошо за мене.
  • 1:59 - 2:01
    Имав околу 10 години тогаш,
  • 2:01 - 2:04
    и имав направено нешто
    многу грозно на училиште.
  • 2:04 - 2:05
    нешто што нема да го споделам денес -
  • 2:05 - 2:06
    (смеа)
  • 2:07 - 2:11
    но мојот брат одлучи да го спомне
    на состанокот.
  • 2:11 - 2:13
    Не можев да се бранам,
  • 2:13 - 2:17
    па одлучив да се повлечам од состанокот
    и да го бојкотирам целиот систем.
  • 2:17 - 2:20
    Буквално напишав официјално писмо и
    го предадов на татко ми,
  • 2:20 - 2:22
    најавувајќи дека бојкотирам.
  • 2:22 - 2:24
    (смеа)
  • 2:24 - 2:28
    Помислив дека ако престанам
    да учествувам на состаноците,
  • 2:28 - 2:30
    системот ќе се распадне,
  • 2:30 - 2:32
    (смеа)
  • 2:32 - 2:34
    но семејството продолжи со состаноците,
  • 2:34 - 2:38
    и понекогаш носеа одлуки
    што не ми се допаѓаа.
  • 2:38 - 2:40
    Но, не можев да се спротивставам,
  • 2:40 - 2:42
    затоа што не учествував на состаноците,
  • 2:42 - 2:45
    така што не можев да одам против тоа.
  • 2:46 - 2:50
    Иронично, кога наполнив околу 13 години,
  • 2:50 - 2:53
    повторно отидов на еден од овие состаноци,
  • 2:53 - 2:56
    откако ги бојкотирав долго време.
  • 2:56 - 3:00
    Затоа што имаше проблем кој влијаеше
    врз мене,
  • 3:00 - 3:04
    а никој друг од семејството
    не го спомнуваше.
  • 3:05 - 3:09
    Проблемот беше што по секоја вечера,
  • 3:09 - 3:13
    јас бев таа на која мораше
    да ги измие садовите,
  • 3:13 - 3:16
    а моите браќа не правеа ништо.
  • 3:17 - 3:22
    Почувствував дека ова е неправедно,
    нефер и дискриминаторско,
  • 3:22 - 3:24
    па сакав да го дискутирам на состанокот.
  • 3:24 - 3:30
    Како што знаете, идејата дека жена
    или девојка има задача да средува низ дома
  • 3:30 - 3:34
    е правило кое владее
    во многу општества долго време.
  • 3:34 - 3:38
    Но за да се спротивставам на
    13 год. возраст ми требаше платформа.
  • 3:39 - 3:42
    На состанокот, моите браќа се побунија
  • 3:42 - 3:45
    дека никој од момчињата
    кои ги познавале не миеле садови,
  • 3:45 - 3:48
    па зошто нашето семејство да е поразлично?
  • 3:48 - 3:53
    Но, моите родители се согласија со мене
    и одлучија браќата да ми помагаат.
  • 3:53 - 3:57
    Но, не можеа да ги присилат
    па проблемот продолжи.
  • 3:57 - 4:02
    Не гледајќи решение,
    одлучив да учествувам на друг состанок
  • 4:02 - 4:06
    и да предложам нов систем
    кој ќе е фер за сите.
  • 4:06 - 4:09
    Предложив наместо една личност
  • 4:09 - 4:13
    да мие садови користени
    од целото семејство,
  • 4:13 - 4:17
    секој член од семејството
    да ги мие своите садови.
  • 4:17 - 4:19
    И како гест на добра волја,
  • 4:19 - 4:21
    реков дека ќе ги мијам и лонците.
  • 4:22 - 4:25
    Па така, моите браќа
    не можеа да речат
  • 4:25 - 4:27
    дека тоа не е нивна одговорност
  • 4:27 - 4:31
    како момчиња или мажи да мијат садови
    и чистат низ дома,
  • 4:31 - 4:36
    затоа што системот што го предложив
    значеше секој член од семејството
  • 4:36 - 4:40
    да чисти по себе и да се грижи за себе.
  • 4:40 - 4:42
    Сите се согласија на со мојот предлог.
  • 4:42 - 4:46
    и со години, тоа беше нашиот
    систем на миење садови.
  • 4:48 - 4:52
    Ова што го споделив со вас е
    семејна приказна,
  • 4:52 - 4:54
    но е чиста политика.
  • 4:54 - 4:58
    Секој дел од политиката вклучува
    донесување одлуки,
  • 4:58 - 5:01
    а идеално, овој процес
  • 5:01 - 5:04
    треба да вклучува луѓе
    од различни позадини,
  • 5:04 - 5:07
    интереси, ставови, родови,
  • 5:07 - 5:11
    уверувања, раси, етнички припадности,
    возрасти и така натаму.
  • 5:11 - 5:14
    И сите треба да имаат еднаква
    шанса да придонесат
  • 5:14 - 5:18
    за процесот на донесување одлуки и
    да влијаат врз одлуките
  • 5:18 - 5:22
    што влијаат врз нивните животи
    директно или индиректно.
  • 5:23 - 5:29
    Затоа, мене ми е тешко да разберам
    кога ќе слушнам млади луѓе како велат
  • 5:29 - 5:33
    „Многу сум млад да се вклучам во политика
    или пак, да имам политичко мислење.“
  • 5:34 - 5:36
    Слично, кога ќе слушнам жени како велат,
  • 5:36 - 5:40
    „Политиката е валкан свет
    во кој не сакам да се мешам,“
  • 5:40 - 5:44
    Се загрижувам дека идејата за политика
    и политичка вклученост
  • 5:44 - 5:48
    стана толку поларизирана
    во многу делови од светот
  • 5:48 - 5:53
    што обични луѓе веруваат, за да
    се вклучат во политика,
  • 5:53 - 5:56
    мора да бидат врвни активисти,
  • 5:56 - 5:57
    но тоа не е вистина.
  • 5:58 - 6:04
    Сакам да ги прашам овие млади луѓе,
    жени и обични луѓе:
  • 6:04 - 6:10
    Дали можете да си дозволите да не бидете
    заинтересирани или вклучени во политика?
  • 6:10 - 6:12
    Политиката не е само активизам.
  • 6:12 - 6:13
    Таа е свесност,
  • 6:13 - 6:16
    таа е одржување на информираноста,
    таа е грижа за фактите.
  • 6:16 - 6:18
    А кога е можно, таа е гласање.
  • 6:19 - 6:22
    Политика е алатка
    преку која се обликуваме
  • 6:22 - 6:24
    како групи и општества.
  • 6:24 - 6:27
    Таа владее со секој аспект од животот,
  • 6:27 - 6:29
    а со тоа што не учествувате,
  • 6:29 - 6:34
    буквално дозволувате друг да одлучува
    за тоа што смеете да јадете, носите
  • 6:34 - 6:37
    дали смеете да имате пристап до
    медицинска нега
  • 6:37 - 6:38
    бесплатно образование,
  • 6:38 - 6:40
    колку данок плаќате,
  • 6:40 - 6:41
    кога смеете да се пензионирате,
  • 6:41 - 6:43
    колку е вашата пензија.
  • 6:43 - 6:47
    Други луѓе одлучуваат и дали
    вашата раса или етничка припадност
  • 6:47 - 6:49
    е доволна да сте криминалец,
  • 6:49 - 6:54
    или дали религијата и националноста е
    доволна да сте на листата на терористи.
  • 6:54 - 6:58
    И ако сѐ уште мислите дека сте цврст,
    независен човек
  • 6:58 - 7:01
    на кого не влијае политиката,
  • 7:01 - 7:02
    тогаш размислете два пати.
  • 7:04 - 7:07
    Ви зборувам вам,
    како млада жена од Либија,
  • 7:07 - 7:10
    држава која е насред
    граѓанска војна.
  • 7:10 - 7:13
    По повеќе од 40 години
    со авторитарна влада,
  • 7:13 - 7:16
    не е место каде
    политичка ангажираност
  • 7:16 - 7:19
    на жени и млади луѓе
    е ниту можна, ниту поттикната.
  • 7:19 - 7:23
    Скоро сите политички дијалози
    во последните неколку години,
  • 7:23 - 7:25
    дури и тие од странските сили
  • 7:26 - 7:28
    биле само средовечни мажи
    во просторијата.
  • 7:29 - 7:33
    Но, во места со нарушен
    политички систем како Либија,
  • 7:33 - 7:38
    или во навидум функционални места,
    вклучувајќи интернационални организации,
  • 7:38 - 7:42
    системите што ги имаме
    за политички донесувања на одлуки
  • 7:42 - 7:45
    не се од луѓето за луѓето,
  • 7:45 - 7:49
    туку се создадени
    од неколкумина за неколкумина.
  • 7:49 - 7:56
    Историски гледано, скоро сите биле мажи,
  • 7:56 - 7:59
    и создавале закони, политики
  • 7:59 - 8:04
    механизми за политичка вклученост
    основани на нивни ставови
  • 8:04 - 8:07
    верувања, светогледи, сонови
  • 8:07 - 8:09
    аспирации на таа група на луѓе,
  • 8:09 - 8:12
    додека сите останати беа настрана.
  • 8:13 - 8:17
    Покрај сѐ, сите сме слушнале
    некоја верзија на реченицава:
  • 8:17 - 8:21
    „Што разбира жена,а уште помалку
    млада личност со темна кожа,
  • 8:21 - 8:23
    за политика?“
  • 8:23 - 8:25
    Кога си млад -
  • 8:25 - 8:27
    и во многу делови од светот, жена -
  • 8:27 - 8:32
    често слушаш искусни политичари како велат
    „Ти недостасува политичко искуство.“
  • 8:33 - 8:34
    И кога ќе го слушнам тоа,
  • 8:34 - 8:37
    се прашувам какво искуство подразбираат?
  • 8:37 - 8:41
    Искуството на корумпирани
    политички системи?
  • 8:41 - 8:43
    Или водење војни?
  • 8:43 - 8:45
    Или мислат на искуството
  • 8:45 - 8:48
    на ставање на интересите
    за економски профит
  • 8:48 - 8:50
    пред интересите на животната средина?
  • 8:50 - 8:52
    Затоа што ако ова е политичко искуство,
  • 8:52 - 8:53
    тогаш да -
  • 8:53 - 9:00
    (аплауз)
  • 9:03 - 9:08
    ние, како жени и млади луѓе
    немаме никакво политичко искуство.
  • 9:09 - 9:15
    Сега, можеби вината не е во политичарите,
  • 9:15 - 9:21
    затоа што обичните луѓе
    и многу млади луѓе истотака,
  • 9:21 - 9:23
    не се грижат за политика.
  • 9:23 - 9:28
    И дури и тие што се грижат
    не знаат како да учествуваат.
  • 9:28 - 9:31
    Ова мора да се смени, еве што предлагам.
  • 9:31 - 9:34
    Ги учиме луѓето од најмала возраст
  • 9:34 - 9:38
    како да донесуваат одлуки
    и како да бидат дел од тоа.
  • 9:38 - 9:41
    Секое семејство е свој
    мини политички систем
  • 9:41 - 9:44
    вообичаено не демократски,
  • 9:44 - 9:48
    бидејќи родителите носат одлуки кои
    влијаат врз сите членови на семејството
  • 9:48 - 9:51
    а децата имаат многу малку за кажување.
  • 9:51 - 9:55
    Слично, политичарите носат одлуки
    што влијаат врз целиот народ,
  • 9:55 - 9:58
    додека луѓето имаат
    мал удел во нив.
  • 9:59 - 10:01
    Мора да го смениме ова,
  • 10:01 - 10:04
    и за да се достигне оваа промена
    систематски,
  • 10:04 - 10:06
    мора да ги научиме луѓето
  • 10:06 - 10:09
    дека политички, национални
    и глобални случувања
  • 10:09 - 10:15
    се релевантни за нив како и
    личните и семејни збиднувања.
  • 10:15 - 10:20
    Ако сакаме да го постигнеме ова
    мојот предлог и совет е,
  • 10:20 - 10:23
    да го испробаме системот на
    семејни демократски состаноци.
  • 10:23 - 10:27
    Затоа што ова ќе им овозможи на децата
    да ги вежбаат своите способности
  • 10:27 - 10:30
    и донесување одлуки од најмала возраст.
  • 10:30 - 10:33
    Политика е разговарање,
  • 10:33 - 10:36
    вклучувајќи тешки разговори
  • 10:36 - 10:38
    што водат кон дискусии.
  • 10:38 - 10:42
    За да се има разговор,
    потребно е учество,
  • 10:42 - 10:44
    а не повлекување како јас што направив,
  • 10:44 - 10:48
    научија лекцијата на потешкиот
    начин и врати се пак назад.
  • 10:48 - 10:50
    Ако ги вкучите децата
    во семејни разговори,
  • 10:50 - 10:51
    ќе пораснат
  • 10:51 - 10:55
    и ќе знаат како да се вклучат
    во политички разговори,
  • 10:55 - 10:58
    И најважно, најважно,
  • 10:58 - 11:00
    ќе ги ангажираат и другите.
  • 11:00 - 11:01
    Ви благодарам.
  • 11:01 - 11:08
    (аплауз)
Title:
Како семејната вечера да се искористи за учење политика
Speaker:
Хаџер Шариф
Description:

„Секој треба да учествува во донесување одлуки и во политика, а тоа започнува дома“, вели активистката Хаџер Шариф. Таа претставува едноставна, но сепак преобразувачка идеја: родителите можат да им пренесат знаење за политика на децата со тоа што ќе им дозволат да учествуваат во управувањето со домаќинството, преку спонтани фамилијарни состаноци каде секој може да го искаже своето мислење, да преговара и прави компромис. „Мора да ги научиме луѓето дека политичките, националните и глобалните работи се исто толку релевантни колку личните и семејните работи,“ вели таа. „Дали можете да си дозволите да не бидете заинтересиран или да не учествувате во политика?“

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
11:21

Macedonian subtitles

Revisions