Return to Video

Причини за да ја прочитате „Злосторство и казна“ - Алекс Џендлер

  • 0:06 - 0:10
    Што наведува некого
    да изврши ладнокрвно убиство?
  • 0:10 - 0:12
    Што му минува низ глава
    на убиецот?
  • 0:12 - 0:16
    И од какво општество
    излегуваат овие луѓе?
  • 0:16 - 0:18
    Пред повеќе од 150 години
  • 0:18 - 0:21
    Фјодор Михајлович Достоевски
    се занимавал со овие прашања
  • 0:21 - 0:26
    во едно од најпознатите дела
    на руската книжевност
  • 0:26 - 0:28
    „Злосторство и казна“.
  • 0:28 - 0:33
    Првпат објавен во продолженија
    во книжевно списание, во 1866 г.,
  • 0:33 - 0:37
    романот раскажува
    за Родион Романович Раскољников,
  • 0:37 - 0:40
    млад студент по право
    во Санкт Петербург.
  • 0:40 - 0:43
    Раскољников живее во крајна сиромаштија,
  • 0:43 - 0:47
    и на почетокот од приказната снемува
    средства за да продолжи со студирање.
  • 0:47 - 0:51
    Писмата од дома
    само му ја отежнуваат ситуацијата
  • 0:51 - 0:57
    кога ќе сфати колку мајка му и сестра му
    се жртвувале за тој да успее.
  • 0:57 - 0:58
    Сѐ поочаен,
  • 0:58 - 1:02
    откако ја продава последната драгоценост
    на една стара лихварка,
  • 1:02 - 1:06
    се одлучува да ја убие
    и ограби.
  • 1:06 - 1:09
    Но последиците од ваквиот незамислив чин
  • 1:09 - 1:13
    се многу поголеми
    од она за што тој бил подготвен.
  • 1:13 - 1:18
    Иако романот понекогаш се нарекува
    еден од првите психолошки трилери,
  • 1:18 - 1:22
    неговиот домен е многу поголем
    од внатрешниот неспокој на Раскољников.
  • 1:22 - 1:24
    Од осојничавите кафеани
    до трошните станови
  • 1:24 - 1:27
    и клаустрофобичните полициски станици,
  • 1:27 - 1:31
    подземјето на Санкт Петербург
    од 19 век оживува
  • 1:31 - 1:34
    во блескавата проза на Достоевски.
  • 1:34 - 1:37
    Се запознаваме со ликови
    како Мармеладов,
  • 1:37 - 1:41
    очаен бивш службеник кој преку пијанството
    го води семеството во пропаст,
  • 1:41 - 1:46
    и Свидригајлов, душевно болен и
    развратен благородник.
  • 1:46 - 1:49
    Кога семејството на Раскољников
    доаѓа во градот,
  • 1:49 - 1:53
    нивниот морал служи како
    целосна спротивност
  • 1:53 - 1:55
    на изопаченоста околу нив,
  • 1:55 - 1:59
    дури и кога судбините ќе им
    се испреплетат сѐ повеќе.
  • 1:59 - 2:01
    Суровиот портрет на руското општество
  • 2:01 - 2:07
    го одразува сложениот живот на авторот,
    искуствата и развојот на неговите идеи.
  • 2:07 - 2:10
    Како млад писател што ја оставил
    надежната кариера како војник,
  • 2:10 - 2:14
    Фјодор го привлекувале идеите
    за социјализам и реформи,
  • 2:14 - 2:19
    па се придружил на круг интелектуалци
    да расправаат радикални текстови
  • 2:19 - 2:21
    забранети од царската влада.
  • 2:21 - 2:23
    Кога ги откриле,
  • 2:23 - 2:26
    членовите на групата, меѓу кои Достоевски,
    биле уапсени.
  • 2:26 - 2:28
    Иако многумина биле осудени
    на смртна казна,
  • 2:28 - 2:34
    сепак биле подложени на лажно погубување
    и помилување од царот во последен миг.
  • 2:34 - 2:38
    Достоевски ги поминал следните 4 години
    во работен логор во Сибир
  • 2:38 - 2:41
    пред да го ослободат во 1854.
  • 2:41 - 2:46
    Од таму стекнал многу попесимистички
    поглед на социјалните реформи
  • 2:46 - 2:49
    и се насочил на духовните прашања.
  • 2:49 - 2:53
    Во романот „Записи од подземјето“
    од 1864 г.,
  • 2:53 - 2:57
    го изложил верувањето дека
    утописките западни филозофии
  • 2:57 - 3:02
    никогаш нема да ги задоволат
    контрадикторните копнежи на душата.
  • 3:02 - 3:06
    „Злосторство и казна“ е почнат и завршен
    следната година,
  • 3:06 - 3:09
    продолжувајќи да се занимава
    со слични теми.
  • 3:09 - 3:09
    На многу начини,
  • 3:09 - 3:12
    романот ја следи познатата
    наративна нишка
  • 3:12 - 3:17
    каде надежен младич е заведен и упропастен
    од опасностите на градскиот живот.
  • 3:17 - 3:20
    Но неговата социјална критика
    оди подлабоко.
  • 3:20 - 3:23
    Раскољников образложува дека
    личниот напредок
  • 3:23 - 3:26
    во замена за
    смртта на лихварката
  • 3:26 - 3:29
    би бил чиста добивка
    за општеството.
  • 3:29 - 3:30
    Во ваквата постапка,
  • 3:30 - 3:34
    се одразуваат доктрините
    на егоизмот и утилитаризмот
  • 3:34 - 3:38
    кои ги прифатиле многу интелектуалци,
    современици на Достоевски.
  • 3:38 - 3:43
    А верувајќи дека интелигенцијата
    му дозволува да ги надмине моралните табуа
  • 3:43 - 3:47
    Раскољников се оддалечува од
    сопствената човечност.
  • 3:47 - 3:50
    Но иако вистински се занимава
    со прашања за моралот,
  • 3:50 - 3:54
    „Злосторство и казна“ никогаш не звучи
    само морализаторски.
  • 3:54 - 3:59
    Секој од ликовите си има
    свој својствен и уверлив глас.
  • 3:59 - 4:02
    Едно од најизвонредните нешта за
    „Злосторство и казна“
  • 4:02 - 4:04
    е способноста да возбуди
  • 4:04 - 4:09
    иако поединостите за главното убиство
    се откриваат уште во првиот чин.
  • 4:09 - 4:11
    Злосторството на Раскољников е јасно.
  • 4:11 - 4:14
    Но само преку возбудливото раскажување
    на Достоевски
  • 4:14 - 4:17
    за општествените и психолошките немири
    што претстојат
  • 4:17 - 4:21
    ја откриваме вистинската природа
    на неговата казна -
  • 4:21 - 4:25
    и можноста за искупување.
Title:
Причини за да ја прочитате „Злосторство и казна“ - Алекс Џендлер
Speaker:
Алекс Џендлер
Description:

Прочитајте ја целосната лекција на: https://ed.ted.com/lessons/why-should-you-read-crime-and-punishment-alex-gendler

Што го наведува некого да изврши ладнокрвно убиство? Што му минува низ глава на убиецот? И од какво општество излегуваат ваквите луѓе? Пред повеќе од 150 години Фјодор Михајлович Достоевски се занимавал со овие прашања во едно од најпознатите дела на руската книжевност - „Злосторство и казна“. Алекс Џендлер се нурнува во класичниот роман за оттуѓување, морал и искупување.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TED-Ed
Duration:
04:25

Macedonian subtitles

Revisions